Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Добра вечер :hai:

    Ретко ме има, многу ретко на темава :) @Monella :hug: :*
    Толку заборавив на темава што не знам како да го започнам постот :$
    Пиши бриши од вчера правам :wasntme:
    Секојднето со бебе некако полесно да се опише него ли со дете :^)
    Обврските и одговорноста е далеку поголема...
    Главоболките такоџе :D а тек по неколку годинки имаат :worried: ехеее кај ми е крајот од сега кога се жалам

    Него здрави сме шо е најважно :inlove:
    Празнично расположени :l:
    Коронично исто |(
    Локдаун овде, као забрани за излегување, све затворено, дрн дрн
    Се чуваме битно, го даваме максимумот за да не дојде корона кај нас :D (така вели ќерка)
    Кутри дечиња, со што мора да се соочуваат така мали :(
    Дистанци, вируси, забрани...
    Ама разбираат, на почеток се чудев како да им објаснам а сега ми велат подобро да останеме дома кога сакаме да прошетаме :o

    Уште во понеделник се во градинка и имаат распуст до 8ми јануари
    Многу се тажни што мораат да седат дома ама нели мора
    Веќе им недостасуваат другарчињата
    Ама мислам сега новогодишно полесно ќе го пребродиме периодот

    По дома си се занимаваме...
    Сечење, лепење, креативни се и без помошта од мама :inlove:
    Се повеќе добиваат идеи и сами ги реализираат
    Во тој правец многу ми е полесно

    Друго што би кажала :wasntme:
    Уште една недела работиме и следува одмор... групен :!:
    Сите ќе сме дома до 10ти :inlove:
    Ограничени сме со излегување ама верувам дека ќе ни биде убаво.,едвај чекам

    Не знам дали пишав нешто паметно ама чкртнав битно

    Добредојде на новите мајки во темата

    Друшки ве поздравувам, чувајте се и останете здрави

    Довиџења
     
    На marchi-cool, Kate Rina 93, babyboy1 и 30 други им се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.964
    Допаѓања:
    12.264
    Пол:
    Женски
    Npstudio види исто и кики муки на Инстаграм провери или фб.
     
    На Sanemsi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.702
    Пол:
    Женски
    добро вечер мамички , едно прашање ако може зашто незнаев каде да го поставам , породена природно пред 9 дена , од прв ден отоци на нозе и на раце сеуште не ми се повлечени , а килажа намалена многу дури 15 кг од пораѓај ( во бременост немав отоци воопшто ) и во тоалет одам редовно , солено не јадам ич ..... да барам чаре по лекари или нормално е ?
     
    На Love86 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Дпкторите пред да те испишат што ти рекоа?
     
    На naturallmess му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Провери дидимери и фактори на хемостаза, можеш со упат од матичен на трансфузиологија или по приватниве лаборатории. Може да е од долго стоење на нозе, ама за да бидеш на чисто провери си. И повеќе одмор, на телото му треба период за заздравување. Можеш да ставаш облоги со ациди борици и да мачкаш хепатромбин.
     
    На naturallmess му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мајки,

    Синко спие, јас чекам да заврши машината па да се фатам да рибам вц то :D
    Денес турбо ден. Експресно испазарувавме поклони за дечиња на пријатели и роднини. Сега уште да ги поделиме.
    Синко примаше вакцина во средата и качи температура. Всушност качи до 37.8 што и не е нешто алармантно ама не бев спремна за такво сценарио. Мислев дека качуваат висока, даваш далерон и тоа е тоа. Оваа температура ни ваму ни таму. Со мм цел ден околу него, нит јадевме нит пиевме. Беше напорен ден. Фала му на Бога тоа е зад нас.

    Вчера за прв пат месев леб, супер испадна. Се спремам за Бадник. Оваа година сами ќе си славиме. Претходно одевме кај свеки и она беше задолжена за се, јас не се мешав :D
    Нова Година исто сами ќе си славиме. Само некако да испланираме кога да испазаруваме, да не се пикаме по гужви.
    Деновиве ќе направам и Божиќни колачиња и кифлички :)
    Каша попара е постов ама ете тоа имав да кажам :)

    Добра ноќ :*
     
    На marchi-cool, Kate Rina 93, babyboy1 и 27 други им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
    Добра вечер мајки

    Го гледам саатов и си велам да легнувам, да спијам. утре пак рано ќе треба да станам. Но толку многу ми годат ноќите во кои мислите слободно патуваат низ времето, како некој времеплов на сеќавања, емоции и настани.
    Кратам од сон, на сметка на уморот за мал пат со мислите..кога веќе немам шанси за вистинска авантура.

    Читав статија за тоа колку е добро за паровите да заминат сами на викенд, барем на 1-2 дена. Повторно да се вратат на оние почетови кои полека бледеат и се заменуваат со обврски, грижи и полн распоред.
    Да е едно, макар и две...некако да се снајдеш. Ама како да тупиме три деца за ние викенд да тераме :tmi:. Ми делува толку невозможно и нереално. Буквално низ нос ќе ти испадне се:doh:.
    Во моментов ми недостасува само да седиме на кауч, имајќи го предвид саатот он веќе задреман, а јас догледувам некој филм.
    Му реков да купи вино:tmi:. Ми фали таа едноставност, таа тишина, ми фали тој.
    Уште неколку денови.
    Викториа ме праша зошто сум ја оставила...и солзите почнаа да ми течат:(. Снимив видео како и кажувам дека ја сакам, реков на татко и да и го пушта кога е тажна :(.
    Он ме убедува дека супер била цел месец...сега дека така се натажила, но знам деа немам сили да го минам ова повторно, толку долго да сум далеку од нив.

    Уште неколку дена и ќе ги гушнам.
     
    На marchi-cool, ma4e1311, Teacher20 и 38 други им се допаѓа ова.
  8. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.702
    Пол:
    Женски
    ја прашав ми рече нормално било првата недела , само да не јадам солено , така и направив ама не поминуваат отоците веќе 10 дена , не се страшни отоци , не е нешто ектремно ама се гледа дека зглоб немам на ногата , папучите ми се тесни , насабајле прстите на рацете кога ќе ги свиткам осеќам оток .... вчера се слушнав со матичната вика чај од магдонос да пијам па да видиме за некој ден , е сега доењево и магдонос незнам баш ама она вика нема проблем ....
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.155
    Допаѓања:
    111.180
    Пол:
    Женски
    Прашај друг доктор и под итно ддимери испитај, особено ако си родила царски!
     
    На Jana06, naturallmess и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  10. TheSecret

    TheSecret Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    9.507
    Пол:
    Женски
    Nekam da te plasam ama jas edna nedela posle carskiot isto mi otekoa nozete epten, sledniot den zavrsiv nazad vo cair so inficirana rana. Ti preporacuvam vednas na lekar da si ispitas se da si sigurna sepak bebe na tebe ceka :)
     
    На Jana06, naturallmess и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  11. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.702
    Пол:
    Женски
    природно сум породена , без епидурална , само фоли балон и чепче за провокација, а после на крај неполн саат на индукција , никакви други лекови , мислам еден синопен дека ме боцнаа и толку зашто брзо се разви пораѓајот ......
    ама денес веќе пладнево после една чаша чај од магдонос ми спадна на двете нозе отоците , скоро и да нема ... утре ќе ѕвонам и кај докторката во државна па ќе видиме
    фала на одговорите :*
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
  13. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене додека бебенцето заспива да пишам неколку збора и јас. Многу се смени овие недела две во скокот фала богу ни остана уште малку па се надевам ќе почне помирно да спие. Од бебе кое си заспиваше и 6-7 саати не мрднуваше сега нонстоп се буди среќа го земам и веднаш продолжува но мене ме исцрпува тоа заспиј разбуди се зошто тешко презаспивам одсекогаш сум била така. Некогаш кога претерува со тоа будењето ме фаќа нервоза (facepalm) но го земам и веднаш мирно продолжува го гледам колку мило нежно лице има си спие мирно и си се радувам што сум му мајка, веднаш заборавам и колку сум ненаспана и нервоза и се :lol: веќе една недела сопругот рабптти на инфективно одд. Па сум под стрес и за тоа, кога ми кажува какви се пациенти има во дневна болница не што лежат, колкуу тешко дишеле и биле во мн лоша состојба несакам ни да замислам какви се хоспитализираните пациенти, се труди да се заштити колку може не ни јаде ни пие кога е таму стално со маска скафандер визир очила сета заштитна опрема но пак не сме мирни. По цели денови сме сами со син ми и кученцето понекогаш се качува свекрвата но и тоа трае кратко. Го шетам сама надвор со никој не сум се видела многу одамна уште когс бев бремена од страв. Како ќе биде ова со коронава децата асоцијални ќе ни бидат ...доста пишував да земам јас да јадам нешто да подспремам додека спие. Имајте убав ден
     
    На marchi-cool, Coco31, Larahappy и 18 други им се допаѓа ова.
  14. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Здраво мајкички :l:
    Како сте :hug:

    Хепи сум деновиве,утре ми е роденден а задутре на ќерче :inlove::inlove:
    Декември засекогаш омилен!!
    Нема да славиме голем роденден ќе ги викнеме само моите,неговите и кумовите
    Мала забава по дома со торта Маша и Медо..се надевам ќе ми ја погодат,ја нарачав од Моцарт,лани бев задоволна и од изгледот и од вкусот,а сега да не ми утнат на изглед маша и медо им ги однесов како играчки :) малата си ја избра на Пинтерест и мора да ја погодат нели! :D
    Бидејки нема да славиме голем роденден како лани,сакавме да направиме нешто за неа
    Па ја однесовме во Крушево во новиот хотел Панорама.Вчера се вративме бевме на 3 дена...значи презадоволна сум и од целиот хотел и од тоа како си поминавме
    Бев вчудоневидена од тоа како поминавме со две мали деца хаха ^_^
    Највеќе отидовме зошто ќерче обожава вода и летово едвај ја вадевме од базенот,не ја однесовме на одмор па затоа сега ради неа да се радува.
    Абе не излезе од базенот во хотелот,абе радости невидени беа тоааа срцето ми се исполни ептен :inlove: и кога едвај ќе ја прелажевме да излезе,вика рацете ми се како на стара баба :rofl::rofl: збрчкани од водата :D се смееше цел персонал :$
    Пред да тргнеме бев напната како ќе биде тоа замор и хаос 3 дена со две годишно дете и 5 месечно бебе (кое е во скок)
    Амааааа како се погоди по пат во кола, како спиеа таму и беа умни не си ги препознав :o фала им (poolparty) :D

    Очигледно и на нив им требало ова :inlove:

    Од увек сум ин лове вит Крушево па убаво ми дојде на душава
    Ме исполнија 3те дена со позитива,и сега убаво ќе ми биде утре и задутре :l:
    :hug:
     
    На marchi-cool, ma4e1311, Coco31 и 32 други им се допаѓа ова.
  15. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    22.764
    Пол:
    Женски
    @Bella* среќни родендени,секогаш насмеани и среќни!
    Здраво мајки како сте?
    Ја кај мајка дојдов и се осеќам ко на зимски распуст:)Гледам некои мејлови и таскови стигнале,ама тоа покасно да не кажам вечер дете коа ќе заспие..Сега распуст терам:) Си се рашетав сабајле сама,дете со мајка ми..Добро ми дојде малку луфтирање...
    Му земав лепак со светки,па правевме елка.Па песни новогодишни песнички пуштавме..Само детенцево ми е сјајна ѕвезда,во ова лудило со корона.
    Викендот сами со маж се пуптивме во молот,му изнакупивме 4поклончиња и едвај чекам да ги отвори под елка:)
    Некогаш ептен ми е умен и сам се заигрува,ама па и некад бара друштво и морам ја или маж доле да седнеме до него и да играме активно...Ах детенце,ми расте како квасец:)
     
    На Coco31, Larahappy, Ano и 19 други им се допаѓа ова.
  16. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да пишам нешто поетично, дур имам инспирација. Мојата кукла спие, денес бевме на контрола, ја фати ветре и сега си спие ко топ. Колку беше слатка во скафандерот, ко снегулка некоја. Маж ми денес реши да работи од дома, па кутриот само трча од компјутер до неа. Во целата трчаница после доктор си реков макарони со туна да јадеме, арно ама тогаш и текна дека и се цица. Макароните се залепија, ручекот на ништо не личеше. Битно кога ќе и ја видам насмевката не ми е гајле за ништо, освен нејзината среќа. Докторката не испофали, добро напредуваме, се е супер. Во четврток крвна слика, во петок вакцини:sweat: Се надевам добро ќе ги поднесе. Во среда ќе дојде сестра ми да не слика предновогодишно. Имам во глава некои идеи како да се сликаме, имам некои готови декорации,куклата има новогодишно фустанче, уште да купам црвено ќебенце, ма топ ќе бидеме. Ме фаќа новогодишна еуфорија:party::l:
    Ве гушкам мајки:hug:
     
    На marchi-cool, Coco31, Larahappy и 20 други им се допаѓа ова.
  17. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.618
    Пол:
    Женски
    Колку е од вечер во Панорама? :)
     
  18. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Добро вечер.
    Маже работи приватно, дете скока троши енергија(игра на музика)
    А јас да пишам збор-два.

    Елка стокмена, украси извадени наместени, ламби, ласерски проектори со новогодишен мотив наместени.Дома ни е како во диско да сме.
    Заедно ја украсува со дете на крај си дојде и Маже. Го оставав дете да ги мести каде сака, но после ги земав и ги разместував. Се бунеше на почетокот, но се согласи дека на новото место се поубави.
    Два- три дена фаќаше по лампионите и толку не му се интересни веќе. Украсите се сите на високо и неможи да ги достигне, т.е ако сака можи но досега не покажал интерес. Ги изнаигра денот кога ги местев па затоа можи не ги сака повеќе. На дофат му е еден дедо мраз па некогаш знае да го земе и да поигра 5-10 минути.

    Сакам новогодишни навлаки да си купам, но не сум сеуште излезена, кај од една страна ме мрзи да се облекувам, а од друга страна чекам на Маже да му пуштат гратис плата и да излезам да купам подароци.

    Помина и св. Никола, се на се 15 тина бевме. Традицијата се продолжи,погачата се скрши, адетот се направи.. Кумството не го дадовме, го продолживме ние, а и немаше на кого.... Се надевам до година ќе се вратиме во нормала со животот. И ќе ги свикаме традиционалните мали сармички кој ќе бидат неколку илјади.

    Додека го чекаме попот... Дете си се изнаниша на нишалки, на клацкалката, и на крајот му се здосади си седеше сам на клупа.
    Но најинтересното беше кога појдовме имаше запалено свеќии дете се затрча и ги дувна. Па објаснував дека тие не се за дување, туку се за дедо боже да ни дава здравје, среќа......

    @Ava.84 и зетко твој не сака повеќе да ме дружи до продавница. И во летото морав да го оставав на 5 минути сам. Но не одев до продавница туку летав. Не е за сам одма мозокот му работи 300 на сат,каков експеримент да направи.
    @Bella* среќни родендени на двете,сите желби реалност.

    Е толку се заборава... Кога редовно не пишувам, кој требаше да го тагнам.

    Одам да барам апче главата ќе ми пукни, уште музикава ми беше капак.
    Дете да го припрема за во кревет, сенадевам ќе засие порано
    Имајте мирна и убава ноќ со вашите сакани.
     
    На marchi-cool, Coco31, Ano и 20 други им се допаѓа ова.
  19. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Ме нема одамна ама па нема и што да пишам, се е едно те исто по дома со децава, секојдневие монотоно. Стани сабајле среди деца, моли баткото да доручкува цел саат нејадењето негово никако не се мења плус тантруми на максимум има:( Детето несака ни во двор да излезе дека не одиме никаде изолиран само со нас дома спобудале дете дома. Бебе расте уште малце и 6 месеци ќе прави, неделава ќе почнеме и вкусови да пробува златна е таа кукла мајкина :inlove: Елка накитивме по дома украсивме синко секој ден различна желба има што да му донесе дедо мраз, со маж направивме камин со оџак за да дојде дедо мраз:D
    Убава вечер мајки :f: IMG_20201220_145946.jpg
     
    На marchi-cool, Coco31, Kate Rina 93 и 32 други им се допаѓа ова.
  20. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    Скрос истиот проблем.Испитав протеини,албумини во крвта се во ред,д димери и хемостаза испитав димерите покачени,вредностите на хемостазата во ред.Ми препишаа клексани,успеав само 5 да примам,бидејќи кај нас нема никаде во градот.Инаку после пораѓај бидејќи бев царски примав уште 7-8 и тие 5 вк.12
    Отоците после две недели се намалија.Инаку имав препишано 20 дена по два клексани вк.40
    Во консултација со гинекологот што ме пораѓање и со друг гинеколог што ми ја водеше бременоста рекоа таа ситуација е нормална и нема потреба од толку терапија.Сега не примам,бидејќи нема уште добиено никаде клексани но ќе морам да испитам да видам вредностите на димерите
     
    На naturallmess му/ѝ се допаѓа ова.