^живи глупости, 7 работи имав во кошничка. Оставив да догледам до крај и кога отворив да платам, 4 работи ги немаше на залиха од кошничката. Како може веднаш да ми ги снема. Се изнервирав и ништо не нарачав
мајкички Утринава го имавме првиот лет со бебе, сами двајцата. Поминавме многу подобро од моите очекувања, впрочем немам никаква замерка. Не' пречека куп снег и сонце, преубава глетка. Да не зборувам за средбата со баба и дедо. срце преполно Пс. Зара најчесто е така кога е sale, полниш кошничка и на крај 2 парчиња само се сеуште достапни. Не се многу квалитетни ама па ептен фраерски работи се наоѓаат. Туку да си споделам за Окаиди. Му накупив ствари за 18месеци, демек за следна есен-зима. Ништо од тоа, еве сега му се точни, на 8 месеци а не е големо бебе. Ајде ќе си ги носи пролетва, ама ме разочара огромната разлика во величините
@0ли посебно ќе ти стасат. Како засебни пакети. Јас не начекав ништо. Се што е убаво нема број за малиот. Како брзи прсти им е апликацијата. Го дава достапно, стави да платиш, нема.
Окаиди им се помали бројчињата некако, со по еден број разлика има. И ние сме што сме земале еден број поголемо од други марки Знам, те разбирам, многу тежок е тој преоден период, и мене не ми се почнуваше на работа, дури сакав да правам триста комбинации со боледувања одмор, само за да не идам, да одложам, ама на работа ми писнаа дека ме очекуваат што поскоро и видов не видов си почнав ко попче. Детето не ми беше адаптирано уште во градинка кога почнав, сопругот продолжи со адаптацијата, многу тежок период беше тоа, многу нервози и плачки. Знам вечерта пред да почнам на работа си пиев пиво на тераса и си се изнаплачив, онака со липање, со сите салтанати... Ако ти е за утеха, целта таа голгота траеше еден месец, детето се навикна во градинка, сите се прилагодиме на новите услови. По еден месец нервози, и јас се вратив во нормала, си бев старата јас и уживав да си се дотерам за на работа, си одев на работа со задоволство и бев среќна што почнав навреме, а не одолговлекува како што си планирав. Твоето ќе оди во градинка или ќе го чува некој? Издржи знам дека ти е многу тешко, ќе видиш дека многу брзо ќе се навикнете на новите услови
Не , не. Туку веќе имала една нарачка- еден пакет. Другиот ако прави денес нова, ќе биде засебен. Над 2500 е бесплатна достава.
@Lisicko фала за поддршката... Мојата ке ја чува свекрвата.. Во градинка здравје околу 2 год планирам да ја пуштам.. Тешко е премногу ама што се мора се мора.. Утре почнувам на работа па ќе видиме како ќе биди. Сигурно е потешко да мора и во градинка да го носиш толку мало.
Бар да можеше да си резервираш и да речеме барем 1 час да можеа така да седат и после да се ресетира. А ако го откажеш производот, да си се врати пак на продажба. Вака баш како брзи прсти И сеа ако фатам една работа што ми се допаѓа, треба 250 достава за тоа, поскапа доставата од производот.
Цело време ве читам и никако да пишам. Не сум по пишување, полесно се изразувам усно, со тон експресии. Од минатата недела почнав на работа, после 1 година и 8 месеци. Исто како воопшто да не сум отсуствувала. Имав малце трема зошто работам во голема фирма и знаев дека ќе има 'рчки од типот, окапа дома, шо не поседе уште малце ама пројде и тоа. Мали почна во градинка на адаптација, очекував дека ќе се адаптира лесно, а он секој пат се повеќе плаче. Мм почнува со работа од следна недела, а ни викаат се' уште не е адаптиран и чаре нема, а нервози тон. Во четврток ќе му славиме роденден. Ќе стане официјално тодлерче. Лета времево, ко вчера да го гледавме ко точкица на ехо. Денес сум дома зошто беше малце настинат ама докторка даде дозвола за градинка и сабајле си го однесовме заедно со мм. Секако уште од врата зина да плаче, а душиче нема друг избор. И така мајкички, имајте убав ден Мене ми дојде време за земање на бебо.
За некои работи се исплати да платиш и 250 карго. Јас така јакна зедов, за мене и синко, скафандер, чизми, фустан. За останати ситници комбинирам. Ако ги нема, се течам не биле за мене.
Леле колку се нервирав од сабајле за Зара и таман малку заборавив отварам форум и вие за тоа . Знам дека е глупост ама цел ден сум нервозна, ставам чизми,ставам за по 1500 и тамн да платам нема ни еден пар... ми се плачеше. А веќе си ги и замислував со што ќе ги комбинирам . Да знаев дека се толку бргу го однемува ке си ги платев прво нив па после ќе гледав за децата. Мн ми е мака.