Не сум воопшто во тек со зара, и алишта општо не купувам премногу, ниту за мене ниту за неа, само по потреба и толку. Нема ни она премногу, ниту пак се случило да остане нешто ново и неизносено. Сакав и идејава да ја споделам Spoiler , ептен интересно ми стои и ќе и биде забавно. Моментално се тушира, па еве ми вика ќе и требало малку приватност после бањањето. Добро. Ух, заспа, добро е, да си продолжам со постот, ќе си направам еден чај и релаксација малку. Не сака баш надвор во последниве денови, ја префаќа од мене, па вика колку ни е удобно дома, ама татко и ја наговара малку да прошетаат и после тешко прибирање. Ахххх златно лето, со душа го чекам, нека заминува зимата побрзо аман. Дете заспано, топло чајче, серија или книга идила. Добра ви ноќ.
Не се плишани Ако од надвор се памучни не може внате да се плишани а баш убаво се познава дека се памучни. Јас па многу сакам бебе у плишани шпикозни. Секако по два-три пати се пресоблачаме преку ден. Кога го хранам како тигарче да ранам а не бебе. . Јаде како диво лакомо и лом е цел. За 5 мин е готов ама и се е лом,лигарче не не спасува. Море си викам само да ми јаде шпикозни има за извоз. Смејте ми се за чизмите ако ако,јас вечерва ќе си ја пробам среќата. Чизмите што отидоа,отидоа.
^^ мене @monik55 пред некое време ме просветли за попустиве, отворив два пати и толку, немам јас нерви за тоа Бев и до Зара, саде партали на попуст А и тоа што онлајн изгледа убаво и евтино, во живо и по прво перење е рамно на крпче за бришење, секоја чест на исклучоци Па и мојов како што бира што да носи и тотално е непредвидлив во што ќе се заљуби, не ни помислувам онлајн да порачам Случка. Пред некој ден го внесов во Котон, се фати за една јакна и се прерадува, одма ми вика мами дојди барај ми број Најмал беше 6-7г нормално големо за него, ајде пробавме и он цел возбуден вика добра е Нормално не ја купив, му објаснувам дека му е голема, он одма додава "ама многу е убава, зошто не ја купуваш", па му кажав дека и во Рамстор има Котон и утре ќе идеме и ќе бараме број Случајно испадна утрето да идеме Рамстор, поклон требаше да купиме. И одма, ајде мами да идеме во Котон јакната да ја најдеме Влагаме и му викам, јас за Иван поклон ќе барам, ти барај си ја јакната, не поминаа ни 5минути цел среќен писка "мами, мами дојди да бараме број, еве ја јакната" Нетрпеливо ме почека да побарам број и кога виде дека најдов одма почна да ја тегне неговата за да ја проба, едвај ја облековме од возбуда и одма додава "точна е, не е голема, ќе ја земеме" Ииии погледнувам на етикетата регулар цена стои, а во Молот на -65% беше, ги гледам и другите етикети, со регулар цени сите Јакнава не е зимска, па си реков може го извадиле намалувањето ццццц.. Подголтнав и секако која цена и да биде ќе ја купам, ама не сум јас, јас ако не се побунам. И таман да кажам, прашам, таа ми ја кажува сумата со попуст дека треба да ја платам, не ги смениле цените Јас да му купував јакна оваа не би ми била прв избор, далеку од тоа дека не е убава, ама шу знам Секој ден прашува дали дошло време да ја носи Што љубов ќе му беше Скоро си избра и џиш зелени панталони, жолта сомот капа.. Влагаме во Вајкики и си кажува, ова имам, ова имам, ова имам.. (и вистина има ) и една тетка му вика, ауууу што си бил модерен ти најубавите алишта си ги избрал, па онака гордо и враќа "за во градинка ги купивме" А во градинка адаптацијата тече средно жалосно накај трагично Ќе трае ова дооооооолго Колку е па упорен, па се расправа, закарува, па се објаснува, чим решил нешто нема убедување, девојчето уште на глава што не застана Битно утре пак ќе идел вика Аутфит избра и го чека на столче Спреми кутија со играчки за девојката и другарчето, ќе ги покажувал и ќе си играле заедно, како да не, него ај Дечињата сите ми личат мирни, баш послушни, па ако на некој му притекнуваат идеи и се прави џумбус, коловоџа мојов ќе биде Баш ќе ја раздрма групата, само да се престраши Осеќам ќе примам жалби секој ден Мм прееска вика, зошто бе Емка детево од ништо не се разбира, се сака по негово да биде и се сака негово да е Охоооооо епа нема на кој да е таков Убав тој, "најдоброто" од нас го има земено Ладно деновиве, а бебе научено везден да е надвор, ама ладно му е, па ми вика "малку ќе идеме надвор, ќе се изладиме, па ќе влеземе да се топлиме и после пак надвоооор" Не се предава на студот, вчера дури и скокаше на "снежната" трамболина Скаран е со долниот скафандер и ракавиците за снег, не биле убави и крај, му понудив во продавница и нови да купиме, не му требале.. Не се убедуваме ни топлинки да купиме за во градинка, со платнени патики иде Колку е тежок, кажал не и не се убедуваш! Карактер! Или инат Детската соба Утре ваљда, ако не се изјалови нешто, конечно ќе се порачува материјал Јасно, многу желби и идеи, сакаат да ми се погоди и да биде убаво, финеси да запазат, ама трае и трае Ама па кога ќе е готовааааа Оф колку има работа, не сме ни почнале, требаше душекот да го чекаме 60дена и последен да стигне, а тој не зезна и прв дојде Боите што ги избрав ваљда ок ќе се, не дека имав и многу што да бирам.. А медијапан не сакав и скапо ќе искочи, а како што му ги мењаме, подобро ај не до толку скапо Грубо пресметаа моите и кај 600е само за материјал ќе отиде, што значи дека ќе биде и повеќе, барем јас така очекувам Среќа плакарот е "стариот" инаку тек он ќе качеше цена А кај е рушење прозор, ролетна, инсталација, кречење, тапета.. Упс ваљда татко ми ќе се задоволи со ручек за работна рака, инаку тек тогаш ќе е интересно Па и мајка ми ако се замеша како главен архитект ќе биде интересно Бебе се буни, не сакал нова детска, убава му била и супер било спиењето во дневна Изгледа само на него @irena.1 да не го сакаш лустерот со бројки? Или си купи? Ми текна на тебе, ако го сакаш твој е за дечките, не е ни скршен, ни оштетен За себе што да кажам, преморено се чувствувам, растргнато, а ништо не е како што треба. Ниту секогаш имам зготвено, ниту е нешто исчистено, ниту дете доволно анимирано.. Баш неуспешно се осеќам на моменти Точно и јас сум човек, ама и сум човек кој се измори од едноличноста Цела надеж ми е дека бебе успешно ќе се адаптира и дека нема еден ден да ми кажат "мајка вашево дете не е за во градинка" Од многу мислење дури и течна столица бе добив, па и нагони за повраќање и 3дена порано и ми дојде тетката Стрес! Се ми се собра, барем Ковид да го немаше А има ли крај па за него, ај може во "ваксајн" е спасот Долг ми беше денов, кој знае утре што ме очекува, на дневен ред имам куп планови, ама ќе се преслушам утре ова време што е реализирано А јас не ни кажав добра вечер, заборавив, небитно.. Нека е добро се, тоа е најбитно! Добра ноќ Гушкајте малишанки
Од Зара точни ли ви се бројчињата за децата или се поголеми според возраста? На син ми имам купено маички 12-18,а лани му беа големи,за сега и за лето ќе му се таман,а он е 25 месеци (некаде за 24-30 би му одговарале маичките). Дали он е ептен слабичок или такви се бројчињата? Ако се поголеми може и нешто да купам 18-24 некако најмногу има за таа возраст избор. И денеска напнато на сајтот, кога го ставиш во корпа,кога го снемало . Тренерки ништо не успеав да му купам,во потрага сум по тоа,ама безуспешно . Блузичките од 99 ден има купено некој,да каже дали се убави или онака? За мене ништо не бендисав,ич не ми се свиѓаат алиштата од Зара, а и моделите/манекенките не им се убави,па барем на некоја нешто убаво да и стои па така да му се засвиѓа на човек,ама не. Заспа мали конечно . Да одам да одморам мозок малку.
На нас бројчињата ни се мали . Секогаш сум купувала за година две поголеми од возраста за да и се точни на керка ми а исто е и со бебето. Тоа е 7++ а одамна носиме за 9м. Завчера му облеков фармерчиња за 12м и за мноогу малку не му беа скрос точни. На мене ми е најдобро пазарувањето со брендови што ја имаат изразено и килажата покрај возраста и сантиметрите.
Зара се страшно неточни бројчињата. Вајкики носи сеуште гардероба до 3г а ќе полни 5. На Зара маичка за 6г му е мала. Мене Вајкики ми е најубава гардеробата, квалитет и димензии. А богами и цена.
И моето е најчесто во ваикики облечено, задоволна сум од квалитетот и цената, а и дезените им се убави. А и бројчињата секогаш ги погодуваме. Плус си пишува и килажа, нема утка.
Dobro utro majko Ve citam ama nemam nesto popametno da pisam.Sinko e vo gradinka a jas namesto da fatam nesto da srabotam sedam so telwfonot vo raka i ocekuvam da ne me viknat da odam da go zemam.Mislam deka adaptacijata ne samo sto e teska za sinko poteska ispadna za mene.Sinko veke nekolku noki se budi vo sred nok place silno ne se smiruva ni so cucla ni so pregratka ni so nisto toa trae 5 minuti i pak zaspiva neznam dali zabi go macat a nema na povidok nisto.Nie uste zatvoreni pa nema kaj da izlwzwmw se edno isto se vrtime vo krug suma park i pak doma .
Еј, како ме памтиш . Имам ставено. Оној хартиениот од икеа. Го ставив божем ќе го украсувавме некако детски, ама тоа не се случи и си стои тако бел, па и вклопува или го навикнавме Фала ти, да немав ќе го земев, сега нека се израдува некое друго дете. Инаку чувството на премореност и растргнатост и кај мене во моментов е на најјако активно. Ужаст, цел ден сум во поход и пак ништо до крај не сработено. Не се секирај за градинката, процес е, колку и да трае адаптацијата нека, само не се откажувајте. Поздрав, чувајте се.
Ние од Зара што имаме поклони облека според возраста на децава,се им се големи. Јас кога им купувам од таму едно ниво помал бр.зимам Ако е од 24-36 јас зимам 18-24 и пак малце се широчки дуксерчињата Ама па убава роба имаат и квалитетна Негоооо што сакав да кажам Малово ептен се разбесна пред некој ден наполни 7 месеци,аиии што се не прави Бута се пред себе,се сака да фати ама онака џапа,ме кубе мене и сестра и ама онака со сета сила (ок знам дека нема осет) ама се е некако насилно и набрзина Додека трепнеш се свртела 100 пати на спална отишла на другиот крај Лази веќе поодамна,ама онака се влече како да плива низ цел спрат Интересно ми е,дека оваа фаза со Дора ја немавме она не лазеше Ама во секој случај малово е 100 пати по пргаво и бесно исто таткиште Ама мнг си ги сакам! Еве ваква сум ама срце ќе ми препукне од радост.Сабајле кога отворив очи,гледам Дора станала од креветче и дошла меѓу мене и Бела и ја гали за главче а малово се смее ли смее Прекраснотии Него проблем со спиењево... Малово е бооб адикт до плафон,ајде супер е се тоа Ама навечер лелеле цркам,значи не е во скок,не и растат заби,станува не секој ден ок,ама секој втор,станува на пола саат само да се допре до мене да ја држи во уста,...Цуцла сум! Од што не сум при свест вчера купив 13та цуцла и таа не ја прифати Знам дека треба да спие во креветче,ама неможам да станувам на пола саат да ја зимам,зошто ќе се одере ако не и ја извадам цицката луѓеееее Од кога веќе зборам за Др.гуднајт да ги земам ама сама си одложувам некако потајно сакам да си спиеме со неа на спална Ама секое сабајле пцујам во себе зошто жива ненаспана сум И што да правам? Ајде кажувајте?
Земи ги Гуднајт и нека не спие со вас. И малото спие со нас ама јас не сакам од пример од блиски малата е 5 години и никако не можат да ја натераат сама да спие, се мислам и ова така ќе прави. Еднаш беше настинат и го земавме со нас и окапа. Нејќе да се помести, се шири ко голем бе, дури и не бута со нозе. Кога спомна за лазење/пливање, и ова така почна, ама буквално ко да плива. Пеперутка стил, замав дури земаше со рацете и преташе со нозете. Мислам да го пуштевме тогаш на Олимписки ќе го препливаше.
ај не зезај, како носи до 3? Јас за моево земам 4-5, се друго и е мало. Само да ве поздравам. Немам ништо убаво да споделам. Да ја тргнам уште оваа мака од глава, па после може да се здивне. летово го замислувам морето! Ќе треба многу пазење од сонце, ама не може веќе да се одложува. Корона, не корона, на сите ни треба издувен вентил. Ќерче само прашува кога ќе оди ма море. Од кај и е идејата, појма немам. Бебушка е 5 месеци. Срцка, не може да дојде до израз од големата дада. Кога поминаа 5 месеци!! добив унапредување на работа. Нема да е лесно, ама е за добро Имајте убав ден.
Честитки Јас полека го префрлам на 4 до 5 години. Блузичките му се кнап од 3 до 4. Сега веќе зимам 4 до 5 за да може и на есен да ги носи.
Честитки за унапредувањето, ти посакувам многу успех И син ми само прашува кога ќе сме оделе на море кај топлата вода, одвај чека да појде во градинка им фали на децава дружба и социјализација, више сите сме пред пукање со коронава.