Јас затворив се од кујна додека беше бебе за да не ми вади, не за друго, за да не се повреди. Ич не ми е за тањири и вилушки и тенџериња, туку може да се повреди. Пластиките му ги давав, ги играше многу и до скоро сите ми беа во играчките негови. Сеуште си игра пример со формите за колачи. Му имам објаснето дека не смее да фаќа некои работи како елка, компјутерот на татко му, телевизор, книги на полица... И не фаќа. Децата разбираат повеќе од што мислиме. Сеа не на 1ипол, ама после 2 веќе се разбираат, само поише упорност. Сите се чудат како успевам да го убедам да земе само 1 играчка во Џамбо, да не се тегне за друго, да седи во количка или да не бара триста работи во маркет, едноставно сме се навикнале. Е од друга страна еве синоќа стигна првото пакетче, возбуда левел турбо, не знаеше што попрво да отвори. Нема ниедно уште, ова прво беше. Мака ми е, ама ако ставам сега пакетче он до 1ви ќе ги распартали а сакам таа магија да ја има да отвара на 1ви пакетчиња. Маж запнал што ќе ти е пакување, дај стај ги таму, што има врска, ама јас си сум така малку по магијата. Денес ќе докупам и за другите и за моето и ќе спакувам кога ќе спие, ќе средам, па утре ќе ги наредам под елка за кога ќе стане во петок сабајле да се изненади. Му реков само дека мора да исчистиме за да е чисто и да не е расфрлано кога ќе дојде Дедо мраз да не рече, ааа ова не е умно дете, не му оставам играчка. Он пак ќе растури во четврток, што ќе прави ние додека мезиме, ќе растура, тоа му е работа, ама да соберам вечер за да исмукам и пребришам после. Избегав од темата. Нема правила во воспитувањето деца, се е во ред освен телефоните според мене, најголемо зло за децата. За мене нема погрдо од дете со телефон во раце и зјапа во него. Најголемите фантазии се раѓаат токмуод играње со играчки кои не се за деца. Што се однесува до раѓање, доење и чувства, можам да напишам роман! Отидов да раѓам природно, ама не се отворив и ми рекоа царски, немав ни време да се возбудам, не ни мислев на себе, мислев на дете, цел ден без водењак, ризикував да се искомплицира. Родив, дете не фаќа града, никако, сестри невољни да ми помогнат, не сака и крај, мене прво дете. Сега со овој памет си мислам дека можеби можев поише да направам, ама тогаш исплашена, со хормони, што можев. Башка ми дехидрира едвај во живот го вративме, требаше да се фрлам од мостон што оди накај Сарај, таман од соба таму гледав. Исплашена ко никад. Ама собрав сила и знаев дека само за него мора да бидам прибрана. Фала Богу еве го, 4ипол има, жив здрав и прдлив, што викаат, животот само поубав ни го прави со своите досетки и филозофии. Сите деца се ангели на земјава, нема зошто да се сеќирате, они се тука само да ни го направат животот поубав. Ден пред крајот на најгрдата година, јас турбо работа имам, да сработам нешто оти после ќе сме имале мала забава во канцеларијава, ме пречека мал хаос кога дојдов, се разместено. Убав ден!
Хелооооу! Руска done Имав план да месам две тури кифли да замрзнам за Божиќ ама 6ти скок вика хаха. Па си нарачав путер кифлички и баварски, спржив стек и денешниот ручек несакајќи испадна топски. За утре се е спремно, само сабајле да исчистам, да избањам дете, да симнам Home alone и да се подсредам. За да биде поинтересно добив пред малку ама не се изнервирав зашто веќе загрижена бев. Откако се породив само еднаш добив пред 2 месеци и толку. Веројатно затоа плачев ноќеска до 3 Кажете ми само јас не знам да се организирам од сабајле? Многу рано се стемнува, краток ми е денот. Гледам сабајле сонце, си викам топ, да дремне мали и да јаде и ќе шетаме до парк. Додека јас да го заспијам, да му спремам ручек се раздува и толку од денот. Два пати денеска средував по дома и пак е хаос. Сестра ми ми беше на ручек, си играше со малиот, јадевме и толку е. Играчки низ цела соба, садови тон, а тек треба вечера да правам Трчај, брзај и некако во круг се вртам цело време. Златно лето, за се има време. Гледам сте збореле за пораѓај. И јас тргнав природно, завршив на царски, плачев цел саат додека ме спремаа за во сала ама не се осеќав како телото да ме издаде. Што знам, може малку. Многу сакав природно иако цела бременост се плашев ама кога ме удри таму адреналинот заборавив што е страв. Само сакав да искочи зашто не можев повеќе да бидам трудна ни минута. Премногу ми олесна кога го извадија, е единствено што ми е криво што не ми го дадоа на гради Здравје, за ќерката одам природно и ќе си ја земам сама на гради. Би родила уште 3 деца само да траеше пократко бременоста и да немаа грчеви. Никогаш не ми фалело меше, или носталгија да ме фаќа за бременоста Особено никогаш нема да ми фалат последните 2 месеци кога се осеќав како мечка и не можев да дишам убаво, да јадам, да станам, да легнам, да мочам ама ништо буквално, претешко ми беше. Годинава сума сумарум, чудна беше. И убава и тажна. Дефинитивно заокружив едно поглавје од животот и почнав ново. Не би да пишувам повеќе околу тоа, не сакам да се потсетам на некои детали, се надевам во следната ќе бидам посилна и ќе успеам да издејствувам некои промени. Ако не, барем да успеам да ги прифатам луѓето такви какви што се. Не знам утре дали ќе успеам да најдам време да ви напишам една честитка затоа сега ќе ви посакам од се срце да сте живи и здрави, гушкајте се домче, сакајте се, поминувајте време заедно зашто видовме колку е животот суров. Бидете позитивни, простете за свој мир, оставете ги сите немири во 2020 и почнете ја 2021 со полна пареа и оптимистички. Не дека за еден ден ќе се смени нешто ама positivity is the key Чувајте се мајки Убава вечер утре на сите и не претерувајте со алкохол
Ајде да чкртнам и јас нешто, како поздрав до старата година. Иако беше стресна, тажна, сепак многу работи за првпат доживеав со бебла. Лазење, проодување, зборчиња, прв бакнеж, прв роденден Да не не урочат ама убаво ни е, душата ми е полна. Благодарна сум за се, фала богу никој не ни зеде овај ужас. Руска спремна, и дадов боенка на малата си шкрткаше, играше со пластични филџани и чинии па имав време да ја стросам. Кифли прави свеки, а нешто благо заедно утре Среќа не сум на работа, утре ќе имаме слоу деј. За вечерта планирано е печење, музика па филмче со маже Иако сум во искушение да си легнам со бебла. Времето е пролет, и денес бевме кратко до парк Една смешка од денес, мојава си береше суви лисја, и дојде едно бебе/дете како помало ми личеше и ја турна Арно ама мојата почна да ја кара со прстето и да вика не не не. Мила на мајка Добро е не се расплачи. Стигаат подароци и пакетчиња, ептен ми е кеф, и неа и е интересно, јас за утре ќе оставам нашите подароци под елка. Прво реков ќе ги спакувам во украсна хартија, ама нееее јас сум со две леви раце, ајде в година ќе се потрудам. Уште не сме се сликале со елката, никако да се погодиме сите тројца дотерани, т.е. јас Ај белки и то ќе бидни утревечер, морам да се средам ама не ми дава душа за по дома Откако станав мајка, постојано ми бевте поддршка, круг на позитива Фала за се. Ви посакувам се се најубаво во новата, најважно сите на број, здрави живи и весели дечиња кои ја преспиваат ноќта Поздрав другарки
доцнам со читање а и со коментари. Ама морам да ти ја пофалам оваа колумна. Јас само да ве поздравам оти не можам веќе ќе спијам ама сакам јавно да се израдувам: конечно раат од школо ќе одморам еден месец (аман више). Имајте пријатна ноќ.
Во сред ноќ Се мислев дали го пишав ова или само на мисла останало, епа сум го пишала и уште еднаш интуицијата не ме излажа Ама зарем мораше на бебе мое да му се случи нешто, зарем мораше.. Ги пеев неколку пати светковци, ми се лутеа секогаш, ама мислам по настанов ќе си ја научат лекцијата! Еве неколку дена се со подвиткани опашки, ама бебе ми настрада, зарем мораше да видат за да се уверат Добар е сега, ама толку крв од мало човече уште не бев видела, он се преплаши Добро е што барем сум научила да не паничам, туку првин да видам, добро е што бев присебна и не се истрауматизира додатно од мене, душа моја Носот настрада, добро е што не е скршен, ни пукнат, отокот беше страшен, цел се изобличи, не личеше на моето бебе Сега е малку шминкан Он храбар уште вечерта, поминало, ништо не го болело, само помине мами, ништо не ми е, а он потечен до непрепознавање А ваљда и стварно ич не го болеше, он си знае и да подлаже дека нешто го боли и да преувеличува, па не верувам дека да го болеше не би кажал Срцево ми се расцепи, денес 4та вечер едвај сум спиена, да биде комплетно и вратот ми се фати, па не можам да свртам глава на десна страна Вчера мајка ме замоли прашина да и избришам и со камен во срцево ја одбив, уште ми тежи и ми е мисла, ама верувајте не бев способна ни прстот да го мрднам А жена цел ден спремаше јадења, да не угости, да ни угоди, значи не беше седната, како идиот сум, ама стварно не можев Чим и посегнав апче да пијам значи стварно ме боли и стварно боли и неспиена, нејадена, загрижена се на куп.. Од Систина се испоразочарав, идеме на итна и барам да го види орл, буквално на 4ри сестри кажавме зошто идеме, а и го гледаат де, ама КАЖАВ! Не прима докторка, детево вришти сака дома ништо не му е, немал веќе крв, она почна да ме прашува дали е настинат, гледа секрет од носот, дали имал Т, по дома дали имаме настинати Почна да му прави диши-диши, грло му проверува и вика настинат бил Детево цело време рика! Ама др викам која настинка плаче го слушате мрсули му течат, од рикање какво грло да има, башка јас за носов дојдов Оперил и орл да го види и куца извештај, ако кренел Т или се појачала настинката кога ќе сум го донела пак контролата бесплатна ќе ми била Тие идиотките педијатар ми викнале А па оваа, појма немам која др беше, наместо да каже не сте за кај мене реши да штанца 2.500, - 10% 2.250ден Госпоѓо, МОЛАМ! Епа мало сутра, јас дојдов за нос да му се види, а не за диши недиши Па ај докторката се повлече, недоразбирање било овие сестриве силни Ми го истрауматизираа бебе, па др вика лелееее детево ич не соработува, па направи да соработува ми се идеше да и речам, ама баш глупо со маскиве па и бебе се тегне, плаче Идиотки! Нашле со мене тикви да садат Кое разочарување ми беше ова, капак А бебе, леле бе он, ништо не ми е мами, добро сум, истече квот, ништо нема веќе, тато ја избриша, нема ја А и со радост отиде, ќе ја видел болницата во која се родил, радости, радости по пат Ама и пошто докторката му рекла дека е здрав, може пак да идеме, немала ни боцки, а плачел пошто се исплашил и се збунил Пак да одиме мами, малку ќе поседиме внатре, една докторка да видиме и после ќе се љуљаме на љуљашките и ќе купиме вода и бони Денес најново му е, ако пак паднел ќе се напиел едно апче и се ќе му помине Уф, колку ми е мака Понеделникот и Дедо Мраз ни дојде, го гледавме и од тераса како доаѓа, на мајка идеја, ама не знам како мислеше дека нема да примети кој е Дедо Мразот Абе он колата по бучење им ја познава, не па да ја види, башка ај дедо дотеран, ама баба не се дотерала у Баба Мразица Мами ти си се збунила, ова не бил Дедо Мраз, ова е дедо Ване Татко ми па глуми, го преобразува гласот, аха само мисли дека можеш да го подлажеш Јас као да сликам, да обележам, па да не биде непрепознатлив сите слики на бебе се одпозади Битно се развесели, па кога го отпакува возот, леле леле радости најголеми Вчера доби шест играчки, се шашардиса, сите му фатија око, среќен пресреќен А доби и некои ситници, радости, радости На пакетче со јадење ама баш на ништо не се радува, ниту го отвара, ниту посегнува нешто да јаде, он играчки си бара само Во Локо кроко го носев да купиме табла, јас се фатив по оние големите со постоље, таква и беше намерата да купиме. Епа не сакал таква, не можел да ја носи, види мами не можам да ја кренам ми вика Ајде бирам од помалите и бирам една за мене најубава, епа не ја сакал таа, се фати за првата и таа му била најубава. Карактер, така треба Денес цел ден се цртаат мачиња и гуштерчиња Утре ќе идеме за Охрид, одлучивме да не менуваме план, добро изгледа, мака нема, па не се надевам на нешто.. Прееска се пакувавме, ајјјј кога почна да шета како шашардисан од радост Едно 50пати ме праша кога ќе идеме во станот и дали тоа утре е дека само еднаш ќе спие дома и ќе оди или повеќе пати Си легна со мислата дека сабајле ќе се облече и ќе идеме во станот Јас на сета мака и путер колачиња направив, ги јаде многу, а шкрт му е апетитот, па да понудувам барем.. Направив и благото со карамели, за финиш ставив одозгора и милка чоколада Испеков месото, малку го подзаборавив ама па мм никогаш мана не наоѓа на покрцкаво Сарма, банички, кифли од мајка Сос и компири ќе направам утре и тоа е тоа Мм купил и огномет Ќе ги осветлуваме небото и езерото Му презборев дека има жижици во боја и луда ме правеше, епа нашол на Битпазар, па бебе ќе се прерадува и на нив. Веќе едно 10пакетчиња жижици имаме изгорено, ама шарени уште не горел, ќе бидат радости и за нив Него ваљда ќе доседи до 12ч Со несреќава му се измести редот и покасно легнува и станува. Еден ден му се помести и толку треба, ама и намерно не го вратив ради да дочека 12ч Мислам ако не дочека што со огнометот, не ќе го пуштаме порано Или не ќе го оставиме сам у станот Биби И он е жалче деновиве, колку сака да се дружи, лут ми е многу знам што не сум му посветила внимание Леле колку разбира, благе везе нема со претходниот папагал, дури ми е неверно колку разбира. Се повеќе верувам дека точно е она што го читав дека има интелигенција на пет годишно дете. Уште не почна да збори, му давам фора уште најмногу месец да гукне Со бебе знаат и да се закараат за играчка Најново е ќе му земе нешто на бебе и ќе се покрие со крилата од напред за да ја скрие стварта Па вика, се буни кога му зимаш нешто, знае и да те збрка, дури и подрипнува Ама бебе покажува и љубомора Па имаме и некои инциденти, уште збориме многу и се објаснуваме, таман мислиш сватил и ете го пак ќе му текне нешто. Уште не сваќа дека е кревко животинче и уште не го почитува, го гали, го пази и се, но и се заборава.. А Биби и галче е, колку сака да се гали, да го чешкаш, буквално дава да го превртиш наопачки само да го чешкаш. Колку е питом, душиче Шприц исфрливме скрос, сам си јаде некои 10тина дена и го следам дека е ОК, барем по каките не ми личи дека гладува Во златна мешавина и банана се дави, јаболко не и не сака да јаде Вода пие како камила, се е жеден, а обожава и да се бања под чешма. Многу ми е јак, ќе ги набуфта пердувите и иде лево, десно кроз чешмата Љубов ми е, дури и името ми се засвиѓа, додуше и му прилега 2ч дојде, да го посветам бебе уште еднаш со биоптрон, па да одморам очи, може и ќе заспијам малку. План ми е утре накај Охрид да отспијам, освен ако мм не ме зезне и ми рече јас да возам Еј помина годинава, ќе честитам во новата, рано е сега, ќе пишам јас пак Гушкајте малишанки
Здраво мајки! СРЕЌНА НОВА 2021!!! Ви посакувам само убавини, среќа и радост. Синко се шеташе со татко му, сега спијат, а јас кафе пијам и уживам. Вчера синко заспа во 9, ние вечеравме, серија гледавме, едвај дочекавме полноќ, потоа си легнавме. 2020 беше убава а како да не биде кога го имам синко до мене? Љубов е тоа. Искрена, чиста и безгранична. Уживајте во денот мајки, гушкајте ги и бакнувајте ги.
Добар ден во новата година. Ви посакувам среќна и успешна година на сите,да сте здрави и живи сите по дома. Иако тешка,изминатата година беше на некој начин убава за нас, конечно ни се исполни желбата за сопствен стан,го добивме зрнцето што расте во меше,маж ми го унапредија на работа и што можев друго да посакам повеќе,само здравје. Утрово убав ден,сонце ми ја грее дневната па уживав покрај прозор со кафе и палачинки.Ќерка ми ме разбуди во 7:30 радосна што да ви кажам,го земала подарокот од под елка,целата возбудена од памет ме извади.Си бараше од Дедо мраз училишен прибор од оние со патенти со внатре фломастери и боици па тоа и доби,ама дете не може да се нарадува не го испушта од рака, колку малку им треба за среќа. Сега излегоа со мм да прошетаат надвор малку,ама јас не можам да шетам, многу се уморувам,при крај сум со силите,ги бројам последните две недели до термин. Ќе спремам подварок ,прв пат правам па ќе видиме што ќе испадне. Поздрав и убави празници на сите
СРЕЌНА НОВА 2021 ГОДИНА!!! Жени бидете силни, имајте трпение, употребете ги сите супермоќи, затоа што секоја жена супер херој!!! Ми се смачи од оваа 2020, среќа па си отиде, во Новата се надевам мм ќе е повеќе дома отколку на работа хахах. Сакам да нема корона доста и беше, си ги скам пријателите назад, да се видиме да се гушне е, деца слободно да трчаат и безгранично да играат. За дочекот бевме кај моите, ние мајка ми и татко ми и сестрами и зет ми. Се видовме, поседи ме и во 00:10 си заминавме. Дома Дедо Мраз оставил подароци за сите, и маж се израдува, си доби новчаник, а јас си купив едно паефимирно млеко за тело, кое ветувам нема да го чувам за специјални пригоди хахах, се надевам несесерот нема ќерка да ми го земе, дека сите ми се кај неа. Станав уште во 07:30, ќерка која заспа во 01:30 може и два беше не се сеќавам точно стана во 10:15 си мислев повеќе ќе спие, но тоа. Ручавме и ме фаќа некоја дремка, кога ќе подразмислам не е лошо и да поспијам Убава Година ви посакувам на сите, секој да си добие се по желба!!!
Ај здраво! Да чкртнам додека малиот си игра, мм си гледа серија на таблет, а јас се занимавам со новиот лаптоп додека пишувам на форумов од телефон. Конечно си погодив екстра лаптопче, но не успеав да му се израдувам, сè навака-натака сум и првиот ден дури и не го допрев. Порано седев со саати да си уредувам со мерак. Но, добро, следните денови полека си го средив, си префрлив сè од стариот компјутер. Маж пресреќен за новиот бидејќи еден ден негов ќе бил, а сега зашто го доби стариот. Не дека си нема свој И се изнервирав, супер му работи стариот, не се исклучува, само малку е спор. А мене ми откажуваше Да не ми го зезнувал тој намерно за да мислам дека не чини и да купиме нов? Малиот спие сам во соба, жал ми беше веќе да го будиме со нашето станување, крцкање, кашлање или пиење вода. На камера го гледам на секое, се будиме ептен често и веќе една недела сам спие. Да не го будам за јадење, ќе спие до сабајле без да се буди, му се собираат 11-12 часа. Вчера со петарди ми го разбудија, се изнаплака, го изнагушкав, не можеше да се смири. Испцув сè живо Подароци стигнуваа од сите страни, секој ден некоја достава имавме, сите сервиси за достава нè научија и веќе не нè прашуваат каде сме. Му ги ставивме подароците под елка, направивме различни сцени и го облекував во различна облека, направивме прекрасни слики Првпат да добијам желба за елка, сум ја купила најубавата, ја украсив и најубаво ни беше. Ќебиња новогодишни, украсени прозорци, елка, ние тројца заедно гушнати. Што друго ми треба? Годината ми беше убава, без разлика на вирусот. Бременост, породување, најубавиот подарок за 2020 и за цел живот. Додека траеше борбата за моето пиленце, секогаш посакував да не сме сами за Нова година, на летување, на зимување, за продолжени викенди, на патувања, во кола... Тишината ја снема конечно. Ниту ми е жал што се породив со царски, ниту ми недостасува мешето, ниту за нешто жалам. Со доењето малку на почеток видов мака, но среќна сум и олку што успеав досега. За ништо не ми е криво, важно прегратките што ги имавме со мм за утеха што сме сами, веќе се исполнети со едно мало најпрекрасно човече што ми го пребликнува срцево со љубов секоја секунда. Го гледам и си приплакувам, го гушкам и не можам да му се наситам. Мој си е. Добро, и од мм е, но мој си е. И друг пат низ темиве сум пишувала, веднаш ќе се обидувавме за второ да не бев со царски. И годините не ми се за чекање многу, а и немав некоја тешка бременост, породување лесно, уште полесно опоравување, малиот си беше и е супер, па не ми е тешко да се решам за нова бременост. Ако успеам да останам пак бремена арно, ако не здравје, малиот ќе ни биде сè на светот. Ете и си поигра и си поспа, сега стана, отидов Среќна Нова година, да ви се исполнат сите желби!
Среќна Нова година пријателки мајки Здравје на прво место, тоа на сите ви го посакувам во Новата, бескрајно многу љубов,среќа и мир да си имате. Изминатата не научи дека од здравјето ништо не ни е поважно, па професионалните успеси и парите излезе дека не значат многу, затоа нема ни да ги спомнам. Не купуваат ниту здравје ни насмевки. Живи и здрави да сте ми, и вие вашите најмили
Среќна 2021 Здравје! Среќа! Љубов! Пари! Сите желби реалност! Да живееме Вечер мајки Да пишам нешто и во новата година Вчера гз преку глава цело сабајле, да се доспакуваме, натовариме, душа ни излезе Се мислам дека и овој пат немаше каде игла да се фрли во колава Бебе по 10ти пат си седеше како во бункер Леле кога ја виде зградата, леле радости мајки, како му светнаа очињата Прво влагање во стан одма се фати за трската и кутијата и одма ајде мами да фаќаме ипчиња Се распакувавме, доспремив јадењето, се најадовме и од 21-23ч едвај држевме очи отворени Јас и мм, бебе у елемент 00.00 ја дочекавме на плажа, совршено Изгоревме куп шарени жижици и направивме мини огномет, бебе радости, радости, не престана да се смее Испукавме и изгоревме се што имаме и на спиење Денес денов не можеше да е посовршен, горе на Галичица снег Идила! Снежни лудории, се изнасанкавме, изнаигравме и намокривме, убавини Викаат утре што ќе правиш, тоа ќе правиш и останатите 363дена! Епа станче мораше да се подзачисти, па јас решив да одвојам 1ч за таа работа само да не мора утре да зачистувам Утре пак шетање по снегот и ништо посебно ќе нема на дневен ред, за ручек лазањи, благо имаме за 3м, само ќе избереме, па се е наредено. И останатите денови +/- исти ќе бидат 2020та воглавно ми беше убава година! Точно, многу напната, конфузна, стресна, но и со тон убавини и љубов кои преовладуваат За 2021ва само сакам да се вратиме во некоја нормала од вирусов, па останатите коцки сами ќе се наредат.. Само тоа ми треба! Доста пишувам, да догледам цртанов ме заинтересира Гушкајте малишанки
Добровечер. Ве читам по една страна на два дена и се има насобрано па ќе имам материјал за читање понатака како ќе имам време. Да ви ја честитам новата година и новогодишните празници. Да останете во одлично здравје и добро расположение. Да ве прати и среќа и бериќет. Ние новата година ја пречекавме со големиот синко. Малото и маже си заспаа уште од 8. На малото не би му нарушувала ред на спиење за жива глава ама затоа па сабајлево станав недоспана. Останавме јас и големиот да си се мајгапиме да си гледаме што сакаме на ТВ и компјутер... Ама искрено ми недостигаше тоа. Одкако е родено малото вниманието кон големиот е доста намалено. Се ми се чини како да ми порасна многу тој за една година. Ама како расте се помалку слуша. Немам многу ни за фалење ни за жалење. Само да ве поздравам. Имајте пријатна вечер
Среќна Нова Година и од мене мајки, ви посакувам здравје, љубов и среќа па се друго само ќе си дојде. Вечерта ја поминавме ние тројца, гледавме со мм филмчиња. Синко се разбуди некаде 23:45ч па ја пречекавме заедно ограјќи. После си продолжи да спие, а јас и мм им седнавме на пакетчињата и со филмови останавме до 5ч. Сабајчето синко кога се разбуди беше весело, го оставив да ме гризе само да поспијам уште малце. Едни запче има ама на ралава си имам белег Бевме до кај моите да си честитаме. Мајка е слободна, па може и во недела на ручек да отидеме. Добра ноќ
Vi posakuvam Srejkna Nova Godina na site Zdravje, bereket, mir, ljubov i se najubavo za vas i vasite najmili Da mine losiot son i da ziveeme vo ubavite nasi sonovi, zdravi, slobodni, i so ljubov so nasite najmili
Ја меркам темата оддамна ,ама никако да чкртнам нешто. Па ај годинава да кршам мраз. Најпрво среќна нова и среќни празници на сите. Бебе нанка, мм гледа серии (цел ден го преспа сега ќе дежура) јас никако не можам да заспијам...во последно имам несоница изгледа... секоја вечер после 1 заспивам ,бебе станува по 3 пати за цицање ,некогаш презаспива некогаш не ,наутро во 8:30 будни сме веќе ,преку ден воопшто не можам да заспијам. Пиев б6 -џабе Вчера бевме до кај кумовите блиску живеат и они се со бебе ај да не сме сами... Подобро да не отидевме ,се изнаплаче сонце ,нема толку плачено откако е дома. Лошо е со ова вирусот ,нигде не идеме ,никој не доаѓа децава диви ќе ни станат Ми се плаче некако,многу негативна енергија ми е насобрана ,ама ако почнам мислам нема да запрам три дена . Ај избркајте ме мислам доста е ..
Добар ден мајки Среќна и бериќетна да ни биде новата година, кој што си замислил да му се оствари. Мене желбата од минатата година ми се реализира, малата си спие безгрижно до мене Вирусот-намерно нема да го спомнам Новата ја дочекавме дома, јас и децата во 12 ипол бевме в кревет, мм си седел до 5, вчера му беше болен ден Ги добивме сите можни новогодишни поклони, уште да има кој да ги јаде. Синко вечити нејадач, сега пак му се клати забче, кај и да е ќе почнат да се менуваат, страв му е да не го голтнал Ќере е уште мала за јадење било што, маж се стави на диета. Јас? Е јас ќе јадам де И јас сум породена со царски рез, 2 пати. Ниту еднаш не сум се почувствувала помалку мајка од некоја што е породена природно, или пак вина некоја за тоа, напротив. Јас имав страв од природен пораѓај, на крај заради здравствени причини морав со царски и да ви кажам посмирена си бев иако сум сама овде без никаква помош. Еве со 2 царски си функционирам ок од прв ден, помош имам од мм и не сум почувствувала грижа на совеста зошто не сум се породила природно. Маж и денес на работа, кај и да е ќе си дојде, одам да ставам нешто брзинско за јадење. Убав ден мајки.
Среќна Нова! Изминатава година станавме родители за прв пат.. Нашата долгогодишна желба се исполни и сега си го имаме најубавото нешто на светот во раце сите наши блиски се живи и здрави Одлучувам да се радувам за овие работи и само нив да ги памтам од годинава што помина.. Искрено имаше доста плачки, боцкања, страв, стрес, болка.. но овие две очиња за кои јас и татко му сме се на светот.. е за нив одбирам да ги заборавам лошите, а да ги памтам само убавите работи Под елката наместо празнина има милион пакетчиња и подароци за бебе секој ден по нешто му стига на врата Оваа Нова Година си бевме ние четворица (заедно со кутрето кое секако е рамноправен член на семејството).. Си посакавме да сме сите на број, здрави и среќни и годинава да ни му се радувсме на бебуш и да го гледаме како расте Ви праќам желби за добро здравје и ви посакувам многу позитивна енергија и радост во годинава што доаѓа
Нека ни е среќна новава година и нека не го следи примерот на 2020. За нас како семејство беше прилично убава годината, иако и короната ја поминавме. Ништо посебно вечерта, како и секоја друга. Си заспа малата во стандардно време, сакаше само за огнометите да стане, ама стана, цела поспана беше, се исплаши и си легна пак. Вчера ни приредуваше претстава, имаше ставено нејзини гаќи на глава, облечено триста работи, леле ама беше смешна. И пееше што и текнеше во моментот, ние се изнаплескавме, како секои родители се разбира, а ни доаѓаше да паднеме од смеење. Сабајлево станавме рано, нормално, па цртавме, нацрта и семеен портрет, баби и дедовци, се комплет. Па јас стоев и позирав и мене да ме насликала посебно. Испековме мафини за доручек, па со татко и снимаа филмови, она пееше, пееше песна за нејзиното среќно семејство. Колку убаво ми дојде на душава кога ја гледав и слушав таква среќна и насмеана како си измислува песна за нејзиното среќно семејство. После биравме книги што да симнеме, па ja симнавме од Џ.К Роулинг новата, Икабог, едвај чекам да почнеме да ја читаме. Симнaвме и уште една, The Princess Rules, таа одма ја почнавме, за една нетипична принцеза која не се однесува како што треба да се однесуваат принцезите во бајките. Баш е комична. За пред спиење почнав да и раскажувам приказна со една вештерка, Злочка се вика, па секоја вечер само измислувам приказни, требало да биде некоја што не ја знаела, другите веќе сите и биле досадни. Па така, Злочка со нејзината најдобра пријателка Златка постојано одат во нови авантури. Минативе три дена собирам по куќава да видам дали ќе биде чисто. Ама неее... Па само тоа треба да правам и ништо друго. Јас собирам, она вади нешто друго да сецка и да лепи. Го собирам тоа вади боици ќе боела, па вади нешто друго и така до недоглед. Еве сега е чисто, ама сумњам дека ќе биде така за долго. И ќе се откажам, како и секогаш, па пак ќе биде се расфрлано. И така. Нека си игра и нека си фантазира, ќе порасне за брзо и ќе го нема хаосот. Гледа сега цртан, јас пијам кафе, па веројатно ќе читаме пак, интересна се погоди книгата. Убав ден мајки.
Среќна Нова година! Пред се здравје и сите да сме на број.а другото само ќе си дојде. Годинава си ручавме/вечераме во 18 часот и веќе во 23 часот бевме заспани. Телефоните на муте да не ѕвонат за честитање. Си се наспавме убаво до 9 утрото. Најинтересниот дел е кога дете остана со полу отворена уста и насмеан за подароците од дедо мраз. Јас еден сат, откако заспа дете изигравав дедо мраз. Виткав подароци остават еден под елка, друг во чорапот за подароци, пијав млеко чоколадно (такво морало да биде) и "колачиња" - ресана (дедо мраз многу ја сакал). Па утрото дете одма провери дали го испил млекото и ги изел ресаните дедото со белата брада. Пакетчето кај Маже на работа од година во година е се по мизерно. Наместо во државна фирма да даваат најубави овие обратно. Првата година дете кога се роди беше богато пакетче од краш полно со чоколади. А сега од витаминска со две чоколада од по 30 денари и едно со ориз од 20 денари. И другото глупости. Овие два дена по гости. Не одиме кизнеј каде во тесниот круг. Вчера кај вујко ми, баба ми да ја видам. А и мајка беше таму. Денеска кај брат ми, се изнаигравме со малиот. Синко го анимира со играчки, додека малиот јадеше. Го држеше во раце и тој побара бебе, ама овој пат бате посака. Сите околу нас се машкуданци, едно девојче немаме. Да привршувам со пишување и да спремам за спиење. Дете пола месец излезе од колосек со заспивањето. Што убаво си заспиваше 21-21:30 ама сега до 23 седи, и душата ни ја вади. Бубачките го фаќаат.... Па полека се враќаме во нормално со сите сили. Имајте убава и мирна ноќ со вашите сакани
Среќна Нова година, само убави работи Винпосакуваме во 2021.. Ова Нова година ни помина како и секоја вечер бебетого успавме около 20часот ние вечеравме си испивме вино и во кревет. Се разбудив околу 23 и 30 за да каснам нешто благце како секоја вечер и почекав да биде 00 00 да гледам огномети уште им се радувам и пак во кревет до 7 и нешто . Маж ми остана на одмор од 25ти и не знам дали малку се навикна малиов и на двајца и стана малку плачлив за се не сака ни релаксатор па дури ни во раце како до сега туку еден да го носи друг да го забавува ако не му се збори одма плаче... Си велиме дали го уаливме не знам што стана онака си седеше доста време во релаксатор или си ги носев ама мирен беше сега само кенка. Не знам ккао ќе биде сега кога ќе појде тој на работа и јас малку се навикнав на помош Сега сѓе во 5ти месец и баш почна да има по неколку дремки и се како поспан е. До сега не беше така втор и трет месец не ни спиеше. И такаа имајте среќни празници