Здраво мајки, пишував одамна во темава, сега само ве читам. Не дека нешто посебно имам да кажам, ама толку многу ве разбирам вас што омате по две деца и сте сами по цел ден. Иста сум. Понекогаш на пола ден мислам дека веќе не можам да функционирам Инаку се уклучив да и пишам на @AngelOfArh, дека те читам за слабеење. Извини што ќе се вмешам, ама чисто сакав да кажам, читав по фб, на ЖДМ бара нутриционијсти за, слабеење и повеќето жени спомнаа една девојка Еми која правела режим на исхрана за секој посебно, нелиЕ вчера баш читав за некоја друга девојка која живеела во Лондон и имаше на профилот успешни приказни. Дека и без вежбање слабееле(искрено не знам колку е возможно и како), ама се жалеа дека било многу скапо- за еден месец земала по 250-300 евра за да ти направи режим на исхрана. За другата девојка беше поефтино Па ете, доколку си во можност можеш да пробаш и вака. И јас би сакала, ама нема толку кешмесечно, а и немам толку време за мене Ако сакаш ќе ги побарам во групата и ќе ти пишам кои се. Инаку, не сум пријателка на ниедна од нивне ги ни познавам, да не звучеше ова како реклама Поздрав мајки, имајте убав и порелакс ден(доколку е можно тоа де ).
ЈАс ако имам 300е месечно вишак не ми треба нутриционист. Ќе уплатам кај најдобар тренер да вежбам, мене само физичка активност ми фали, да вежвам и одма симнувам. Нормално ќе смениш исхрана ама не е тоа тоа, си сака вежбање.
Мислам дека Марија еднаш зема 300 евра ,и ти дава режим за цело време ,без многу отстапувања од твоите омилени јадења и без вежбање.. Споделува секојдневно слики пред потоа од клиенти... Е сега дали може да се ослебне така не знам...
На тема слабеење и јас да и се приклучам на @AngelOfArh, кој што прави јас на диета сум Абе едно чоколадо немам изедено без грижа на совест Со години си носам 10+ кг и никако да ги симнам. Пред бебе вежбав 6пати неделно цело време, се стегнав ептен ама вагата сеуште стоеше на 72кг Е сега сум на диета од Нутри Ви нутриционистката. Задоволна сум, за два месеци симнав 8 кг, сега сум 70кг. Планирам уште 5кг и доволно е. Нутри нуди план без мерки, значи нема 100гр ова 45гр она. И ако не ти се допаѓа нешто во планот ти менува. Јас сум задоволна има доволно за јадење и јадењата се брзи не мора цел ден во кујна да седиш. Освен што се брзи и здрави се, два месеци не отстапив од планот и на мм роденденот се изнајадов похован кромид, кашкавал и торта и следниот ден желудникот ме утепа и ми беше како да сум се разболела Земав и вежбам од ова вежбиве на Ана Стојанова, супер се, тамнка кратки за да не ми одземаат многу време. Е сеа дојам и тоа придонесува значително за побрзо слабеење па затоа сакам да искористам сега додека синко цица. Инаку после 1кг има 3 месеци да го симињам
Ти како мм ништо не јаде а се дебелее кога беше физички активен пред коронава одма ослабе сега откако не затворија е +10кг одма се поправа. Буквално е сабајле на корнфлекс ручаме исто и толку не јаде благо не грицка гледам да сме на салати претежно ама џабе и салатата му се фаќа само физичка активност му помага и он со душа чека да може да оди во теретана или сега на пролет да трча
Диетава ти е компатибилна со доење? И јас сакам некаков режим, ама еве еден месец што исфрлив благо и леб, млекото одма ми се намали.. како се вратив на претходна исхрана, се врати и млекото (добро и чаеви нон стоп од кои ми се згади веќе)... Не сакам да си направам проблем со млекото, а еве ексклузивно дојам, а кг си стојат исто.. ни плус ни минус.. убедена бев дека додека се дои се слабее, и не јадам ништо повее од претходно, дури и не вечерам..
Тоа и ќе правам. Искрено тешко ми оди да одвојам зошто работам и после работа имам обврски и умор ме убива уште во 9 да заспијам. Да не зборам дека дете си е захтевно и си бара внимание. Сега ќе морам, сакала нејќела зошто имам 1м пристап до една програма за вежбање, морам. Добив и Хербалајф за 1м за појадок само од другарка, вишак и било, ако ми успее ќе си го зимам секој месец и тоа е тоа. Имам и друг пат пиено хербалајф, се слабее навистина, не сакам хемии и слично ама овој пат морам да тргнам од некаде, последен воз е. Ќе го пијам само за на работа зошто тогаш ми е проблем, дома немам мака, се контролирам, а на работа ми е проблем да се воздржам и така доручек еден да заменам во 10, една ужина, да ручам ко што ручам во 6 и добро ќе биде. Проблем ми беше што на работа јадеме грицки, нешто благичко, па тостови, сендвичи...
Цел живот сум на диета, цел живот сум дебела. Проклетија! И јас мислам дека волку слабеење со доење не е компатибилно. Токсините сите одат во млекото.
За Хербалајф, другарка исто доста ослабе, но секако во комбинација со вежбање Мора да се контролираш и на работа, а за тоа и треба да ти помогнат колегите, да не ти нуда грицки и слично
Не се криви колегите, јас не сум карактер, тоа е. Ќе видиме, дали Хербалајф и интервално постење ќе помогнат.
Не мислев дека се криви, туку бидејќи и сама велиш не си карактер, да ти помогнат со тоа што ќе те спречат да земеш нешто што не треба
Здраво мајки. Да не се објаснуваме веќе. Јас кажав конкретно муабетот да не е само детето дека не ми звучи ни убаво ни логично. Секоја причина надвор од ова е ваша лична и не ме засега, не знам зошто толку ми објаснувате, и сама ги знам сите причини и во ред е, секој со своето. Во врска со вишокот килограми, мора и вежбање и исхрана. Зборам ако сте како мене со 20 кг плус. Ај може да се каже сега дека имам уште 15. Почнав да вежбам и има огромна разлика. Пред се јас се чувствувам многу поенергично. Болки во кичма се сведени на минимум. Се чувствувам подвижно, а бев улегана. Има резултати и на око и на вага, ама мене вежбањето психички многу позитивно ми влијае. Па и сексот е подобар откако вежбам. Не мора да вежбате ако немате можност, и 1 час брзо пешачење е доволно. Јадење ми е слаба страна. Се трудам да намалам калории, посебно вечерата да ми е лесна т.е. нискокалорична. Да јадам само салати за еден месец ке симнам 5 кг ама сакам и вистински оброк. Не ми треба план од никого, знам што дебелее, знам што е здраво. Вчера маж рендаше морков и цвекло, повеќе од 100 калории нема. Ама ме мрзи да рендам. Вчера мајсторот дојде да земе мерки за кујна и ке почне да ја прави. Јупииииии јеиии. Душек земавме 180 x 200 и маж не престана да збори дека нема да може да влеземе. Вчера наместивме и по премерување виде дека се си е таман. Убав ден. Гушкајте се.
@MilaSs12 Ништо лично ама дискусијата не мора да заврши кога ти ќе посакаш, баш убава е темата. Мислам дека сите сакаа да се изјаснат и објаснат зашто погрешно беа сфатени. Ај добар ден. Денот преубав, планови многу имав за денеска ама синко намислил да го руинира цел стан и не можам да го игнорирам хаосот. Јас закачи алишта, тој откачи. Јас собери играчки, тој растури. Јас вадам садови од машина, тој влегува во неа. Влеговме во седмиот скок јако, цела ноќ се будеше и само во раце сака. Кичма немам веќе, не е лесен. Маж конечно вчера се врати и од сабајле ми забушава, само некои обврски си измислува надвор од дома. Немам ништо посебно да кажам затоа и не пишувам тука баш ама ве читам. Дајте кажете некое убаво место за викенд во Србија, ми се смачи веќе од туризмот во Мк, сакам да мрднам некаде. За 2 недели ни е годишнина, па сакам да резервирам и да го изненадам мм. Идеално би било од Белград нагоре тој дел поубав ми е ама гледам и Ниш е убав град со места за шетање и најважното поблизу е. Идете прошетајте денеска и за мене, фатете го денот
Јас бев мајка за едно дете, буквално уживав со неа, додеката другарките лудуваа од нервози со по 2-3 деца јас си бев секогаш смирена бидејќи едно па и послушно, планирав да шетам со неа Истанбул, Германија , Париз, бидејќи маж ми е домашар, викав ќе си порасне и ќе шетаме заедно со неа.Мене не презеде вината дека ќе ја оставам сама ( инаку повеќе сакав едно баш заради многу нарушени односи помеѓу браќа и сестри околу мене). Се е поедноставно кога е едно од сега па натаму засекогаш е потребно многу балансирање од нас родителите, да не дадеш на некое повеќе внимание , повеќе пари, итн. Убаво е и со две ама дефинитивно различно, радоста е поголема и проблемите се дупли па секој треба да си се пронајде за каде е. @AngelOfArh бебенце нека ти е главната мотивација за слабеење, имам другарка после мн.години и доктори , си забремени веднаш кога ослабна без инекции без ништо. Не дека нема жени кои раѓаат со повеќе кг ама некаде влијае. Јас чекам да појдам на работа за да се доведам во ред, дома сум хаос со јадењето, но целта ми е до тогаш да ги изгубам овие 10кг. и ќе ги симнам ! Па ќе почнам пак да си ставам нокти , планирам тетоважа на веѓи до работа и нова јас.
Незнам за колкава килажа станува збор.. Јас одев кај Ема и за три месеци намалив 15кг и останав бремена.. Ако нешто те интересира пиши ми.. Без вежбање намалив толку да напоменам
Реков јас-а сонце пукне одма друго расположение! Истрчани и изиграни до прееска на игралиште.Ми вика:"мамо мн сум среќен"(дечиња наоколу,трчкаат,зборат нешто,играат). Одсабајлето само го прошетав у мало на кратко,ме бараа од работа да сработам нешто.Не се нервирам,за сега жонглирам некако со работа од дом и детенцево..Ај бар продуктивна се осеќам. Утре планирам и тротинетот надвор да го носиме па нека врти крукчиња
Секако, се што ми даде да јадам е здраво само комбинациите таа ми ги смисли. Не знам зошто би било токсично да исфрлиш благо и бели пецива. Јадењата се стндард сабајле лепче со хумус, јајце варено, чиа со јогурт, овес со јогурт, киноа со јогурт, просо со кисело млеко, ужинки се јатки, путер од јатки, овошје, чиа пудинг, ручеците ае манџи без запшка, бурита, салати и вечерите се јајце, салати, таратур, супи, имам и пица и тестенини. Како примети ти дека снема млеко? Јас имам, не ми се десило да приметам дека немам, секогаш кога ќе ја стиснам градата шприца на сите страни. Мене освен благото и бели пецива голем проблем ми се и самите комбинации на храна. Зашто и пишав јас што јадам и она тоа ми го искоментира. Дека правам лоши спојки, се е убаво тоа што јадам ама да не биде се во ист ден и ми направи балансиран план. До сега 4 месеци уплаќав и имам 4 различни планови и сега ќе си ги вртам тие.
И јас сакам второ дете... Имам 38 год и некако ми се брза за второ. Ама сега за прв пат во животот ми се појавија панични напади и додека не се средам малку психички и да олабавам од обврски изгледа ќе почекам некој месец. Почнав на работа... Имам специфична професија и сега со протоколи и чуда околу ковидов е уште покомплицирана. Сепак излегувам од дома што пред тоа го правев еднаш неделно само до кај моите. Се надевам дека позитивно ке ми делува работата колку што се можи. Викендов резервирав хотел во Охрид... Сами тројцата... Едвај чекам. Се надевам на полнење батерии пошто немаме мрднато скоро 2 год.
@Jana06 дискусијата нека продолжи, ама да не ме тагнувате мене со објаснување зошто сакате две. Јас не реков дека едно дете е закон и нешто најдобро, и јас сакам две т.е. не сум сигурна. Убава е темата, и јас се имам искажано на истата. Врњачка бања за фалат. Јас не сум била.