Таму така и така, генерално нема гужва и кога има попусти. Зара врие, нема игла каде да пуштиш. На каса редици, по 20 парчиња секоја.
Здраво мајки Бебка спие па да чкртнам нешто Има забче, јас радости ко да докторира Маж се мурти оти тој не го најде а секој ден со свеки беа со лажичката в уста да му тропнело Ама јок мама го најде и тоа случајно..Да го измијам после доручек и ми секогаш е зинат да пие вода и ми го шмука прстот, и оп ме гребна нешто..зедов лажичка и тропка..Мочнав од радост и мм вели ее па не се радувај џабе треба цело да излези Криво му е и нека му е Сношто имавме поголема кавга ама смирена со разговор, а вриев да викам ама зборував нормално и му кажав се што ми лежи, ме лути и нервира со понашањето негово па се договоривме дека ќе бидиме пак како пред да имаме бебе, ќе ме гушка и посветува внимание, а не да се однесува како јас да сум овде само за детево да го израстам, да готвам, чистам и да му ги задоволам потребите..Е нема имам и јас потреби и од сега ако сака мир дома ќе помага ако не има да летаат партали.. За василица ќе се собереме со другариве кај нас, дека лани на маж му падна паричката и не ми се верува колку брзо лета времето тогаш бремена со големо меше а сега бебе па и со забче Помирна сум дека сме кај нас инаку не е ни за да го носам ни па да го оставам со свеки..Ако го носам нема да заспие таму и одма му реметам ред, а ако го оставам со свеки па со неа не заспива и пак ќе ме чека да си дојдам и пак пореметен ред.. Вака дома сум го легнувам нека спие па раат да седиме Вчера и неа и на деверми му одржав лекција.. Бевме кај нив и имаше трилече се запнаа да му даваат, јас велам не тие на, па на со лажичката.. Немаше да реагирам ама се нервирам јас ако речам не ти упорно да му пикаш нешто..Ај да лизни ајде ете лизна ама па толку да го наручаш па и трилече тоа шеќер, млеко сето ништо здраво нема бебе од 8 месеци да јади, а се бунеа оти за ручек имаше брокула, грашак,батат и мисиркино месо...Не било убаво да јадел брокула оти нив не му била вкусна..НИВ.. Па ги подбрав дека дури не почни сам да бира што ќе јади ќе му давам тоа што јас сметам дека му треба, а тоа не вклучува сол и шеќер до година дена.. Исто и за риба не се давало дури не прозбори..Бабини деветини..Наместо да му давам нешто што му е корисно за мозочето јас ќе се држам до бабини муабети.. Ај да не замарам со нив веќе.. Дајте некоја идеа со што да го потполнам просторов во кујнава, овде кај што се салфетките тие онака се оставени..Го оставав за некои украси ама немам идеа што како и на крај изгледа ќе бидат пак затворени елементи Spoiler: Кујна Толку од мене одам да спремам ручек за малиов, ќе стани кај да е..
Стави си некое мало саксииче со цветче Или пак некои убави стаклени за кафе и шеќер Убава ви е кујната
Денес педијатарот ни рече да ја носиме кере на ортопед ама дека само во Скопје имало приватно таму да сме барале. Инаку сме од Гевгелија па ако знае некоја во Струмица, Кавадарви, негде поблизу до нас дали може да се најде ортопед.
Бела миризлива свеќа со црни шари низ неа убаво би изгледало. Фамилијарна слика исто може да се стави. Наминав само да ве поздравам. Деновиве некако замислена сум и изненадена од некои луѓе околу мене кои ги сметав за блиски. Ни требаше со сопругот да собереме луѓе за бизнисот што го почна да се пишат матични кај нас. Тој е на почеток а секој почеток е тежок па си рековме барем на блиските луѓе ќе му кажеме да се пишат па после како сака Бог. И сами не знаеме колку време штедевме и од што се откажавме за да го створиме ова. Без кредити, без да се позајмиме од некој. 80% од нив ме одбија со банална причина а останатите прифатија.Да кажам дека сум разочарана е малце. Другарките кои ми беа деверуши на свадбата, кои бев сигурна дека ќе ми излезат во пресрет ме извисија. Само една се согласи велејќи ми дека и нејзиниот сопруг поминува низ истото и знае како е.Таа дури и од други луѓе ми донесе книшки без да и речам. Години наназад штедевме, од никој не зедовме.. Ми е срам од сопругот,испадна дека е во право кога ми велеше да не очекувам премногу,а јас рака во оган ставав дека греши и дека сите до еден ќе дојдат,зошто би ме одбиле кога и јас за нив би го направила истото. Среќа што има претходно искуство(работеше кај друг) па старите пациенти си ги задржа и за почеток е добар. Мене да ми се јавеше некој на телефон со ваква молба со двете раце потпишував знаејќи дека помагам на фамилија со која сум во контакт и треба да останам во контакт,ама не се сите со ист памет. Се чувствувам наивно како некој да ми влепил шамар и ме освестил. Еден мал тест да видам до каде сум со пријателите, па и роднините. Инаку синко е супер, почна да ни гуга и да ни возвраќа со насмевка кога го задеваме и си играме со него. Пред 2 дена направи 2 месеци. Со грчеви засега добро се држиме ни се немаат јавено се надевам и дека нема да се јават. Си листам по темите а сега најинтересна ми е таа за цврста исхрана за кашички едвај чекам да потпорасне и да му правам. Таман ќе можам да ја искористам за нешто новата кујна која со цел кеф ја уредував, а откако се роди синко немам време асално нешто да направам,сето набрзина е. Нека е тој жив и здрав понатаму ќе има време за се.
Можеш во Ројал во Богданци да се јавиш да прашаш. Знам моето кога беше бебе таму ги правев контролите. Доаѓа ортопед од Скопје еднаш во месецот. Детално го прегледува, ехо на колковите му прави. Околу 1200ден беше пред 3год ехото. Мислам дека уште е толку но прашај си ако сакаш. Доколку сакаш број пиши ми во ЛП ќе ти го пратам
И мене ми беше 9 часот касно до пред еден месец, се знаеше дека е доцна и време за во кревет. Каде и да одевме пред 9 дома сме биле за навреме да го легнам. но дете изгуби ред. И така сега веќе не ми е доцна пошто дете пред 11 не е заспан, па потоа следува минути за нас со Маже. Гледаме филм, разговараме за денот што поминал, понекогаш се опуштаме со мезе и пивце и веќе поминува и два часот.[/QUOTE]
Ај си реков да читнам тука да ми се приспие и ја видов кујната, муабетот за шопинг и ортопед и ајдееее 300 мисли ми дојдоа на глава. Само што го заспав малиот, душата ми ја извади 4 саати во раце и никако да заспие. Извади денеска забче и важен е Три дена си плачам со него, ептен живо и темпераментно дете е, не можеме да го дочуваме и деновиве само паѓа. Цел нашминкан е во лицето со модро, црвено, розево Прво со челото удри во ивицата од комодата, потече, помодре, се изнаплаче. Уште тоа не му е поминато, денеска само до кујна отидов, а тој се фатил за џамперот од надворешна страна, се лизна и удри со окото во него, сега црвено и потечено му е. Душата ме боли ама се тешам вака раснат деца, колку и да го пазам очигледно џабе е, не знае мирен да седи. @babyboy1 Кујната ти е преубава. Те читам за глупостите и да ти кажам не си единствена со тие маки. Од денеска сме кај свеки на гости, day 1. Абе што убаво ми беше 8 месеци си го раснам детето без суфлери и на раат и почнаа денеска со свекор ми, зошто не благо, зошто не сол, чај давај му, кифла дај му. Надвор преладно, тие врата од тераса оставиле детето се стресе на неколку пати, почна да кива ама така се челичеле. Како тие исчувале здрави деца, сега ние сме ги мазеле многу, небитно дека на синко 8 месеци ни носето не му течело, размазен бил. И траеше тоа некое време додека не спизде маж ми, па ги построи. Аман, осет да се немало. И јас до вчера бирав кујни за во новиот стан што требаше денеска да го купиме ама по неколку дена кавги и препирања попуштив и парите ќе отидат во инвестиција. Го натерав маж ми на лист да ми направи математика кога ќе почнеме со поголема заработка, па ако биде се во ред се надевам станот што го сакам ќе го купиме за 5-6 месеци. А што убав план имав за уредување, се ми беше смислено ама тоа е, мора лебот да се обезбеди прво. И сега не можам да заспијам од мисли. Некогаш си викам зошто е маж ми толку горделив и не прифаќа помош, па ќе ми текне дека затоа се затрескав во него, таа самостојност, зрелост, стабилност ме привлече. Да разгледам станчиња сега во Аеродром, веќе кога не купуваме барем под кирија да одиме таму барем паркови има, убави тротоари за шетање со количка, станот кај што сме сега е баш за пар, во гужви, тешко за шетање и функционирање и со количка и со кола. @firequeenn Со среќа нека е новиот почеток, се надевам успешен ќе биде бизнисот. Вака од муабетот маж ти е лекар колку што сфатив, можеш да ни пишеш каков, па на кого му треба да дојде. Секогаш сум расположена за помош особено кога знам како е млад, со последните пари да пробуваш да ја обезбедиш фамилијата. Ви посакувам среќа Добра ноќ мајки
Луѓе детево мое збори 300 на саат не застанува,само нешто ме прашува или раскажува,мислам од кога направи 2 години минатиот месец до сега како уште повеќе да збори и премногу чисто убаво, Амааааа кога и да ја прашам како си помина во градинка ништо несака да каже И бабите истото го приметиа,кога ќе ја прашаат дури избегава и нешто друго збори таа тема градинка несака Малку чудно...неразбирам зошто. Ја фалат таму многу дека е умна и си игра,и зборела и таму многу Ама дома таа тема ни ја забранува изгледа незнам дали да се грижам ило не... Малово завчера направи 6 месеци,и сеуште нема забче,а сестра и на 4ипол извади прво...колку се различни ептен за Се Некои па викаат си личеле многу,ама мене не,еве баш видете кажете Spoiler: Слика Иначе сеуште дојам фул,и преубаво ми е Неможам да опишам дури колки сум среќна дека цица успешно пола година Со првото не успеавме само 2 месеци цицаше и премногу тешко ми беше,крокодилски солзи ронев кога ми секна,сега кога ќе ми текне дури смешно ми е,ама исто и страв ме фаќа со ова,барем до 1 година сакам Каков мајкински памет еј хаха
Во Струмица во Филип2 Добро утро мајки! Најпрво среќни празници, живи, здрави и среќни! Нека ви се исполнат сите замислени желби во 2021! Мојата останува иста од лани. Поминавме месец дена дома затворени, коронуло се осеќавме прилично, па еве си тргаме од пневмонии и се опоравуваме. Дете збесна, ама буквално збесна, па затоа од вчера назад у градника. Од прв ден видовме разлика, позиморен, поисполнет... Иначе претходно имавме 300 на саат Мама, мама, татоо, татоооо, кај е тато? Ај читај ми од Животинско царство, чекај, не ми прочита за опосум, не ми прочита за гаталинка.... Читај по ред! Ај да играме математика! Ај да боиме, а како да избојам овде? Каква боја е топката? Колата? Ај да праиме овошна салата, ама јас не јадам кисели работи, бананата е гадна види ја, црна е, јаболче и крувче излупи ми, дај ми ореви, лепче на медче сакам... И така 42 дена секој ден! Да е жив и здрав! Е имаме еден проблем уствари, јаде споро ко желка, 2 саата јаде, мораш да го потсетиш за да џвака. Видов не видов вчера се посоветував со мајки во една група на ФБ, видов дека не сум сама и терај даље сеа. Оти бе јадат волку бавно? Се е пробано, да тргам тањир, да се заканувам, да наградувам, да викам, да бодрам, да ранам.... Јок, он јаде бавно ко желка. А јаде, се јаде, ама бавно. Уствари не раде само работи што имаат очи , риба и месо не јаде. Ако го излажам со нешто да камуфлирам ќе изеде ќофте или ситно исецкано мевце, риба во чорба, ама вака не, никако. Затоа зелка дај му колку сакаш јаде, грав е во состојба по 3 пати на ден да јаде, леќа, грашок, манџа си е љубител, супа си е љубител, салати, месенко... И благичко, ама конкретно, киндер јајце, чоколатце, бисквитче, нејќе торти и колачи. Од торти сака само да дува свеќички на торта Пакетчиња, годинава собра бааги, машала да е жив и здрав. Ги распределив и давам со усул. По 1 до 2 работи на ден, а здравје ќе наполнам сега ќеси ќе донесам на чистачкиве на работа нека носат на децата. Немавме коледари да подадеме, иначе обично оди се скоро за коледе. Не за друго, мама да не јаде, да не се дебелееме. Тоа е тоа женски, нешто денес нема гужва, треба да заменам едни фармерки во Кали па пауза ќе искористам, ќе појдам до ДМ, да не седам само на столче. Убав ден!
@Jana06 Фала ти, да ви се враќа дупло и поубава кујна да си направиш Иначе ние фала богу немавме мака со финансии и многу брзо успеавме да изградиме две куќи, за деверми купивме место во близина и ја изградија од темел, а за нас старата ја урнавме да не речам цела останаа една плоча и 4 зида па кренавме нагоре и тавански плус.. Маж знае како е тешко да се гради и со бебе дома ни одморен ни наспан ни најаден беше со месеци плус и кај моиве седевме 7 месеци и сепак не му беше како дома иако се му беше угодено и голема куќа имаат па си имавме цел спрат со дневна кујна вц само за нас.. Ама еве дома сме и фала богу се е на место.. Ако не се лажам и вие сакавте со транспорт да се занимавате? Сум спомнала мислам и ние имаме транспортна фирма свекорми ја основал на времето ние сега само ја одржуваме и се трудиме да ги обновиме камиониве и да прикупиме уште некој за ако дојди до поделба сега сме заедно со деверми, ама од кај знаеш што иди па барем по 3 да имаме и ние и тие.. Неможам да се пожалам супер е досега и се надевам на повеќе.. Да бевте поблиску радо би ви помогнале со тури колку да фатите некој ред и да ви тргни работата А да сакав и да кажам дека јас и маж парите од свадбата ги оставивме за синко, од фирмава ја изградивме, а татко ми ни ја опреми цела куќа од дневни,трпезарии,кујни и купатила па така ние освен каминот и радијаторите ништо друго не купивме Преблагодарна сум и на двете страни и од моиве и на мм И така, да ги поздравам и другите, малишан спие, свеки спрема ручек а јас одам да запеглам нешто да одмалам од купот @firequeenn од пп си мислам, кажи кај да се пишам за матичен, прва прилика и одам ЕДИТ: @Jana06 да му се редат бели како бисери, напиве изгледа се договориле во ист ден да вадат заби @AngelOfArh Те читав вчера на фб па сега те знам
Сум те читала, знам дека со транспорт се бавите. Истата приказна е кај нас, свекор ми ја основал, а маж ми ја работеше и откако се ожени брат му се испомешаа работите со јатрва ми, па одлучивме да оставиме се и да почнеме одново сами. Затоа сега ќе основаме наша и ќе купиме наш камион, таму отидоа парите Тешко ќе биде сега на почеток и се надевам дека ќе успееме. Не е проблем за тури, навлезена сум во тоа и добро оди, но сега почнуваме од нула. Фала ти во секој случај, тука сум и јас ако треба нешто
Здраво мајки, убав ден да имате! Утрово не сум баш расположена, а и како да бидам...со маж ми вчера квалитетно се скаравме. Малата заспа и наеднаш почна да плаче во сон на сет глас. Јас бев до неа, ме фати паника, почнав да викам по маж ми, пред да заспие гледаа телевизија. Сто пати му кажав дека ја вознемирува телевизорот ама не и не. Ќе ја земе да ја носи, и заедно си гледаат...не можам со него да водам битка...на сите ќе се спротиставам, ако треба и нема да зборам, ама со него ми се врзани рацете. Не знам како да ја заштитам од сите штетни влијанија околу...Можеби и јас сум премногу заштитнички настроена којзнае...ве читам за станови и бизниси сте се зазбореле. Ние купивме нов стан, на убава локација, има уште некои ситници да се досредат,инаку е по наш вкус. Арно ама е со една спална. Во тој момент толку можевме да си дозволиме. Иако јас бев за поголем стан со детска, макар и подалеку од центар. Ама не. Маж ми запна за овој и сега ќе си ја чукаме главата што ќе правиме кога ќе потпорасне малата...ајде здравје Боже. Којзнае може ќе ни се падне на лото. И така. Разочарана сум доста од маж ми. Отсекогаш сме имале различни размислувања, ама некако сме наоѓале зеднички јазик. Осеќам дека со воспитувањето на малата ќе има расправии...За бизнисот на маж ми и да не зборам. Мислам дека тоа е најглавна причина за тензија. Убаво почнаа со адвокатска канцеларија, беа тим додека на едниот не му текна да си оди во странство. Ајде собравме сила го откупивме делот, почна пандемија...сето тоа се поклопи со станот и нашата кукла. Мојата "кариера" е на стенд бај. Јас така сакав и не се жалам. Семејството секогаш ќе ми биде приоритет пред сите титули и признанија. Стварно ни е тешко на нас жените. Сакаме да носиме по две лубеници под една мишка, може и три зошто да не... Ајде да не гњавам, белки ќе ми се средат мислите додека да дојде маж ми, ќе мора еден квалитетен муабет да направиме. Ве гушкам
Здраво и од мене Ние пак сме во обратна ситуација,мн драги пријатели се разведуваат (имаат 3 дечиња) . Дома сме како болни,душа ме боли за децата,тие како и да е ќе се снајдат мн се млади. Пробавме на секој можен начин да ги смириме но џабе. Овие денови со мм мислам дека уште повеќе си кажуваме колку се сакаме и колку е важно семејството. За работа и финансии ни јас неможам да се жалам. Имаме се,сами живееме во наша куќа. Никој не ни се меша во бракот и еве 13 та година сме во брак. Немора да е подобро,сакам се вака да продолжи како што ни е сега.