Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.914
    Допаѓања:
    18.800
    Пол:
    Женски
    @PurpleMind кај мене овесни снегулки прават бум, посебно во комбинација со јогурт. Пробај ја комбинацијата, додади и семки за подобар вкус. Знам дека имаш проблем со лактација, можеби ке има подобрување.
     
    На Izzy_0504, azelea и PurpleMind им се допаѓа ова.
  2. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Неќна за првпат измолзив над 100мл млеко, ама ова беше откако беби сврза неколку часа.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.914
    Допаѓања:
    18.800
    Пол:
    Женски
    Супер, кога ке заспие подолго, молзи, ем да ти е полесно, ем за лактација. Иако, и да не молзеш количински, не значи дека немаш млеко.
     
    На PurpleMind му/ѝ се допаѓа ова.
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.293
    Допаѓања:
    6.817
    Здраво мајки
    Еве да пишам малце додека пијам кафенце.
    Овие денови синко без мака го успивам не е како претходно со плачки и вриштење. Ми се чини дека детево колку што знае да плаче за спиење за ништо друго толку не плаче.
    Спанко,како мајка му ист ако може да се поспие.:yawn::$
    Со јадењето сме добри, си го сака шишето си пијуцка, му зголемив доза од страв да не не е најаден. Ми качува на килажа мора и доза да се зголеми, си бара повеќе.

    Од друга страна јас се чувстввам одморено, иако синко си е захтевен јас имам многу помош околу мене,особено од маж ми.
    Е да ми речеше некој дека вака ќе гледа да се одморам и наспијам немаше да му верувам. Си доаѓа од работа јаде и мене ме праќа на спиење тој да го чувал:rofl:. Јас спијам в спална од 8 до 1 вечер а тој си го чува.После јас доаѓам и го преземам па тој спие. Некогаш и свекрва ми доаѓа да го погледа ама претежно е тој сам и не се жали. Не ни треба никој доволни сме ние 2цата не само за чување, за било што. Да имаме ние слога и љубов друго ништо не треба.
    Спрема тоа колку се каравме порано и колку за ситници не зборевме со денови сега е сменет милион посто.
    Така нека остане вака повеќе го сакам. :)
    Следно на листата работи што сакам да вратам како порано е здравата исхрана. Ми фалат смудињата што си ги правев порано во бременоста.Имам цела тетратка со рецепти за здрава храна. Морам да почнам, осеќам дека крвта ми е ослабена.
    Дури да се убедам дека имам време за ова ќе почне синко со кашички и ќе гледам прво за него да направам па после за мене, а тоа значи нема време.
    Калимеро - нема правда:D
     
    На marchi-cool, thelittle17, Coco31 и 24 други им се допаѓа ова.
  5. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Денес бебка беше на вакцина ,аман веќе срце ме боли кога ќе ја боцнат значи...:(
    Бевме и кај матичната педијатар како на контрола т.е највеќе за да прашам за немлечна дохрана што како .:smirk:
    Супер си напредува по докторката ,мене мајка ко мајка се ми е малку :D.
    Битно косето на пет месеци веќе ни е со три прцлиња инаку смета на очињата :emo:.
    Ноќеска си ја земав до мене ,уствари има околу две недели како ја земам така ,откако залади и ладно ми е да седам кога цица решив да лежам :wasntme: знам лошо правам може да се навикне така ама љубов бе :inlove: еве сабајлево со гушкање ме разбуди :l:. Преубаво ми беше:sun:. Колку лета времето ,како вчера да се роди а за само 4 месеци треба да се вратам на работа ;(. Ич не сакам :doh:
     
    На Coco31, Milkiway, Monella и 21 други им се допаѓа ова.
  6. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.160
    Допаѓања:
    40.522
    Пол:
    Женски
    :hai: само накратко да пишам додека чекам машина со чорапи да заврши да ја префрлам во сушара. А ми се плаче ми се спие.

    Морам да го пофалам мали, помина две посети на стоматолог.
    Пред една недела јадеше пуканки и се пожали дека го боли запче. (не ми се верува заглавив на заб - забче или запче, ми се помати паметот(facepalm)). Исчеткавме убаво и престана. Е вчера пак изреагира со кика бонбона и време беше за на стоматолог. Таман беше на гости кај мајка, мм го зема и директ во ординација на запознавање. Детево мое дури и воодушевено од целата вселенска опрема таму:rofl:. Отворил уста за проверка без проблем, им раскажал за човечкото тело и го испратиле. Е арно ама заборавиле да му ги покажат бормашинките, па денес мораше пак да оди. Денес уште поарно поминал, ги видел сите апарати и бормашинки, докторката му ги вадела црврчињата од забите. Среќа нема расипани заби ниту кариес. Само еродираните забчиња ќе ги средуваат за да издржат додека дојде време за менување. Денес средиле мали точки на 4ки и ставиле малку пломба. Наредна недела ќе одиме да ги средиме и 1 и 2 и да биде уште поголем лепотан на мајка:rofl:. Кутро дете со пола запчиња е напред:(.

    Јас и не сум толку против глувче, ама татко е строго против. Јас во детство секое лето го поминав за село со едно чудо животинки и “глувчиња“ па не ми е проблем, имам страв само од водни змии8-|. И така тоа отпадна. Се мислев и за пиле, ама брат ми има и нешто многу не го интересира. Не дека и желка ќе му биде хит, ама бар сама се чува и не прави ѓубре по дома. Кај риба, таму и желка ќе чуваме. Ова ќе видиме, ако се одлучиме.

    А за кондурите, кхм се извинувам, патиките утре маж има задача да ги донесе дома. Туку ако не ти е проблем да ми кажеш броевите во однос на адидас или најк како се. Да не го враќам многу да ги менува:rofl:. Мојов што сакаш облечи му, нема да изреагира. Додуша за едно блузе за нг кога му го извадив прв пат, децидно кажа не и не сакаше да го облече. Ама и тоа кратко траеше, после тоа сам го побара:rofl:. А да и едни чизми кога беше годинка што му ги спремав за на снег кога бевме прв пат. Од тие плачеше. Ама плачење не сте виделе такво. Само да ги здогледаше во некој ќош по дома одма рикнуваше со солзи. Кутро дете, кој знае што си мислело тогаш.

    Инаку да знаете како си го светнав лицето. Едно чудо препарати купив послендиве два месеци и конечно има видливи резултати. Последнава недела откако почнав и хијалуронска да ставам ми свети, дали од неа или се што шлапам конечно си го покажа ефектот. Незнам само како и кога ќе испотрошам се што сум изнакупила. битно таму стабилизирав, сега друга опсесија ќе си барам:D. Уствари уште за спф не сум го решила проблемот. ниту има избор што да се купи, а особено тешко за моево комбинирано лице со масна т зона. Да биде природно, да не ми е масно, и да е добро за под пудра. Е кај нас такво нешто не постои. Ќе морам да правам компромис. Најверојатно на ставка природно ќе падне во вода, бар за сега додека не отворат границите па да видиме кај комшиите што има или некој од странство да носи.

    Се распишав пак. Да одам да видам машината до кај е, ми се спие многу.
    А и утре петок имам многу работа, а и последен ден на работа од дома. Од понеделник не враќаат на работа, само со резерви, а јас ради позицијата морам назад, немам избор и да сакам:devil:. Да се разбереме, си ја саккам работата и полесно е од канцеларија, ама помислата дека пак ќе се собереме на купче:worried:. Ќе си барам друга канцеларија, ич нема да си ќутам:D. Не дека ќе ми дадат, ама јас ќе си кажам.

    Имајте убава ноќ мајки:f::f::f:
     
    На marchi-cool, fairy88, girl-miri и 20 други им се допаѓа ова.
  7. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.979
    Допаѓања:
    112.619
    Пол:
    Женски
    @Ano со Адидас се исти калап :)


    Во сред ноќ мајки |-)

    Сум заспала со бебе во 20ч и сега станав свежа и наспана :smirk:
    Не знам што да правам, дали да чмаам во темно, да гледам филм или што знам, битно чипс јадев и пепси се напив :$
    Ќе биде долг петок ова :yawn:
     
    На eli25, Coco31, Milkiway и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.886
    Ехх син ми се разбуди во 5;20, па ај цуцла бутав, па гушкање едвај до 6:30 некако се мачевме и станавме.. Што убаво сам си спиеше во креветче, ама јас уморна не ми се лулаше последните 2 месеци и ај ќе си го земев до мене и без проблем си преспиваше цела ноќ.. Веќе почна грб да ме боли и ишијас ме фаќа.. На гарнитура се тесниме.. Едвај мене ме собира, па и него кога ќе го земам ептен е тесно стуткани сме... Да ми поминат испитиве и ќе го тренирам 3-4 дена за пак сам да спие.. Не можам ќе се искривам целата.. А кога ќе рикне да плаче одма морам да го земам до мене оти сите ќе не разберат, ноќе многу е погласен... А сум пробала да лулам и да го оставам и или одма отвара очи или после 10 минути.. Денски сам спие, ама ноќе никако не успевам. Мора да го истренирам не оди вака... Што убаво веќе 2 месеци не бара млекце навечер, ама па мене ме бара...

    Инаку кафе испив, сега го лулам му се спие пак.. Долг ќе биде денов осеќам. Многу сум уморна и сите коски ме болат :(
     
    На marchi-cool, eli25, thelittle17 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    22.771
    Пол:
    Женски
    Добро утро,како сте?
    Ја еве разлистувам некое списание мајка што купила,а дете со неа се занимава...Добив смс од учителката,да сме се проискажале кој ќе пушта дете од март со сигурност..Ја си плаќам оној паушал..ама у моментов да пуштам дете некако ми е too much...Мислам и дека не е фер ваков притисок да се прави,особено уредно кога плаќам.Е сега чекале други деца да почнат..Ама тоа па не е мој проблем,него на општината-нека ја проширАт градинката.Нели,секој за себе си мисли.
    Тотално разочарување ми е државава,ништо не функционира ко што треба.И после зашо се одселувале ситуирани луѓе,со добри примања...
    Позитива ми е детево,син на мајка<3 И него му е досадно,срце мајкино,ама ете така налага ситуација....
    Останете поздравени ...
     
    На marchi-cool, eli25, Coco31 и 15 други им се допаѓа ова.
  10. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Здраво мајкички се надевам не сте ме заборавиле,зашто јас редовно ве читам ако ретко пишувам:) Синче замина кај мајка на гости во последно време сам бара да дојде да го земе да спиел таму ,заклучок ми порасна детето ,а и досадно му е многу дома по цели денови се едно те исто ...искрено со душа чекам да почне во градинка ем ќе се социјализира ем ќе му биде исполнет денот :) Бебка наша расте за некој ден прави 7 месеци ,да се пофалам и излезе првото забче :D се надевам лесно ќе ги вади нема да биде ко бато нејзин .Колку се различни со батко и чудна работа неспоредливи се .Бебка искрено овие денови ме измачи одвај ја заспивам значи не сака да цица се тегне се исправа ,ни со нишкање никако ,чекам ептен да капне да се премори па да и дадам да цица да се најаде и да заспие .Другото секојдневие ни е се едно те исто ,деновиве ја запишавме бебка во градинка негде околу 10-15 март здравје тргнуваат во градинка ќе бидат во различни градинки со брат и ,па малце ќе ми биде комплицирано со разнесување поготово кога ќе почнам на работа ама што е тука е ќе се снаоѓаме .Да се пофалам маже ми купи нова кола ,бидејки старата ми ја продаде летоска не чинела веќе :) Да ја споделам со вас и веста која ми го разубави денот ќе станам тетка :dance::party::inlove:
    Толку од мене честитки за сите родендени и останати поводи за славење од мене :)
    Убав викенд :f:
     
    На marchi-cool, ma4e1311, girl-miri и 28 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.174
    Допаѓања:
    111.271
    Пол:
    Женски
    Хола мамаситас!

    Нервозна, да ме касне куче ќе побесне. Не знам зошто, пмс помина. Дете беља врз беља. Маж се понаша ко дечко со хобиво негово, само на тоа мисли. Вчера преспав на пладне, станав со главоболка, пиевме какао, пола какао ми истури на маса. Мислам дека почнувам да губам нерви со него. На работа имав ултра тешка недела, многу работа, не ми одговара ич ова смена во недели ама ај. У понеделник ќе одам да сработам нешто набрзинка ако успеам, зошто работам 2 работи, ама само едната ја форсираат, втората на стенд бај а мене вторава ми е побитна, имам многу работа, не може да чека. Еден рок ми е 3м пробиен, можам казна да попијам. И така решив понеделник да си отидам само да ја завршам таа работа па ќе одмарам после.

    Правосмукалката се расипа, од Топ шоп беше, многу ми беше погодена, арно ама се расипаа и другите работи купени од таму и скроз се разочарав од процесорот и реков веќе Топ шоп не ме гледа, непрофесионалност скроз. Се мислев само за Шаркот искрено ама упола цена земавме друга и ко за прво смукање добра е. Така да за овој живот со Топ шоп сум завршила, а бев нивен верен потрошувач, имав купено многу работи, ама со мене се откажа и мајка ми, и сестра ми, и свекрва ми, и золва ми, и стрина ми, цела фамилија им ставивме Х и секаде кај што можам ќе ги оцрнам. А квалитетно се мислам за процесорот и една пријава во ДПИ да им стегнам, оти се фуш невиден. Да ми помине ова нервозава само, да не ми е моментално само ова мислење :D

    Дур ви пишувам дете заспа, ќе пикнам сега една манџа да се вари, посно грашоче, ќе сварам кафе и ќе читам книга после. Имам малку работа, да пуштам машини, ама за пола саат ќе му ја легнам сигурно.

    Убав ден мамаситас!
     
    На marchi-cool, girl-miri, 0ли и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Мајки со две дечиња, ајде малку помош :D

    Колку време им требаше на поголемите дечиња да се адаптираат на бебе дома?
    Малата е среќна дека имаме бебе,ја гушка и бакнува, ама и не одбегнува.
    Бара да оди кај бабите, да не е со нас, кога бебе плаче и она плаче уште посилно и не ми дава ни да го соблечам ни ништо, не сака да му давам да цица, да му го бришам папочето.. накратко,ништо не дава.
    Сабајлево почна да плаче да земам да ја нишкам а само што бев почнала да ја дојам малата, и зема татко и шишенце млеко и даде да се смири големата.
    После колку време се стабилизира ситуацијата? :|
     
    На fairy88, TarantulaA, thelittle17 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    На кратко сега после поопширно.
    Една година има беба,уште постои љубомора.
    Наоружај се со трпение:D
    Само што мојава не се дели од мене.
     
    На Hope 28, fairy88, 24.07 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    @Chanell* вклучувај ја колку можеш во обврските околу беба.
    Давај и таа нека фрла памперс, додека доиш нека седи покрај тебе и за тоа време читајте некоја книга.
    Може исто да учествува додека ја бањате малата.
    Ќе ви треба малку време додека се навикне на новиот член ама потоа нема да има проблеми.

    Кај нас разликата е поголема па јас немав таков проблем, напротив.
    Синко ептен зрело се понаша, кога и да заплаче малата бара начин прво да ја смири со играчки, кога не му успева ме вика ако работам нешто и ѝ вика ,,не плачи, сега ќе цицаш,, :D
    Баш заради овие причини сакав поголема разлика во годините кај децата.
    Е тоа што остарев чекајќи не се важи, важно успеав 8-|

    Добар ден сега.
    Кај нас тмурно денес.
    Дете се жали на болка во грлото, таман реков зимава ќе ја поминеме без болести, оп Џек пот.
    Домашно напишавме, прочитавме и сега слободно може да играме и шетаме.
    Маж на работа денес цел ден.
    Јас се мислам што за вечера, по се изгледа само со мислењето ќе си останам :D

    Беба дреме на цице, сака да се мази :inlove:
    Секој ден поинтересна станува, почнува да разбира.
    Најубаво ми е тоа бебешко кикотење на глас, многу се радува на брат и кога ја закача и само му се смее :inlove:

    Се гледа дека хормоните ми се разиграни на големо :lol:
    Добив за прв пат после пораѓај, косата ми паѓа како луда, лицето почнав да не си го бендисувам...
    Хаос сум, не сум млада ама зошто да сум грозна :rofl:

    @elcezelce да се редат бели како бисери, со здравје да ја возиш и новата кола и да бидеш горда тетка.

    Убав викенд мајки :hug:
     
    На marchi-cool, fairy88, MacenceEna и 26 други им се допаѓа ова.
  15. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.292
    Допаѓања:
    19.098
    :hai:
    Не сум пишала одамна. Ама еве мажов ќе готвел ручек, бебе има нова играчка си се журка во креветче, куче спие, а ја ѕверам во тв.
    Овие денови имам тешка мигрена па мм е околу бебе цело време. Он станува ноќе и сабајле го зема да не вика па јас тек накај 10-11 станувам. Само сон ми помага. Цела аптека испив џабе. Имам и други симптоми што наводно упатувале на корона(facepalm) ама ќе видиме. И да е тоа, добро е што нигде не бев и знам дека никого не сум заразила затоа што цело време сум со маска.

    Гледам фотки од пријатели на Маврово, луѓе гунгула е игла на бачило нема кај да фрлиш секако еден нема со маска. Ама па повеќето што ги знам прележаа кога ќе видиш тоа е.

    Кај мене ништо ново затоа и ме немало. Бебе е сега поинтересен се смее,комуницира, сака да игра сака да е зафатен да го забављаш но најважно од се е што игра сам. За спиењето не смеам да се пожалам врзува без проблем 6 7 саати веќе од полноќ до 6ипол 7 без проблем спие. 8)
    Денски исто си тера дремки иако мора да го успиеш а ноќе заспива и презаспива сам. Некогаш ќе се заигра со играчките па ете го заспал :D душа е нека продолжи така што му е работа освен да расте.
    Сега дури ручаме за да е мирен го ставаме во транспортер во количка и со нас на маса седи и многу е смешен како залаците да ни ги брои. Не оти разбира ама валда му е интересно што е тоа што правиме :rofl: постојат и други нешта освен млекце :angel:

    Постов хаотичен :hug::l:
     
    На marchi-cool, fairy88, ma4e1311 и 21 други им се допаѓа ова.
  16. sun995

    sun995 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2017
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    1.140
    Пол:
    Женски
    Mami posle kolku vreme dobivte posle priroden poragjaj kolku dena vi traese i dali vi bese obilen
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.886
    Добро утро. Јас пак од црни зори будна.. Малиот до мене спие и ќе ме клоцне ќе ме разбуди и си стануваме во 6-6:30 (пак не се жалам, знае некогаш и во 5 да се размрда и ако не добие цуцла истата секунда мора да спремам АД).
    Утре имам испит, морам да читнам нешто денес и да зачистам дома бидејќи деновиве мм го утепаа со трети смени и цел ден спие не смеам да чукнам одма се буди, па цел ден седам долу кај свеки. Денес е слободен, па нека се наспие потоа ќе потсредам, а утре е прва смена, после мојот испит ќе правам генералка. Многу бев против дубак и џампер, ама откако купивме раат сум, бебе весело си трча , се смешка.
    Барав работа од дома за да си пополнам време, ми кажаа ќе ми се јават од февруари ако има нешто, па ете чекам..

    инаку @AngelOfArh не е топ шоп крив моментално има ретрограден меркур и се очекува бела техника, мобилни телефони и секаква електроника да се расипува и магично да откажува. Тоа малку ме плаши бидејќи кога беше ретрограден меркур накај октомври минатата година јас залепив 700 евра за телефон и после 3 дена магично на линија престанаа да ме слушаат од другата страна, го однесов во Мобеликс се чудеа, не веруваа, такво нешто немало се случено, го сервисираа 3 пати и пак ништо не се промени, важела гаранција, па не важела, па со закани за тужби и инспекции ајде дадоа нов после месец ипол..
     
    На marchi-cool, babyboy1 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Сериозна си со муабетов?
     
    На fairy88, TarantulaA, 0ли и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.886
    Да. Се консултирам со професионален астролог, не читам фејк њуз по интернет. Скоро правев натална карта и тоа ми го кажа. И сега следам астрологија почесто.
     
    На MilaSs12 и kukla21 им се допаѓа ова.
  20. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Еве јас моментално имам добиено за прв пат после пораѓај, има поминато 4 ипол месеци и царски сум (не знам дали менува нешто)
    Мене ми е ептен оскудна, едвај по една влошка преку цел ден, само три дена и повеќе кафеаво отколку свежа крв.
    Се надевам од наредниот месец ќе се стабилизира.
     
    На fairy88, Ava.84, 24.07 и 3 други им се допаѓа ова.