Ние сакаме, се решивме а и дете запиња бара бебе... 4 месец еве,не дека се оптеретуваме,не гледаме плодни денови, некад ги промашуваме.. ете толку се може баш тој ден она цела ноќ нема да спие.. За неа се опседнав и година ипол ништо, сега реков нема така ама пак на секоја менструација чуствувам разочарување, не така како за неа,ама сепак е тука. Време да темпираш не можеш, и ние чекавме многу, не сме баш спремни,ама времето лета... Не сакам утре по моја вина да остане сама зошто јас сум мислела дека не сум спремна, дека немам место, пари... Ќе се снајдеме, па може ќе е среќичка за поголем успех. Овие две очиња што ми бараат бебе, ме гали за стомак и ме прашува дали имам бебе во мешето, дека бебето ќе ни ја видело елката за нова година(следната хахаха).. е за тоа се борам.
Јас немам ни брат ни сестра. Моите пробале еднаш после мене ама за жал не се завршило добро. Требало да почекаат една година па да пробаат пак. Во меѓувреме им се влошила финансиската состојба и решиле сепак да останат со едно за ништо да не ми фали. И така беше, не ми фалеше ни храна ни облека, ме школуваа, се супер АМА јас си останав сама и чезнеам и ден денес за брат/сестра... Станбено прашање кој знае кога ќе решиме ама некако си викам подобро две да си се имаат у животот, па ние ваљда некад ќе се средиме. Вредни сме и двајцата, си работиме, ваљда нешто ќе створиме... Едино сакам да се вратам на работа една година па да останам пак на породилно. Ќе видиме како ќе биде, со овие работи никогаш не се знае а и не испаѓа како што сме планирале
И јас сум сама а и маж ми... Мене ми фали пошо сум имала а сум го изгубила на маж ми и не толку...а може и потиснува чувства, таков е за себе никогаш не се жали. И неа не сакам да ја оставам сама, роднини како роднини си имаат свој живот.. Мое дете има само втори братучеди и тоа ме јаде... Прежално ми е да остане сама...
Немате гаранција дека ако се две ке се сакаат неизмерно и ке се тука едно за друго. Романтизирање е кога ке кажеш да не е само. И да не се во лоши односи, може да се на две страни на светот. Не треба никогаш да се занемарува спремноста на родителите, психички, физички а и финансиски. Среќата зависи од удобноста.
Апсолутно си во право. Мм и сестра му не се блиски. Немаат нарушен однос но се едноставно два различни света. Сепак очекувам дека ќе си бидат поддршка еден на друг кога ќе дојдат најтешките денови. Не сум за второ, трето дете по секоја цена. Ама па и не ми се чека сите коцки да ми се склопат оти така може и до менопауза ќе стасам. Ова лично за мене си зборам. Не ги осудувам тие што имаат едно дете и никогаш на пријатели немам кажано "кога второ" или "ајде што чекате, детето ви порасна". Секој си знае за себе, можности ли се, желби ли се, небитно.
Уфф второ дете-тешка одлука..бар за мене.Тотално нерешителна.И да,брат/сестра не е гаранција дека ќе се блиски,ама родителите се клучни. И така после толку думање,одлучивме на второ да одиме.Е лесно не забременувам...и за жал го изгубив.Цело годината ми требаше да се соземам.Но,мислите и желбите ми се искристалозираа што сакам и кои ми се приоритетите.Сега,повторно бремена,рана бременост..Страв до коски.... Детенцево ко да насетува и само ми се пика у меше,ме гали,ме гушка...Не му кажуваме сеуште. На тие што се думате дали да одите на уште едно-мој совет:ич не му ја мислите! Никогаш не испаѓа ко што се планира,знаете бременост неможе баш да се испланира.А некогаш испаѓа и подобро од планирано Инаку едвај чекам повеќе сончеви денови,не се доседува дома.Да си трчка малово во лесни патичиња,да му изнесам кофите и вода на тераса,да уживам во ладен нес....
ни јас не сум претерано блиска со брат ми, ама кога ми треба/му треба нешто нема двоумење! Одма се помагаме!
Здраво мамичкиии! Ме нема некое време али стварно не наоѓам време на брзина влегувам гледам за бебка некоја идеја за доручек/ручек и тоа е.. Мм е до доцна на работа и све сами сме со бебка кога да зготвам за него да зачистам да излеземе да зготвам за нас и отишол денот.. Туку за два месеци на работа треба да почнам лее ноќи не спијам верувате опседната сум со тоа не е проблем што ќе оди во градинка избрав добра приватна градинка а воедно и нова е.. Ме мачи работното време и покрај што ќе оди во градинка пак треба мајками свекрва сите да ги агажирам да се влечам со торбици кај една баба послем градинка кај друга тие овде хаос,безредие тоа што го мразам највеќе... Само гледам како би можела да издржам до годонка дома да најдам друга работа Незнам побудалив мислам од мислење готово Гледам се има тема за второ, трето бебенце Јас и мм сме сами, незнаеме како би било да имаме брад/сестра.. Кога бев мала многу ми фалеше и мајками ја молев да ми роди батко да ме бране надвор Али од што чекале да се склопат сите коцки и мене касно ме родила, а и касно се зеле со татко ми.. И сега кога се породив си викав да имав сестра барем ефнаш неделно да идеше кафе да пиев и на рает муавет.. дај боже да биде се како што треба бебуш нема да го оставам сам од кога го имам него ја сватив поентата на животот, и се запрашвам како се најде во мене олку голема љубов, посветенос, среќа сакам пак да го доживеам чуството кога ќе ми го стават на гради пишувам и се топам Мм сака што поскоро тој веќе наговара да сме почнеле јас сум таја што сопира.. Ради една причина што сум царски породена еве скоро 7м.. Свесна сум дека за мое здравје и на бебето несмејам да помислувам уште сега Алии на 1г здравје ќе одам на гиниколог да разговарам па да даде зелено светло и се факам за работа Гушкање
Дете спие од осум негде, со маж се „видовме“, па сега секој на своја страна. Кога беше бебе имаше моменти мислев никогаш нема да помине времето и вечно ќе бидеме заглавени во моментот цицање цела ноќ до полудување, ама после првата година толку е, додека трепнеш во школо ќе тргнува. Колку сме заедно постојано, ништо немам пропуштено од нејзиното растење, а пак се осеќам како да сум замижала и нешто поминало. Јас сум one and done, мајка на едно дете, совршено и прекрасно, семејството ни е комплетно и не осеќаме празнина. Нити пак она бара бебе, ниту пак на нас ни фали. Знаевме дека ќе ни е едно и максимално си ги искористуваме сите моменти. Не се ни оптеретувам со тоа, едноставно завршена работа е. Ме нервираат само луѓето со коментарите кога второ, па сожаливи погледи, не сакам ни да замислам како им е на оние што навистина сакаат и пробуваат, а не успеваат од некоја причина. Колку им е ужасно. Мора да се научи да не се прашува за такви работи и да се гледа својата работа и своето семејство. Дрзок може да биде секој, секој може да врати со иста мера, ама треба да се преќути некогаш. Оваа возраст ми се чини дека е најубава, пред тргнување на училиште, без обврски, без правење работи под саат, максимално уживање. Обожавам кога си шетаме фатени за раче, она расцрцорена како славејче, само нешто љубопитно ме прашува, кога ми кажува колку ме сака сто пати на ден, па ќе ме опсипе со бакнежи ненадејно... Потоа, со тргнување на училиште сигурно ќе се сменат работите. Ама, си има секој период нешто убаво. Уживајте и гушкајте малечките, добра и мирна ноќ, особено за мајките со бебенца.
Ако нема близина, тогаш каква ле е таа поддршка? Мене тоа едно сп друго ми оди. Мене ми е нерационално да имаш две деца само за да не се сами.
Па добро, различно гледаме на работите, нема ништо лошо во тоа. Тоа што немаат исти интереси, што немаат навика да си "гугаат" на телефон и сл не значи дека не се/нема да се тука еден за друг. Е сега не кај секој е вака, секој пар siblings си се прича за себе. Мајка ми и брат и пак се многу блиски и ден денес, уште "бате" го вика ффс. Јас со години веќе сакам поголемо семејство. Нешто ми вели дека многу големо нема да биде, ама си го гледам ќерево, ни 2 месеци нема, и си викам не сакам да се чувствува сама. Ние како родители ќе и се посветиме максимално (се надевам) ама зошто да си не си има другарче ако ги створиме потребните услови.
Па добро, не е дека родителите се решаваат за второ дете од преголема љубов кон првото и само за да има другарче. Еве јас конкретно не гледам на тоа така. Три сестри сме, маж ми се исто три деца и двајцата сме научени на ручеци и собиранки со повеќе луѓе, повеќе радост, повеќе љубов. Има три тетки и само го бараат да го видат, си играат, се гушкаат, му купуваат сешто и убава ми е глетката. Сакам пак одново да осетам таква среќа како син ми кога се породив, мирис на бебе, да раснат заедно, сакам повеќе луѓе на маса за ручек, некако се дуплира љубовта што знам. Би имала и 3 деца ако се наредат работите како што сакам ама тоа сум јас, различни луѓе, различни желби.
Да во право си, мојата сестра не живее во државава и сестрата на мм е преку океан но има едно НО. Кога правев крштевка,сестра ми си дојде,кога правеше крштевка таа ние отидовме таму. Па и во далечината има по нешто убаво. Копнежот е голем,мн си недостигаме,си праќаме постојано подароци ( фала Богу сега има комбиња,автобуски линии) па авиони,ќе одиме на гости кај тетка па цел клас мора да дознае. Недела мм чека за да се слушне со неговата сестра, децата на золвата многу ме сакаат, им купувам и дозволувам тоа што родителите им бранат ( кај мене јадат чоколади колку сакаат) и нормално ќе ме сакаат. Секое утро сестра ми ѕвони на Вибер,си се муабетиме... таа таму е сама,јас тука со бебе дома. Тоа што и го кажам на неа е помеѓу нас,ние мн сме блиски и затоа и сакав моето дете да има брат или сестра. По ген сме си сентименталци знам дека ќе се сакаат.
Така е... и јас многу ги сакам големите семејни собири. Секогаш кога славиме нешто се договараме како да се спремиме. Па на крштевките сите се облекуваме во некои слични нијанси. Кога ги гледам сликите од крстевката на син ми толку ми е убаво на душата. Моите сликани со внучињата...милина за очи. А не сум ни против тоа дека секој како се чувствува така треба да прави. Ние ако неможевме да го имаме второто бебе ќе си се помиревме со судбината,имаше на кој да му ја подариме целата наша љубов.
Исто ко што ти си одлучила (ете и Реин погоре) да останеш на едно дете, така почитувај ја одлуката и на оние кои сакаат повеќе деца. Нема погрешна одлука, ако некој мисли така, неговото за него е вистинска одлука, за тебе твоето и тоа е тоа. На тема второ дете ми се плаче, сакам второ одма сега, ама со оваа килажа нит јас нит мм не сака. Да ослабам сакам и морам оваа пролет да превземам нешто, зошто друго не бива. Најдов онлајн тренинг, да ми заврши и почнувам. Би почнала веднаш, ама крварам доста последнава година и не ми се ризикува, ќе се направам лом. Со исхрана сум почната веќе некое време да регулирам, се трудам, јадам во одреден период од денот само и тоа е тоа. Уште благото да го тргнам. Да се затопли ќе вежбам и ќе трчам и не потклекнувам зошто ова ми е последна шанса мислам, со годините слабеењето не оди лесно веќе. Дете љуби га мајка е хит. Сега се спремаме за 1 април и за роденден. Сака маска диносаурус па имам месец дена да ја направам, сошијам, скоцкам, и после уште малку да спремам роденден. Се во тема диносаурус. Торта сама ќе правам, мезиња исто, декор ќе спремам сама, решена сум во двор да правиме така да мислам да се потрудам доста. Деновиве ќе го посетам Џамбо за пополека да купам декорации, да не осетам наеднаш многу. Ќе правам герланда од балони, планирам да направам рамка со дино мотиви за сликање... Пошто ќе бидат малку деца, буквално само тие со кои секој ден се гледаме малтене, ќе биде како што треба. Сменив доста кај мене, почнувајќи од фризура, па до став. Си започнав да си ги враќам старите другари во животот и сакам да бидам подобар човек.
Во дискусијата погоре се вртеше муабет дека сакаат второ бебе за да првото не биде само. Јас кажав дека тоа конкретно за мене тоа е нерационален пристап кон таа идеја. Нема правила, сепак тука ке се еден за друг итн, е веќе ширење на темата и јас ме навлегувам во тоа. Мене не ми е интересно да дискутирам за тоа.
Мила секако не мислев да имам второ само за првото да има другарче, но позитивно е дека нема да е само. Ја сум со сестра ми скоро 8г разлика и многу се каравме, еве сега од X причини другарки дали 2 имам и знам дека ради неа секогаш имам со кого да разговарам, не ми мисли лошо, не ми завидува во животот имам внук што многу ми го исполнува животот и со мое бебе ќе си бидат братчиња и ќе се сакаат. И да немаме ни јас ни она втори деца пак нашите деца секогаш ќе имааѕ некој во животот што ќе им помогне затоа што ние така ќе ги воспитаме. И мм со брат му не се нешто премногу блиски ама имаат огромна почит. Се е до воспитување и начин на размислување. Ти се фаќаш во темиве ко слеп за стап а мајките испишаа низа други нешта зашто сакаат второ дете. Ете и јас сакам голема фамилија како јана што рече па утре здравје децата кога ќе имаат свои деца сите да ги соберам на маса...тоа е живот за мене, но не значи дека и со едно дете нема да го добиеш тоа. Секој како си го замислил животот. Некој и со едно е задоволен некој па и 3 му се малце затоа што си има свои мислења и копнежи за тоа како неговиот живот треба да изгледа Дај боже да имав голема куќа и повеќе финансии ќе ги родев и 4
Јас не се фатив само за последниот пост, на секој пост со оваа тема реплицираш, затоа викам, рилекс, некој сака второ, трето, четврто, некој не (ти во случајов) и се е исправно.
Ако мислиме што би било кад би било,боље е и да не раѓаме деца воопшто и тука не де дискутира. Ова е исто ко на некој што не сака второ да му кажеш дека неговото мислење е погрешно, било која и да е причината поради која не сака второ... Имам еден куп пријатели што не се решиле за второ,никогаш не паднала тема на муабет зошто е така. Ние сакаме и 4, ама сведноста си игра главна улога па си викаме дека нема да си дозволиме да останеме на едно. Борбата за бебе е тешка, кој прошол знае, а има полошо и потешко од моето... Да идам ја на некоја која едвај остана трудна да и кажам, ај бе може нема да се сакаат... Мое дете стана право девојче, тантруми и ноќни терори намалуваат, почнуваме здрав сон да свезуваме, од 1ви ќе оди во градинка. Е само инаетот и остана, се она знае, се она може, се неа некој нешто и кажал, па си бара што и е ветено итн. Само уште срамежливоста бар да ја намалиме, неќе и неќе да збори пред други луѓе никако, ќути. Со деца е ок, со некои поблиски луѓе ќе каже нешто кратко и толку. Едино со баба и и дедо и е у право светло. Се друго молк. Дома не можеш да ја сопреш, у кола ни требаат тампони за уши... Се надевам градинката ќе помогне малце. Ни доаѓа пролет, полесно ќе биде.