Добро вечер мајки, најавив ќе учам, а од учење абер немам, ќе биде знам, нели на памет ми е ќе бидееее. За празнициве се радувам дека малку дома ќе поседам, сакам малку дома да сум си, ништо да не правам, а за чистење ми е и тоа леле мајко. Купатика, скали, салон, спална се по ред. За нова година ќе јади е руска па што сака нека е, утре дете ќе добие новогодишен подарок од баба и дедо, од едните си доби чизми и тренерчиња, од другите ќе видиме. Јас почнав да спремам пакетчиња, па и хартија за пакување подароци купив. А и на мојата госпоѓица треба да и го свиткам подарокот. Од оваа година ќе почнам да и пишувам честитка од мама и тато и така секоја година. Сакам и на мм да му купам подарок, а сакам и на сестра ми и зет ми. За моите и неговите ќе прескокнам изгледа. Ама сакам и да добијам подарок хахах, на шефица се мислам што да и земам, дрпнав некни едно ланче це, ама баш го дрпнав и не го видов асално, кутрото скроз. Сум го утнала, затоа ја не дтпам што ќе фатам, ама ете за се и ло прв пат. Сте збореле за сами деца оставање, мојата дама не е ни 5 минути да ја оставиш, ретко ја оставам, а и кога ќе ја оставам она доаѓа по мене. Мене и сестра ми не оставале, од мала по дуќини одам ехеее за цело маало пазарев, која бибер снемала, која пециво, трета јајца, која зејтин, се сеќавам и по мелено месо мн често ме праќаа хахахах, не е исто денес и тогаш. Туку нека си оди годинитево не го можам повеќе. Сакам нова надеж, нова бројка и конечно да го испратиме кпронскиот начин на живот. Искрено ми фали предновогодишно во кафана со ужи круг, секогаш преубаво сме си поминувале. Оваа година дочекот на бибер ќе биде изгледа ахаха... Дај доста пишувам, да се фаќам или за пегла или за книга оти 12 кај и да е чукна.
Многу се нервирам кога ќе ме прашаат свекорот и свекрвата зошто плаче бебето? и сега јас треба цело време да објаснувам, ајде кога знам дека е време за спиење или јадење добро ама не секогаш плаче за тоа. Не сакам да бидам не културна ама многу ме нервира тоа прашање, од каде да знам да набројувам од што би можело, бог да чува. Тоа е кога живееме во заедница.
Ај здраво на сите.. Среќен Божиќ на сите што славите денес и еве од мене по еден пијалок Spoiler: Дринкс , и не замерувајте дека е со скриншот ама доволно време изгубив да најдам слика со повеќе избор, па и уште да мислам како да ја зачувам Ние сме дома конечно во цеееллл спрат само за нас 3-ца, кај свеки се симнуваме да и го однесиме малиот да го почува оти нели бабите се за тоа, а и за да ручаме-вечераме.. Коронава не не фатила сеуште а не дека се пазиме нешто нај, и одиме на гости и ни идат гости нас ама најчесто се сите прележани па можи и затоа.. Малинка расти секој ден само нешто ново изведува, не се остава сам и 2 мин. Одма лета со дубакот до фиоки отвара и се лета надвор, или се засилува и право во штекери..имаме заштитници ама сепак само го карам а него му е амешно и пак си тера што намислил и тоа ме гледа и полека полека оди а ако свртам поглед летнал за секунда..Уште од сега покажува на кого ќе биди по карактер и инает..на Мама секако Свеки напиња да јади кисело млеко па ајде го воведов да не и текни да му тупни за вечера па да спијам на штрек ќе биди или не.. Друго ново има многу ама немам толку време да пишам оти ме чека пеглата а и вц треба да се светни бели плочки и оди дочисти да те видам, еден да мочни на страна ете ти флеки Елка накитивме и некоја декорација плус, за малонка ппклоните се спремни и наредени под елка па чекаат ден да бидат отворени..Тој не разбира ништо мал е ама јас и за него сум возбудена иако знам што има спакувано.. За маж купив поклон ама не е под елка, го надушка и си го носи сега Имаше и за мене па и јас си го носам Леле се заврткав ајде бегам да не ми прегрее пеглата
Добар ден. Седнав кафе да пијам, малата гледа цртани. Конечно. Стана сабајле во седум, мене ми се спиеше, па стана татко и. Ме разбуди по два саати, па легна он. Како кога беше бебе се менуваме. Ама убаво ни е да си поседиме навечер зашто многу рано си заспива, накај седум ипол, осум. Ама си го држи тој ред и не го менува никако. Најубаво и одговара така. Печевме лепчиња за доручек со јајца и кашкавалче, мора тоа се заедно нормално, не знам што толку сака готви, како да не сум и мајка. Куќава е... Никогаш не сум држела до некој ред, да е светнато постојано, ама ова сега што се случува е хаос. Маж вика премногу сме и дозволувале. Еве сега гледам пред мене долу, наредени перничиња, пепа прасе седи замотана во каишот на татко и, една пумпа којзнае од каде извлечена, онаква за пумпање летни топки и гуми, има ластичиња околу нејзе и наредена е со опаковка од киндер чоколатца, некакво мини шпоретче и една лажичка има залепено на нејзе. Обоени пластични шишиња, метро, на едно пешкирче лежи коала, една количка залепена целата со свашта, сега била санка. Масата до сега ја бришев, цела со водени боици, среќа имаме онаква мушама, па може да ја рлиме и нова да купиме. Понатаму, немојте да мислите дека тоа беше се, еден капак од кутија целиот изврзан, нешто што би требало да биде компјутер, нејзин изум. Едно шише одозгора со онакво од алуминиумска фолија кога ќе се потроши, го спрема стол ќе било. Колаж исечен, ножици. И ништо од ова не смее да се помести, има некоја замисла како требало да изгледа. И играта најважна е, мора да се доигра па нешто друго да се прави. И сега, маж вика да не и даваме да прави хаос до толку. Ама он само вика, прв е да и даде што и да посака. И овој хаос е без оној ако готви нешто. Тогаш вади од кујна, брашно, какао, пециво, сите прашнасти работи, меша, става вода, што се најде, исто замислено во нејзината глава. Еднаш и замрзнувавме во калап. Па, тука се и сите работи што се местат за прескокнување, за качување... До колку им дозволувате вакви работи? И со што им дозволувате да си играат? Може треба малку да се прибереме. А за оставање сама, знам да одам до продавничката на една минутка што ни е, ама само ако седи цртани да гледа, тогаш како ја оставам така и ја наоѓам. Не е некое дете да прави некоја белја намерно, ама мала ми е уште. Денес ручек мм ќе спрема, наместил и он нешто од вчера се кисне. Короната помина, уште знам да си поткашлам насабајле, ама ништо страшно. Сега некако пораат сум. Нека ви е денов убав, еве едно кафе пладневно.
Ден! Легнавме у спална божем да лежиме, нејќе да спие и од што се мачи заспива касно и до касно спие и редот се ремети. Не мора да спие, само да лежиме да одморам малку. @RainBow и кај нас е хаос, ама кај вас е изгледа ултимејт. Кај нас е хаос од играчки, киндер јајца играчки, паковки, колички, камиони... Моментално сред соба имаме тапани кои се мали и бараме поголеми, астално фудбалче, мини верзија од оние големите од играчниците, 2 корпи за алишта полни со секакви играчки и масичето што му е за цетање сп катарљарда боенки, листови и тетратки... Мислам дека Просветно дело нема толку боенки, сликовници, тетратки и листови во една книжара, фул е! А да, имаме и едно брдо сликовници, една пријателка на маж ми му дала скоро 100 сликовници и овој секој ден му вади по 3-4, веќе имаме една кутија цела наши, па и овие, а најави сестра ми и од внука ми да ми даде. Ама толкава радост е за сликовници, паѓа у несвест. Скоро 25 дена еве секој ден му вади и он уште се радува како првиот ден. Од мерак да купуваш. Избегав од муабетот, јас хаосот го решавам со дерење, најискрено, со викање решавам. И закани! Имам 2 ќеси за ѓубре од по 60 литри при рака и ги вадам кога е хаос, се си собира. Во лето е друга песна, тогаш у соба ако сака и сите нека му се на брдо, ми е гајле, ама у дневна не може. Јас имам проблем, играчките завршуваат под кревет често и ме нервира тоа, па сега сум на ум да земам едни сунѓерни цефки, да ги напикам да видам дали ќе успеам да се спасам така. Секое чистење ми е пронаоѓање на богатство под кревет. Често наоѓам и храна некоја залетана. Доста пишував, ми кажаа омилената писателка ми била со весник еден за 100ка во трафиките, да најдам некој да ми земе. Убав ден!
Добар ден Среќен Божиќ на тие што славатНие сме од тие што сега славиме , а честитаме на 7ми Убави денови на сплотеност на семејството, топлина и мирис на спокој.Таков ми е Божиќ за мене Со корона или без овака си го славиме 8 години-сами.Не ми смета . Вчера спремав за Бадник, паричка,сарма,зелник,грав . Ама највоодушевена бев од украсувањето на масата.Ништо посебно само еден чаршав на сред со Божиќен мотив и си ги извадив чашите за бело вино, на тајнирите направивме со малата црвени елки од салфетките . Мм се изненади кога видеДобро чашите за вино за сок ги користевме Па што Инаку ми стојат за џабе, вака убави беа на масатаПаричката се виде на сред.Па после мм глумеше како ништо не гледа и ја подметна на ќерче.А таа се радуваше По вечерата,иако ништо не јадеше, дозволивме да го отвори поклонот од братучеди и.А додека беше во веце и го ставив и нашиот поклон на столот.Па колку радост беше, уште не отворени не изгушка и заблагодари што сме и купиле Нормално пресреќна и изненадена,се чудеше кога ли сме и го купиле поклонот , 5 пати не праша Вчера утрото, стана.Обично одма доаѓа кај нас, ама додека не и кажам дојди не доаѓа.Секое утро доаѓа да си се гушкаме Ама вчера само погледна накај спалната и трк во дневната.Дојде разочарана.Ми вели:-Мамо , јас ќе одам уште малку да спијам, Д.Мраз уште не е дошол. Реков дека вечер ќе дојде, ама тате и рекол вчера ,не денесЕдвај ја разубедив да не плака Па ми кажа како немало ни стапки од снегСе сеќава на ланските стапки ,зарем е можноПосле ме праша дали сигурно сум го пратила писмото на Д.Мраз и на кој јазик зборува. Нормално се е направено, а Д.Мраз зборува на сите јазици Многу ми е убаво оти верува во Д.Мраз. Па така ова утро прв пат не ја осетив дека станала, касно си легнав , цврсто спиев и кога дојде да ми каже дека има поклон ме уплаши Пресреќна дека дошол Д.Мраз и и оставил голем поклон.Па го отвараше и рече колку е убава главата.А татко не го виде поклонот пред тоа, па праша каква главаРадости детскиТие станаа , а јас останав во кома пак да спијам.За чудо беше мирна некој пола саат за да дремнам плус Со мм откако е на одмор остануваме навечер и си гледаме серија.Имаме една српска -студенска ама е комедија, па се смееме Користиме последни денови со поголемо детеСо бебе ваквите вечери ќе ни бидат луксуз.Беше накај еден и мм вика како сум заборавила стапки од снег да направвам.Па му реков он нека направи,па правеше стапки и на тераса и дома, а утрово си ги бришашеПа јас претходната вечер до 2 ч мотав поклони.Знаете кој нема во главата ќе си крати од сонот.Мм кога виде дека сум зела иста хартија како што имаме ,рече може да и текне дека сме ние.Не верував дека ќе поврзе.Утрово ми ја носи хартијата и вели ,мамо во ваква хартија ми беше поклонот замотан Што да кажам , а да не и скршам филм, па се насмеав и реков дека се погодило и тој да има иста Леле догодина што ќе правам со ова дете уште сега веќе ме разоткрива А сакам подолго да верува Утрово игравме на новата игра од братучед и.Треба да ги најде каде живеат животноте и добива задача од пенкалото да најде на истата слика друго животно.Ај што се на македонски 50% не ги знам , па ај сега тражи и на гермснски кое е животното.Убава едукативна игра и за дете и за менеЕм учам јазик ем си играм со дете , а и таа учи За неред што спомна Реин и кај нас нон стоп е неред и ако сакаме нешто да фрлиме не смееме оти тоа нешто многу и треба и со него ќе си игралаИсто и стварите таму мора да стојат, сама да ги дигне оди тешко, мене исто ми е тешко и се е хаос Ма никој не доаѓа не се замарам За фаќање на ствари од кујната не фаќа ништо без да праша.Не, не сум ја јас така воспитала , таков и е карактерот што и мене ме нервира на моменти.Нема шанса да земе 5 гумени бонбони или смартис ако не сме и одобриле.Ако речеам 2 толку и зема.Нешто зашто не прашува и е ново од скоро , си става столче и зема од полицата во висачот џвака.Јас и мм се чудевме како го докачила ама се снашла со столче Од утрово правеа со татко и куклен театар од картон, имаше фигури што јас претходно и ги испринтав и залепив на стапчиња за кејк поп. Црвенкапа ја правевме пред некоја недела како престава, па сега не сакаше таа да раскажува туку јас да сум кажувала.Сигурно ја заборавила приказната.Ајде кога ќе си дојдат. Сега отидоа да возат тротинет и точок,јас ќе готвам некој Божиќен ручек Имајте убав ден мајки и убави и светли празници во секој дом
@AngelOfArh ние книгите на полици ги наместивме, за книги сум многу строга, книгите се почитуваат, се сакаат и се чуваат. А и на киндл многу симнуваме и читаме, па не е сега до толку претрупано. Играчки нема многу. јас фрлам кога е излезена со татко и, инаку се и треба и ништо не се фрла, обавезно ќе му се најде намена, како што рече @Ava.84. И кога ќе побара нешто, а отишло во ѓубре, заедно го бараме, ама го нема и тоа е, живот. За собирање и чистење јас и кажувам дека ќе собираме, кога веќе и нема кај да се згазне, и велам дека чистам, се што и треба да си собере и да си крене, другото оди во ѓубре. Знае дека навистина ќе фрлам, па се растрчува и си собира и си крева. Па јас чистам долу, и давам на неа влажна брише нешто и така. И по два саати пак е исто. И она прашува пред да земе нешто, посебно со благото имаме мака, само тоа би јадела. Некогаш и давам нешто и и кажувам дека е тоа за цел ден и да си го распореди како сака. Тогаш знае дека нема повеќе, па си го дели. Обично кога има избор многу подобро одат работите, научена е сама да си донесува одлуки. Денес па, играме со моите два прста, скакулец се кој се вика Лили. Милениче и е, не знам како може да се заигра со моите два прста, ама ете, по цел саат. Ручекот касни, не пресметал колку време ќе треба месото да се пече. Не се бунам, се додека не готвам супер е.
Добар ден друшки,ме памтите, одамна ме нема на темава,се во труднички сум,ама ќе ве дружам повеќе ветувам,дома ќе сум. Темава ја обожавам,најомилена ми е,топла, така секој ден ве читам и се соживувам со секоја од вас, вашето секојдневие. Деновиве го користам одморот пред да го отворам породилното ,мислам дека доволно се изнаработив до последно,ниту ден мерка не користев.Маж ми исто го користеше одморот ,а оваа недела работи од дома и така многу ми е убаво дека сме сите тројца заедно во овие последни денови од оваа година и се спремаме да го дочекаме и новиот член што ќе ни пристигне. И најбитната работа е дека од овој месец сме во станот што си го купивме,после толку време под кирија,сега сме конечно на наше,па заедничкото уживање ни е уште попријатно. Ќере веќе ги користи последните денови во училиште,па ќе биде на распуст ама уште сега ми вика дека сакала да оди во школо,убаво и било со другарчињата.Да ви кажам искрено многу убаво го прифати училиштето,секој ден си работи на домашните,ги обожава наставничките и што ќе кажат они тоа за неа е закон,па и нас дома не исправа за некои работи. Пред некој ден славевме и роденден само ние дома,па си правевме тројцата мала забава. И многу прашања почнав да добивам од неа,знае како бебето ќе излезело,ама сега ме праша ни како дошло во стомакот,и не знаев што да и одговорам. За име немаме абер,некако не можеме да се договориме,па во школо збореле и наставничката и рекла ние ќе му бидеме кумови на бебето штом не знаете име. За оставање сама си кажувам дека сме ја оставале до продавница ако треба да отидам,или мм кога ме носеше насабајле на работа она спие и сме ја оставале ,ама претходно сме и кажувале дека ако се разбуди да не се исплаши ако не нема,па не сме имале проблем,разбрана е за тие работи,ама сепак малку ми е страв,затоа само инцидентно се случува. Е летоска кога одевме кај бабите ,ја пуштав да игра сама пред куќа со дечињата ,ама на слепа улица е и нема возила, а и она сама сакаше,некако гледам сака да е самостојна,но сепак надгледував. За растурање знае да направи хаос од книги,тетратки ,сликовници,со куклите игра најчесто им чита,учителка им била,ама сега има нејзина соба и таму што сака нека прави и кажав само во дневна да не ми влече ствари,ама пак знае и тука да носи.За книги и ние имаме премногу,нема веќе кај да ги ставаме ,ќе правам библиотека и за моите и нејзините.Уште не заспива без да и се прочита ниедна вечер,тоа нема шанси,па едвај чекам сама веќе да почне да чита од наредната година. @AngelOfArh се изнасмеав пред некој ден со твојот дечко и прашањата и одговорите,колку интересни размислувања може да имаат децата. Ве поздравувам па се читаме скоро.
Здраво и од мене! Синко мака мачеше 7 дена со какање, се напнуваше и не можеше да направи ништо, само си прдеше. Сабајле одвај станав, не можев очи да отворам. Нервозно спиеше, па се презаспивавме секој час и денес за прв пат земав чепче и за некои 5мин. се олесни. Животот ми се скрати гледајќи го како се мачи да се искака, целиот се вцрвени, душичка. Важно конечно се олесни и еве, си ветувам дека од денес ќе сум поредовна со конзумирање овошје и салати. Ептен еднолична исхрана имам во последно време и сум се удрила на јадење благо во секакви форми и облици, па му се одрази и нему. 5 месеци сме веќе, полека е време да почнам со конзумирање на се она што потенцијално создава грчеви, а го избегнував. Пред 5 дена за прв пат рече "Мама" Оттогаш секој ден само брбла мамамам, бабаба, абе златен е! Нема нешто помилозвучно. Деновиве полниме батерии за 5 скок, нек ни е со лесно од наредна недела. Ќе беше убаво да направевме профи новогодишна фотосесија, но со ковидов некако се предомислив, а и искрено изгубив осет за време. Дури пред некој ден се свестив дека НГ е поблиску одошто мислев и си реков доцна е, па ќе му направам нешто во домашни услови за спомен. Секој ден имам по 2 достави од карго, веќе ме научија сите курирски служби. Tолку многу работи му купувам што морав да му земав нов, голем фиокар. Не можам да им одолеам на некои парчиња облека, можеби немаме многу каде да ги прошетаме, ама макар и за по дома, пресладок ми е кога ќе го видам во нив. Ама брзо ми здосадуваат, сум приметила, за нигде сум станала, еднаш да се облече и нарачувам ново Кога нешто ќе замислам, толку многу сум упорна. Имаше едно капче кое го чекав да му стигне само за да ми кажат после 2 недели дека поради ситуацијата нема да ми стигне. Се напнав и го најдов капчето на друго место, прашувајќи од продавница во продавница Се опремив за почнување со вкусови, уште ситници останаа. Вчера додека јадев колачи и млеко, му потекоа лиги гледајќи ме и шлапкаше со муцето медено, ми падна дури жал што не можам да му дадам нешто, но сепак ќе почекаме барем до после Нова година. Бевме денес на контрола и консултација за вкусови, супер е, го испофалија. Се мислам со што да почнам, висам на тема Воведување цврста храна деновиве. Конечно добив зелено светло од гинеколог за вежбање, па планирам некој ден да почнам со нешто полесно. Не можам да верувам дека две години станаа како немам вежбано, премногу ми недостига теретана, ама ќе си почекам со ситуацијава и таман, синко да потпорасне повеќе. Инаку сум греотка официјално, се уште заздравувам од шиењето внатрешно. Одвај чекам да помине годинава, само колку да знам дека е зад нас. Камо да може навистина да биде така. Навистина не ми е верно колку многу работи ми се случија. Во рок од една година. Дури понекогаш се прашувам како ли издржав... ама синче донесе една нова енергија, надеж и желба за уживање во животот. Правам планови за уредување на неговата соба и многу сум возбудена! Среќа што е голема, па ќе ги собере сите работи кои ги имам на ум. Полека, месец за месец ќе земам по 1-2 работи и ќе ја комплетирам додека почне да оди, се надевам. Подобро да не кажам на колку етапи го напишав ова, уште од претпладне се влечам. Засега доста, имајте убава вечер!
@Monella зарем не ме заборавивте сите. Ни јас не се сеќавам кога последен пат сум пишала во темата и до каде сум стигнала. Собата изгледа одлично, браво за тато. Многу ми е жал што на мали собата е мала и со сите играчки прилично натрупана е во моментов, ама бар има негово катче. Инаку имам проблем со лицево и периодов малку се опседнав со читање по темите за лице. се изненадив колку се продукти и што се нема за лице. Па сега само купувам, пробувам, мачкам по лицево и да видиме дали ќе има некаков ефект. Никогаш не сум имала проблем, а сега сум лом, што од маските, што од стрес... да не проверував пред три месеци хормони ќе мислев пореметено ми е, ама за среќа тие арни беа. Овие два дена користев денови од одмор па демек да одморам, ама со мали тоа тешко оди. Денес маж правеше ручек, па си дозволив со мали кога го успивав и јас да си оддремам партија. Што убаво ми дојде да се изрелаксирам. Како термофорче ми е, толку ме стоплува да мислам се губам после 5 минута. Некогаш не сум сигурна кој попрв заспива. Ручекот супер се погоди (и да не се погодеше немаше да се жалам, се додека не сум во кујана), паеља со морско - лигњи, школки, ракчиња или како и да се викаат. Малиов е воодушевен од морска храна. Прееска (како и секогаш до сега) морав да го сопрам зошто изеде повеќе од мене (една педа човече) па ми беше страв да не му се слоши. Со каква сласт си ги јаде не можам да ви опишам. Тоа не се доловува со зборови. Едно од ретките јадења што сам без здив ги јаде (додуша се што е месо така го јаде). Друго што да кажам, а да не е трагикомично. Денови монотонија невидена се за него, па и за нас. Ама него го жалам, ние бар до маркет и на работа што ќе продвижиме, па ќе смениме колку толку. Почна за одење кај баба и дедо да се радува како незнам што да му се случува во животот. Со нас иста песна. Секоја занимација по 5 минути трае. Евентуално со вода и кинетички кога ќе го пуштам што знае подолго да се заигра. Дури ни тв не сака веќе. Почна сам да го гаси тв - то од што му е смачено и тоа. А за жал периодов признавам го оставам повеќе од што сакам, ама кога нема друг начин да анимирам дете за да се вклучам на состанок или да завршам нешто итно. Инаку се се сведува на жмуренка (како што он си го скова од жмурка и миженка), песни, цртани, вода, песок и слично. А и почна да дозволува татко му да му свири на гитара. Јас одамна му викав научи песни за негова возраст да видиш дека че ти дава да свириш, а не гриндеј, ред хот.... сега си ги свириме од Петко, Тераса, Зурли, Лина и сл па журка имаме скоро секој ден. За занимации дури и да сакам нешто да сработиме не соработува од што сум му здосадена. Играчките стојат во ќош. Е многу си игра со мали играчки - животинки, диносаурси и случно. Ги реди, ги прередува, ги игра. Има цела фамилија диносаурси (мама, тато, он, братучед му, вујко му, вујна му, баба и дедо). Со бато и мали дино е најдобар другар. Дури понекогаш така и им се обраќа на играчкит, другарчиња мои. Го пишувам ова и солзи ми одат на очи. Не можам да се помирам што детево ми е изолирано од луѓе. Пакетчиња веќе има неколку. Две од кај мене од работа, едно од тете. Од мене и тато се е купено само да се спакува за под елка. Исто и од другата тете е купено. Има нови книги, авион, сложувалка со дино, писта со коли...Се надевам дека новиве играчки ќе му држат внимание бар некое време. Само сакам да расчистам дел од стариве за да се ослободи место за новите. И онака еднаш на две недели му текнува да пофати нешто да поигра. Елка накитивме пред две недели, убава ми е оваа година си ја бендисав. Не сум многу по китење и да е до мене може и да не китам, ама вака дете се радува. И сијалички на сите страни светат, па бар малку да ни подигне расположение. Се гледа дека долго не сум пишала и се надевам ќе се навратам почесто да пишувам. Некако ем поголемиот дел од времето дома, ем се чувсрвувам како да ми фалат по неколку саати во денот за да имам време за се. Долга зима не чека. Постов хаос ми стана Среќни родендени и поводи за сите што имавте периодов, да не тагирам да не испуштам некого. Само убави моменти за паметење да имаме за споделување. Ако случајно ме снема да честитам Среќни празници на сите и се надевам нареднава година ќе биде далку подобра од изминатава која како да застана во Март месец. Иамјтемубав викенд
@Butterfly1107 фала многу. Јадеме се само не знаев кои може да се замрзнат дали сармата треба да ја направам па да ја замрзнам или само да ги наполнам и после само ставаш вода и ја правиш
Можеш да замрзнеш сарма, јас имам замрзнато готова направена. После само ја вадам, ставам во тенџере и ставам водичка и така се одмрзнува и се грее и е спремна за јадење. Ако јадете и пинџур знам мајка ми стално замрзнуваше многу, само што се прави подолго време. Значи ставаш во релна пиперки, патлиџан и модар патлиџан и ги печеш. Кога ќе се оладат ги лупиш и ги сецкаш и ставаш во кеси за замрзнување. Кога ќе сакаш да јадеш, вадиш ќесичка, ја одмрзнуваш, ставаш лукче малце и грееш зејтин во ѓезве, го потураш зејтинот врз пинџурот и ставаш малце сол. Со лепче и сиренце многу е вкусно.
Хелоуу мајки Да чкртнам нешто дури спие бебка, а јас уживам во нескафе, кое маж се кандиса да го спреми ако му направам шопска..По дома функционираме со уцени, и само се наттеруваме за нешто еве мм е пример ако сакаш да сработи нешто и го сработи после мора ти за него нешто и така.. Малиов од девер ми (5 години) ни е на гости, стандард секој ден го носат и навечер си го земаат и ако не е тој малиов нема на кого да се радува, ние домашниве му прекиснавме веќе се само нас не гледа и тек тук ако дојди некој.. Па колку само му се радува легнува до него и му вели ајде ајде лази сега и ако стасаш до масата ќе ти покажам како да се исправаш А ова па моево како брзо е разлазен незнам како коленцата не го болат шиба по ламинат по плочки, и тука влетува свеки со коментари од типот леле бабаа мајка ти не ти облекува хулахопки ќе ги настиниш колената Молам ? Да седниш и да се исплачиш е моментот Маж е мрза некако во последно време и по дома служи само за наредби и да те изнервира, и тоа онака од земја да те поткрени.. Ама не е тој крив мајка му е за тепање тој А таа На, абе аман не е бебе па да му носиш се на тацна, ама тоа е жена без работа и по цел ден на сите по газ му оди де на мм де на свекор ми.. И девер ми беше научен така дури беа овде ама сега гледам научил сам да си зема оти не е мама таму да му носи За разлика од нив брат ми сам си поставува маса, си пегла алишта, чисти и средува по дома, јас секогаш бев таа со растурени плахари а кај него наредени под конец, ептен е педантен за таа работа..Јас ако носам нешто врз блузата можам и да не ја пеглам оти нели не се гледа Ќе тропнев уште нешто ама имам за пазарење па да скокнам набрзина *
Здраво мајки Одамна немам пишано во темава, се надевам сите сте добри. Синко спие, го чекам да се разбуди па ке одиме кај моите на гости. Не се ни гости баш, секој ден одиме. Јас имам болки во мускулите од вежбање, се исфорсирав вчера со поголема килажа на тегови. Ама откако почнав да вежбам се чувствувам многу поубаво. Резултати има, ама пак се опуштив со јадење малку, па не губам толку кг колку што би сакала. Синко добива пакетчиња, се чоколади врз чоколади. Лани добиваше каши кои не можев да ги јадам, ама годинава ехее. Вчера имавме гости, нивното детенце е помало, 2 месеци разлика се само. Ме изненади колку беше фин и се мазеше. Го влече за рака да се игра, го гушка и бакнува. Со нас никогаш не е таква маза. Треба почесто да се гледаме. Станот е при крај, да поминат празниците ке одиме да избереме архитект за кујната и спалната. Немате поим колку сум возбудена што ке имаме нешто само наше. Овде не сме гости, ама со оглед на тоа што се знае дека ке си одиме, станот е купен уште пред брак, не менувавме ништо во распоред, ништо ново не купивме, некако во минување сме. Плус свекрва ми си го одржува домаќинството, јас само околу чистење сум ангажирана, се друго таа си средува. Уште сега планирам какви сијалички и елка ке купам за наредна година. Поздрав мајки, гушкајте ги, пребрзо растат.
Здраво живо! Добра сум, дури втор пат ќе пишам овде за овој месец битно редовно ве читам, да не ме мислите Се надевам сте сите добри Уште една работна сабота во низата. Има ли крај? Има,во четврток ми е последен ден на работа ииии конечно да здивнам ко човек дома. Требаше до денес да идам, ама им текна ротација на персонал низ градови да имаат, па само една колешка останува овде, и фактички втората т.е јас морам да поработам уште 4 дена. Не ми се свиѓа воопшто, ама што дека коа и онака никој не ме прашува Бременоста ми летна за секунда, не могу да верујем. 34 недела и ден, за 10 дена 9ти месец. Корона бременост, за час ми летна. Уствари на работа ми летна Почнавме со средување алишта од ќерче за бебе, да останам дома па да почнам да перам,пеглам и редам, докупувам уште по нешто ново.. Немам идеја ни како ми изгледа бебето, никако да добијам сликичка од неа, жими еднаш се покажа и толку, сака да не изненади Големава дада уште сега е посесивна кон бебе, па никој не смее да му ги допре алиштата,стомакот па сачувај Боже. Си идам од работа и одма ми ја крева блузата,бацува стомакот и во наредните саати дури си легнеме така гола седам. Синоќа го “облекуваше”, нови тренерчиња,капа и скафандер порачав, па почна да ми ги реди на стомакот,па капата ја мести,ма циркус. “Бебе многу си убавооо,многу си умнооо” по цел ден пофалби му упатува Душа ме боли уште сега како ќе ја оставам дома речиси цела недела кога ќе одам на пораѓај, филмови во глава 100 си направив до сега. Само живи и здрави да си дојдеме дома, се ќе надокнадиме Денес новиот кревет ќе и стигне, па вечер ќе оди на спиење кај мајка ми, со мм мора премештај во спална да направиме, и да видиме како ќе не собере Со тешко срце масичката за шминкање ќе ја однесеме во подрум, ама секој сантиметар плус слободен ни значи сега. На пролет дај Боже да е се ко што треба па една соба плус за момите да направиме. Вака колку и да разместуваш и ротираш, собата е таа, нема место. Да го купи тој камион веќе еднаш и да тргне работата па да си направиме куќа веќе еднаш,аман. Убаво ми е кога не мислам на тоа, ама кога ќе почнам ми иде да го истепам од нервоза Излегува ко да ни е супер вака сите на купче, ко да неќеме да трошиме за да направиме наше, амаааа длабоко во мене јас си знам колку со нетрпение го чекам тој ден. Пред некој ден му спомнав, леле коа се смршти.. па сум го напнувала стално за тоа, знаел и он дека треба и вака не бива, ама ко што ми рече, “ти мислиш така лесно е,кажи ми извади 100-200к евра на маса и јас уште одма ќе ги најдам”.. у право е,признавам. Се труди, работи напорно, мозокот му е 24/7 активен за како,што и од каде да дојде до повеќе пари за да го купи тоа што ќе му донесе повеќе пари дома, сфаќам се, ама некогаш ете ко издувен вентил ми е да му се изнавикам свашта и да ми излезе нервозата Он никад и не ми рекол “не”, значи муабетите и плановите кад тад ќе се реализираат. Што и да му побарам,колку и да му побарам, ќе ми даде и јас нема да приметам дали има или нема во моментот, таков срцкаст ми е, со насмевка се си прави Битно јас го бодрам, да ќе биде, живи и здрави да сме само, ама ќе биде се како што треба и како што сме замислиле, само треба време. А време губење за нервози нема, мирот и спокојот што го имаме моментално со ништо не се менува. Не може се да е идеално и совршено, не сме на филм. Барем убаво да ни е.. а ни е и вака. На фб најдов една страна со интересни изработки од иверка па да порачам сакам за над креветот на ќерче,да има каде да ги сортираме сликовниците, мислам дека баш екстра ќе ја направам спалната Така ај,да не губам време уште, таман и пинтерест да пролистам може, уште некоја идеја плус да ми дојде. Останете добри
Времево никако не ми поминива. Маже и дете се излезени скоро три часа,, а јас незнам што со самата себе... и така си лежам на кревет со телефонот во рака. Вчера требаше да излезам сама да купам подароци, а дете да се дужи со Маже дома. Ама дете сакал да иди спомене. Го лажам дека ќе одам на заболекар, а дере се прерадува сакал да се вози на столицата и да му ги видел докторот запчињата. Почна да вика и јас, и јас ќе идам и почна да плаче и го си го зедов со мене. Малку се бркаме по продавници, префаќаше играчки, која играчка за кога да бидела. А тој не знаеше што да земи па беше скромен и зеде гумен спајдермен. Оттаму појдовме кај баба ми да ја видам, а и кафе да пијам со мајка ми и тетка ми. Дури вечерта Маже дојде не зеде. Останав на пола со пишување Еве ги стигнаа....
Заборавив да ве известам, на зара апликацијата има попуст, а во окаиди во продавниците има попуст, и летни и зимски алишта извадиле. Го опремив синко за пролет и лето.
Можи да си продилжам.? Ручавме/вечераме и сега пак си го фатив креветот, Маже цепка дрва, а дете шиза. Дома ни е право диско со сијалици, ласери... Вчера откако си дојдовме комшивката заѕвони дека внуката нејзина е тука и сакала да му подаде пакетче на дете.Потоа тркнав до продавница да купам готово пакетче, го зедов подарокот и појдовме кај нив. Ми се насолзија очиве кога ги гледав како се радуваат, како малите нешта ги прават среќни. Три пати ме гушна и ми се заблагодари за играчката и ми кажа дека таа вакви посакувала долго време. Не беше кизнеј шо беа шминки во вид на штикла, но девојчето беше пресреќно. А и дете си доби пакетче прво од дадичката и играчка трактор, заедно поиграа еден час. После долг период се видоа и не можеа да си изнаиграат. Забележав дека дете повеќе зборува со другарчиња.Тој зборува и дома ама ова вчера беше апла. Не можеше девојчето да дојди наред да кажи нешто. И таа не била дада Биби, туку само Биби.,таа му била женска, ама била поголема од него... Смешки е. Утрово ние со дете дома, маж по купување играчки за дете.Јас најдов вчера но неможев да купам дека дете го носев со мене. Ја купил нараквицата од танос. Чеканот од тор не го најдовме, но Маже нашол некој сет со чекан па го зел. И на крај мислев лесна работа за сликовницата од биби и боби, но и таа ја нема во градов. Па ќе видам сега и така ми текна да порачам онлајн. Доволно му е и една играчка од нас, но ние сакаме се што ќе побара да добие. Дали грешиме? Сакаме да добие пошто ние со Маже ништо не сме добивале од родителите за нова година, само од работа што му давале. Памтам големка бев кога на мајка ми и побарав барбика невеста да добијам. Со триста стегање на парите ми купи и тоа скапа беше за нас стандарт.Таа беше единствена играчка што ми ја имаше купено толку скапо. Дете и маже збеснаа, се борат, се скокоткаат, а дете бара помош од мене. Вика мама ми требаш Имајте убава вечер.
Ќе им кажеш дека дури плаче е добро да уживаат во звукот што го слушаат Значи дека имаат здраво и право внуче