Честитки, многу убави моменти да си доживеете во новиот дом Ние спиеме на симпо алое вера веќе 7 години и супер е, презадоволна сум.
Фала. Многу тешка одлука. Сакаме квалитетен душек, многу опции, различни мислења, и од алмеро задоволни, од симпо, федер бау, не знам кој би бил најдобриот избор. Околу 500 евра гледам, и навистина е збунувачки.
Јас толку го зедов Дормео,удобен за спиење,фати мувла од влага во собата,ни го сменија без проблем. Другиов супер е до сега,дали навистина беше проблем влага незнам. Уште кога го зедовме имаше бледа кафеава поголема флека.Можно е фабрички да не беше ок.
Ние земавме и спална и душек од Шипад - тој во Влае. Значи на подобар душек во животов не сум спиела НИКОГАШ и НИГДЕ. Околу 16.000-17.000 беше, ова зборам пред 5 години, али горе доле толку се. Значи врв е душекот, нит да пропадне (ко Дормео на братучед ми за 1 година), нит да се извитопери нит па мувла фала Богу.. врв на врвовите
Искрено не знам како се викаше точно и мм не може да се сети. Но претходно дома кај мојте од тану земавме, за бебето од таму купувме и сега со мм...нема грешка со нив стварно се најквалитетни и удобни
И јас така си се тешам. Утрово за прв пат му дадов прво зеленчукова ( во неа: кромидче,компир,морков,спанаќ и холе од пченка и тапиока) немаше фаци,плукање, дете се си изеде. Борбата ни останува на пладне со овошната .
Здраво... Понеделнички,полабаво со работа од дома... Дете само околу мене,од радост веќе незнае што да ми се пофали.Па и мене така,најубави моменти ми беа мајка ми кога дома беше...бидејќи беше на работа,па малцевреме беше низ дома... Барам по пинтерес некои детски занимации,па со тоа се занимаваме. ...и спомнува братче или сестриче..Ќе му донесе штркот кјај и да е
Добар ден мајки Бог се јави! За многу години да ни се празниците, да сме здрави и живи сите. Поголемиот дел од празниците поминаа а јас не најдов време да шкртнам некој збор на темата, во фрка сум со децата. За прв пат сама се справувам со две деца, без помош од мм. Еве 10 дена како е на пат, излезе нешто хитно па мораше до Германија, не знам само како ќе се врати кога таму има локдаун се надевам Меркел ќе го пушти назад без да плати казна Децата добри се. Ќере уште спие, влезена е во 4ти скок ама се издржува некако, повеќе на спиење ја тера (барем засега) Секој ден станува се поинтересна, гуга, пее, лиги колку сакаш Синко оди во училиште, добар е, задоволна сум од неговото однесување, примерен е, го фалат и учителките, почна сам да чита зборови. Почнаа да ме загрижуваат болките во желудникот кај синко. Од нигде никаде почна да се жали, траат по неколку минути и потоа како нешто да не било. Страв ми е да не е некоја последица од интервентот од летово. Закажав ехо за во четврток, мора да го види лекар, ме загрижува стварно. Одам да си продолжам со работата, денес бришам внатрешни врати, работам на рати додека спие малата. Кога спомнав на рати да си кажам дека после толку време (откако беше мал синко) се немав бањато на рати, се случи и тоа Додека имаше дремка ќере се туширав брзински а брат и контролираше дали ќе плаче да интервенирам со скама Косата пак ја миев и сушев со неа во релаксатор и до мене во купатило. Се можело и вака без да досадувам на сестра ми, внука ми, комшиката.... Убав ден мајки.
Си читам низ темиве, разменуваме мислења и искуства со мајките со кои заедно ја миневме бременоста и се пораѓавме во ист период, а сега зборуваме за растење заби, четврт скок и си викам мамата, лета времево!
Тешко е да растиш бебе, сама без никаква помош (освен мм кога ќе си дојде од работа) во далечна земја, но не сум единствена па се тешам. А најголема утеха ми се очињата најмили мои кога ќе ги видам ништо не ми е тешко. Мислам дека некогаш премногу се грижам за неа но која мајка не се грижи за своето детенце. Многу ми Велат дека претерувам не сакам ништо да и фали. Знаев дека ќе ја сакам уште кога дознав дека сум бремена, но дека толкуууу ќе ја сакам па колку љубов има во едно срце
Добро утро. Кафето со свеки испиено, огнот запален што убаво се затопли собава... Дете сеуште спие, а 9 часот е. Вчера утрото се разбуди во 5 со кошмар и не сакаше да заспие. Јас спијам и дете над мене ми ја фаќа косата се штрекнав... Ме праша зошто имам зелена боја на косата. Одговорив така, мама убава е? Кога рече ти си страшна, ти си грда те нејќам оди си. плачеше како да го коли некој. Му објаснувам дека тоа било само сон, ама не дете не сака да слуша. Јас појдов на другиот крај од креветот а Маже настапи да го смирува. Го смири задрема и пак... ене го горе на таван стои, после тоа аааа под кебе има многу. Ааа колата се отпреврти зошто? Едвај некако со Маже го смиривме.Ова ни се нема случено одамна можи кога дете беше бебе И не сакаше да заспие. На крај дете кажа дека јас сум била како жена му на хулк. И сум се борела со него. Цел ден активен и сношти заспа во 21:30. Значи не сака да се предаде до последно. Маже вика ич не се секирај има повеќе енергија од тебе. И ние бевме како пијани цел ден, а како фукциониравме кога беше бебе со 2-3 час сон. Навика.. Имам уште за кажување но дете се издигна од кревет. Имајте убав ден. Одам....
Ноќ мајки Финиширам со идеи за детската, па само таму ми е паметот и сон не ми оди. Уствари и рано е, само 22ч што згазна, е сега колку ќе е кога ќе допишам и пратам ќе видиме Моментално и ќе паузирам, тиква, ќе јадам Решивме татко ми да ја прави собата Ова уште не е дефинитивно и уште не сум начисто дека тоа е добра идеја Уствари тоа е секако лоша идеја, не дека нема да ја направи и ќе биде аматерски, ама.. Ај да не почнувам Немам појма што боја би било, ама апсолутно немам никаква идеја Во мисла сум да го однесам бебе и сам да бира А он е по блек и браон, у последно и по греј, што потемно подобро, ако нешто џишне одма вади "не е убаВо" Што избере тоа, негова соба ќе е Плава не сакам, ми е веќе видено, зелено исто, па ни жолто не сакам иако сум по жолто, портокалово Би нешто пастелно со потемно, може браон со некоја боја. Би да изгледа топло, а со деко ќе додадам баш боја за да изгледа како баш детска Од вака, така да биде и на крај се одлучив да комбинирам нешто што ќе може да се користи барем до средно. Ќе вадиме делови со тек на години, пошто ќе му е ту мач детски Ѕидови посекако се фарбаат, деко старее и се менува Битно он не сакал нова детска, убава му била собата и супер му е спиењето во дневна Абе ај Како ќе се одделиме со бебево и спиењето не знам, си викам ќе се убеди со новиот кревет Мора да биде така Интензивно го спремам за во градинка и секој ден нов изговор вади зошто не би одел Расчистивме дека нема да има многу дечиња, па убаво ќе биде, сега сме до моментот дека само умните деца одат во градинка Ме прашува јас кај ќе сум била, му викам првин дома, па одма се побуни, му викам ќе те чекам надвор, па ми враќа не било убаво сама да бидам, заедно ќе сме си биле Убаво му било со мами и многу интересно, ми набројува што се правиме и каде идеме.. Ауууу кога му кажав дека и нема седење во станот почна да плаче Кажано му е штом се стопли и има секој ден сонце таму ќе си седиме Како ќе не биде и со ова не знам.. Чекам прво да видам како и ќе поминеме зимава.. Имаме нов член по дома, имаме гЉувче Хрчак, со име Маус Бебе пресреќен, чим првиот ден гљувче преживеа ќе си живее тоа долго Многу е мало, едвај искача од куќичката, само спие, си зима храна и одма иде во куќа да ја јаде Бебе во се што можеше го стави и го провози, затвори, ама гљувче снаодливо и му бега Него оти ја не знаев дека хрчак нема опаш, или ова не е хрчак Јас се мислев со опаш се, ова едно перче само има. Ама сепак ми е језиво да го фатам, па избегнувам, таа чест ја има бебе, за што и да треба он е тука да ускочи Бебе на светко му го тутна во раце, фацата му беше непроценлива Абе не е сеедно гљушец да држиш, не ги можам и ретко кој ги може Го ставив да седи во детска, не можам и со него во соба да спијам, аууу цела ноќ ќе мислам дека ќе скокне Иако логично нема шанси, ама поспан човек и секакви идеи му се вртат Биби почна да зборува, уште неразбирливо, но се гледа му се бистри гласот Он би да биде пуштен цело време, ама колку ли гребе со ноктите ауууу, цела сум гребаници и ужасно болат Уште нема осет ни со клунот, па кога ќе ме потфати по уво уффффф, па кога ќе ме штипне по рака, нога, а он само се обидува да се качи Ама и се клања Стварно не знам која му е позава и кој го научи на ова, ако сака да го галиш или ако го пофатиш и галиш се ведне со глава до под и реално се клања Ме нервира ова, па му кревам глава Колку ли јаде само Мм вика не му давај толку, ами како да го држам пиле гладно кога и во раст е, ваљда гладен си е. Знам нема ограничување во нивно хранење, храна постојано треба да имаат.. Па сигурно гладен е, а вака слабичок е, ко птица Ама па како јаде сончоглед Ќе се напика во порцијата и со нога зима Баш е без манири Оној претходниот па се нешто топеше во вода, овој гледам барем не топи Колку ли прља Ама далеку подобро е со завесата која му ја ставив, далеку, само не знам што со прашинката од пердувите Со убаво да си седиме во неа! Вчера чистев и правев нов распоред во соба, па пиле заврши и во ќош Па мислам буквално на среде две соби беше и баш цело ѓубре шеташе низ двете, вака подобро личи! Супер му е, до прозор Јас деновиве носев едни битни одлуки кои баш ме мачеа и ми беа терет со години.. Ваљда не грешам.. Што и да одлучам ќе е ОК, но не знам колку би била исполнета на која и страна да стојам. Некогаш бев многу похрабра, сега се чувствувам како бледа копија на некогашната Емка.. Штета! Не знам како застанав тука и што се по пат се случи, едноставно толку сум мрзоволна што не ни мислам, а не знам ни дали ми смета.. Во некоја конфорна зона сум и немам никаква амбиција да прошетам наоколу, чисто да видам дека може и поинаку. Ќе ми биде тешко, неизвесно, солзи ќе нема, ама ќе рикам во себе, милион пати ќе се кршам и составувам.. Ама одлучив! Него да се фарбам, шатирам пак или не е прашање кое ме мачи деновиве Мислам да почекам, не ми падна бојава, не се ни приметува дека сум фарбана, има некој сјај лила ама мислам од што знам, па само јас го гледам.. Некако и јануари не ми е месец за промени Аууууу а гледате ли по селебрити која боја на коса е тренди, па лилакова Уф ме копираат Утре недела, лазањи за ручек, макарони за доручек, за вечера секој ќе се снајде или скокне Ќе шетаме до некоја планина или рид, стандардно.. Снег ќе нема, ама тон кал сигурно, нека, ќе пере машина, чизми под чешма со четка за заби, ама сите ќе сме среќни и исполнети Обично дека мм само недела е дома и бебе му се закачуваше, па јас време за воздух, ама во последно време е "сакам со мами, со тебе е поубаво" Е нема воздух ама има игри без граници, се изнаиграв поштено откако е роден Џабе што купувам и нови играчки, Лего и на мм алатот се хит и не поминуваат, се останато е пропратно и брзо здосадува, ама ова никако. Ајде лего, ама на мм алатот е распослан низ цела соба, едни клучеви ги шета каде и да оди во ранчето, а тие тешки некои 5кг Само помисли да му ги земеш, па сите уредно се измиени, наредени, пази да му снема дел од сетот, цел ден ќе се бара дури не се најде.. И секој дел знае како се вика и за, што е, ама и за се нешто си прашува Него пак се врати и на збирање сапуни Па прави кули, куќи, сонциња и што ти не, а тоа испомешани мириси аууууу мириса насекаде на сапун по дома И тоа, во меѓувреме избрав и филм, избрав и што ќе се грицка уз него Ејјјј видов во Синплекс филм/цртан Том и Џери ќе имало, па може и ќе однесам бебе на тоа збиднување, у кино да го прошетам Што знам, може ако има некој бош термин и видам дека нема гужви, може и вистина да идеме А па кај уствари 3годишно дете у кино, зарем и би седел па и мојов како што е црвец нигде не го збира и секаде мора да е најгласен Ајјјј ќе го барам да го симнам Толку! Гушкајте малишанки
@emkaemka ја прочитав, и тоа на 2-3 пати се враќав, си направив филм за како им е дома, како е дете со алатите, глувче и пиле како си живеат, се си замислив и толку, кома сум. Заборавив што сакав да пишам Ќе си легнам, утре со нови сили ќе пишам. Добра ноќ имајте
Добар ден мајки. Конечно одмарам.. сама И многу ми е досадно! Ќерче замина доле кај свеки, да си поиграла, јас набрзинка усисав дома и легнав ко човек со сите четири во вис да одморам на раат. И мојата има кошмари навечер.. Бубачки имало на пижамата, на креветот, на таванот.. обично кај 4-5 се буди и после до 7 си седиме дури задреме. Уствари период беше,среќа помина, спиеше до 11-12 на пладне отпосле. Навечер пред 12-1 нема легнување.. ама полека полека се враќа во ред, намаливме на 11:30,па на 11, па и овие два дена во 10:30 легнува. Сабајлево станавме во 10:30, така да си мислам и нема да има дремка денес, да не и пореметам ред пак Како ни се споени креветот и спалната,а за кратко мислам и бебешкото креветче ќе го паркирам од другата страна,и таман да нема кај да мрднеме.. Амааа жива наспана сум од коа го купивме, комотно ме собира со ќерка ми во креветот, па и еден удобен што е,мераци. Знам ќе се бунтува кога ќе дојде бебе и ќе треба да се префрлам на другата страна за спиење, па и тој план е направен, маж ќе спие во детскиот кревет а ние на спална ќе се шириме. И нејзе и се допаѓа идејава Го напика татко и една вечер во креветот,аии како му се смеевме, кај црвен креветот (таков она бираше ) па и покриен со розево Hello kitty јорганче, ма принцеза баш ама вика вака не сум се наспал оддамна, никој да не те клоца,бутка, мора да е убаво. Мене тоа ми е сеуште непознато Ужасно досадно,најдосадно на свет ми е овие месец дена како сум дома. Дефинитивно не сум човек што би можел да седи по цели денови на едно место, само домаќински работи да се средуваат.. Како ли издржувате тие што не одите на работа?! Мене ова ми е толку депресивно! А кај се уште 9 месеци дома Добро,ќе биде топло и ќе има шетња по цели денови со децата, ама овој период баш сега, не ти магли,ветрови,ладни денови,вирусов.. катастрофа. До кај мајка ми одиме еднаш во неделата,ама не е тоа тоа,и таму ми е досадно. А баш не сум да се заакам пешки со малата за да прошетаме малку, ко пингвин одам веќе Прошлата недела со мајка исчистивме темелно дома, денес пак прашина да забришам, и дај Боже утре да ме задржат во болница веќе, 38+3 ма таман сум, и многу ми е веќе трудна Аха,и купатило да изрибам до вечер, на раат да одам,да не го мислам. И тоа.. што би се фалела друго.. Да си сварам кафе дури сум сама па да се фатам за работа. Имајте убав ден
Убаво си честитав јас НГ пред време. Како да знаев дека ќе ме снема. Не дека се нема време, неколку пати напишав пост па го бришев. Воопшто не сум во форма периодов. Јануари и онака е тежок месец, ладно, депресивно, дополнително на работа имам прилично тежок период со многу обврски, кратки термини за реализација, па уште и проклетиов вирус. Незнам навистина како ќе се вратиме во нормала. Дури ни празниците не беа како други години. Ниту подароци на дечиња поделив на раат, ниту празници со фамилија да се опушти човек. Подароци само со најблиските на отворено во парк поделивме, ама и тој еден саат како шашардисана бев и во грч. а да не кажувам 3 дена дека само чекав некој да не се пријави дека се разболел. Затоа Василица на онлине состанок делевме паричка. Е мали ми е друга приказна. Позитива на денот. Периодов сме најдобри другари со сите кучиња во маало. Каква среќа е кога ги брка да ги гушка не можам да ви опишам. И само раскажува какво сака куче. Еден ден сака големо, наредниот мало. Му реков кога ќе научи сам да го шета можеби и ќе се договориме. А он сам ќе го шетал, ама заедно со мене. Време е да ја надополниме колекцијата, покрај риба со уште некое животинче, ама куче за сега сигурно нема да биде. Преголема обврска е. Он и зајче би чувал, ама тоа имам искуство, многу мириса за во стан. Може желка ќе биде, од оние малите. Полека ја надминува фазата на прередуње на благичките од пакетчињата за НГ. Додуша и се намалија, сега ги собира во едно мало куферче, како што вика неговото богатство. Ми е жал што во последно врме знам да му подвикнам понекогаш кога збеснува. А он кутриот веќе здосадени сме му. Си игра цело време со ситни играчки и сите му се другарчиња @emkaemka туку кажи како си задоволен од копермајнер кондурките. Му омалеа патикита, па се мислам што да му купам, никаков избор нема на зимски патики/кондури. Поминало полноќ, не е лошо да се одјавам. Ме чека долг ден утре. Ај барем мм е главен во кујна, па за јадење нема да мислам Имајте убава ноќ мајки
Zdr sakam da te pasam dali pokraj mollers davas I plivit d3 Ili ne I ako davas po kolku kapki davas plivitd3
Во Молерс има само 400иу. Како две капки пливит. Јас давам Молерс и 3 капки Пливит. Со тоа што едната капка секако истанува во лажичето . Ако е дирекно во уста тогаш само две плус.
Кец на десетка ми дојде со постов, синоќа касно добивме прво милениче Хрчко, или ко што го викаме ние Глувчееее. Ја крсти Ели, женка е, родила еднаш и мислам дека нема да ја париме веќе зошто раѓаат многу и не можам да ги мислам кога ќе излезат 10 глувци. Моментално е во леген за алишта, и стави пилевина и куп негови играчки, ееее детето што беше себично за се и сешто, детето што не даваше ништо, тоа дете му извади на глувчето играчки. Едвај заспа синоќа, се убедивме дека не може во спална да спие бидејќи е поладно, го спастривме и си легнавме. Утрово прво станување праша за Ели. Засега не сме осетиле мирис, викаат не мирисале, едно кога е ваљда не се осеќа. Во љубов се голема. И јас одамна не сум пишала. Се тоа па тоа. Дете е малку разгаленко поише, подвикнувам и јас, се караме, ама јас сум таква, гласна. И џабе викам, он сфаќа дека згрешил, знае дека направил беља, ама едноставно дете е. Во една ситуација имаше седнато во кола и молчи, го прашуваме зошто молчи, вика Се мислам како да не правам веќе глупости?! Татко му му даде најубав одговор, Сине твое е да правиш глупости, наше е да те караме за тоа и да те учиме, така да помири се со ситуацијата. Јас почнав диета, пак, по 600ти пат, ама не можам бре и не можам, ќе симнам 5-10 кила и се опуштам и ај назад. Овој пат 2 диети ќе комбинирам, една не ме најадува Шала на страна, со состојбата со желудникот интервалниов пост ми одговара, а со исхрана ќе се водам по УН. Денес ќе пазарам, па ќе видиме. Ме чека свадба, ме чека лето, ради тежинава не можам ни да забременам и не сакам веќе тој товар да го носам. Сакам второ и крај. Си давам последна шанса мислам, да почнам со диета, а после и со трчање со маж обавезно.Таман да закрепнам и од ковидов, да ми се врати кондицијата со лесни вежби по дома и со првите сончеви зраци ќе почнам да трчам. Јас повеќе не се сакам ваква, не сакам да ослабам за друг, сама на себе си сметам. Случајно ми прелета слика од мене во позадина со дете, ужас! Нејќам така. Доста беше, да земам да поработам, имам машала за работење колку ми сака душа, од понеделник веројатно и се враќаме на работа комплет сите. Убав ден!