Добар ден Малата спие, па мајка одма телефон граба во раце Настината е,на нос збори,кашла од вчера буфта, мене душа ме боли. Ја носев на педијатар, нема ништо. Гради чисти,грло нема, тт нема, само сирупче за кашлицата и даде. Мислам од кога почнав да и го давам ја раскашла уште толку. Воопшто не е болникаво дете фала Богу, еднаш во 6 месеци вака ќе ми поднастине, докторкава се уфилма и ми вика земи и Изопринозин сируп и давај го 3 месеци со паузи измеѓу. Зошто?! Ниту потреба реална за такви хемии,ниту па е со повторувачки вируси или бактерии она. Баш ретко носе вака да и затече или да закашла. Свашта. Секако дека не земав. Купив за имунитет на друга фирма и на природна база, каков Изопринозин.. само зделки праат матичниве со одредени фирми Друго, деновиве турбо генералки по дома. Уште постелнината на бебе и завесите дома да ги преперам, и ууууффф ваљда ќе здивнам два-три дена. Синоќа мм до 1 по полноќ гарнитура чистеше, јао кои прљавштини излегоа да ти се згади да седнеш! Не знам како, каминот ми е во кујна, дневнава за греота ни прозор нема, од каде оваа прашина и гнасотилук да ми е да знам Среќа што си ја земав правосмукалкава, инаку сигурно немаше ни хемиско да види, ни па ќе рибав со крпи по неа.. Сега до пролет раат, кога ќе завршиме со оган палење пак добро чистење ќе и треба. Последни подготовки од алишта,ќебенца и нешто ситно правам.. Ги одбројуваме деновите,дадата е се понестрплива Отспивам колку можам повеќе и до покасно со неа, речиси секој ден во 10 па и покасно стануваме Кој знае колку ќе ми фали спиењето и дремењето вака во тишина. Мм ќе земе две недели одмор после пораѓај, па таман заедно ќе се уходаме во новото секојдневие. Дадава со тантрумите на најјако деновиве, мааа биче лудило! Ми вика прееска “ќе ти ја затнам устата”, од кај ти е тоа?! од дајте музика го слушнав ми вика, еве вака и покажува со рацете на нејзината уста притиснати. Мочле едно, и го повишив малку тонот и зборев ко навиена половина саат што смее а што не да зборува, дека не е се за повторување од тие големи деца.. Се подзамисли као, и добив “добло,не викам више така мамо,извини”. Да видам баш до кога. Ја фаќаат будали минути некад, во глобала е мирно дете. Мерак ми е што се изразува со “молам,повели,извини” итн, ама ко за инает и некоја глупост ќе ја тресне, и ќе ме изнервира Пуста корона, децава асоцијални станаа! Само дома, играчки, тв и се така во круг, надвор врне со денови не си никаде да тргнеш.. не и давам цел ден да зјапа во тв, ама по саат/два во цел ден и се собира да глеа, и неќе друго туку само Дајте музика. Цела воведна песна ја научила, па има настап детето секој ден И се е тоа убаво освен глупостите што ги учи ама.. тоа е. Во некои подобри времиња ќе биде подобро. Ручек спремен уште прееска, сега пеглата да заигра треба. Стварно нема крај ова! Останете добри
Фала за идеата, ама повеќе сум за украс некој не готвам овде и немам потреба од ништо такво, долу кај свеки се готви мене кујнава ми е само за кафе и да затоплам нешто Добро вечер од мене мајки Едвај го заспав малиов сега со вриштење, со премирање и сите церемонии за на крај да го внесам в спална и само се потпре на мене и во истата секунда заспа, незнаев дали да се смеам или да плачам.. Ептен е плачлив последниве денови не сака да заспива дури ептен не се премори па задремува на дубакот или на под и така како што лази се потпира и дреми, а да го земам и да ја види количката само одма пишти и не спие.. Незнам јас нерви немам веќе, а тек допрва што ме чека Да не биди дека само се жалам од детево ептен ми е мајкин син, ако ме нема не му седи и ништо не му се погодува а само да влезам од врата скока се радува подава раце да го земам и се гали се пика во мене и така од страна ги гледа другите ко со мене да не сме се виделе со месеци Од понеделник почнувам на работа Неможам да се навикнам дека нема да ме има со саати дома, ама па и не ми се седи веќе ми прекисна ова со месеци да не мрднам, затупив ептен немам ни штикла облечено ни сако а кошула сигурно имам заборавено како се пегла од што ми се една година необлечени А и арно ги спомнав да ги пробам можи и тесни да ми се сега, не дека сум поправена исто кг сум како пред бременоат ама некако се чуствувам како поширока во раменициве, струк, колкови..А и мешко ми е надуен некако, што убаво ми се повлече првите месеци ама тогаш запре млекото и нервозата си го направи своето..Не ми е од неа голем туку од благото што си поткаснував на секое будење, ама полесно е друг да укривиш нели Порачав колачиња за првото забче и освен да го сликам со нив и ние да ги лапниме друга функција незнам дали имаат Што уствари се спрема за забче? Свеки се запна требало да му купам чевли или патики За заб?? Па не прооде за чевли? Е така се купувало демек тој што го нашол требало да му купи чевли..Незнам јас неможам да ја најдам логикава за заб чевли(патики) ама ајде можи јас сум крива во се барам логика Јас му направив сутлијаш, и порачав колачиња и тоа е тоа Толку имам да кажам, оти по совет на @Presrekna која одааамнааа не сум ја читнала низ темиве, туш кабината ја чистам секоја вечер, па ми стана како ритуал пред спиење Поздрав мајки
Ааа да му купиш нешто! И јас така знам дека тој прв што го видел запчето треба нешто да му купи (не мора чевли де ). Ова е единствениот предлог што го усвоив од старите. И јас неделава ќе нарачам колачиња, ќе почекам татко му да си дојде и си мислев од оние плетените играчки да му купам зашто јас го видов прва
Јас знам дека нешто златно се купува, демек да му биле златни Ами секако ќе му купам и онака само купувам сега едно кожно палтенце за на пролет го меркам, ама татко му муцкаше сега таман ќе се извадам со ова дека треба нешто да му се купи
Јас знам тој што го види треба да му купи нешто бело. Дали боди,капче,чорапчиња не е важно само да е бело. И јас исто си сварив сутлијаш и од тритех му купив скрос бело боди.
Ете ме кандиса да дојдам на муабет.Поуживајте во муабетите тука додека бебушите не збеснат околу 13-14 месеци, па и туш кабината ќе ја баталиш Само што ја изгланцав. Еве доказ Spoiler: Туш Уште малку добро утро ќе речам Се само си велам порано да легнал, никако од обврски. Денес после месец од прележана корона испитаме антитела и Супер ни се. Бебе веќе дете е многу Палава и темпераментна така да немам многу време. Малку и излегуваме на воздух, додека средам дома, јадење, чистење поминала неделата. Со лесно @chanell*леле како вчера да кажа дека си бремена а веќе си спремна за бебушот. @Jana06 и кај нас златно се купува за запче. Според мене како ќе со решиш така. Мајки морам да одам. Барем некој саат да дремнам. Ве поздравувам сите
@Presrekna Фала ти,да знаеш мене ко цела вечност ми дојде! Од лани сум бремена Ќе биде цицо бр.2 за многу брзо Леле моиве спијат јас абер немам да легнам. За маж доручек спремав да си земе за на работа, па кифли ми се пријаде си месев па туш,па да каснам, па коса да се исуши.. лелеее! И утре не ми делувало кафето, епа како ќе делува кога пред 2 не знам да легнам Сеа ако не сум нормална ќе станам алишта ќе ставам да се сушат, а ако сум ќе почекам косава да се досуши и да се џитнам во кревет.. Баш да видам до кај сум со паметот
Пред туширање прскам арс деобат против бигор и со сунгер чистам, оставам да делува додека се туширам, па плакнам со жешка вода. Потоа не оставам да се суши, туку со крпа( за стакло од џамбо ја земам) ја бришам водата, па со арс за стакло поминувам со магична крпа. Ова секоја вечер. А еднаш на 2-3 месеци ја чистам со специјално средство. Прскам да делува околу час и плакнам. Тоа е како восок и ја турка водата побрзо надолу. Како студентски ти објаснив, мислам 10 добивам. @Chanell* легнувај ќе бараш да спиеш набрзо со цицо1 и цицо 2. Добра ноќ женски
Здраво мајки, Ајде и јас да се придружам кон муабетот за запчиња. На синко му искочи пред две ипол недели едниот кец, еве денес и вториот. Свеки го виде прва и му купи бели бодиња. Т.е. јас му купив она рефундираше Направи и сутлијаш. Јас сакав да нарачам колачиња ама сестра ми се налути. Купила она модли да сме правеле сами. Надежно во сабота ќе ги направиме Инаку кај свеки сме од четврокот. Искрено супер ми дојде одморов. Спијам и јас кога спие бебе, си се изнаспав. Сега идеме со нови сили во Скопје. Почна синко да лази војнички и секаде се пика, се става во уста. Маж ми се зеза демек бил како во струја уклучен Во таа фаза е кај што ако ме нема ме бара, а кога ќе ме види се радува и после плаче да го земам Пред некој ден го оставив на свеки за јас да се бањам, а мм пушеше на тераса. Кога фатил да плаче не можела да го смири, па ај мм го земал ама пак липал. И кога ме виде мене се насмеа Инаку зборите за бизниси, размислуваме и ние на таа тема. Едноставно сега со бебе не може да прифатиме да работиме од 9 до 17 и цел ден детето да не го гледаме. Сакаме некоја флексибилна работа со флексибилно работно време. Имаме на ум веќе нешто ама полека ќе го остваруваме. Може имав уште нешто да кажам ама заборавив. Добра ноќ
Приватниот бизнис носи 100 пати поголема одговорност,страв,неизвесност,обврски,терет и итн итн. Посебно пред 8-9 години кога од УЈП трчаа секаде со огромнииии казни за било каква грешка. Но ако тргне работата ти носи минимум дупла заработка. Тргнавме од логиката дека ако не држат на работа за по 20.000 (пр,) ние мора да им заработиваме минимум (40.000) никој нема да ме вработи само за да можам да си ја извадам платата. Е сега не е исто живеењето со две плати и приходи од 40.000 и 80.000. Па колку терет и да носи приватниот бизнис. Мм цел живот живеел во семејство со пр.бизнис, ние сами почнавме од нула поради фам. неспоразуми меѓу браќа-сестри ( тие се од измешани бракови) и можете да го замислите хаосот што настана. Секој основал семејство и секој има свои планови за понатаму. Ние почнавме од старт и само едно ќе кажа без да ви попувам многу . НА ОСТАВЕНОТО ПИЛЕ ДР. ПТИЦИ ГНЕЗДО МУ ПРАВАТ. Фала му на Бога кај нас така испадна.
Добро утро од мене.. @Presrekna алал да ти е, мојата јас после ќе ја сликам оти дојдовме кај мајка, ни се расипа електрониката на каминот а нов демек ни 2 месеци не е користен ама ете колку помодерно толку полошо со ова електроники глупости..Ајде си велам ќе се среди за брзо оти дома се така оставив а вечер се собитаме кај нас со другариве да вртиме бурек Ако го средат проблемот ако не ќе бараме чаре Во врска со бизнисиве, кај моиве имаа бизнис од ко знам ама почнаа многу да имаат конкуренција и ср намали работата па татко ми реши да затвори и да си купат објект па да го издаваат под кирија и му се исплати три пати повеќе.. Од тогаш мајка е домаќинка а јас брат и татко ми си најдовме работа па си работевме и плус приходи имавме и топ теравме, фала богу никогаш не сме имале проблем со финансии.. Кај маж исто со свој бизнис и супер заработка, па и се гледа според тоа што за 2 години две куќи изградивме и одмори и зимувања теравме пак ќе речам фала богу супер е.. Заедно сме со сите со фирмава и досега не сме имале проблем со кавги кој повеќе потрошил и се надевам така и ќе остани.. @BeLLaDona23 јас ја послушав Пресреќна за деобатот и стварно ја светнува и не остануваат бели дамки од бигор, ама и јас секоја вечер ја чистам па можи и до тоа да е.. Ќе ти кажам дали ќе е ефикасно ко ќе намалам со чистење и ќе ме спукаат обврски Одам да каснам нешто па да тркнам да испазарам за вечер, а малишан нека се чуваат со баба @Dana31 па и бело ќе барам нешто, сите адети да ги истераме
Ми текна што да му купам Охридски бисер Добро утро мајки Времето преубаво. Искочивме пред два саати, влегов до капитол по едно, искочив со мал шопинг за малиот. Си седам во паркче, си испив кафенце и си јадам сендвич, а малиот нана во количка. Лепота. Што убаво ми влијае сонцето мозокот ми е буквално на пасење. Немам што да кажам само чисто да ве поздравам
Добра вечер мајки Чекам машината да заврши, па како што реков еве сликче дека ја свртнувам туш кабината Spoiler: Туш Spoiler: Туш Иначе паричката падна кај мене, не дека минатава година ми беше лоша, ама оваа нека биде подобра Толку заминав јас
Вчера прв пат се собравме со друштвото за стара нова г. Ги немав видено од кога бев 8 ми месец бремена (а бебчо е 6 и пол сега). Колку ли само бев среќна. Додека бебчо спиеше си се средив на раат, до скоро доев и несакав да се мачкам со никакви лосиони за тело. Леле вчера туширана,си се наплескав од Викторија Сикрет млеко, се нашминкав на раат,со вештачки трепки,гардеробата чекаше само пригода кога да ја облечам. На пораѓај бев со 11+,излегов од болница со 7-8 ( незнам како кога бебе беше 3) и до пред месец и пол недржев диета поради млекото,кркав можеби повеќе и од кога бев бремена. Овој месец и пол гладувам,неможам да лажам и затоа имам резултати. Имам уште 2-3 кила (до душа сестра ми ми вика за тие највеќе ќе се изнамачиш). И да се навратам на тоа што ви го раскажав на почеток. Сите беа изненадени од тоа како изгледам. Многу ми беше убаво на душата. Мм горд, кога си дојде дома од работа за да се спреми и да излеземе ми вика: - Уауууу женче! (сега пишувам и се ќезам од среќа,уста насмеана од уше до уше). Поради коронава само дома и дома,пиџами и ништо више. Мора полека да се враќам во живот, вчера се осеќав како друг човек. Поздрав и извинете што толку мн се испоприкажав.
Здравооо.... Тук ли сте? Сите ли сте на број? Како да се наметнувам кога пишам на темата оти не сум редовна воопшто... ама пак припаѓам меѓу вас како мајка на две ќерки, лошките мои мамини! Брррр... ама ладно утро... Се буткам во греалката на работа, топлам раце од филџанот врел чај и полека се расонувам. Спанка сум си, едвај ме разбуди ММ сабајле во 8 : 30, како на мало дете збори, поточно подвикнува - абе ајде стани, прва смена си на работа. Ме потсетува кога тато ме будеше така за на училиште . И станав,.ме чекаше машко кафе кое секое утро ми го вари Мм, па го испив во негово друштво и малку муабет. Утрата се наши, тогаш најчесто сме двајцата сами. Да, и навечер наоѓаме време ама мм порано заспива а јас седам до покасно сама. Сега јасно е зошто едвај очи отварам наутро? Ќерките со едната баба, потоа со другата баба, па си идаме од работа и преостанува времето кое го минуваме заедно. Ту викаме, ту се гушкаме, па двете се караат, па се сакаат... важно досадно не ни е. Поточно нив се им е, се нешто бараат да прават, да одат некаде или просто да се возиме со кола низ градот а тие да се радуват на украсените куќи и да коментираат - оваа е поубава, јас такви светилки сакам... У кола парно јок, па со заледени носови ги враќаме дома. Па трчат малку надвор се додека малата не падне , оти толку е трапавче што и во место стоејќи она ќе се сопне и падне. Ритуалот за спиење верувам и друг пат сум го пишала... он не трпи промени, малата се придржава на тој војнички режим. Вечера, бањање, пижами, читење приказна, гушкање за добра ноќ со дада и, гушкање за добра ноќ со татко и, цртан и сон... Лесно заспива, не ме мачи баш затоа што дење само 1 час преспива. Дадата пак сака да ги игра друштвените игри Монопол, Не лути се човече и секојдневно е во обид да ја научи сестра и. Ама малото ќерче не сфаќа, ама па и 3 годинки е, рано е за Монопол. Па игрите завршуваат со плачки. Дедо Мраз им донесе кујна и огледало за шминкање, тоа беше забава само 3 дена и ете веќе гледам пробаат да ги расклопат. Добро бе, само моите деца уживаат за брзо да ги ,, решат,, играчките? И крај, нема веќе купување играчки ( се така викам) штом не им се забавни. Големата ќерка е ученичка, она некогаш е во оној свет да нацрта нешто и да го подари мене, татко и, баба и... со тоа се занимава. Или цртаме рака со бројки, па со штоперица мериме за колку време ќе ги најде, или читаме приказни ... или се занимава со телефон Малото воглавном се занимава со уништување на играта на сестра и Вечер ќе раскрасиме елка и ќе собереме новогодишни украси. 3 дена брмчат да им го ослободиме ќошот кој им го зафаќа елката. Таму на комшики си играат, јас таа игра им ја викам - комшики кавгаџики, они пак се смејат. И така... зимските денови се повеќе по дома поминати, до пролет ќе киснеме дома. Ко ме нема ич ме нема, ама штом решам да ве дружам одма ѓњавам со километарски пост! Ај да ве читнам нагоре сега што сте везеле! Убав ден!
@Jana06 за запче се купува нешто златно или по мое нешто вредно и се дотерува бебе во бело Одличен избор е бисерче. Нека се редат бели како бисери @babyboy1 кога тргна со спојлери наредно и дневната дај да ја видиме Убава кујната, ама многу стерилна и бледа, подот ви е посебна утка Со лесно и за чистење, рече не готвиш, ама нема вечно да ти се свиѓаат манџите на свеки, а и под секако се прља Стави на горната некоја вазничка со вештачко цвеќе, шаренко нешто нежно. Види Флорис на Инста, имаат интересни ствари. За доле видов дека имаш Долче Густо, па можеш сталак со капсулите. Или шољички на сталак, шаренки Фан сум на вециња, баш ти е убаво @Presrekna дури те читав како чистиш кабината се препотив Јас волку време на чистење кабина не посветувам, боже сачувај капки од вода да пребришувам Али чисто ми е и ми свети, зависи од која страна нели гледаш за да не ги приметиш исушените капки @Dana31 колку убаво што сте се собрале друштво и сте се дотерале.. Зошто волку сте себични?! Малку ни е што скоро 1г сме затворени, уште 5 треба и уште најмалку дупло починати Срамота, од ваквите сите патиме! Сега.. Добар ден мајки Станав со сонце, па сончево ми е, иако го имаше едвај два часа Викаат снег на прогноза, нека паѓа, ами со минусите што правиме Уште стравувам од поларната зима Дома ми е хаос, прав хаос, ко ураган да минал и никако да упристојам Знаев дека ќе е грешка што креветот на кој спиевме со бебе го однесовме Охрид и грешка е Никако не не збира, аман дај да решам кој да направи креветот и да биде Дека собата растурена и теписонот го неме и тој замина Ох и дете не сака да седи таму. Епа играчки си носи во дневна Он носи, јас враќам Ама и мора со нешто да игра.. Деновиве е премногу приврзан за мене, дури и нервозна ме прави Она обесен за врат ми е, ни дава да мочам, ни бањам, јадам, седнам, легнам.. Мами земи ме, мами носи ме, мами гушкај ме, не иди никаде мами.. Пукна и му се здосади до степен на вриење Сака деца! Нешто ново! Не помага веќе ниту една играчка кога треба со мене да ја игра Изнашетан е, ама веќе не е тоа тоа кога е само со мама И затоа и ме пукнува знам Почнав да го спремам за градинка, му зборам и зборам, но од муабетот дека каде има многу деца не е убаво и сега го користи тој џокер Планирам да го запишам некаде за од пролет, планирам, ако не ни се срушат плановите од несовезноста.. Страв ми е, но мораме да се привикнуваме на нов живот.. Ќе биде тешко привикнувањето знам, не се ни сомневам дека ќе е хорор Уствари ние и сега сме во градинка, така го викам секојдневното идење кај моите Еве мајка и бебе играат на под, цела приказна направиле од играчки и јадат фронди. Вчера го носев во Веро и загледа привезоци, па од цел избор он избра привезок гомце И сега тоа е хит Ајде да пијам кафе и да се враќаме, со точак сме искочени, па пола саат ќе се враќаме, колку што и ни требаше да дојдеме. А тоа се некои 5/600м Се нешто подзастанува, подзапрашува, па се повраќа назад ако има некое уздолниче за да се пушти пак.. Нека, тоа ќе ни е тоа шетање, студи, наредно искачање ќе е на тераса воздух да земеме.. Убав ден. Гушкајте малишанки