Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.978
    Допаѓања:
    112.601
    Пол:
    Женски
    Во сред ноќ мајки :yawn:

    Несоници ме бијат, нешто ми тежи, а и сама не знам што, мразам да ми е вака, знам дека "нешто" ќе се случи, па еве чекам.. :|

    Уште малку нова година ќе почне, а јас старата ја ,,преспав,, куп убави нешта се случија, добро ред и лоши, но пандемијата ме распамети :(
    Си ги сакам плановите кои пропаднаа, не сум човек кој се си планира и се води исклучиво по планот, но ова е бунар без дно веќе :doh:

    Еј колку ми преседна :@
    Како и на сите де, што и да сме правеле пред, сега сите повеќе или помалку сме во иста каша :envy:

    Деновиве и се подруживме, ок со блиски, ред тестирани, ред поминати, па не ми беше страшно :tmi:
    Само си се оправдувам знам, крш, ко на боцки седиш еден час и бегаш у прв момент :(
    Очајно :(

    Теткиве па со се баба заборавиле дека дете на играчки се радува, па само блажарско пакетче спремиле (facepalm)
    Кое разочарување го имаше кај бебе, а пак они у земја пропаднаа..
    Зедов едниот голем поклон што сум го купила, го завиткав и скришум под елка, па извадивме ситуација и изнудивме осмех :whew:
    Подоцна горе ги преврте сите кесиња да најде уште "игачки" ајјјјј душа моја :l:

    И кажав на сестра ми благо и не мора, да се потруди "игачка" да донесе, пошто втор џокер ќе немам :D

    Во понеделник Дедо Мраз ќе ни дојде :inlove:
    Со големо блажарско пакетче, мала играчка и големата играчка ВОЗ :l:
    Е сега Дедо ќе е баш ДЕДО МУ, па живо ме занима како ќе реагира, лани цел се збуни и остана збунет се дури не се симна маската :D

    Ќе ми фали играчка за на 31ви, ама имам едно тракторче, ама нема да се израдува доволно мислам, ете ми проблем :smirk:
    Знам многу играчки има и постапно ќе ги открива и ќе им се радува, ама таков е периодот :D
    Прееска мајка ми ми вика, многу му купуваш, ама па и на дете играчки му требаат за да си игра :)

    Едукативни ми фалат, а може и не, најдов начин како да учиме свашта и низ Лего на пример.
    Фантазија чуда прави :angel:
    А пак колку се фаќа на мамка и колку се соживува со "приказните" многу ми е смешен, дете :D
    И се помалку сака да си игра сам или пак ич, ниту цртан гледа, ниту бара, ниту нудам, значи пукнав со игри и со се што бара една куќа :whew:

    Времево сивило, не мора сонце да пука, ама маглава, смогов, смрдеата не се поднесуваат :@
    Не живеам на ниско, но сепак чим и кај мене има до пред прозор, значи е страшно :|
    Он си бара надвор, ми вика ајде мами да идеме надвор воздух да не фати, да се освежиме малку :D
    Кој воздух, која свежина да понудам (facepalm)

    Бројам деновите кога ќе си идеме за станот најмногу ради ова, абе греота е дете ова да диши :envy:
    А секако греота е и ние да дишиме :(
    И он веќе секој ден прашува кога ќе идеме, многу сме седеле тука, му се здосадило вика, во станот му било поинтересно :l:
    Уште ми е чудно како се си остава со драго срце, ни да се заврти, ништо не бара, ништо од дома не му недостига..

    Сакам снег, цела надежна сум дека горе на Галичица има малку или ќе падне периодов (fingers)
    А колку би било пренајубаво ако падне секаде :inlove:

    Фенси санката секако ќе си ја земеме, секако што се не ќе влечкаме, па за неа ли е проблем :tmi:
    Решивме да го однесеме креветов на кој спиеме моментално со бебе, па пак ќе идеме ко облакодери, а може и ќе ни го собере у гепек, мало сутра :lol:

    План ни беше да се прави собата со се кревет за бебе, тоа негова ќе е секако, ама и дома план ни е да му правиме кревет. Па на креветов сега што би правеле, а прекрасен е, квалитетен, јоги душек, голем 1.40. Ма таман ќе му е и беќар кога ќе биде и женски ко ќе носи :devil: :D

    Е сега за дома ќе треба планови да кројам, сакам некој асален цртеж да ми направи со интересните детски, а не како мајсторов што правеше ова што го има :envy:
    Комодата и полиците утка невидена, катастрофа, па и бојата ја утна, ама јас у високоризична и веќе со куп проблеми, па не ми паѓаше на памет да се закарувам и да преправам, чекав само да си заминат :|
    На плакарот ќе му сменам само лице, а другото аут, ете може и тоа у станот да однесам 8-|
    Па што фиокар, итака скапо го плативме ради механизми, сигурно не ќе го фрлам :smirk:
    Полиците ќе му ги дадам на бебе, си има он нов чекан, шајки ќе најдеме и нека кова на нив 8)

    Ги гледам на Инста justdesign i mad па може и за некои од нив да се одлучам да прави.
    Ако имате искуство со некој споделете :sun:

    Темата ваљда "возови" ќе е 8)
    Ама боја не знам..
    Уствари ништо не знам, постапно ќе смислам во новата 2021 :party:

    Мени за Нова +/- го смислив, месо веќе имам, печење ќе правам од бут и плешка, сос од печурки, рестован компир, сарма, банички, леб и за благо едно со карамели, име не знам (highfive)
    За пиење купив веќе, тоа најпрво го избрав, ВИСКИ :*:

    И што ќе носам знам :emo:
    Као у пижами ќе се дотерувавме, ама кај не најдов или пак не се потрудив доволно не знам, таму и решив да се дотераме :makeup:
    Чизмите ми стигнаа, може малку тинејџерски ми се, шарени и несвојствени ко за мене, ама ако да развеселат малку комбинација :*:
    Џемпер еден од Зара првин бендисав, ајде скап, ајде убав е, епа дури го порачам го распродале ]:)
    Не бил за мене де, па порачав од Штипко еден и чекам да стигне :o:
    Хеланките или панталони се уствари, стари ќе ми се, немам кога да купам нови, а онлајн тоа не се обидувам да порачам.

    Мм си доби од нас нови тренерки и рече многу му биле убави и тие ќе си ги носел. Малку нема да си одговараме, ама па што има везе, желби :angel:

    Бебе у фармерки со патенти од страна 8) а блузи има точно шест нови, па која сака нека ја избере ќе ја облечеме :D
    Само да не реши и каиш да носи, пошто на фармерки бара и каиш да се стави. Е ако немаат гајки или се со врвки си го реди врз блузата и како каратиста е.
    Епа фармерките се со врвки :D
    Желби :D

    Уствари бебе ми има невероватен сенс за мода 8)
    А пак кога ќе се заљуби во нешто крај е, моментално е заљубен во едни плишани тренерки. Ај за надвор плишот, ами за внатре :whew:
    Лисичката мами ја сакам, па лисичката, бара и по корпи ако не ја најде, скоро секој ден ги перам (facepalm)

    Него сабајле да му ги облечам истите чорапи што ги носел вечерта по бањање и гледам на двете мали дупчиња. Чудно, сите чорапи нови му се, машината не ми кине, а и да биле скинати теорија нема да не сум приметила кога сум му ги облакала.
    Па го прашувам од каде дупчињата и ми вика дека си направил дупчиња со ножичките, да му се излуфтирале прстињата топло му станало (facepalm)
    Кога го направил ова ич не знам, цело време е лепенка до мене, добро што не се исекол, иако се со тап врв, ама што знам (facepalm)

    Има нов фриз, на мм не дозволив да го прави како зелка, па го однесов на шишање.
    Има и две линии од страна, фраер бе 8)
    Доаѓаме дома, се гледа на огледало и целиот зачуден вика, што е ова овде, зошто вака ми направил чичкото :D
    Мода бе мамин, мода 8)

    За расфрлање немам мака, како што кажав заедно играме, па под надзор е што вади и кога вади и колку вади.
    Едно се враќа, друго се зима.
    Не дека не било расфрлано, тоа е ако морал сам да игра и не знаел со што да се заигра :D

    А "глупи" играчки и занимации секако дека има, давам јас се со што не може да се повреди. Иако со тоа игра пак кога мора да игра сам :D
    Со мене се игра само со "играчки" :D
    Прошла недела и пакував надраснати играчки и нешто со што не игра воопшто, па така собрав 2.5 црни кеси.
    Таман нели ослободив место за нови :angel:
    А враќав и куп глупости што прибирал, абе да се чудиш што се најдов :lol:

    Дневната воглавно ни е чиста од играчки, се врти секако по нешто, ама ништо посебно. Има една корпа и таму му стои по нешто или тоа што носи таму јас пикам во неа.
    Како што кажав и детската му е средена, ако се занемари лего градот на сред соба. Ама тој не го тргаме често и ако се собере, се чисти и пак се мести :D

    Него бебево од соба у соба се движи со точак :tmi:
    Секако и го вози низ соби, ама и за да иде од детска у дневна на пример седнува на точак :D
    Се прашувам на кој е ваков, татко му за 200м пали мотор или тротинет, а и мајка му не е поарна она може и кола да запали (highfive)
    Смешен ми е, па имаш чекај мами, јас сум прв и ита да седне на точакот и вози пред тебе. Пази само да не го сочекаш, одма ќе извади солзите и имаш јас треба да сум прррррв, мами не ме почекаааа (lalala)
    Уште не му поминува фазава, игнорирам, зборам, разбран е многу ама за Х работи како секаде мора да е прв, не попушта :D

    Еј многу се распишував, веќе заборавив и што се пишав и сакав да кажам :$
    Да спијам, недела утре, ручек имам, па само да смислам каде да шетаме :f:

    Гушкајте малишанки :hug:
     
    На marchi-cool, Coco31, Monella и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Да не заборавам @emkaemka повели https://www.facebook.com/D.S.MuralArtist/. Девојкава преубаво црта, јас имав замислено да ми ја нацрта собата на синко ама фати коронава и се откажав. Во некои подобри времиња со сигурност ќе ја ангажирам. Не е нешто прескапо, тогаш кога се договаравме знам дека ми рече за цел ѕид 6000денари отприлика.

    Здраво мајки,

    Недела ден за одмор ама за мене турбо викенд. Денес му е на мм роденден па ги викнавме свеки и свекорот на викенд кај нас. Јас бев иницијатор, зашто на мм можеше да му текне да одиме ние кај нив, па да споиме Нова Година и Божиќ таму. Не сакам! Сакам за прв пат како семејство да си прославиме дома сами.
    Иако го разбирам, сега ќе има неработни денови и ќе треба дома затворен по цел ден да седи. Вака коа сме кај свеки во двор се шеткаме или одиме до Дојран, да разбиеме монотонија. Убаво е, воздухот е супер ама дома си е дома. Со свеки три дена е доста. Ќе одиме после Божиќ за викенд, доволно е.
    Ќе си одат сега они, па после ќе дојдат и моите на торта и да му донесат на синко играчка. Јас ја одбрав, мајка ми беше и ја купи :D

    За Нова Година домче, имам наумено да купам за сите исти пижами и така да ја пречекаме. Кога ќе одам да купам не знам, а мм да го пратам нема шанса да одбере убави. Ќе земе тоа што прво ќе му понудат.:doh:

    Инаку ме дрмаат некои чувства од кога се породив, мислев дека нешто не е океј со мене. Ама видов дека тоа било некоја си позната психолошка состојба. Штета што не можам да посетам психолог и некои работи да ги оставам зад себе. Конкретно имам проблем да ја прифатам мојата породилна приказна. Никако не можам да се помирам со фактот дека родив со царски (facepalm) Не знам, не знам како да се ослободам од овие мисли. Се чувствувам како да ме издаде телото. Кога ќе слушнам како некоја во моја близина се породила природно, ме фаќа љубомора и гнев. Не сакам да е така, кога ќе ги фатам тие чувства не можам да се ослободам од нив, а знам дека се глупави (facepalm)
    Заради тоа и кога родив реков нема шанса да раѓам второ. И баш читав дека и тоа е една од работите со кои се одликува оваа состојба.
    Плус дополнително отежнува што немам со кого да разговарам за тоа. Чим почнам сите викаат ајде бе живи здрави сте, не осети болки, супер помина... Така е знам, треба да сум благодарна ама ете....

    Дали дополнителен стрес ми дојде што на никого не кажавме дека идам на царски. Знаевме уште во 34та недела дека ќе биде така. Ама јас пресеков и реков не кажуваме на никој. Не сакав мајка ми да дознае. Жената многу се стресува и ако и кажев притисокот ќе и се качеше и само диазепами ќе лапаше.
    Знам брат му кога треба да го оперира рамото каква беше. Не спиеше со денови од страв и на крај не го пушти да се оперира.
    Плус сеа со коронава по цел ден на работа, уште мојот стрес и фалеше.
    Кога мм се јавил да и каже дека сум породена и царски, тргнала одма накај Систина. Му се јавила на татко ми и му рекла јави се на кој ќе се јавиш одма да ме пуштат да си ја видам ќерката.
    Се расприкажав...

    Ако некоја друга има вакви чувства, пишете да знам дека не сум сама, може тоа ќе ми даде некаква поддршка :whew:

    Инаку и друго сакав да кажам, дојдоа нели свеки, а ние скоро се од мебел извадивме за да има синко кај да лази. Па вака кога ќе дојдат сите се туткаме. Дефинитивно ни треба поголем стан. Ама мм запнал доволен му бил овој да не претерувам (facepalm)
    Сеа ќе го фатам на финта дека ете кога доаѓаат неговите нема каде да се наспијат, може ќе почне да размислува :rofl:

    И тоа, си кажав што ми лежи на душа.

    Ајде убав ден :inlove:
     
    На marchi-cool, Coco31, Monella и 26 други им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Ај добар ден :hai:

    Некое време немам пишано, само ве читам, а и реално немам нешто посебно да кажам. Бевме во изолација избезумени дека закачивме корона зашто не знаејќи бевме во контакт со двајца позитивни, среќа се беше во ред. Таман помина тоа искочивме пред некој ден во парк, така премрзнав што вечерта имав јака треска, на 26-27 степени дома спиев со 2 ќебиња :| Па утредента качував температура, пак помислив на корона ама среќа истиот ден помина. Малаксаноста уште ме држи ама мислам од умор е повеќе, мали душата ми ја вадеше 24/7.

    Денеска имав во план пак да шетаме ама времето е тапа. Недела, врне освен спиење јас не знам што друго се прави на времево. Добро, некоја серија може само јас ги гледам маратонски, вака со прекини не ми е мерачки. Некогаш недела беше ден за генералки, сега ме мрзи, оф колку само ме мрзи :yawn:

    Не знам кој ми е проблемот, но се повеќе размислувам за второ, ќерка поточно :wasntme: Синоќа го прашав мм што мисли, прво ме погледна напреку и ме праша што ми се случува, зошто толку често размислувам на таа тема. Не знам што да му кажам, уште бебево ми е малечко ама сакам да има братче или сестричка поскоро :) На крај направивме договор, ако не извлечат за грин кард ќе почекаме, ако не таман да собереме уште колку пари ни фалат да купиме стан и тогаш се фаќаме за работа. Hopefully, ќе биде околу септември (fingers)

    И готово, не знам што сакав друго да пишам. Напишаново е без врска исто како што се осеќам и јас месецов ама се надевам ќе биде подобро. Ми треба два дена одмор од сите.

    Убав ден мајки :f:
     
    На marchi-cool, Coco31, Monella и 25 други им се допаѓа ова.
  4. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    22.765
    Пол:
    Женски
    Здраво...и јас ретко пишувам..Ми порасна бебето,па немам многу актуелни 'бебешки' теми за споделување..повеќе ми се тодлерски...
    Ако е батко,уште заедно си спиеме...Му Напраив скоро муабет дека треба да почнеме во неговата соба,а он мжна тоа ми рече :"се плашам сам мамо"..Така да,ќе си се гушкаме уште...А знае,во сред спиење со рачето д а ме гушне околу врат...Најголема љубов ми❤️
    За НГ нишо посебно не се спремаме ....
     
    На marchi-cool, Coco31, Monella и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Добра вечер, додека заспива мали да пишам и јас два три реда. Деновиве ми се многу напорни постојано плаче незнам дали го мачат запчиња но нервозен е слабо спие постојано ме гриза за рамо раце секаде, се лигави многу стално е мокар, бута прсти во уста додека пие млеко покрај цуцлатс, покрај лажливката исто ког азаспива па се нервира плаче... На сето тоа па и атопичен дерматит ни се јави и со тоа се нервирам се мачкаме цело време на едно место се смирува на др се вцрвува се надевам ќе му сее повлече и кога ќе подпорасне нема да има проблем...утре ќе го вакцинираат како да не е доволно плачлив па и тоа ... За новогодишно расположение па и не сум многу нешто возбудена, сопругот е втора смена до 20часот, и така цел ден со малиот сами ќе го минеме тато штом си дојде тој ќе оди на спиење и така... Се спремам психички утре јас треба да го возам за на вакцини а не обожавам многу возење стресно ми е :sweat: како ли ќе ги минам деновиве се на штрек ќе сум од вакцините какви празници ништо нема да осетам (facepalm) како пишувам нишшто не ми е поврзано хаотични ми се и мисливе :worried: ајде да се релаксирам малку и јас пред спиење имајте убава вечер:hug:
     
    На Coco31, Monella, Mari* и 21 други им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Коментаров ќе го ставам во оваа тема,мислам дека баш е за мајчински муабет. Сакам да чујам ваше мислење. Дали не сум мајка на место и зошто не сум? Само кај мене ли е дозволено децата да растураат да се занимаваат да играат на работат crafting и да прават ѓубре да играат со тави тенџериња лажици да ги празнат плакарите и да редат по нивно да играат со вода на чешма да се валкаат?? Не ама сериозно. Кога и да појдам кај мајка ми, ми вели нека не буцка кај тенџерето нека не ја фаќа машата и нека не оди кај шпоретот нека не кине ливчиња нека ме валка... Па добро со што да дозволам да се занимаваат децата? Кај свекор ми кога ќе појдеме исто од страна на жена му и на децата не смее да буцка во многу работи за разлика од татко ми и од свекор ми што дозволуваат се освен да играат со она што не е безбедно за нив. Разбирам ко ќе појдеме некаде не е баш дозволиво да чачкаат по фиоки и да буцкаат додуша тоа и не го правеле. Ни големиот кога бил мал ни малово. Ама како може да се очекува дете да седи вкревет мирно и да гледа телевизија или да се занимава само со играчки кои често не го интересираат во тој момент?
     
    На Mari*, girl-miri, Kate Rina 93 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Не си лоша мајка. Нормално дека детето ќе се интересира за се наоколу. Не треба да му забрануваш ништо, ОСВЕН работи кои не се безбедни.
     
    На marchi-cool, azelea, Snowflake92 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.289
    Допаѓања:
    19.096
    Внук ми смеел со се' што е безбедно да игра. Ни "готвеше" ручеци со шерпи со дрвени лажици (и кај мене и кај мојте, за кај свекрвата на сестра ми не знам...)
    Смеел да валка и растура
    Веќе на 3ипол г се тоа што растураше во било кој дом на одење го средуваше и враќаше на место
    На дете му се досадни само неговите играчки. Јас би му дала одврзани раце да истражува и нели преку игра да учи дека шпорет е жежок, струја е опасна итн ако мислеше и ти на ова:mm:
     
    На Larahappy, Kate Rina 93, marchi-cool и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Majka mi sveki zamrznuvaat skroz napraven sarma, svitkana pecena, izladena. Nemaj gajle nisto ne i e, samo ako ja pravis povekje na oruz po malku na meso kako gletava ke e.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sanemsi

    Sanemsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    @Butterfly1107 Истите чуства на вина ги имав јас после породување, и после 7 месеци уште плачам кога мислам на тоа дека после 18 саати со болки на крај завршив царски, едвај имав млеко и само еден месец го доев со болки во градите, се осеќав неспособна за бебе, неможев да станам две недели од кревет, едвај го држев во раце, изгубив апетит, не осеќав потреба за храна, на секое давање АД плачев и се обвинував себеси дека не сум способна да дојам и да го хранам бебето, знаев дека сум во постпородилна депресија и морам на психолог ама си ставив во глава дека ако одам таму освем што ќе ме сослуша и ќе ми даде терапија неможе никако друго да ми помогне, и не отидов, издржав. Сега веќе бебуш си јаде, здраво и активно бебенце е.

    Ние никогаш нема да бидеме исто како предходно, секогаш ќе чуствуваме вина во себеси, барем јас знам дека кај мене ќе е така, со целосна доверба и возбуда отидов да се пораѓам природно, 3 месеци бебето ми беше надолу со главчето и подготвено, и тоа се бореше колку и јас ама не успеавме ;(

    А за инает на моменти ми идат, посебно кај фамилија од маж се породи невестата нивна, природно и ептен многу млеко имат и од прв ден само на доење е. Се чуствувам како лоша личност кога мислам вака, ама тоа е, неможам да се помирам.

    На крај кога ке се изнаплачам убаво си викам: Живо и здраво бебенце си имаш уживај во животот и во чудото што ти го дал господ (имам еден спонтан абортус пред ова), молисе за здравје и среќа.

    Се изнапишав, ама некако ми се отвори душата, посебно е тешко кога немаш сестра да те утеши и сослуша. На мајка овие работи неможам да и ги кажам, се секират:(

    Поздрав :hug::hug:
     
    На marchi-cool, thelittle17, Coco31 и 24 други им се допаѓа ова.
  11. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.702
    Пол:
    Женски
    еве да пишам тука како официјално добредојде во темиве за бебе :l:

    ако е трето јас се осеќам како да е прво , 18 дена и не ми се веруваше дека промената кај батко и дада ќе биде толку голема , разлика во години па до некаде очекував љубомора ( посебно од синко , зашто многу приврзан за мама е ) ама верувале или не љубов неизмерна гледам во нивните очи кога го глеткаат бебче :l::inlove:

    Им купивме огромни мечки во петокот , ги наместивме под елка и радости беа до небо и назад , сега под мишка ги шетаат од соба во соба двајцата , ама помошници се морам да признаам 8-| , девојката пред часови ја празни машината за садови , синко ги вади алиштата од машина за перење па ги мести во сушара и ја пушта , ако требало помош да сум го викнела СОНЦИЊА МОИ :sun:

    Со бебе ред полека фаќаме , млекце слабо еве три дена дохрана навечер малку , кога го цица млекцето срцето ми се стега и мака ми е , ама плачев со неа пред една недела кога вриштеше од глад и неможеше да се успие , сега ноќта ни е мирна , бебе станува сабајле весело , па и млекце за доење се подсобира вака :whew:
    Докторот вика тироидната веројатно прави проблем , после хормоните ќе знаеме најдобро , може ќе вклучи терапија , ми олесна малку после 20 дена барем да го воочиме проблемот и да најдам реално решение ...

    Другото се си оди едно по друго , либидото на мм ден по пораѓај вратено на највисоко ниво , седна минатата недела и ми кажа дека му било многу страв за бебе па затоа ме запоставил во бременост и знаел дека се лутам ама му било незгодно да ми каже , сега седи навечер како кутре некое и мавта со опашката чекајќи бебе да заспие па се надева дека ќе се галиме малку , ама ја сум со хормони на 0 па ич немам воља ама " све за љубав " другарки :makeup:, несакам никој да се осети запоставено во ниеден момент па секако одвојувам по дел од моето внимание и време за сите поединечно без разлика колку сум уморна 8)

    толку од мојот одмор , идам да збуричкам некој ручек :hug:
     
    На marchi-cool, Mia Fuentes, Coco31 и 22 други им се допаѓа ова.
  12. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Немој ни секунда повеќе да се обвинуваш, зарем ти намерно не си му давала да цица. Има деца кои што се на доење па нон стоп се разболуваат, има деца кои се на АД, па се здрави како дрен. Инаку, чисто колку да ти олесни да знаеш дека колострумот и првото мајчино млеко што си го давала 1 месец е најбитно! Сега е се зад тебе, не се замарај повеќе, битно имаш здраво и право бебе. А тоа дека некој намерно го носи пред тебе да цица, не би рекла дека е така, често ние си умислуваме. Мене ми беше многу криво во болница двете жени што беа со мене, бебињата им фатија да цицаат уште одма си шмукаа и шлапаа на цицка, додека мојата не можеше да фати никако и само плачеше од глад, кај мене сеуште немаше надојдено млеко. Во моментот така се чувствував криво ми беше, ама се е тоа од хормони и недостаток на внимание и обука од стручни лица.
     
    На Coco31, 0ли, Larahappy и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Sanemsi

    Sanemsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски

    Ти благодарам за поддршката :inlove::inlove: Ќе помине се и здравје ќе мислиме на ново бебче во иднина :hug:
     
    На BeLLaDona23, Butterfly1107, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    јас па си викам да не премногу дозволувам. Ама на дете од година ипол како ќе му објасниш НЕ и тоа за тенџерињата од кујната. Сум добила коментари од тоа како аман све му дозволуваш за да ќути така ќе го збеснеш. Напротив. На малово не ми дозволувам ништо за да ќути туку му дозволувам за да се занимава да игра. И нов треба некако да им врви време. Пред неколку недели ми одлепи плочка од подот во кујната и си копкаше си ваѓаше земја од тука. Плочките неа стари од времето на баба ми кога живеела. Постари од 30 год. Како и да е беа распукани. Поигра детето ги фрлив одлепеноте плочки и исциментирав. Па и да скрши нешто ни на крај памет да го карам уште помалку да го тепам. За разлика од мајка ми која често ми вика удри го бе ако и чепне на рачката на фиоката или ако и ги земе далечинскоте.
     
    На azelea, babyboy1, MilaSs12 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Neda997

    Neda997 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    1.999
    Допаѓања:
    17.439
    Пол:
    Женски
    Добра вечер.
    Конечно седнав, ко не чно.
    Цел ден бевме излезени, Нада се чуваше со дедо и, јас, свекрва, мм и девер бевме излезени, ние купувавме шминки они шетаа на друга страна.
    Луѓе мојата колку е темпераментна, Господ да ја чува само.
    Како некое мајмунче е, само се качува некаде, само нешто зборува, ептен ми е интересна.
    Цело време ме бара само мене, прееска влегов да се бајнам, татко и ја занимаваше, ама не она стоеше пред врата и цело време мамаа, мамаааа.
    Многу касно почна да ми заспива преку ден, обично околу 4 заспива па до 6ипол-7, вчера на најде и 8 саатот, па си дремавме заедно до 1, ама здравје од утре нова песна.
    Никогаш не сум и забранувала, ама од кога потпорасна стана толку лошка, само некој бељи прави, затоа сега многу сум построга.
    Овој месец пак не ми дојди менструација многу се чуствувам изморено и многу ме болат нозете ако стојам повеќе од пола саат, морам да си закажам на доктор.

    Отидов, треба рано да станам, чусс(waiting)
     
    На Coco31, Monella, Mari* и 14 други им се допаѓа ова.
  17. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    @Butterfly1107 @Sanemsi Девојки, за вашите чувства околу царскиот рез е криво ова сурово општество и сите тие наметнати ставови со кои се поврзува мајчинството со начинот на раѓање и хранење на новороденчињата. Најважно е што сте родиле здрави, прави деца, што вие сте добри. Јас никогаш сум немала предрасуди околу начинот на породување и кога ми кажаа дека ќе мора да се породам царски, го прифатив тоа како нешто најнормално. Околу доењето, исто, си реков уште пред да се породам, дека ако имам млеко ќе дојам, ако не, ќе давам ад и нема да се обвинувам ни себеси, ни моето тело. И вака и така растат деца, но на тие деца им требаме ние, силни, сталожени и смирени. Па има толку ризични природни породувања, животозагрозувачки за мајката и бебенцето, што се пострашни и од царскиот рез. Главата горе и воопшто не размислувајте на таа тема, која е сега зад вас. Колку побрзо прифатите и се помирите со тоа дека не секогаш можеме да го предвидиме начинот на породување, толку побрзо ќе ви олесни.
     
    На marchi-cool, Coco31, Mari* и 13 други им се допаѓа ова.
  18. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    7.038
    Zdravo majki
    Ve citam redovno ama nikako da pisam nesto.Jas poslednite denovi edvaj gi prezivuvam fativ korona i mnogu sum umorna i celo vreme uspana.Maliot i maz mi se negativni pa sedat vo drugiot del od stanot najcesto a jas koga sum so niv najcesto sum so maska.Edvaj gi zavrsuvam rabotite za na rabota ke kasnam nesto ke se iznapijam vitamini i spijam mislam deka poveke od 15 casa na den spijam.Epten mi se pogodi praznicno raspolozenieto edcaj cekam da ja ispratime ovaa losa godina se nadevam deka konecno ke trgneme pak napred.Nemam nisto pametno da pisam a sto bi pisala pomegu ovie 4 zida nisto ne se slucyva.Imajte ubavi praznici
     
    На Coco31, Monella, Mari* и 12 други им се допаѓа ова.
  19. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.160
    Допаѓања:
    40.522
    Пол:
    Женски
    :hai: да шкртнам некој збор додека чекам да стаса тестото. :nod: да да засукав ракави да свиткам некоја кифла. Незнам дал втор или трет пат во живот правам, се надевам арни ќе се. И онака само за нас ќе се. Ако не ги бива ќе купам нешто готово:D.

    Туку мали е вклучен со тантруми на нај јако. Прееска тргнавме да прошетаме, а татко му со количката за пазарење тргна до маркет. Е арно ама на синко интересно му се виде количката, па кога викна да плаче да сме му ја даделе да ја вози надвор. Едвај му ја земав за да оди маже, е арно ама се пушти сирената. 15 минути одевме по улица, а он вришти ли вришти. Ама буквално како сирена да лапнал. Едно време дури и по глава почна да се мава:worried:. Едвај го смирив за да прошетаме да не фати воздух зошто инаку запивање невозможна мисија ќе беше ако не се растрчаше. Нормално со ветување кога ќе се врати тато ќе ни ја даде количката да ја повозиме. И нормално дојдовме дома ја земавме количката се симнавме и до првата кривина траеше. Многу се уморил не можел да ја бутка повеќе(facepalm). Се свртевме и правец дома.

    Дома во моментов најголеманзанимација се пакетчињата. Толку радост не сум видела. Само ги вади, реди, прередува, па ова за тебе мамо, ова за тато, ова за мене. И пак на куп и повторно истата игра. Завано ни е. Бар не се посега да отвори се одеднаш. Разбран е и знае дека може да отвори само ако се договориме. И не дека е нешто посебно по благото, ама ете се радува. Полно пакетчиња имал:D
    Мислам дека дури ни подароците нема да му се толку интерсни како ова.

    Инаку незнам што му е последниве неколку дена. Лепенка за мене. Не тато ти, мама да дојде. За се нешто мама. Време за себе, една минута немам. Убаво реков пред некој ден, ми фалат уште неколку саати во денот за да можам да направам се што сакам и што треба. Ама само нека е жив и здрав, ќе порасне па нема да не рецка.
    Инаку си спие сам во соба од летото, ама утринскиот ритуал за гушкање во спална уште си го имаме. Најубавиот дел од денот:inlove:.

    Денес ми стигна и последната пратка со подароци за дечињата на блиските. Сега уште да смислам како ќе гу предадеме. Има идеа да сме се виделе на отворено за размена, ама јас сум уште на 3 ума. Ќе видиме како ќе ендо викендов. Ако не само достава до пред зграда ќе правам.

    Во меѓувреме ги засукав кифлите и надежно е. Првата тура излезе, малку попечена за мој вкус. По структура се како на мајка, ама не се како нејзините;(. Се пече втората тура, може до третата тепсија ќе се усовршам. Убаво рече жената убаво парче путер или маргарин одозгора, ама јас пусти страв малку мрсно ми се виде тестото, па на првата тура слабо ставив:sweat:. Ама очигледно си сакале мрсно.

    Туку ај да одам да ги сликнам да и пратам да не ме мисли. Три пати се истуфка она да ги правлеа, па да сум одела кај неа заедно да ги правиме. Ама реков не, сама ќе ги спремам па што сака нека биде.

    Имајте убава ноќ мајки и Среќни празнични денови.:f::f::f:
     
    На marchi-cool, eli25, Kate Rina 93 и 23 други им се допаѓа ова.
  20. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    12.626
    Не сум мајка, но ќе се вмешам како некој што го интересира детскиот развој. Ти не правиш ништо лошо што му дозволуваше да си игра со се, макар што ти е се растурено дома, баш напротив. Дај му ги на детето сите играчки, а оно пак ќе игра со разни предмети дома, затоа што така го истражува светот, учи за предметите и нивната функција, го збогатува речникот.
     
    Последна измена: 30 декември 2020
    На marchi-cool, MilaSs12, Snowflake92 и 2 други им се допаѓа ова.