За градинката, моето почна на 2 год и 2 месеци, од 9 и пол месеци беше оставен кај мајка ми на чување, јас почнав на работа. Првите 2 дена само плачеше на оставање, потоа внатре бубалче, проблем е што не јади ништо таму, сега е од 8 до 11:30ч и не е навикант на гужва, на викање и засега е малку повлечен, 7 дена се со денешниов и ми кажаа дека денес бил најдобар до сега, малку по малку се опуштал. Кај вас мислам ќе биди уште полесно бидејќи се близнаци, ќе имаат некој познат таму
Ти благодарам за споделеното позитивно искуство. И јас играм на таа карта дека се двајца. Останува да видиме. Фала ти
Мамички со првата ќерка правев маст со павловичева и уште две - три работи измешав. Се мачкав цела бременост и не ми се појавија стрии ама тоа беше одамна така да сум забправила што беа другите работи. Има некој што може знае?
Јас ставав ад капки и масло од чичково дрво. На стомак немам ниедна ама на градите уште во старт многу ми се појавија и видов дека џабе мачкам, па баталив. Тие на градите сега не се познаваат.
Јас мешав павловичева со кокосово масло. Слично како Јана, уште у старт имав на гради, малце закаснив со мачкање таму, али на друго место никаде не ми се појавија.
Јас почнав со кокосово масло ама не знам што правев погрешно после неколку саати многу ми смрдеше кожата. Се туширав по 2 пати, алиштата ми смрдеа, не можев да поднесам. Или може до мојот нос било Маж ми кога се враќаше од кафич, кафана уште кај вратата го малтретирав да се соблече и да оди под туш зашто смрдеа на цигари не можев да трпам. Комшијата го осеќав кога пуши преку вентилацијата во вц, па можно е до мојот нос да бил проблемот
Да, засмрдува кокосовото после некое време и јас го ставав и прекинав заради тоа. Иначе нема што не ставив на стомакот од креми и масла и пак си имам стриички три/четири.
@bela.m Обожавам близначиња Од најмала кога и да ме прашаа што сакам велев близнаци Ама нема по нарачкаа.. Добри си сме ние 6 ката ја почнавме. Беба изгледа заби ја мачат нервозна е се гриза,кенка ,се буди со пиштење ,не спие убаво. Јас уште со несоница си се дружам. За 3 месеци треба да почнам да работам ,јас уште сега се нервирам дека мора да ја оставам...
Чувството кога разговараш со маж дека сакате второ дете ама сега не е моментот и треба да се почека, се согласувате двајцата ама имаш некој немир во себе дека не си била искрена. Правиме беља одма после менструација, знаеш дека шансите се скоро 0 ама пак скришно правиш тест. Негативен е, си викаш уф добро, вака е правилно ама нешто во тебе се крши. Зошто? #малаисповед
Зашто сме жени и одма се буди некој немир во нас. Сега кај нас така беше три месеци и четвртиот запали работата. Јас мислев од Короната веќе нема да останам трудна
Читав дека мирисало кокосовото лошо, ама шо знам, мене ниеднаш не ми засмета, 6 месеци се мачкав а и кога ми се направи маститис со него се масирав. Ќе да е до мојот нос проблемот не вашите
Зошто!!! Нема право време,од искуство ти велам. Се омажив млада,вонредно факултет завршив... не бев бремена,си живеевме сами со мм и тој беше уште студент. Мн ни беше убаво,како цимери да бевме. Штом бев последен семестар одма останав бремена,така планиравме фала му на Бога така и испадна. Ни се роди ќеркичката,и двајцата дипломирани со се средени пошто имавме три години со се да се средиме. Се роди бебе кога почнаа проблемите со родителите на мм не знаевме каде сме,немаше излез,не притискаа со се. Како да чекаа да имаме дете и да не начекаат во слаб период за да ни го загрозат животот. Ни требаа 6 години за да застанеме на наши нозе и да биде и 100 пати подобри од предходно. (Имавме мн помош од моите). Мм е највредниот и нај амбициозниот човек што сум го сретнала. Се супер,детето подпорасна,ние нов дом,бизнисот цвета,нова кола... Дубаи,Египет,Париз,Рим,Турција одмори секаде по 2-3 дестинации во годината ама бебе не доаѓаааа. Почнуваат нервози и еден куп прашања... Зошто,зошто ние сме мн млади само што ја разбивме 30 ката. Па ајде испитувања,ин витро,тешка бременост,корона плус на ова... ЖИВОТ! Важно да сме сите живи и здрави другото.... се ќе се среди. За се кога мислев дека е време секогаш животот ме зезнуваше. Гази жено и прави дете !
Леле мајка ама ме здрма Како јас да сум го пишувала само неколку години поназад зашто не сме толку во брак особено моментот со родителите. И ние моментално сме во тешка ситуација, не од финансиски аспект туку се чудиме кој пат да го фатиме. Баш што викаш кога ќе решиш нешто, животот ти задава удар. Зборевме дека и да дојде бебе сега можеме да се снајдеме ама најдобро би било да се почека уште некои коцки да се наредат. Но, кога ќе се сетам дека коцките требаше да бидат наредени уште пред 2 години... Голема среќа што имам ваков цврст маж, јас се распаѓам покрај него многу тешко ги поминувам тие лоши моменти ама он ги држи конците. Не знам што би правела без него.
Павловичева со АД капки измешај. Така направив јас, ич немам стрии. На почетокот се мачкав и од фито фарм некои специјални креми па ги мешав со бекутан маслото за полесно мачкање, ама после продолжив со погоренаведената комбинација.
Породилното не може да се продолжи, можеш да земеш боледување за нега на дете од педијатарот, ако има нели причина. И одмор да искористиш што имаш.
И мене ме замисливте со муабетот и ние чекавме 3год "да се наредат коцките" коцките не ни се наредија за бебе се помачивме не е дека беше од прва. Еве мм сака одма второ ( штом првово напрај година да почнеме) ја кревам рачна затоа што не сме обезбедени ни стамбенло, ама па работно горе доле сме. И можеби е стварно во право, напрај го второто ќе се помачиш некоја година па ќе редиш коцки. Не сум паметна да знам што е најдобро, од една страна не сакам малово да ми е само, од друга страна не сакам да им фали ништо. И ај сеа јана ја викам па да се дружиме во труднички догодина
Затоа што сакаш уште едно бебе. Јас не сакам и едвај чекам да ми дојде. Имаме незаштитен секс и знам дека шансите се ептен мали ама ги има. Еднаш ми дојде на 31 ден и во глава се спремив за абртус. Кај мене е моментот што јас психички и физички не сум спремна за бебе.