Честита слава и вековито името на тие што го слават светецот Атанасиј. Среќен роденден на Емили секогаш нејзиното лице да зрачи со насмевка @FreeMind Денеска и на Маже му е роденден, леле жени како поминуваат годините. Зарем почнуваме да старееме, не ми се верува дека го слави 35тиот роденден. Му викам ти веќе старееш, но јас те помладувам.... Помала сум од него 6 години. Ги чекаме мојте на ручек,секој момент можи да дојдат. Ама овој пат ништо дома не спремав се купив готово. Маже направи скара, купив готови салати, испеков две паковки лиснато, мајка погача направила. Торта сакав да направам, но маже не ме пуши да се" мачам" а така се маткав низ собите. Ем поевтина ќе ме беше, ем повкусна. Ама тоа е кога ме предомислува. Стигнаа.... Одам...... Имајте убав остаток од денот.
Мене 20 дена ми касни.. Ако ми касни де. После пораѓајот 5 месеци крварев без прекин. Потоа 2 месеци имав нормална менструација, и еве од 11 декември немам добиено. Дали е ПЦОС пак или друго нешто не знам.. Ќе мора на гинеколог, да завршам со испитиве и ќе мора... Бремена не може да сум (фала богу) односи сме немале од крајот на ноември, потоа добив во декември и до сега ништо не сме имале така да здравствен ќе да е проблемот..
Да.. Додуша една година пред да останам трудна бев на контрацептиви бидејќи пред 2 години ми открија ПЦОС. Ми велеа дека по породувањето ќе се средело.. Ама не.. Деновиве ќе одам хормони ќе испитам, па потоа на гинеколог..
Читај и ги постовите на @Jana06 има и во 40ка уназад некоја страна за ова пишувано. Пребарај во search
Кај сте море мајки? Слабо пишувате, бога ми и јас. Немам што да пишам, да се пофалам/пожалам, same old, same old. Ме тагнала Милки, па си реков ај да шкртнам. Инаку, месецов на време си добив ама пак поплава. Вчера му викам на маж дека мора да ми биде поддршка да го одбијам мали од доење и да си почнам терапија, па и јас имам душа. И ајде легнавме, 2 пати се разбуди за цицање, абре какво одбивање не дигна сите од спиење. Плачки, плачки... А кај моите сме на гости и нив ги разбуди. И ајде попуштив, дома ќе почнеме процедура. Не одлучив да го одбијам сега, само сакав да видам како ќе реагира ако не му дадам цицка. Боже ме сачувај Па како за инает, овие два дена и денски цица и тоа кај мене во скут седнат. Ме потсеќа на едно видео на фб што го видов, бебе си земало лепче ќе си гризне од него, па ќе си цицне Попара Беба ми е љубов, го обожавам ептен е интересен, се газиме од смеење. Лази низ цела куќа, апаратите што брчат му се омилени и пуштаме правосмукалка секој ден. Почисто кај мајка ми не било. Фен, блендер, миксер значи буквално сите ги обожава. Па се шетаме секој ден си спие по 2 саати минимум во количка, па во дворче ги гњави кучињата по цел ден, ги кубе, ги влече за уши. Срциња овие две, го трпат. Хајлајт на денот, првпат рече 'баба'. Абе мајка ми е цела радости, го учеше два дена и го научи. Јас сум среќна зашто почнав да слабеам, не сум седната, а и немав баш време за јадење. Затоа сега кај мајка ми јадам како стока. Се запуштив малку ама готово, морам да се вратам во нормала. Отидов прво се шишав после една година, до половина ми беше косата. Следно морам гајтан веѓите да ги опраам и да се издепилирам. За срамота сум. Утре вадам умник, преплашена сум. Ај што мразам да одам на забар, па и заб првпат ми се расипува, а и никогаш не сум вадела. Само одбројувам саати ама многу, премногу ми е страв. Подобро да си легнам, да не мислам. Ве поздравувам сите
Јас само требало да се пожалам.. Еве утрово добив. И сега моментално маж ме кара оти многу цигари пушам. Инаку на кој ден се испитува хормони? Немам проблематична кожа, а се нафрлам акни... Се сомневам на хормоните..Синоќа такви јаки болки имав во горниот дел на стомакот.. Не знаев што ми е.. Пред менструација имав во долниот дел, ама долниот дел од стомакот после царскиот не го чувствувам никако, ниту на допир ниту никако.. Дури и стомачни правам па не ме заболува.. Синоќа си плачев од болки, мм се загрижи сакаше на брза помош да одиме.. И така тоа имам да се пофалам оти менструација утрово си добив, а да се пожалам имам од ишијас. Ај убав ден, ќе пишам покасно. Темава згаснала некако, сите мамички зафатени нема време за пишување..
Земи упат од матичен и оди на 3ти ден да испиташ хормони. Мада се знае твоето, доволно е на ехо да те види тој доктор што те следи подолго време и ќе знае дали си за хормонална терапија.
И јас мислам се знае, ама морам да одам во болницата на гинекологија, матичниов е многу самобендисан и нема да даде упат. Ќе си одам јас на 3ти ден во среда ќе ме боцнат, па после со резултатот ќе видиме. Искрено ме плаши и тироидната да не е.. И тироидни хормони ќе побарам да провериме..
Здраво од тазе мајка на две прчли Прв пат да пишам после пораѓај овде, а мислев ќе немам време за телефон никако Бев преплашена како ли ќе ни изгледа новото секојдневие,посебно првите денови. На тоа спиење со ќерка ми,до 11-12 на пладне, да кажам супер ми дојде променава со помалку сон Будала. Ама стварно ми сметаше толку спиење Бебе ми е ко маченце Спанка,душа моја. Станува си цица, ќе си разгледа со тие очиња бадемчиња, ќе си ја земам на гради,пуштам бели звуци и заспала. И за навечер,сеуште не е “проблематична”. Грешка мала што ја ставам да спие со мене, ама морам за да не ја буди дадата со плачење си мислам ако ја ставам во креветче ќе се разбуди и големата во сред ноќ па кој попрво да го нишкам.. Синоќа малку имавме повеќе плачки, ама си затера до 11 на пладне, еве ја пред малку пак ми заспа. Дада кај баба и замина, да си поигра, јас конечно малку на раат да го погушкам бебето. Душата ме боли за нејзината љубомора Сакам времето да застане и да поуживам во спиењево на гради на бебе и гушкањето, ама сакам и да поминат месеци за да ја прифати сестричката и да се израдува како треба. Ме тегне да си играме, бебето нека си лежело само, му дава мече па му вика да се гушкале, мама за нејзе си ја резервира. Ја гушка,гали, ама само кога сме сами, и ич неќе да и се пререче да биде понежна. Тогаш во секунда се фрла на земја и плаче,липа, се лути што и рекле да пази.. Па ја земам и гушкам, и објаснувам.. знам дека ме разбира ама знам и дека чувствата и се испомешани, мисли ќе ка дели мама со бебе, ќе немам љубов и време за неа. Си плачам кога спие или кога сум сама, срце ќе ми препукне што така прави. Маж е задолжен за бебе повеќе, јас со дадичка. Играме, се гушкаме, јас да ја нишкам и заспивам, само и само повеќе внимание да и обрнам за да не се осеќа така. Ќе помине, нели ? Воглавно убаво ни течат деновите засега, бабите и двете се постојно присутни, ако не за друго бар да ја земат големата да ја поиграат, или да ми праат друштво за кафе па ја играат дома.. Јадење свеки, алишта свеки или маж, мое е да бидам максимално релаксирана и посветена на децата. Реков, овој пат нема да има нервози и депресивни епизоди, ќе ја користам помошта која ми се нуди. @mssuniquee Баткото има вакви испади? Како ја прифати промената? Само за ова читам деновиве, и зборам ко навиена, ајде нека минат две недели па да се пофалам со позитивна промена.. Останете добри, одам да го допијам кафето.
Добар ден мамички Ме нема во темава можеби две недели немам време да пишам и гледам многу ми се насобрало и за читање 5ти скок ужас ми се плаче Кога бевме 22ра недела почна да кемка на све, ништо не му одговараше па бевме на викенд топ си поминавме бебе таму се изнадише планински воздух па и си фати некој ред во 22часо веќе е заспан.. Па извадивме две запчина во рок од 5дена од кој второто не измачи со покачена тт 3дена.. Но за среќа се среди се Но еве последна недела од 5ти скок бебе два дена кемка постојано, не ми јаде само успано кога ќе е му давам млекце.. Каши смо правам и по 3-4лажици и толку се само фрлам.. На се му е досадно, а буквално све има све му имаме купено за да се забавува да му е интересно, но не бре само да се кемкало готово психички ме тепа и само враце, а машала веќе тежи, не си ги осекам рамената, а и нозете само да се шета никако во место.. Во кенгур не сака во последно незнам што му е.. Џампер му купив по дозвола на ортопед и реков раце ќе ми одморат, не бе дали ќе поседи 5мин и тоа јас пред него да го занимавам.. На подлога со играчки пак до него да му подавам да му зборам сам нема шанси, а и тие 10мин и кемка, во храналка не иде предвит да седе, ајде уште една подлога што ја имаме со висечки играчки не ја ни погледнува само што ќе виде дека го седнувам и почнува да плаче, во релаксатор издржува цели 10мин ако гледа тв иначе не, во кревече нема шанси ако не спие така да полежи има над него играчки свират, вртат џабе луѓе.. Незнам може не спомнав уште нешто али на све е пробано во последно дали е од скоков, дали од запчина незнам али само кемка, само плаче... Сите ми викаа ајде ќе потпорасне ќе имаш време за себе појќе.. Напротив немам воопшто кога правам каша тој со мене во кујна, ручек исто, се капам со него, немам 5мин слобода.. Едино кога спие, а тогаш гледам да расфатам, да средам.. Се надевам дека е период иначе ќе побудалам Немам ништо паметно да кажам едино периодов се осеќам буквално што и да правам како да грешам негде и не оди Досадна сум Убав ден на сите
@Chanell* ти си пишуваш, јас си плачам. Е, така емотивно го доживеав твојот пост за сестричките Мислам дека набрзо ќе бидат добри, рано е уште. Давај и заеднички активности околу бебето и ќе навикне. Едно браво за мајка ти и свекрва ти, па и маж ти. Ама за нив најмногу, многу посакував барем некој да ми зготви и прати јадење, ама не, се сама, се навикнав не дека не, ама многу поопуштена би била тогаш. Вака, нонстоп мислам што да се јаде Сега за сега толку, да ставам ручек дур маж ми ја чува малата, па кога ќе заспие ќе пишам повеќе за нас
Еве и јас прв пат да пишам во темава малце да се пожалам. Што убаво ми беше додека маж ми не одеше на работа, сега почна пак и од јутра до сутра е на работа па јас така сама со бебе го поминувам цел ден, деновиве е нешто ќенкав и до ништо не му е, сака повеќе во раце и да го шетам низ соба, ниту сум јадена на раат, ниту можам во вц да отидам од него. Многу значело да имаш помош околу бебе, а претходно цело време му пребацував на мм како ништо не прави, а правел премногу, дури сега гледам. Друго се сме океј, фала богу скокот што не му го изремети ноќното спиење, бар ноќе да можам како човек да одморам и да се наспијам. Уште малце ни следи 4ти скок и многу се плашам од тој од што читам како сите се жалат, а до тогаш ќе гледам максимално да одмарам и да се наоружам со трпение и живци, потајно се надевам дека нема многу голема промена да имаме. Имајте убав ден мамички.
Ај и јас да шкртнам нешто за моето секојдневие со двеве деца додека бебе спие. Моментално со дадата цртаме 3 д форми,така користам време и нејзе да и посветам,или кога бебе цица она седи до мене и читаме или решаваме нешто ,смислуваме игри,а поручек маж превзема со големата,па и со бебе. За дадата немам што да се пожалам, многу е разбрана и не покажува љубомора, напротив полна е со љубов, многу ја сака бебушка,ја гушка нон стоп и ја бакнува,ако заплаче она и вика "сега дада ќе дојде",мислиш нејзе ја бара, ептен е навлезена во улогата на голема сестра,сака да ја пресоблекува. @Chanell* ќе помине и кај вас сепак е малечка твојата,мислам и треба време,вклучувај ја и нејзе со бебето. Јас некако овој пат подобро се снаоѓам околу бебево и покрај тоа што со две сум сега,ама некако не сум толку под стрес како првиот пат,решив дека ќе уживам со бебе и нема да се потресувам на секое зошто плаче или дали цица,дали не цица . Имам помош и од бабиве преку неделата ,доаѓа една највеќе ради големава што мора некој да ја носи и земе од училиште,па ќе зготват нешто топличко ,ќе испегла алишта за бебе и дете, бидејќи јас сум со бебево цело време на града,па додека затопли и порасне малку така ќе бидеме после ќе се расправаме сами. Воглавно супер ни е,уживаме женско друштво по дома,а и тато се топи со женскиве,посебно многу се во љубов со големава да не се осети запоставена,после работа се тандем со неа. Бебе затера нешто со спиењето па таман ми дојде одморов. Поздрав мајки,па се читаме.
Арно рекле за првото се тресеш, а за второто како даде Господ така, во смисла дека не се замараш толку многу што му е и како му е.
@Chanell* првите недели синко беше лепенка за мене и бебе не се двоеше од нас, бебе цицаше од една страна он стоеше залепен од другата како боемски цицал и он. Го вклучував во се иако пелената ми беше на дофат го терав него подај ми пелена, подај ми влажни, подај кремче, кога ја бањавме и него со нас, а од кога почнав да ја легнувам во коритце паралелно ги бањам него во када, бебе во корито. Трпение само додека бебе спие јас постојано со него се гушкаме, играме се занимаваме, сега кога бебе веќе почна да лази да е поинтересна он сега почнува да покажува љубомора, пробува да ја стисне, да ја гризне сега пазење ептен многу треба, мене најтешко ми било ноќе напочетокот бебе со грчеви ептен мака имаше и до ниедно време во раце сум ја држела, а синче не заспива без мене и така со двете деца не сум легнала никогаш пред 12 12ипол.
И да знаеш така е,и во бременоста бев порелаксирана.Јас дур се тресев детево ми порасна,будала не сум знаела да уживам со неа повеќе,ама затоа сега ќе надоместам
@Chanell* Ние на малиот после секоја контрола му купувавме играчка демек сестра му му купила и цело време уште од тогаш ја бараше, каде е кога ќе дојде И сега малтене е воодушевен само ја бара, сака да ја гушка, заедно ја бањаме, па он ја мачка со крема. Мераци негови Искрено и ние се плашевме но засега не покажува љубомора, тс во почеток два пати ми кажа " Остави ја, дојди со мене до кујна" Еве ги моментално дур бебе спие ти цело време со неа, многу гушкање ке помине дур се навикне И моја грешка што спијам со двете деца. Ни едно неќе во кревет. Дали е до мене, дали они сакаат близина не знам.. Синоќа таман ја легнав во креветче плаче. Тоа некст то ме креветче одма го тргнав, не ми одговараше никако.
Јас мислам најмногу зависи од карактерот на детето. Сепак и возраста. Мојава не беше одделена од мене се до денот на раѓање. Го пречека бебето со радост потоа следуваше хорор. Дада со тантруми и бебе со грчеви. Што кога бебе не спие? Спиеше 2 -3 пати по пола час,останатото време од бебе вриштеше да е со нас.До нас.Во раце. Јас сама,неможев да и се посветам на поголемава.Се кршев на милион парчиња. +несакаше со никој.Ни татко,баба и дедо никако. И Корона,седење дома сами,ужас. Сами ни секунда нема оставање. Сега се скокоткаат,играат,ама уште е љубоморна. ...се разбудија