Три и пол години, уште спие со нас не му е важно каде ќе спие, важно е да лежи со некој од нас. Големиот ми е скоро 6 год. Во своја соба е од една и пол година. Пред да заспие бара некој да го гушка и после нема проблем. Нека, јас ги оставам, не гледам зошто, не можам, не сакам дете да ме бара да го гушнам, да му е убаво јас да му речам не може сам треба да спиеш. Па и мене ми е убаво Остави, уживај си.
Да ви упатам еден поздрав и гушка Немам што интересно да пишам. Затоа и избегнувам да пишувам. Колку негатива имам во мене само.. По цели денови си повторувам “хормоните се,хормоните се” само да не ме надвладее ППД. Со првото паднав психички, сега не сакам.. не смеам. На раб на лудило сум на моменти. Големава ... ја ублажи љубомората, али протестира со нејадење, почна некои чудни работи да прави како пикање раце во уста,криење под ќебе,плаче во сон и ме бара да ја гушкам неа а бебе да го оставам на другата страна дури вришти за цицање.. Ја прашувам јас зошто плачеше во сон мама? Не ми кажува. Ја прашува мм, му кажува затоа што мама многу силно ми викаше, и јас се плашев.. вака сум од тој ден И не ми минува. Ми стои и скришум од сите ги пуштам солзиве да истечат ко река.. и не сопираат бе никако. Што ли толку грешка правам, зошто не можам да ја контролирам нервозата, што ми е криво дете така да му се дерам ? Инаетлива е премногу дури, не не слуша воопшто, плаче за сенешто, и во моментите додека и викам, сум му рекла и на мм “заслужува,ме полудува” и као нема да жалам отпосле.. Кога не беше родено бебе сум и се тресела за сенешто, сега самиот умор ме надвладува, едвај и да спијам навечер, ме нервира што ништо не јаде, не сака да мие заби, не сака да носи чорапи, тренерки, блуза.. ништо! Се соблакаше гола едно време, ни гаќи не можев да и облечам. Не заспива веќе сама, морам јас да ја нишкам.. и тоа ме нервира. И можам да ја нишкам пола саат и да рече “не ми се спие” и да игра уште цел саат, а магично и се приспива и почнува со церемонии кога бебе почнува да плаче. И тоа се случува во 12 на полноќ. Затоа ја истурам нервозата врз неа, се дерам и кујзнае какви фаци психопатски правам за да дете ноќе преживува хорори ради мене.. Значи за две минути одам од супермајка во психо. Не се снаоѓам вооошто во новото секојдневие. Дете добива телефон и зјапа во јутјуб малтене цел ден за да може малото да цица. Пошо коа цица она ме бара да ја нишкам,галам,да си играме, да донесам млеко/вода/сок штобило.. Добива сок, заборави вода да пие. Станав за нигде за овие три недели. Немам време за ништо, а не правам ништо. Речиси цел ден со бебе во раце и на цице, во меѓувреме играње и гушкање со големата .. Кога ли ќе се стабилизирам. И дали ?!
Те читам и плачам. Како јас да се читам,само што јас од почеток многу се воздржував да не и викам ама во последно време пукам. Поголемиве исти ни се. Ете ја гола,по цел ден вришти гола да седи. Чорапи немаме,ни едната ни другата да не видат. За инает вреска кога ќе заспие,и ја буди. Се нешто бараше кога цица. Несака татко и да го види за спиење мора јас да сум до неа. Одкако се роди беба прекина да јади,година помина уште е така. Цела година помина дури сега смее бебе да цица а таа да нема тантруми радо тоа. Мислам и поради Коронава се се искомплицира. Го минав и зјапање во екран,тв,плачев што ја гледав така за беба да цица. И сега плачам...не сум ти утеха денес,извини. Ама ќе биде подобро,ќе биде.
@Chanell* @mal.ecka Неможам да ве лајкнам, само да ви кажам, вие сте прекрасни мајки. Ќе помине и ова, ќе се среди се
Твојата ќерка е помала за месец-два од мојата, колку што памтам. Се’ што опиша и моево го помина, а сама е. Одеше гола, пелена едвај еднаш во денот сменета, не јаде, не слуша, само понејзино да биде..... Не е ни до бебето, ни до тебе ни дека детето е нешто посебно тврдоглаво. Таков и е периодот и почнува се повеќе да разбира и бара внимание. Со викање само контра ефект ќе постигнеш. Ако не можеш ти да се справиш, остави некако татко и да ја занимава. Се’ што прави детето е нормално. Ти само пробај да се опуштиш малку. Честитки за бебето! Чувајте се, се’ ќе биде во ред.
@Chanell* ќе помине тој период! Кој период не е поминал, па и тој да не помине. Не и викај на ќеркичката, во тој период е, ако ти и викаш и она секако почнува да хистерише и до каде води оваа ситуација? Ако почне да плаче за глупости остави ја, нема да плаче цел ден, 10 минути и ќе и помине. И јас буквално по цел ден сум сама, Мм од 6 до 8 на работа, се е на мене, ама знам ќе помине и тој период, детето ќе тргне на градинка, јас на стална работа здравје. Ќе помине се
Моментот кога ќерка ми цица и е во шкљ позиција, нема таква измислено досега. Налик на мајмунка со мајмунчето сум, нозе качени увис, не е залепена до мене, се одмара попатно да си ги ручка прстињата, потоа продолжува. Успат кубење, па масирање на цице, па ги држи моите прсти и пумпа на нив во ритам дур цица. Ако случајно прдне или и се кака во секунда се престанува со цицање. Недај боже да кивнам Ако комшијата под нас затвори врата, таа е прва да се сврти да провери со очињата. Се топам бре. Којзнае колку е најадена, за мене ваквото расонување ми е бесценето. Секојдневно слушам за неубави работи, и многу ми е жал, многу ми е тежок периодов, но таа ми е единствена светлина за која живеам. Мојата терапија. Многу сакав да пишам, ама се буни кога ме гледа со моб во раказатоа одам кога ќе пораснам сакам да бидам како Емка, за да ви раскажувам на подолго. Уживам да ја читам Поздрав мајки, гушкајте душленцата дома
Тогаш Емка ќе биде во пензија, ќе ја бараш кај свекрвите, ќе се тажи од снаата Лелее ја замислувам со тоа рефератите (Се шалам @emkaemka ) Ние добри сме. Маж и дете со обврски (работа, школо) јас и малата дома, се нишкаме, повеќе вечер одколку преку ден, не се жалам мирна е ама со тоа цицето ме излудува, исто како кај @Bella* Ден со ден се тешам дека кај и да е ќе се смени, и ете, го чекам уште тој ден Овде убаво е времето, сончево. Кога одам да го земам синко од училиште ја носам и малата, си разгледува, пее, уште не можам да сфатам зошто толку си ги гледа рацете тоа што ги пика цели во уста ајде, потоа ги гледа како да размислува од кај да почне и пак ги пика, лиги колку сакаш. Синко многу е среќен кога ќе види дека сестра му дошла да го земе. Ѝ зборува како да го разбира, таа се смее. Тој пак, викендов правеше брис за ковид, имаа некој позитивен во класот, за среќа беше негативен и тој и сите други па дома беа само еден ден. Аман од овие брисеви, знам колку е болно да ти бркаат во нос, за грев се децата, има класови до сега имаат правено по 3,4 пати. Одам да завршам уште нешто додека спие малата, преку ден дремките и се по пола саат, нема да можам ништо да фатам.
@Chanell* моите се разлика 8г. И јас многу се излажав кога мислев дека со еден разговор се ке се реши. Само што прилагодувањето на новото бебе кај нас бато поинаку го покажуваше бидејќи е поголем. Ме расплака по два месеци од кога дојде бебе, ми рече" тебе сега само бебе ти треба,јас подобро да умрам". А навидум се си беше супер со него....но ич не било така. Со секојдневен разговор и баланс со тек на време ке се среди. Магичен совет з да се надмине се нема. Треба само време. Обиди се да бидеш потрпелива и посмирена. Повикај некој на помош околу бебе, з да можеш да бидеш повеќе со дадата. Еден ден се ке биде зад вас, а они неразделни другарки
@Chanell* сите сме биле таму понекогаш, и јас мислам пред некој ден се осетив многу безпомошно и сакав да барам нешто за смирување што оди со доење за да не трпат децата. Сепак бргу се вратив во нормала. Моите се голема разлика и кога ќе ја опоменам големата за тишина знае да послуша само можам да замислам како ти е кога бебето плаче за спиење да не можеш д аго смириш другото. Сепак мора да си мислиш дека ова е краток период после ова ќе се имаат за најдобри другарки со таа мала разлика и ќе уживаш да ги гледаш додека пиеш кафе. Исто значи наоѓај начин да го оставиш бебето со некој, за ти и другото да имате некој саат сами! Ова ми е препорака од психолог , ние бебто на цицка играј со големото но не. Мора двете сами да ги правите работите што сте ги правеле претходно барем 30 мин.дневно оставај го бебето.
Знам, се знам, и отсекогаш сум го велела истото, и еве ме се обратно правам. Јас која сум прва да се испокарам со братучетки/другарки кои викаат и тепаат по децата, јас која важам за една смирена и сталожена, сум таа која истото ова го прави. Истата која на сопругот му држи лекции за како да не се однесува со децата, испомешав брзини ептен. Пред некој ден мм го држи бебе,големата вришти неќела да спие, а саатот 1 по полноќ. И вика ќе станам ќе те залепам една, ама таков нервозен готов да препукне и да и стане. Никогаш така не разговарал со неа. Го прашав, памтиш коа беше она бебе? Замисли и ја таа фацичка и пробај кажи и го истото.. Ќе го тепаме детето зошто не сака да спие ли? Утредента цел потиштен.. вика цела ноќ сум плачел, што ми е и како можев такво нешто да и кажам? Разговаравме баш долго.. што ли се случува во мозочето нејзино сега, ништо не и јасно и сигурно се прашува зошто и двајцата сме такви диви и нервозни со неа, па низ плач го искажува револтот.. Ма се знам и јасно ми е, и пак ми е џабе кога иде жута минута.. те гушкам. Ме расплака цитатот на големиот.. не дај Боже такво нешто да ми каже, јас ќе си умрам од мака мислам. Знам дека ќе мине и ќе бидат неразделни, мора да го минеме овој период.. а јас секојдневно учам како да бидам подобра и да не бидам дете над детето, учам да бројам до 10 и да стиснам заби да не викнам, туку смирено да и вратам и да ја гушнам. Ах колку ми фали времето со неа... Среќа свекрва ми ми е тука, ја зема со неа надвор, па кај нив малку, или го чува малото дури јас сум надвор на снегот со неа.. инаку отидов од рака. И овој затворот ради ладново ни влијае .. Ќе се потстопли, ќе пркне малото па ќе надокнадиме во игри и шетња надвор.. @SkarletOHara Апсолутно, го правам тоа веќе. Маж ли,свекрва,мајка, обавезно некој има со малото а јас со неа. И јас така бебе на цицка и на под играм со неа, ама сега поинаку почнувам..
@Chanell* изгледа сите поминуваме низ истите маки,сваќам дека не сум сама во оваа борба на привикнување со чувствата кон две деца. Те разбирам за постапката и јас се фаќам на моменти да и подвикнам на големава,и тоа за глупости,за што после се каам,но уморот си го прави сето тоа.Моиве се шест години разлика и стварно големата не покажува љубомора,ниту некои промени во однесувањето,напротив многу е нежна со малата,нон стоп сака да е покрај неа за се,а мене тоа некогаш ме вади од такт,посебно кога малово не заспива,плаче или е нервозна,па знам да и свикам.И после ми е криво и си плачам.Искрено си кажувам дека стварно патам многу оти не можам да бидам повеќе време со неа,ми недостига многу времето поминато само со неа,а знам дека и она пати ама не ми кажува,еве и сега солзи ми се тркалаат додека пишувам,ја гледам дека се повлекува. Секоја вечер имав навика да и читам пред спиење,а сега тоа го прави само татко и,па така додека ја заспијам малава она е веќе успана и одам кај неа во соба легнувам до неа ја гушкам и бакнувам и си плачам.Синоќа го оставив мм да заспива бебе,а јас си легнав со неа ,ми вика мамо сакам ти да ме земеш од училиште,а како кога другово е лепенка,не заспива многу преку ден. Ах, многу ми е тешко да се навикнам на новава ситуација,секој ден сум очајна дека ќе спие бебево повеќе за ние две да сме заедно. И јас се тешам дека ќе се стопли и ќе биде подруго,ќе шетаме надвор на воздух.Ми се смачи од седење дома и криење од луѓето.
Здраво мајки! Ве читам веќе некое време, прв пат пишувам. Жени, ми се иде на секоја од вас по една медаља да ви дадам! Јас како нова мајка, уште сум си изгубенка, ама ај, ќе ме биде некад Бебе не е нешто премногу плачливо до сега. Си има свои моменти ама проаѓаат брзо. Уште е мала, нема два месеци ама им ги освои срцата на сите. Вчера и направив картички со контраст и приметувам дека го задржува погледот на нив. На свое име уште не се врти ама ај, мала е. По малце вежбаме и на меше. Јас се вратив во некој свој колосек со паметот релативно брзо (или така јас си мислам ). По дома успевам да средам по нешто благодарение на нејзините дневни дремки ама како што ќе расте ќе бара да си играме, али тоа тогаш ќе го мислам. Маже го гледам, и не го препознавам. Колку многу љубов се криела во него... Секој ден и измислува нешто ново на малата, како да ја занимава. И на него му се поднасмевнува, мене не ми успева ама ај и тоа ќе биде. Чекам прва исплата породилно и се нервиркам. Кирија треба да се плати... Со газдите направивме муабет уште пред да се породам дека ќе доцниме, луѓето префини, рекоа не е никаков проблем, кога како ќе можете, ќе давате, само ќе водиме евиденција кој месец е платен кој не. Ама јас пак се нервирам, срам ми е. И не е дека се немаат пари ама сега со малово ги тргнавме на страна за недај боже.. Да помине зимава, па здравје да се оправаме и ние полека. Прво некоја кола, да ни врши работа за низ град па после све остало...ќе биде кога тогаш. Изгледа падна цуцето од уста, одам да проверам. Убав ден!
Ве читам за љубоморноста и страв ме фаќа што ме чека. Син ми е многу приврзан за мене, знае дека има бебе во мешето на Мама и понекогаш вика не бебе, некогаш го гали, кажува дека сака дада. Ама љубоморено детенце е.
@Monella до солзи ме насмеа Веќе се замислив онаква лута од снајка како куцам километарски пост Се во свое време, како тргнало битно е да дочекаме, што е битно што се ќе се дешава @Alishan30 @Chanell* диши длабоко и почни да броиш до 10 на секоја ситуација Ноќ мајки Магија е денов, КОНЕЧНО даски за детската се порачаа, ама КОНЕЧНО Таман тргнаа моите со скици, димензии и оп немаат кант трака за иверките Среќа, еј среќа Колку кошта материјалот, толку кошта и обработката на истиот, за многу кривини и косини имаме желба Од наредна недела ќе почнеме првин со рушење, јас викендов да соберам стварите Го мразам ова расфрлање, ама нема како.. Да потстопли се намерачив и да кречам, ЈАС, САМА Мм ми се смее и ми вика да не се занесувам, ама нека му стои, јас веќе куп видеа изгледав за мајсторлукот Башка нема да редам темни бои, битно е да минам секаде нели Уствари јас и на бебе собата ќе ја кречам и тапета ќе лепам Само помош ми треба за крпење и глетување, тоа некако не го капирам Деновиве се ми се врти околу адаптацијата на бебе, се преморив, секако психички, него физички, ама како цеден лимон се осеќам А реално и ништо лошо не се дешава, ама мајка и мене ми е промена Бебе кажав секоја вечер аутфит бира, па од вечерва почнав и јас Идев во тренерки или хеланки, епа утре во фармерки и капут, таман ќе имам 3ч да си прошетам и завршам некои обврски Од утре ќе почнам и да си ги планирам слободните часови Уф добро е, не ми изгледа дека ќе ми речат "мајка вашето дете не е за тука" План е мм да го носи, јас да го зимам, ама глуп период, ќе дојде подобар, еве во преговори сме еден бизнис на рента да иде.. Едноставно човекот физички не е способен секаде да го има.. Јас му викам да прифати, нешто во загуба и не би биле, мислам ќе биде Ми се иде во станот и на сите ни се иде, ама многу ладно, залади, па одложуваме. А и ако отидеме не знам како ќе си дојдеме, тоа има да биде церемонии со бебе Почна интензивно да прашува кога ќе идеме и зошто воопшто сме се вратиле, таму било многу поубаво од домче Му кажав од јуни, до септември таму ќе сме, па сега само прашува тоа уште колку време е. Уште многу мамино Чекам да се потстопли, гледам од викендов ќе е топло, па ред е да почнам дворот да го средувам Уствари план ми е од оваа година да земам во мои раце и да заличи на нешто Татко треба работник да ми најде за "машки" работи, остатокот јас, мајка ќе донира цвеќиња Жената планира и да почне да продава, што да не, колку ги размножува и колку и се убави, секој би сакал да ги купи Ќе има многу работа, ама полека, дел по дел, какво беше џумус добро е што барем ѓубрето се изнесе или дел се однесе од зади Мислам дека кога живееш со стари во ист двор се дури се живи ќе бидеш расфрлан Тоа е, што е, отрпнав оддамна и почнав многу работи да не приметувам Абе кога се делеше имотот не се мешав, желба на мм беше куќава, а може и требаше, што ќе ни е огромна куќетина со огромно дворно место, вечен роб ти е тоа Секако има убавина и се, ама се да е пристојно "големо". Сум кажала имаме или имавме идеја да правиме поткровје, ама се повеќе ми се губи желбата. Светковци се стари и секако не се вечни, еден спрат е 130кв, а бебе не иде во предвид овде да седи со нас! Ако сака куќа има друга или може ние таму, а он овде, ама пак и нему повеќе од 260кв нема да му требаат нели Викам да не си бараме бељата Него чекам битна нарачка од Али, ремче за Биби за да го шетам надвор Пребарав по Скопје и никаде нема, а некако околу се ми кажуваат дека доцнат многу нарачките од Али или не ни стигаат. Па нарачав 4ри и од Ибеј уште толку, па ваљда ќе стигне некое Е сега ако стигнат сите ќе биде модерен, од сите видови порачав, бои генерално беа рандом Како ќе биде и ова и како ќе се испонаша не знам, ама ќе се пробаме Бебе веќе збори како ќе го шетал, ама се мислам дека он си мисли дека ќе го шета како кученце по пат Прашува и Маус како ќе го шетаме кога ќе биде топло Гледав по Али едни кутии за пеперутки, па мислам тоа да порачам, гледам пластични се, со ремчиња околу врат. Морам да најдам нешто, ќе ме пукне барем во двор да го изнесе Си порчав и неколку футроли за мобилниот, како го имам се во една ми стои и цела е упропастена, дури грда е веќе. Па чекам и тоа за да се упристојам Да спијам, јадев, грицкав, мезев и сега намирена може да потонам во длабок сон Или не, чекам да допере машина, морам да пуштам и сушара, на бебе му биле прљави долните кои имал на ум да ги носи утре Што мака си имам јас уште од сега, сестра ми го вика "моден гуру" А последно му се увртело сакал црвени патики, па некое време ги збори. Најдов едни онлајн и му ги покажав, па сега чека секој ден кога ќе стигнат, а јас не сум ги ни порачала А и што и ако ги порачам, платнени се, секако не се за сега, а и немаат никаков попуст А како што не заборава, ако ги снема или бројот му го снема ќе биде фестивали Ај се испраќам Гушкајте малишанки
И ние сме со 8г. разлика. Нема проблеми до сега,се надевам дека така и ќе биде. Многу го сака,по цел ден го гушка и малтретира.А па кога го гушне и му рече: -Братче мое! Душа ми се топи. Требало и порано да сум го родела. Ја тргнавме малата масичка и ноќе кога мм си игра до нив ги гледам и си ќутам. Која среќа ни ја донесе ова бебе,се е различно,друг воздух се дише дома а за тоа не сум ни била свесна пред да се роди. Да немав толку лоша бременост би одела и на трето ама немам храброст. Првата беше лоша,по 8 години оваа беше 100 пати полоша за трета стварно немам храброст. Секој ден се шетаме,луѓе,топличко,и кафичи врие од луѓе. Многу позитивно ми влијае ова време. Дада од март ја пуштам со физичко присуство. Како мине време со целиот циркус со вакцинирањето и со тоа што никој од министри,претседател и премиер не се вакцинира ( како во секоја др.нормална земја) веќе почнувам да олабавувам и не се плашам повеќе. Пред некој ден излегнавме со мм,бевме отсутни 3-4 часа. Бебето го чуваше мајка ми. Знам дека со се ќе биде погодено и ќе сака се да е како што треба амааааа се враќаме дома во 21:30 и ќеркичката ме дочекува на врата и ми вика: -Мамо бебето никако не се насмеа,цело време те бараше во кујна и по дома. Леле срце ми се стегна,па кога го земав,гушкање,цунување...бебе се смее,среќно. Мајка ми истото ми го потврди,дека на секое тропнување ја вртело главичката да ме бара. А тоа иначе е насмеано од сабајле до вечер,нема плачење и ќенкање. Си игра си се смее. Ајде бегам,имам гости на ручек одам да кувам.
Супер, и кај нас сега е се надминато. Но на почетокот иаку навидум мислев дека е се во ред, сепак длабоко во себе чувствата биле поинакви. Според мене на сите им треба адаптација на новата ситуација дома, бидејќи животот комплетно ни се менува на сите.
Поздрав мајки Со денови го пишувам постот. Што да кажам... Вообичаено ни течат деновите. Секој ден е ист на претходниот, само храната е различна. Почнаа лесни да ми стануваат деновите со близнаците, рутина ми е веќе се. Некогаш се чудам, како успеав сама да ги пораснам во толкави момченца? Со моите почнавме да се гледаме, се ближи време за враќање на работа. Завршува 24 часовната грижа од мама Душа ми се пара. Мајка ми ќе ги чува 2 месеци. Ќе земе одмор. Па заради тоа и морам постепено да ги навикнувам на неа. На старт не ја прифаќаа. Сега веќе дозволуваат да им смени пелени и да ги храни. Моето породилно заврши на почеток на јануари. Добри 15 месеци траеше. Сега користам еден одмор, па друг одмор и се враќам на работа на 01 април. Го замолив директорот да биде флексибилен во однос на работното време. И онака нема ученици, наставници... Празно училиште само. Секоја ноќ пред да заспијам се измачувам со тие мисли. Ќе можат ли децава без мене? Ќе може ли мајка ми со нив? Двајца се. Тие се синхронизирани во се. Во исто време јадат, во исто време спијат... Ако едниот протестира, така денот нема ред. Многу труд вложив за тоа да е така, и ако сето ми падне во вода... Незнам како ќе го поднесам тоа. Реално, тешко е, многу е тешко да одгледуваш близначиња. Спасот е во режим (колку и да звучи сурово) кога единствено ти и само ти се грижиш за нив. Од септември здравје, во градинка. Нов предизвик. Тоа уште повеќе ме плаши. Големи ќе се (23 месеци), како ќе се навикнат? Помали полесно се адаптираат. Чекам утеха од некоја мајка која покасно пуштила дете во градинка. Доаѓаат топли денови, со душа чекам шетање под сонце, на изолирани места. Нека помине февруари и полека нека цути пролет. Убав ден мајки