Шо праите,здраво... И мене досадно,со работа од дома..Ама коронава ме напнува,неможам да се дружам,да шетаме со луѓе да се измешаме.Ме погаѓа тоа,тек сега почна.... Нарачав сабајле торта за за роденденот на дете.Сакал универзумот.ок,тоа нарачав,а на вкус дипломат(од канела),со бадеми,црно и бело чоколадо.Не сум ја јадела,валда не е тужна... Одсабајле го шетав,дува недува,со капа да го фати воздух.Па јас работев дур се заигра он...И сега пак да пормбам... Сирото,си бара друштво ам а страв ми е за градинка д а го пуштам....
@Chanell* ми здосади веќе, што е многу, многу време бидна, вирусов ме дотепа, генерално луѓе и дружба ми фали, за работа и не знам Ама ајде уште се држам, розовите наочари сеуште добро ми стојат Како домаќинка не се класифицирам, ама како "скитник" може "Каде и да сум дома да не сум" ми гласи парола Не знам за која зима се зборува и кое лошо време, ова не е ни зима, едвај и да застуде, ние се изнашетавме, а денес пак пукаше сонце цел ден Моево дете не можеш дома да го затвориш, вечно неистрчано и неистражено е, затоа и доби награда за "најголем истражувач" Најнеблагодарно во целава ситуација од Ковид ми е да работиш од дома и дете да чуваш! Тоа е измачување и за мајка и дете, секој пат кога ќе прочитам или слушнам не можам да сум рамнодушна.. Претажно ми е, аман нека се смири лудилово @TarantulaA @AngelOfArh не ја зезај @Ano гЉувче да чува Што милина има во него А и нашево има многу фенси куќарче, на два спрата со лизгалка Ано земи си ти желка најдобро, послушај ме, батали гЉувче и таа убавина Инаку тоа не се кондури, скраја да е чизми, ПАТИКИ Немој бебе да те чуе скар ќе ти биде и ќе те презбори Ваљда не е само мојов волку тежок на прифаќање нови ствари, зацртал дека он сем патики ништо друго не треба да носи Одлични се, ама врв се, многу убаво му лежат на нога, лесни, топли и непропустливи. Јас мана им најдов само на врвките, дека има врвки, пре би лепенки, ама па тоа е. За наредната зима ич нема да се мислам какви да купам, исти ќе земам, башка и да не бидат скрос "нови" нели Ангел подршка за диетите и секако дека до тебе е, не познавам ниту еден кој држел диета и бил упорен, а не ослабел! Од муабети не јадам ама се дебелеам ми е преку глава За тебе е, биди реална и дисциплинирана и ќе успееш, што се - 20кг @Alishan30 прво пиши, па читај ме Вечер мајки Денес голем ден, ја презентирав на моите идејата за детската На мајка во надеж дека избраното ќе е ок, како консултација. А на татко да каже дали се тоа е изводливо и може он да го направи. Уште подобри идеи дадоа, особено мајка за изборот на материјал И изгледа татко да прави е најдобра идеја, па ѓавол ипол тоа би ме коштало некој да прави, пошто и дрво ќе има Само има нешто спорно, нормално ништо не е подмачкано Сум замислила како да биде позициониран креветот ама прозорот ми смета, ми фалат 20см. Мајка дава куп идеи како да се изведе, ама ништо не ми штима, па ми светна генијална идеја да го поместиме прозорот Мм се согласи, само се огради од кршење и ѕидање, ќе закрпел може. Па утре ќе го известам татко дека прво го чека нова ѕидарска работа, пред столарската Упс измеѓу и инсталација ќе треба да пушта Викам јас, човеков поодморен беше кога идеше на работа Хм а мм даде идеја да се мењаме со собите, спалната е поголема, па е тек тогаш ќе можам и повеќе идеи да вметнам Ама ај не, мислам и спалната не би ја собрало, а може и да измерам па да видам Ама па има мм и работен стол внатре, тој никако не би го собрало.. Ама па можам во ходник да го ставам и како што е распарталено секогаш од листови би било одлично Може во шпаиз да иде или на таван А најдобро кај свеки доле да го симнеме и таму да му биде канцеларијата во некој ќош Може и до на светко работниот, па таман колеги Многу идеи ми дојдоа Него прееска му купив на бебе мастики "Чунга лунга" и тие нели со тетоважа. Епа на деде му залепи по една на раце и третата се мислеше каде и му светна ќелавката на чело кај деде и му ја шлапна За да биде поинтересно деде таков и во продавница појде пошто немаше избор Мене ми залепи една на рака и едвај ја извадив, кој знае татко како ќе се упристои Најнова изрека на бебе е "океј си е" па за се нешто ја употребува А вчера во еден момент ми вика "чичко Матер", прво не разбрав што вика, па го прашувам што му е тоа и ми враќа, тато вика така Абе ќе го потепав мм Ауууу јако ова, вчера на едната золва и кажа дека се викала "кума лиска" Кога се поцрвени тетка, аааа и викам баш те погоди, таа си На светковци 50ет годишнина им е за една недела, па золвава влегла во филм какво изненадување да сме направеле. Ни го претстави планот и јас и мм онака најладнокрвно и превртевме очи и и кажавме дека тие идеи се за 5ти роденден, а не 50ет годишнина од брак Не баш со тие зборови, ама кои глупости ги слушнавме Секако ништо од тоа, ниту другава золва не е придружник на фрик идеите, па фино чувме и ајде сега реално Оваа година на нас ќе ни е 10годишнина од брак Од врска 17 Минува време.. Ние старееме или созреваме Годинава ќе се разведуваат првите што се зедоа од друштво.. Деца се зедоа, деца свои деца чуваа и сите кога пораснаа развод.. Некој не созреал со годините, ами му текнало уште една младост да има, слободна.. Само среќа им посакувам, но тешко ќе е, веќе е, многу срам видов во тие 4ри очиња периодов, а нема потреба, живот е тоа, ни први ни последни.. Многу пишав, а мислев кратка да бидам, ме чека филм за гледање на Нетфликс. Го избрав "Wonder" да го гледам Што шамари знае животов да дава Ајде отидов, филм и спијам, утре нов ден со полна агенда Гушкајте малишанки
Добро утро,од 5:30 станавме ама бар дете ми презаспа до 7:00.. Него @emkaemka ме потсети со изреките...Моево се научило вик:"кога ќе кажам доста,доста е" хехе Тоа за храна кога пробувам да му увалам уште некој залак.А има и:"Не не,фала."-кога го нудам д ајаде хехехе Многу смешно звучи зашто детско гласче со по некоја буква фали а се труди на културен начин да ме откачи хехе Детска јас од лани направив,ама маж ја користи единствено ко работна соба и за играње сони им е.И играчките таму стојат.Јас уште не сум решила дете од мене да го одвојам) Ама па и кога ќе помислам до 2ипол доев, и со тешко срце го одбив,ова со двоење во своја соба исто тешко ќе оди. Него незнам денес што да се прави,многу дожд врне.... Имам намерачено едни ограчки да му купам...али па брзо мерак му проаѓа и што да трошам пари.Глабна игра му се некои постари алатки од татко ми..Што дете ќе беше,еве незнам...
Ау ние сме заљубени! Медена е! Сака да избега и цело време е во покрет да достигне некој раб од легенот, уште сме без кафез и затоа. Денес веројатно ќе стигне кафезот и ќе се дозаљубовиме уште толку. Вчера ми беше тешко да се активирам, ми беше малку мачно и не можев очи да отворам, ама денес почнав од рано. Само чекам саатот да чукне 10 за да јадам, пмс ме трга на најјако. У право @emkaemka со одлучност кој не ослабел, само у теорија е едно ама у пракса... Не викам дека не јадам, јадам, ама кога ќе ја видам другарка ми колку многу јаде, мајонез мачка на леб и крка за ужина, чварки цела зима се пукна од јадење, торта во секое време има дома, ми се темни, како бе јас да не ослабам... Здравје да се опраи и Водно ќе си го фатиме, пред Ковидов што убаво си се качувавме еднаш неделно. Доста беше, морам да сработам денес оти ќе се завлече, убав ден!
Одамна ме нема низ темиве, ама ај да се активирам. Бебе уште малку 8 месеци ќе наполни. Многу почна да разбира. Веќе кажува и мама, и така кога е радосен извикува еее. Да прашам дали ги храните на таа возраст или им давате сами да јадат парченца? Јас некогаш знам да му дадам лино смоки или бисквитчиња лобело ама му ги кршам. Слабо оди, рачето го јаде а бисквитката во тупаница стисната и нервоза го фаќа.. Глеам многу мајки со BLW форсираат, јас не би до толку да ми прави хаоси дома и да се валка, ама чисто така сакам некогаш сам да го гледам да си лапка, сладок ми е.
Бебе на боди и оние целосни лигавки под хранилка постели мушама или било што за ронките. Нема ништо позабавно од бебе што јаде само плус е многу по самостојно. Моето јаде вака од 8м
Жени, син ми е во 4ти скок. Вчера цел ден кенкав со постојано будење. Вечерта му направив масажа на цело тело и го успав. Се разбуди само 2-3 пати за доење и презаспа. Од 9 синоќа и уште спие. Јас по навика спиев само 4 часа и го чекав да се разбуди. Уште не ми се верува! Земав да се измолзам, градиве ќе ми експлодираат!
Кај мене од 12часот спие до сега, ја разбудив да цица, за да не ме болат градите. Исто 4ти скок е. Стави го на града, да ти олесни.
Ааа масажата била топ, значи Не го малтретирај тогаш, одмолзи се да ти олесни па пробај пак за 1 час ако не.
Еве го се разбуди откако се одмолзив, ама пак имав да го нахранам. Уште не можам да поверувам дека сврза толку саати.
Со какво масло правиш масажа? И каква масажа точно? Баш сакав деновиве да земам на Еуцерин или не знам какво.. Знам дека не си во Мк, ама барем за масажата упати ме, па некој друг нека ме советува за масло
Јас улјето на бекутан што го рекламираат за масажи Вака го масирам http://www.remedika.com.mk/masaza-na-bebinjata-od-glavata-kon-pristite-na-nozete/
И Еуцерин имам и некои други видови, земам што ми дојде при рака. Почнувам од стапалата и одам нагоре, масирам дел по дел и тивко му кажувам што правам и кој дел од телото го масирам(начин плус да го научам македонски). Се задржувам на мешето повеќе, кружни движења во правец на стрелките на часовникот и плус му ги "пишуваш" првите букви од зборот "I Love U". Малку чудна техника, ама не е случајна, им помага за грчевите, ќе се обидам да ја објаснам најдобро што можам. Првата буква "I" ја пишуваш од долниот дел на мешето, под папочњто, па нагоре. "L" ја пишуваш наопаку, односно од левиот дел на стомакот, па надесно, значи превртена. И "U" е исто превртена наопаку, почнуваш од левата страна доле, се движиш нагоре накај желудникот и после надоле надесно. Се надевам ме разбра. После масирам рачиња, дланки, се' со нежен притисок и благо и внимателно растегање на екстремитетите. Го вртам на меше, и му го " пеглам" грбчето одоздола нагоре со благ притисок, особено внимателно кај' рбетот. И чешкање, нежен допир низ цело тело, ако сака. Му следам реакции цело време, гледам дали му се допаѓа секој потег, ништо присилно, целта е да го релаксираш и опуштиш. Пригушено светло и тивки, приспивни песни. Успат му дофрлаш неколку пцовки оти го третираш како принц и му се закануваш да те слуша кога ќе порасне.
Не мора баш тој метод, ама многу е битно да јаде сам. Макар и смоки. Така се вежбаат прстите, сенс за тоа каде му се усните, како да ги движи прстите за да стави во уста. Прочитај за сензорни активности во 8 месец. леле го чекала будна да стане. Има и веледа масло, прекрасно е. Јас го масирам по секое бањање, кога колку дозволува.
Синето пак се изнаспа од 9 до 6, со 2-3 будења за јадење. Ова четвртиов скок позитивно ни влијае засега. Го однесов надвор на снегот на долга прошетка, сега урла хепи целиот. Него јас што глупост направив... Читам сладоледот поттикнувал лактација и земав да сркам со лажица директно од кутијата. После кило сладолед си викам "ова ми нема логика, зошто баш сладолед? Поради кои состојки?" и земав да препрочитам убаво. Не бил сладоледот, туку сладолед со ОВЕС, овесот поттикнувал лактација. Ајт у пичку матер! Отидов си купив млеко од овес и кило и пол овесни снегулки. Ќе ви кажам ако има резултати.