Среќен Божиќ мајки!! Празниците да си ги помините во радост,мир и гушкање со бебушките Ептен ги сакам овие празници, иако имам и една неубава случка од пред 3 години и ден денес знам да се потсетам иако воопшто не вреди, ама тоа е спомени не се бришат така лесно Имав една врска која заврши пред 4 години долгичка беше од втора година средно па до 24 години, и ден денес сметам дека ми се залудно потрошени години ама не секогаш мислиме со мозокот Заврши како што заврши врската, и по една година го запознав мм и истата година на бадник почина бившиов, и ме копка до ден денес не знам ни кај е закопан ни свеќа не сум му запалила, а сепак имавме многу поминато заедно..Ама сметам дека не залужи и што си бараше си доби..Нека му е лесна земјата и нека почива во мир Иначе ние вчера не вртевме паричка оти од кај што се по потекло свеки се врти за василица па ќе почекам да ми падни тогаш Прв пат спремав лосос и морам да си се пофалам сум го погодила, ептен ми го бендисаа маж посебно а ич не е по рибите, а да е месо не пребира ич само мевце да се касни и секој ден би го јадел Денес деверми ги викнавме на ручек, и три пати си карав мајката оти не го заспав малиов пред да дојдат, цел ред му се пореметува ко ќе се тука па така со два пати презаспивање преспа дури еден саат И нерви искинав и се, кај нервозна во пмс сум, тој вришти му се спие ама не заспива, тие еден па друг дојди остај го ко ќе сака ќе заспија да бе ова така е да го омалаксам па после оди трпи го едно карактерче, едно инатче ауу уште сега знам дека ќе е со став се да е по негово (ова на мајка) и не попушта и нема компромис, му подвикнав и го потчукнав по памперс онака во нервоза па ми идеше од тераса да се фрлам толку ми падна криво заради други така дека изреагирав, па цел ден и празник ми се утка.. Овде сум прекинала па да си продолжам.. Малиов плачи за сите што си одат од кај нас Изгледа мисли дека градевме куќа и сега вујкому, баба и дедо треба да спијаат овде Нели ние му седевме 7 месеци па сега да ни вратат Беа дојдени да му донесат божиќно пакетче па ко си одеа со премирање ги испративме, па ајде се вратија да го залажам па еден по еден да излезат низ врата, и пак ко виде дека ги нема пак писна да плачи.. За нова година ко беа дојдени исто реагираше ама не обрнав внимание мислев му се спие затоа, ама еве сега пак..А и како да не плачи ко со нив порасна..Како му се радува ко ќе дојдат само да ги слушни од врата уште не влезени в соба скока, писка, се смее, вика..Ама незнај што да направи од радост.. Да се навратам на темава за пораѓајот јас природно сум и ептен лесно поминав и брзо закрепнав и се вратив во нормала..Незнам дали ако бев царски ќе ми сметаше или не, ама тоа што не доев е тоа и до ден денес неможам да си го простам, иако молзев до 3 и нешто месеци сепак се изедов и секој пат ко ќе се видиме со другариве или комшииве до нас и спомнат дека бебињата цицаат ептен ми паѓа криво оти моето е на Ад... Ама нека е здрав и жив сега се трудам да има здрави оброци па да надоместам... За одење идење на гости пишував пред некој ден и ние одиме и ни идат не сме изолирани и не би издржала да сум толку време без контакт и комуникација со блиските, а и за 10 дена почнувам на работа па сакала или не ќе морам да се мешам со луѓе, книговодителка сум па по банки и институции сум секој ден, а и имаме многу фирми па додека да ги завршиме завршните сметки се некој иди да донеси документи и иако со маски и стаклени паравани како шалтер сепак документите ги фаќаме со раце, а да седам со ракавици 8 саати и да смрдам на гума после не би...Почрсто ќе се дезинфицираме и тоа е тоа Се распишав а машината заврши па да си ги вратам тањирите на место и да изуживам кафенце на раат.. Имајте убави празнични денови
Среќни празници мајкички само убави работи да ви се случуваат Немам време за пишување,па и за читање чат-пат Во глобала супер сме,празнициве многу убаво поминуваат,се падна паричето кај Дора радости невидени беа И мене ми дојде мило искрено дека кај неа се стрефи Малото за два дена прави 6 месеца не ми се верува Еј ...како лета страшно Почнавме со пробување вкусови Ама многу бе ми се настинува,се нервирам во 6 месеци трет пат лошо кашла,ја носев во амбуланта,во систина,во ремедика и ништо демек нема на плуќа терај...ама кашла еве веќе 15 дена се јавив на Сајковски викам јас ќе дадам Цефалексин страв ми е,ми одобри ама сега ли...требаше уште на контрола да ми препише ама ај...се изнамачи бебево а и секоја вакцина ја прима многу покасно дека се е настината... Дора не оди во градинка веќе 2 месеци Сега почнуваме пак од понеделник Што мака видовме и со тоа бреее...почна во октомври абе до средина на ноември одеше и 3 пати и таа се испоразболе и тоа ептен,стрептококи,температури па гнојна ангина на крај леле мислам дека најлоши месеци беа дома,уф да не се повторат! Имавме и смртен случај ииии ред др работи ама готовоооо да остане се во 2020! Декември дека си е наш месец па се разведривме со родендените и сега празници Дај боже 2021 да е мнг мнг подобра и да не радува само! 2020 единствена и најдобра работа е Бела! Другооооо Х На работа сум тек во мај,леле луѓе како ми се иде на моменти ми иде да отидам на работа и да речам јас дојдов прекинувај породилно мнг време сум дома од 11 март,6 месец трудна бев,убаво ми се погоди ама сегааа ми се швркнува главата...не сум учена да седам дома и да не работам а и со две малишани Оф оф е.Не се жалам многу од децава,мислев дека ќе биде далеку потешко ама најискрено не е,како расте малово се е подобро. Ама ми треба време за себе повеќе,тоа ми фалиии! Имам кажано дека се занимавам со шминка ама ради коронава малку забаталив а и сите ме викаат по дома да ги шминкам не во студио ама не прифаќам шубе ми е Нека стивне короништево таман ќе стопли па ќе почнат ваљда прославите Утре одиме на шопинг со мм па си се радувам ќе појдеме до Косово Кој бил знае...јас лани првпат отидов се испоначудив колку е ефтино и какви молови има И тоа е тоа се расприкажав ќе гледам да бидам поактивна во 2021 ветувам
Јас никогаш не сум била во Косово ако можеш сподели кои бутици ги има дали има од познативе или од кај купувате,каков е патот,има ли tax free мислам и другите би биле заинтересирани да читнат
Ај најубаво утре вечер кога ќе се вратам ќе ви пишам се кај што сум била. Не ги памтам имињата на бутиците од лани Идеме со братучеди па они се знаат таму и ќе не водат Во глобала купуваме и од молови (каде што ги има сите брендови) и плус на една улица одевме многу долга, личеше на улица Македонија со кафичи и безброј ефтини продавници со верни оригинали Не се оргинал ама ептен квалиетет и верни копии како што реков Такс фри незнам дали има ќе прашам. Оначе со лична карта се поминува и не треба корона тест за таму Утре вечер ќе ви пишам Се
Добар ден, додека чекам во кола мм да оставки крвтс во лабараторија решив да пишам. Еве уште тој малер ми требаше, сабајле се разбудив со лоша кашлица, треска, се ме боли, мерев темперстура немав, и како минуваше време стснуваше полошо и почнав да ккачувам температура, па дојдовме н аинфективно кај што работи ме прегледаа ми земаа комплет лаборсторија и утре ќе се тестирам. Се надевам дека ќе испадне негстивен тестот но не ми се верува, на толку пазење и од дом ане излегување пак да закачам не е фер. Синче се чува со баба му но од утре којзнае како ќе биде, сопругот ќе биде дома анјаверојатно би требало ама којзнае. Се чувствувам ужасно барем син ми да е добар .... утрово кога се осетив веднаш маска ставив но што тој цела нок што се вика и цели деенови претходно со мене си беше. Да не ширам повеќе негатива , имајте убав ден
Ако ти е за утеха децата 90% немат потешкоти или ќе бидат асинтомацки или еден ден два ќе бидат омалаксани ништо страшно.. Ние бевме со мм позитивни и со синчето не се разделивме заедно спиевме и по цел ден бевме тројцата.. Можеш и педијатар да прашаш истото ќе ти го каже следи го тт да не каче али и да качи ќе биде ден до два.. Само би ти рекла не требаше да го носиш кај баби ако се постари ради што може детето да е само носител.. Со лесно
Во иста куќа живеееме и имавме контакт и затоа го оставивме кај неа а и тие се стално со маски ... Еве сега излезе рез од кс личи на ковид со суперинфекција бактериска, утре тест.... Најмногу ми е за негоо јас како така ќе поминам но тој да не се мачи душа моја ... Ти благодарам за утехата. Се надевам се ќе помине добро.
претходно јас тука си пишав да слушнам мислење дали сум мајка или немајка ама еве да си кажам дека и мене да ми се случи истово со малото ќе му дозволам. И длабоко во мене да неќам од скелет дека треба се тоа да се исчисти сепак ќе му дозволам. Па додека тоа игра тула ќе можам раат и кафе да испијам и да исчистам на друго место на пр во тоалет без тоа да трча по мене и да ми пречи во работата. Мое мислење е дека и тие треба со нешто да се занимаваат. Подобро така одколку денот да ми мине јас да го занимавам него па ништо по дома да не фатам. Не знам дали честитав празници, ретко пишувам само читам во слободно време, па еве ми прилика да честитам. До Водици се е со празници така да нека е за многу години и само здравје среќа и бериќет да се има. Кај нас ништо ново. Малото расте големиот не знае како и со што да се занимава веќе,сакал да биде програмер и да игра да снима игри да програмира.... и само на компјутер кисне. Маж е повеќе од година ипол по цел ден зафатен куќата ја прави јас кинам живци зашто две семејства тешко во една куќа а камоли на еден спрат па којзнае што ќе биде и како ќе биде.... Секој сака во нов дом а тие не можат да се стрпат додека се направи нивниот спрат па сакаат нашиот да го делиме. Долга широка приказна ме сакам да ширам негатива има време може и ќе се договориме и ќе се смени нечие мислење. Додека малото спие да допијам кафе па да поткаснам нешто и толку. Имајте пријатен ден.
Колкав е бебуш? Ние двајцата сме позитивни, бебе е 3 месеци и е фала Богу добар. Ние сме со релативно лесна слика, па веројатно е он воопшто да се нема заразено. Со сите што зборев и што читав или не се заразуваат бебињата или само пренесуваат, преретко толку мали бебиња имаат некаква неубава слика. И матичниот негов ни потврди дека нема потреба ни да го тестираме ни да преземаме нешто доколку не дај Боже не качи температура. Откако разви симптоми маж ми (он прв, од него сум јас заразена), со бебето сме со маски и мислам дека ќе биде ок. Без паника само и следи ситуација. Тргнете се од постарите, изолирајте се и тоа е тоа.. Се надевам дека лесно ќе пројдете
Скоро 5 месеци е. Добар е сегѕс за сега се надевам така ќе продолжи. Откако се приметив утрово сум со маска маа претхоно не носев. Ти благодарам на споделеното. Нека минува со лесно и кај вас.
Барав тема за шопинг ама не најдов,преместете го муабетов во соодветна тема Милки бевме вчера до Косово Во Урошевац,па во Приштина Во Урошевац се изнапазарив во маалските бутичиња,има една продавница ја најдов на инста Lenti се вика,бадијала облеки и ташни Има и квалитет а има и онака ствари во секој случај преголем избор за женска облека,а и за деца Комлетчиња за деца и бебиња од убав памук за 5 евра Во Приштина во Алби мол бевме се е околу 2,3 илјади поефтино од Сити мол кај нас,зборам за марките Мм зема најнов модел патики од Bazz,кај нас се 13илјади а таму беа 9 Имаше се освен H&M Во урошевац Имаше еден како оutlet од марки братучеткава си купи за 50 евра комплет панталони и јакна за скијање Таx free нема патот е океј,имаше снег до колена ама брзо се стасува од скопје до таму 45мин Во глобала топ шопинг и храната во рестораните исто ме изненади
@Bella* Не паметам кога последно сум купила нешто кај нас. Секоја недела идеме за Косово. Дури и оваа ни се иде а ми е страв да не се породам таму Од алишта до детерѓенти за перење. Буквално се купувам таму. Ленти омилен форевер. Секогаш попуст имаме Во аутлетот гардероба за бебето и син ми се по 4-5 евра, фармерки H&M по 3€ му земав Само го лажам маж ми, еве сеа ми потребале памперси Хип и креми за бебе од Россман Кој знае дали ќе се осмели да ме носи, кај и дае влегувам во 39та
@Bella* дали знаеш дали работат недела? Или @mssuniquee ? Кога сум веќе тука Среќни празници мајки! Да сте живи и здрави со своите семејства. Иако не пишувам, редовно ве читам.
Добар ден. За многу години празнициве! Само здравје ќе посакам на секој, тоа ни е најбитно во животот Ги сакам празниците! Утрата најмногу, ако можи утро да се наречи во 9:30 кога се будиме. Се бројат на прсти колку пати сме се буделе олку касно во овие 4 години колку што е дете. Но маже кога е дома со нас најмногу сакам да спијам до него и дете. Но кога оди на работа се будам откако ќе излезе низ врата. Заедно дома на купче... а и така ќе бидеме и оваа цела недела. Маже зеде одмор и си ги поврза празниците да си биде со нас повеќе време. На дете тоа најмногу му одговара тато да е дома и да му оди по га*от. Почна да пребира многу јадење, па маже не чека ни минута одма прави друго јадење за дете. Дете сакал тато да го капи, јас не сум знаела како. Мене ми одговара, имам минути само за мене, ама после нивното капење купатилото е поплава. Таман се израдував дека полека се враќаме во нормала со легнување навечер, дете пак исто седи до 23 и некоја минута го фаќа. Но за ова маже е крив.,па сега тој нека му го најдува крајот. За ова најмногу се нервирам кога дете не е навреме легнат,а и најаден. Годинава не ми дојде ниту едно коледарче, немав спрема ниту пакетчиња, туку по старски измеша се во една корпа. Дете го однесов само до кај комшивката што си живееме. Маже мрза го имаше фатено и не го однесе ни до кај мајка ми. За Божиќот бевме на слава кај мајка, бевме ние со стариве и вујко ми. Дете се вртеше околу бебе, му подаваше играчки а ова малово ѕверче ги фрла. Многу брзо времето ми помина, додуша и рано си дојдовме пред полноќ дома си бевме. Еве на Маже му велам да одиме на попис кај нив некако го гледам не му се излегува. А мене досадно ми е многу. Да ми беа поблиску ич не му викав сами со дете ќе си појдевме Ај да го кандисам... Имајте убава вечер
Фала ти многу значи стварно вреди да се оди чим малце попушти времето одма одам да се спремиме за лето @mssuniquee и тебе барав да те тагнам баш ама не можев да те најдам Фала девојки!
Опаааа значи ти знаеш многу повеќе места тамууу,ете ќе те замарам по пораки малки деновиве ако не се породиш И не си играј жено во 39та недела !
Иих за Косово, слободно мила Феризај подобро од Скопје го знам. Иначе имаат сега и Nyx официјална продавница, Rossman, се чудам како толку мал град да има вакви продавници а Скопје уште не