Ај да се пожалам јас... Се ближат деновите за почнување на работа и тоа ужасно многу ме боли.. Дури од нервоза два пати и како панични напади добив. И секој кој ке стигни ме прашува кога на раб.. Кога на раб. Посебно свеки и деверот. Во неделата со нив го правевме муабетот и му прам аман не ме прашувајте ич не ми се почнува. И денес свеки пак истото.. Кога на раб колку да се најди на муабет. И и откачив.. Аман секој втор ден истото прашање, не гледате дека нервоза ми ствара тоа. И потоа нормално со мм се испокаравме пошто тој е на страната на мајка му.. Не требало така да се понашам.. На ништо не личело. Поарно да почнам изгледа на раб барем нема по цел ден неа да ја гледам.
@MikicaBt Јас сум некаде на пола пат па почнува да ме фаќа паника. И вака не е најсјајно само дома но преодниот период ми е баш стресен. Кај мене не е само кога ќе се вратам но и како ќе се вратам, верувај ми многу ми е комплицирана ситуација А не можам да си дозволам да останам без плата. Пак дождови, под стрес сум и од нив, големата се плаши кога врне, како веќе не пробавме да и олесниме , главна преокупација ни е веќе на сите временска прогноза. Ме викнаа на повторен ПАП , малку материјал било, кој знае се мислам, уште немам добиено после царскиот а често знае на тоалет да ми обележи крв. Бебето заспа , ставив ручек и гледам HGTV, добитници на милиони во САД бираат куќи, е да може и кај нас да падне едно лото па да не мислам како во јасли да го пуштам бебето .
И ја имам болки кога се преморувам,ама матичниот ништо посебно не ми кажа,ајде ако сакаш пиши ми кога ќе завршиш со контрола.
Ола секси мамаситас Ме немаше од поодамна, па викам чекај да шкртнам нешто. Јас сум на одмор и ми се наоѓа малку повеќе време. Многу време се нема, или сум на работа или дете чувам. Така е и оваа недела, со синко по дома. Треба планот да им го давам секоја недела и кога не сум на работа, детето треба дома да си седи На синко и му одговра, милам дека е на пат да научи математика на пет години од што постојано собира - вади и рачуна кога треба пак да почне во градинка Жалче ми е и го разбирам, кога оди прв го носам, последен го речиси земам. Ме прашува секогаш дали ќе биде пак последен Ама барем деновите заедно супер ги минеме, игри, пишуваме, читаме и сега најново се лизгаме. Него не му недостига градинката, на мене не ми недостига работат Снег не престана да врне, температури до - 10,абе а излезам замрзнам. Преска се утепав колата додека ја исчистам. Викам ова не се исплаќа мрзнеш и чистиш, подобро со јавен превоз. Ама денес успеав да испазарувам за до петок. Викендот ќе полни моето срце 5 години Порасна во голем дечко Ќе се слави роденден во две тури, една за германчињата, другата е за нашите. Морам поделено многу деца ми се збираат, и ќе ја дигнеме зградата во вис. Догодина сигурно ќе биде игротека и сите на куп, господска работа ти е тоа,одморен си и дома немаш стрес да спремаш. Торта спајдермен порачана, балони со хелиум се во план, многу светки и секоја вечер цртам мапи, ќе бараат едниот ден скриено богатство Спојлер: МАПА Ако некој ми ја познае населбата, одма да се јави Како ќе бараме на минус температури уште не знам, ама нека се радуваат децата За градинката не смеам да носам јадење на прославата, заради ситуацијата, ама можам да однесам балони, капи, нараквици кои светат во темница и други ситници и си викам полесно за мене ќе биде . Криво ми е што со внуката и братучетка ми и не сме се виделе од кога почна короната - оти е бремена и нема да дојдат на роденден, ама уште малку до пораѓај, па конечно да се видиме и да го запознаеме новиот член Ми откажа и една друга мајка, ќе одат за Македонија,па и со нив ќе треба да се видиме друг пат. Се надевам само дека ќе олабави коранава конечно, не сум од тие што ги влече да патуваат и имаат носталгија за Македонија Поправо би отишла на друго место, ама со оваа ситуација, се радувам ако можам барем да отидеме на две недели до Македија, оти се побркав начисто. Како робот сум на работа-дома чисти, немаш каде да рашеташ од ладното, повеќе од 2 саати не се седи надвор. Се затворено, најголема авантура ми е ако отидам до супермаркет да испазарувам. Пакети само фрчат, облека нема од каде да си купиш. Ај, за мене не е проблем, ама детето ги ми надрасна алиштата, па видов не видов се удрив на онлајн шопинг. Никогаш не сум сакала онлај облека или декорации да порачувам, ама кога ни се навеја овоа короништето, си викам добро е барем и него што го има. Инаку на работа се си тече ноормално кревети се полни, дури имаме и соба со 4 кревети Се е во договор со тетката која е задолжена за хигиена и нема проблем.Не смее болницата во минус да влезе... Мене шефицата ми го дала целиот одмор првата половина од годинава, а летото само 2 недели одмор, па си се побунив фино лепо и ми кажа да пишам Молба за промена на распоредот на одморот да имам и 2-3 недели на крајот на летото. Оти не планирам кога ќе биде убаво времето, да киснам се на работа. Убава вечер на сите Ме вика синко да си играме
Леле исто,легнувам да спијам или излегувам од соба иако имам камера го гледам и слушам когс ќе мрдне јас цело време мислам го слушам како плаче. погледмувам на камерата ништо мирно си спие.
Колку бебево ни внесе позитивна енергија дома, па не е реално. Иако во почетокот со второво кога дознав дека сум бремена бев малце збунета. Тодлер и бебе? 3 год разлика. Сами со маж без помош. Мајка не ја рачунам дека и она работи. Но тоа е најдоброто нешто што ни се случило. Синко цело време ја бара ја гушка. Навечер заедно спиеме. Кога она плаче тој се буди ја гали па после 5мин вика " Еда, ајде спиј не плачи" " Земи цице ајде спиј" Синоќа не знаев дали од умор или од среќа да се смеам. Љубов ми се. Две за бањање две за гушкање. Две за менање пелени, две со плачење. Но што би правела јас без нив Патем, ако некој сака торти повелете кај нас. Сите имаме блиску родендени на десет дена точно . Само малата крај Јануари, ние тројца сите во Февруари.. Кој трошок
Неделата скоро и заврши а јас не ја ни сетив. 10 дена бевме на планина,имаме викендичка ја изградивме оваа година. Многу и се радуваме посебно сега со коронава далеку од сите си уживаме. Десет дена не се симнав во град,се смеам со мм дека станав планинска жена . Температурните мн ќе се ниски деновиве така да нема одење. Им годеше на децата и на нас исто. Мн туристи и шетачи ова зимо по ски центрите. Не знам колку луѓе ме прашуваа колкаво било бебето и дали не ми е страв на снегот со малиот. А тоа душиче во ќенгурот си уживаше на пладневните прошетки. Дадата скијаше и преку ден по онлајн часови и ноќе на ноќно скијање. Мајка ми дојде две вечери да го чува малиот за да можеме и ние со мм да скијаме. И керка ми беше среќна што останува на само со мама и тато без да сме со бебето. Правевме нешто ние тројца како до пред седум месеци. Сите се вративме дома со црвени образи. На малиот му никна и трето забче,ден два беше многу тежок за чување. Среќа помина . Поздрав и убава вечер!
Здраво мајки.. Колку ми фали време за мене неможам да ви кажам.. На работа па со бебка да си поиграм па заспал и ајде чистење..Кафе раат немам пиено последниов месец, секоја велер преморена легнувам и неодморена станувам.. Цела недела е со вирус, братучед му ни го донесе..Вријам немате поим колку сум лута и бесна оти свесно настинато дете и тупнаа на свеки да му го чува а тие заминаа на шетање.. Одма го префати, па се изнамачи цела недела носе де затнато де му течи ко река. Температура крева спушта омалакса скрос.. 29 години имам и досега антибиотик не сум пиела, а малиов 9 месеци со антибиотик да е заради некој што нема осет ни чуство дека е бебе, незнај ни носе да дувни ни да кажи само плачи и не дава ни темп.да му мерам а не па да исчистиме носе или да му прснам спреј.. Пукнав веќе нека му помини..
Здраво мајки. Синко спие, јас пијам кафе и вртам по форум и по зара. Абе зараза, колку пари потрошив, ама тип топ дотерани сме со синко. Вчера синко заспа, а јас штракам мобилен ама слушам некој звук, чуден ама мелодичен. Му пишувам на маж ми, велам нешто ми звучи како некој индијански обред да извршува, да не е некој спој. Тој ми враќа, вистина чуден звук, климата отопува. Велам не е тоа ама ај. Кога го ставив синко гледам свети нешто во корпата со играчки, тоа чико телефонот на синко да ти бил, притиснат со друга играчка. Синко почна да јаде така така ама јаде спооооро, по 30 40 мин. Палента јаде ама ја мота по уста како коски да има. А и ореви јаде, без мака, полна уста заби. За едно лажиче по 10 пати ми ја трга раката. Најдов клип од лани, истата приказна, иста! Ама лани прета со раце сега ми ја трга одлучно. Си купивме перници со маж, душекот стигна, огледалото стигна и е преубаво. Машината за сечење се покварила, па има застој од 10 дена. Пред нас мајсторот има една кујна и ние сме на ред. Ми се брза, едвај чекам. Пред да земеме клуч не ми беше вака, сега само тоа зборам.
Не знам каде да се пожалам, решив овде. Многу сум нервозна овие денови и почнав да пукам пред децата а не се тие криви. Ај вака дали е нормална оваа ситуација или јас не сум нормална што толку тешко ми паѓа. Големата е неколку денови кај баба и. И тоа е мајка ми да беше свекрвата мислам дека ќе и забранев да ја гледа до сега. Ќерката е 7. Ноќе почнала да ја нишка за спиење. Бидејќи е нејадач баба и седи до неа и со лажица и става во уста. Во wc е со неа. Ја облекува ја соблекува. Уште кога сум таму ми подвикнува помогни му на детето да се облече, кога јас ќе изреагирам дека е голема одамна сама знае да го прави тоа, оваа луто станува и оди кај ќерката да ја облака зошто јас лошата не сакам. Постојано оди по неа и нуди карамели чоколади смоки зошто детето изгладнето од дома. Ако и кажеш нешто таа е повредена зошто сака само најдобро за нејзините внуци а јас сум неодговорната.
Колку и да сака најдобро за нејзините внуци, треба смирено да седнеш ид а рљзговараш со неа да и кажеш дека тие работи ти сметаат и дека така не му помага на детето туку му одмага. И дека и покрај тоа што некогаш сакаме да направиме добро правиме лошо незнаејки може ќе тњее разбере а може и ќе ти се налути зависи каков однос имате. Јас на пример без разлика мајка свекрба баба дедо незнам кој обавезно си кажувам ако прават нешто шо не треба па акос акаат нека се налутат ако не супер, сепак тоа е твое дете и ти си таа што утре ќе се мачиш со лошите навики кои се створени лд тоа гледање најдобро за детето. Штом сама може и знае нема потреба да се прави детето неспособно.
И јас денес цеееел ден го потрошив демнејќи на сајтот на Зара да успеам да купам нешто на дете . Таман ќе најдам 2 работи,ај да не плаќам карго за само една работа,барем да се исплати,и одам да ги купам,еден производ,ако не и двата ги нема. И вчера и завчера безвезе изгубив време,па се заинатив да купам денес,по цена и цел ден да ми пропадне,а така и беше . Начекав,не дека не,ама многу нерви изгубив , нарачав блузички и пижамки,и гаќички. Сакав и јакничка,ама со брзина на светлината ги снемува,таман ќе ги пуштат,одма купени . И јас висев цел ден на сајтот и бев брза,ама имало и побрзи и поупорни . Зарем не можеле да стават одеднаш се што имаат за продажба,туку мора вака малку по малку,па да чекаш,исчекуваш,да се нервираш за ништо . Бевме малку на снег,ама мноооогу ладно. Едвај го убедивме мали да влеземе внатре. Се возеше и на санка ,уживаше. Прославивме и празникот, ,ми купил мм тренерки, баш ме изненади ( знае дека ептен прибирам,и тешко да ми погоди било кој,па секогаш сум добивала пари и јас да си изберам,ама баш убави избрал). Дури и поубаво е вака,ама само ако е погодено . Јас му купив саат. Никогаш нема носено,а многу ми се свиѓа маж со саат,па му купив . Он спремил вино и благо да ме изненади,јас спремив мезе и така без да знаеме и да се договараме сме се надополниле. Ми каснеше 2 дена ,досегаш секогаш ми била точна,па се истуфкав да не има нешто . За тие 2 дена сешто ми се сврте низ глава,дури и до пораѓајот стигнав . Сакам женско да имам,ако имам второ,а по сите "рецепти" на нет излегуваше машко,па ај според кинески календар,и таму машко, па се помирив дека и второто ќе ми е машко,таман друштво на мали,а ќе чувам трето девојче . Ептен исфантазирав и на крај,добив. Не размислував сеуште да останувам бремена,ептен несакајќи ќе биднеше. Друго нема. Деновите минуваат,овие неколку па и пмс,па излегуваше од мене,се на карање ме тераше. Убава вечер . Инаку,гаќички за деца од Зара имате купувано? Убави се? Да не утнав што ги купив?
Ај здраво! Изгледа Зара сите ја нападнавме И јас се нервирав што ми ги снемуваше работите, дури и си помислив дека некој намерно ми прави така Но вчера успеав, сум нарачала 14 работи. Ама па требаше да се соберат за да не плаќам достава, не е малку 250 денари достава, тоа се скоро 3 блузички по 99 денари Сите ми се за следната есен/зима, број 18-24, па ако некоја не успеала да купи нешто тој број вчера - јас бев И откако ги купив, пак вечерта се закачив да видам да не додале нешто и сум пропуштила убави работи. Морам да се сопрам, болест ме фати. Болест! Друго ништо нема. Тука снег, сега веќе е замрзнато, седиме во топло додека не се подистопи за да шетаме. Се препеглав деновиве и завршив, барем една недела не фаќам пак да пеглам И тоа...
Комплети кај гледаш? Јас сè посебно ги гледам долни тренерки и посебно блузи Ставаш сол на рана со инфово Додуша и 3-4 број барам, собирам за подарок. И добро сега ако направам нова нарачка, дали ќе дојде заедно со таа од вчера? Сакам една-две работи да додадам, а не да стасам пак до 2600 за да не плаќам достава