Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.702
    Пол:
    Женски
    вчера ме боцнаа дидимери , ама кога отидов веќе немав отоци исто и сабајлево веќе ич па ќе видиме резултат, битно се намалија отоците , мене ептен страв ме фати и конците не ми се паднати од епизотомијата 12 дена сме и килажа многу имам намалено и млеко едвај крпам од подој до подој и некако како повеќе од стрес да си правам нервози :sweat:
     
    На BabyD0ll, Ava.84 и Love86 им се допаѓа ова.
  2. Love86

    Love86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    195
    @naturallmess за отоци ми рекоа да пијам сурутка во прав и чај од магданос.Но прочитав магданосот ја намалува лактацијата и не пиев.Чекав природно да се намалат.Немав друг избор бидејќи клексани уште нема.
    И јас бев цела испаничена.
    Но мора да проверам димери
     
    На naturallmess му/ѝ се допаѓа ова.
  3. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.702
    Пол:
    Женски
    па едвај два дена пиев чај од магдонос и мака невидена измаачивме со цицање , чим е таква работата и отооциве се намалени од денес не пијам веќе.... фала на инфо :*
     
  4. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Мајки каде во Ск можам да најдам ЦД со цртани филмови, конкретно ми треба Напред Диего ако има шанса на македонски, ако не на кој јазик има на тој.
     
  5. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    80evra so dorucek od covek
    Superior room imavme so dva golemi kreveta i krevetce za bebeto
    Mislam standard soba e 70evra so dorucek
     
    На Milkiway и haruki им се допаѓа ова.
  6. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Бравооо,секоја пофалба за каминот
    :inlove:
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.293
    Допаѓања:
    6.817
    Здраво мајкички
    Еве ме мене со топло чајче во рака и бебуш спие до мене.Конечно го заспав, овие дневниве дремки му се намалени.Ама ако,повеќе ќе спие навечер,така се тешам.
    Вчера најдов време да се средам малце,си ставив маска на лицето и косата,потоа од новиот крем поклон од мм за нова година.
    Се издепилирав ставив пилинг. Убаво е кога правиме работи за да се чувствуваме убаво во своја кожа. Одма ми се смени распиложението на подобро. Се радувам дека полека се враќам во нормала и почнувам да сум старата јас.
    Во саботата бевме во црква зедовме молитва за малото.
    Од таму кај мајка ми. Требаше да останам неколку дена со бебето.Спакував цела торбица се спремав 3 саати:D И кога отидовме едвај чекав да ручаме и да си одиме почна нервното да ме фаќа:?: Кај можам јас да фатам ред во друга куќа,отидени таму ни креветче не носев, а не заспива убаво на друго место или во раце или креветче. Му велам на мм тргнувај доста е седење.
    Дома си е дома.
    Сега се мислам како да ги украсам пакетчињата и играчките за внуците, спремни се. Намерно не сакав да ми ги завиткаат во цвеќара сакав дома јас сама да си ги украсам. Не за џабе имам украсни хартии купено, свилени ленти порачав од алиекспрес ми стигнаа. Дури и силиконски пиштол купив за максимален ефект:rofl:Еден мој личен печат. :wasntme:Ајде да се фатам за работа додека спие малиот.
    Ве гушкам и ве читам редовно.:l:
     
    На marchi-cool, Coco31, crazylady и 24 други им се допаѓа ова.
  8. stoimanovskamarija

    stoimanovskamarija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2013
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.529
    Здраво мајки :)
    Сакав да ве прашам поискусните ,дали некоја од Вас спрема ручеци пример за два три дена одеднаш да не мора секој ден да се готви и да ги чува во фрижидер или замрзнувач? Што би можело да стои два три дена? Ова секој ден правење ручек ме исцрпува :sweat:
     
    На crazylady, Kate Rina 93 и Milkiway им се допаѓа ова.
  9. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Грав, сарма, грашок, полнети пиперки кои ако ги правиш повеќе на ориз баш и не се мн убави истото важи и за сармата, летна манџичка, чорба телешка или пилешка, ќофте, гулаш.
    Не ми текнува др нешто, но мн зависи и што јадете.
     
    На crazylady и stoimanovskamarija им се допаѓа ова.
  10. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Гравче еден ден чорба, другиот ден тавче гравче. Месо можеш да испечеш повеќе, еден ден со печен компир како гарнир, следен ден со пире готово. Манџа леќа, манџа грашок. Лазањи може да се замрзнат. Некој ден макарони јадете. Готово тесто за пица земи си, еден ден пица. Ориз тавче со копани исто може два дена, еден ден со супа, друг ден со салата.
    Ќофтиња исто стојат повеќе денови во фрижидер. Динстано свинско може еден ден со конпир, следен ден само додај го во било каква манџа.
    Јас имам замрзнувано сецкан чистен морков, пашканат. За во манџата директ да ставиш.
    Сарма исто може да стои три/четири дена.
    На мм му правам пилешко во кари прелесно.
    Го сецкаш стекот на коцки и ставаш да се вари 20мин, додека да испари водата, после стави печурки готови од кесичка се пржи тоа 2минути и ставаш павлака за готвење и зачин кари. Буквално за 5мин е готов(брз варењето).
    За доручек правам проја за неколку дена, варени јајца, кајгана, потпечени јуфки, печени лепчиња како пици или со јајце.
     
    На crazylady, Филотеа, stoimanovskamarija и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Како не :D
    Свари грав за една недела :rofl:
    Втора недела сарма...

    Добар ден, или вечер :wasntme: овде темно е

    Врнежливо и досадно |(

    Деца скокаат од маса :worried: не знам по кој пат ми застанува срцето ама не слушаат
    Се здосадија и тие цел ден затворени :(
    Тек прв ден (facepalm) до 10ти ќе полудат
    Се е затворено и со излегувања и активности сме толку ограничени што не знам каде би ги носела
    Денес и утре е врнежливо па ќе си останеме дома :envy:
    Четврток шума на дневен ред а петок по предпоставка на телефонов снег ќе имаме :party:
    Ќе ги оставам надвор и ќе ги земам ко ќе се стемни :wasntme: (се шалам веројатно)
    Ама едвај чекаме снегче, по цел ден сме надвор со санката :$

    Сакам да пишам малку повеќе ама денес толку ни беше тапа денов што не знам што

    Него поклончиња спремате?
    Јас без идеа сум годинава
    Могли ми бара маче :nod: ама вистинско :!:
    Мали кутре :wasntme:
    Ништо друго не посакаа од дедо мраз
    А што би добиле :wasntme:
    Ваљда каси да заштедат за маче и куче

    И така...
    Да спремам нешто за вечера и да носам деца на спиење

    Довиџења
     
    На Coco31, crazylady, Kate Rina 93 и 25 други им се допаѓа ова.
  12. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    8.392
    Добро вечер(highfive)
    Седам на креветот и чепкам на телефонот нешто и пијам вино успат:d:
    Маж цел ден беше бубачка, толку смирен ретко го гледам:angel:
    Ама си отвори уште од ручек бело вино и цел ден помини замини се напие, па изгледа е цел ден под дејство на алкохол.
    За мене на крај ништо не остана, па морав да си отворам ново]:)

    Денеска ги средувавме алишта од регалот, на маж и моите и успеавме три големи вреќи да фрлиме. Што старо, што му минало мода или ни е мало.
    Како старееме растеме во ширина, па морав да се опростам од работи кои не ми биле ниту еднаш облечени.


    Мене ме боли грлото и кашлам, корона немам, барем така кажа тестот. Се тестирав последниот ден кога завршив со работата.

    Јас речиси завршив со поклоните за Божиќ и ги поделив. Многу убаво спакував со пердуви и лампиони украсени. Секоја година се надоградувам. Првата година беа средно-жалосно спакувани, и секоја се подобри и подобри.

    Имам уште некои ситници за комшиката, ќе седнам вечер да средам.
    На другата комшика ќе и го оставам во станот внатре кога ќе се качам кај неа. Ми го остави клучот демек да и ги вадам цвеќињата, оти цел месец не е домаа и почнаа да и умираат.

    Ништо чудно кај мене и кактусот ќе умре, толку дарба имам за одгледување цвеќиња:lol:
    Јас купам цвеќе и кога ќе умре пак си купам исто ново.

    Една од оние Божиќните ѕвезди успеав да ја исушам, сега си имам поголема од првата... Ама и таа постепено се суши:bandit:

    Синко секој ден ме прашува дали утре ќе оди на градинка и сега не можам да проценам дали му се оди или не:?:
    Кога го прашам дали му се оди вика да, ама не верувам дека уште му е здосадено дома:)
    Секој ден само нешто измислува, гради замоци и влече столови, маси и ќебиња по собите. Навечер излегувам обавезно или одиме преку ден во парк.
    Гледа по малку телевизија и мине времето:D

    Уште два дена иде католички Божиќ и му реков на маж дека ќе правам пастрмајлии за вечера.. Ќе декорирам маса. Планирам да се дотерам, ќе си облечам фустан, ќе се нашминкам и ќе си направам фризура:D
    Па се сум со фармерки и собрана коса. Се што е посвечено обично носам кога одам на одмор.

    Кога пробував што ми се фаќа, што не,ме виде синко во фустан и ми вика мама ду бист шик:wasntme:

    Навечер тука не излегуваме така облечени, обично поедноставно и останатото така си стојат неискористени.

    Треба и да купам украсна хартија, само скришно од синко и да ги завиткам поклоните со неа.За да си мисли дека се од Дедо Мраз.
    Му реков заради короната може ќе ги остави поклоните пред врата и нема да го видиме.
    До сега е успешна приказната,за понатаму ќе видиме. Доби и писмо од него од градинката,па вчера му го читав.

    Туку прашање кога давате поклони на децата, се или е од Дедо Мраз или кажете дека еден е и од вас? :?:

    Прашање кое ме мачи:whew:
    .

    За оставање на синко сам дома, го имам оставано под услов да гледа тв, онака не верувам дека би останал сам дома на 5 - 10 мин. додека да тркнам до продавница.
    Ама, му имам покажано како да ми ѕвони со фиксниот и до сега не е имало проблем...

    Ајде да одам да се туширам,утре 3 саати ќе немаме вода и имам уште малку работа.
     
    На marchi-cool, Coco31, crazylady и 22 други им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.155
    Допаѓања:
    111.180
    Пол:
    Женски
    Хелоу мамаситас!

    Дете спие, јас не можам да заспијам а книгата ја прочитав и сега дремам и зјапам во телефон. Од ова короништево што го тргавме дете од нас сега не сака да спие сам во креветче. Не можам да го убедам никако. Ми вика да не бидам лоша, да го пуштам со нас, сме му недостигале, сакал да си спие со мајка и татко! Филозофии! И видов не видов споив кревети, уште му е детскиот кревет во спална, и синоќа пак се префрли кај нас. Вечерва ми се пика до мене и му викам Пази да не пропаднеш во дупката, спојот де од креветите, застанал таков озбилен, ја гледа и ми вика Јас сепак мислам дека сум преголем за оваа дупка! Не знам од кај му се муабетиве, али зборувањето литературно, па тоа филозофии, па тоа озбилни муабети... Ќе речеш дете растено со турски серии, понекогаш така одвалува, а ние дома не ги гледаме. Кога му објаснував дека сме болни, се туфкам, му објаснувам и ме пресече, Имате корона? Да, му викам. Е добро де ќе ви ставам сега сретство за дезинфекција, што се сеќирате :rofl: Има нова опсесија, сите до едно животни од Животинско царство ги научи, така скоро диносаурусите ги научи, па сега само бара да му кријам имиња да погаѓа. А желбата до Дедо мраз уште не е сменета, гитарос (сфативме дека тоа е харфа), виолина, хармоника, труба и книга. Понекогаш си мислам колку сум среќна што телефони и таблети не му се интересни, не гледа јутјуб, не игра игрици, ама од друга страна многу изморува анимацијата со него. Денес дојде до генијална идеа, со мене треба да гради коцки дека јас сум архитект, а со татко му да фаќа риби, зошто е татко :!: Сфаќате колку ни е забавно по дома, нели?

    Имам уште 5 дена од заточеништвово, не ми паѓа тешко ама сакав да купам подароци, да однесам дете до плоштад во некое време кога нема да е страшно гужва, да си купам јакна или капут, што пропадна како идеа бидејќи од короништево сум минус 2 плати, толку скапо излезе ова. Скоро се направивме приватно, купишта лекови купивме, витамини, минерали, а пошто двајцата заедно сме, тоа оди толку брзо, мислам дека кој што прави само лекови нарачуваме. Нешто заштедивме, да не се заречам, па ќе тргнеме на страна ако остане и да гледаме да подтргнуваме поише зошто сепак не се знае ништо веќе. Ако успееме дете до Шапка да го однесеме, топ, јер Маврово за нас е прескапо, тоа картата за жичара е отров скапа. Шапка е поприступачна, а дете ќе се израдува. Зимување послабо и годинава. Да не ти се верува дека работиме и двајцата, мм се убива од работа, јас сум во администрација и пак не останува. Малце ми паѓа мака искрено.

    Дома ко дома, стално има нешто за правење, особено во куќа, али ова 2020 решила да не уништи, се скоро се расипа. Од пегла, до правосмукалка, па у машините за алишта и тањири, не сотре! Врв на се, пак конденз се појави под кујна и влага сходно на тоа и се затна одводот на кадата. Језивко, нели? Вака исто се осеќав кога реновиравме, само што тогаш се појави светлинкава што ми спие од десна страна. Белки сега ќе ме огрее пак некоја светлинка, се надевам :l:

    Подароците за дете се смислени, да излезам само и да ги купам, па после ќе се кријам во сопче да ги спакувам. Имам многу добри дрвени монистри крисмански што после може како лампиони да се користат, ставам и ѕвонци и елкички и бастумчиња и цимети, се со ред. Треба да купам од мене подарок, од татко му и од баба му, ама ќе му речеме дека со Дедо мраз заедно сме се договарале. Ваљда ќе купиме едно пакетче благичко па ќе го кажеме тоа од Дедо мраз дека е. Не е нешто еуфоричен по дедово, пиша писмо, ама не се траќа нешто од земја. Мислам дека мене возбудата ми е поголема од него. Ќе го дотерам, ќе го спастрам и ќе го сликам со подароците, со елка, со сѐ, иако не е многу еуфоричен. Уствари може да ја викнеме тетка му, она е по сликањето, она да го сликне.

    Ајде доста, да се налеам вода и да легнувам. Добра ноќ будни мамаситаси!
     
    На marchi-cool, Coco31, Larahappy и 27 други им се допаѓа ова.
  14. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.730
    Допаѓања:
    45.638
    Пол:
    Женски
    Колку год е синко?
    Јас ги оставам сами само кога одам да перам
    Машините овде во подрум ни стојат па по некоја минутка ги оставам, под услов телевизорот да е пуштен
    Иначе да ги оставам и да одам подалеку од станов не се случило
    Многу се плашам :wasntme:
    Една мајка која ја познавам го остава девојчето по еден час само дома а една година се разлика со Могли :worried:
    Се прашувам некогаш дали не сум нормална и премногу се плашам?
    Памтам ние ко бевме мали со сестра ми сами не оставаа :^)
    На 3-4 годинки продавница одевме сами, во маала сами игравме
    Јас децава ни секунда не ги имам оставено
    Мада шо ми се врти вглава некогаш да им кажам дека ќе одам впродавница и да излезам
    И едно 30тина минути да стојам пред врата да пратам што ќе се случува :$
     
    На gjoker4e, Coco31, Yowannty и 17 други им се допаѓа ова.
  15. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.752
    Допаѓања:
    38.611
    Пол:
    Женски
    IMG_20201222_223915_350.jpg
    Можеби не е за овде, но Вас ве има многу.
    Да помогнеме еден млад живот да се врати кај своите две дечиња, кои веќе месец го немаат гушнато.
     
    На thelittle17, azelea, MilaSs12 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.155
    Допаѓања:
    111.180
    Пол:
    Женски
    Ние и нашето детство и ова сега стварно се различни. Јас на 4г сама од градинка сум си одела, а не било од овде до онде, било подалечку малку. Ама мало место, без многу коли, некако и поодговорни сме биле, што знам. Сестра ми ме чувала од старт, а разлика сме 5г, може не бебе ама на 1г кога она имала 6 ме чувала. Сега овие деца да ги пуштиш до дома сами, ќе се изгубат. Пола и поише се ко родени во кола, од овде до онде се со кола, никако пешки, мора со кола. Имам една внука од братучедка, ко со царица е односот, уште црвен тепих да и постелат. Решиле еднаш да пешачат, ај да не е се у кола, легнала сред улица и не мрднала татко и дур не дојде со кола. Друг ни е начинот на воспитување дефинитивно. Не сум го оставила бидејќи живеам на една од двете главни улици, немам ограда, страв ми е. Додуша летово се изнауживав на тераса он дур си играше во двор и не одеше на улица, ама доверба во дете јок. Има бујна фантазија, ќе му текне некоја глупост, после треба да се мислам. Татко му на негова возраст ја запалил куќата, ако крвта вода не бива, некако се плашам. Свекрва ми вика по цел ден беа надвор сами, ние работи си по дома и затоа се им било чисто и средено, сега овие ништо сами не прават. Може и ние сме криви сами, како родители, ама дефинитивно начинот на воспитување ни е поинаков од на родителите наши.

    Морнинг шморнинг!

    Стана синоќа дете во ниедно време гладно, не можел да спие од што му тропало во стомачето, гладно било. Многу ми беше жал ама го вратив назад да спие. Како бебе вакви екскурзии не ми правеше како сега. На страна тоа што не сака веќе на пладне да спие и се се ремети. Па со ова коронава што се испорасипа ред, охоооо... Нели баба му беше тука, она го тинтареше и сега си го бара нејзиното внимание. Деца! Ќе си почне со градинка се ќе си дојде на свое.

    Вчера чистев и ми беше се под конец, да видите сега какво ми е, ко торнадо да поминало!

    Убав ден!
     
    На marchi-cool, Coco31, Larahappy и 16 други им се допаѓа ова.
  17. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    8.392
    @Mari* синко во Фебруар ќе наполни 5 години. Знае точно кај е продавницата, знае да отвори врата и да викне помош, ако дојде до тоа.
    Ориентацијата му работи, влече ген на татко му. Јас сум слаба во тој поглед.
    Татко му една улица да ја помине во на центарот Берлин, втор пат може без навигација до таму.

    Синко ги знае сите игралишта во пречник од два-три километри, кога возиме велосипед, он си вози пред мене оти го знае патот, ако е зелено мине, ако е црвено стои, пред пешачки чека додека застанат автомобилите па мине. За рака не сака да се води.

    Имам доверба во него, само што е плашлив.... Затоа три пати прашам пред да тргнам.

    Во наше време викаме друго било, ама пак имаше автомобили и според мене и тогаш е било ризично.

    Јас со 4 - 5години купував леб. Векната беше колку мене голема, знам дека ми беше многу тешка додека ја донесам до дома, а и продавницата не беше баш блиску.

    Имам деца од комшиите кога беше лок даун седеа по 4/5 саати дома сами-9 и 10 години. Они ми кажаа дека додека си дојде едниот родител имаат толкав простор каде се сами.
    Тука мој колега вика за неговото дете повеќе од саат не го оставал само-8 години е детето.

    Секој родител треба да си процени според детето. Оти нема шаблон од која воздраст да се сами.
     
    На marchi-cool, Coco31, Yowannty и 16 други им се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.309
    Допаѓања:
    28.093
    Љубовта на родителите навистина ја разбираме откако ќе станеме родители.
    Сега, како мајка, разбирам подобро. Љубовта, посветеноста, солзите. Стравот да не остават да живееме сами на овој свет.
    Сите мајка - ќерка разговори за животот, љбовта, вредностите и целото време како татина маза, време поминато заедно, сега има друга смисла.
    Денес, во ова ново поглавје од животот и по малку повеќе од една деценија без мајка ми и татко ми ми недостигаат двајцата повеќе од кога било.

    Тие што ги имате, гушнете ги и дајте им ги внучињата да им се радуваат.
     
    На marchi-cool, ma4e1311, happygirl и 43 други им се допаѓа ова.
  19. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.289
    Допаѓања:
    19.096
    Гуд ивнинг
    Се токмам да пишам ама и не знам што да кажам. На моменти толку изгубено се осеќам па со мм бевме во некој хаос на константни расправии и се нервирам како може да се расправаме кога толку убава работа добивме во оваа лоша година.
    Многу ми пречи станот и толку сум желна одма уште утре да го решам ама кога се немаат можности ете... со овие плати наши една би ни одела на кредит..а одмори, патувања, а преживување? A heart wants what a heart wants...така нешо беше

    Да не го тупам.|(
    Син ми добро напредува едвај чекам уште малку да пркне да почнам да му давам кашички веќе и се бориме со млеково не му стига се е гладен. Јас грицкам а тој во уста ме гледа и го вади јазичето си мљацка...којзнае дали е тоа знак дека можеби ќе почне порано од 6ти месец со ручкање?:smirk:

    Не осеќам нова година дека доаѓа ама се радувам на руска и кифли:!:
    со маж се договоривме да се дотераме да прајме фотосесија некоја интересна за да ни остане успомен.

    Веќе коронава ја занемарив и во продавница влегов со бебе и шетаме надвор со маски со пријатели и почесто бабите доаѓаат да го гледаат. Премногу грижа и енергија вложивме дури и бракот ни се расклати ради затвореноста во 2 соби скоро година дена. Па доста е. ]:) Нека проаѓа лесно кај секого.

    Се надевам ќе си славиме овде заедно Нова Година да ја избркаме 2020та:nod:

    До следно читање :hai:
     
    На marchi-cool, Coco31, Kate Rina 93 и 36 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.155
    Допаѓања:
    111.180
    Пол:
    Женски
    Вечер мајки!

    После синоќешниот дебакл на синко во кој заспа во 10 и стана во 3 со муабетот дека му тропа мешето и од тоа не може да спие, му сметала буката, гладен бил, решив да си го вратиме редот за спиење. Па денес фино лепо го дигнав у 8, у 1ипол го заспав, спиеше саатипол како у градинка и еве 10 сме у кревет. Па полека да се научиме дека креветот е за него, а не на нашиот да спие. За 10 дена мајка ми го навикна на такви лигавешлуци, ауууу... На полноќни закуски, одење у вц 16 пати навечер, па мазење да си заспие... И го научи пак да го раниме, а што убаво си јадеше сам. Многу се нергирам за ова јадење значи. Ако го оставам сам по 3 саати јаде, или не јаде, игра, шета, се глупира... А не иде па ни да го ранам, у градинка ќе тргне пак пак мака ќе имаат жениве... Дете илеџиче, е тоа си имам јас, али толку е златен, ми иде да го изедам.

    Денес маж беше на контрола и на враќање зел една играчка, има некој другар со продавница за играчки и му рекол извади ми било која да играме. Леле луѓе, зараза. Не знам дали сте го виделе буренце, па брцаш ножиња во него и пират скока коа ќе погодиш една пречка. Цел ден забава. Така беше минатата недела со слагалиците. Здравје да тргнам у понеделник на работа, ќе купам зелен хамер, светки и ќе направиме на бабите, тетките, кумовите честитки и ќе ги пратам по пошта, што ако стигнат покасно, не е до нас, ние сакаме, ама у карантин сме. Едвај чекам. Имам неколку идеи од Пинтерест, има да се забављаме за сите пари. Он ќе ги пишува, јас ќе ги пратам по пошта. Многу се радувам од сега.

    Иначе корончево ми слизна 2 килца, а што ме радува многу и апетитот ми го среди. Уште ми сака душа блачко, ама не ко претходно, и ако порано јадев 1 пица мала, сега едвај пола ја изедов. Многу се радувам! Здравје после празниците до мај имам да ослабам за свадбата на тете, па нов фустан ако треба ќе купам, ич не ми е гајле. И хороскопот ми вика дека следнава година ќе заврши борбата со килажата. А борба ми е, страшна!

    Доста беше мајки, да читам малку, имам зачитано една книга убава да ја дочитам а после еден серијал ќе фатам. Лека ноќ!
     
    На marchi-cool, Coco31, Yowannty и 21 други им се допаѓа ова.