Секој како што сака треба да си прави, ама најубаво е кога одлуките доаѓаат од сопствените желби. Не од вина или притисок од општеството. Ако некој не сака да има деца тогаш не треба да има воопшто, а не само да се има зашто така треба. Ако некој сака едно и смета дека нема да може со уште едно од било кој причина треба на тоа да се задржи, а не поради притисок да има повеќе, па после да не е океј, За колку и деца да е истото важи. Инаку, да, има многу повеќе набивање на вина на родители со едно дете, знам, го осеќам тоа на себе, па истото и овде што се пишува, само ќе остане, нели ти е жал, себично е, и уште куп причини. Поголем број е на таквите муабети секако, отколку на зошто имаш две деца, тоа мислам никој не го спори. Ама, подобро добра мајка на едно дете, отколку никаква за две деца. Затоа мора да се олабават притисоците и општо, бројот на деца не треба да е тема на small talk. Какво е времето е таква тема, а не колку деца имаш или сакаш да имаш. Секој за себе е правилната работа во случајов.
Ништо лошо не мислев, само те прашав. Па приметив по тоа што баш не ми шприцаа ко претходно.. капки само, некогаш ни тоа. И дете не голташе ко претходно.. често плачеше после подој, како да е гладен. И не ми се полнеа градите ко претходно. Ми беа меки претходно секако пошто си имавме воведено лактација, ама тогаш како да издишаа... Ова зборам во Декември, после си се вратив со благо по малку и леб за доручек, а за ручек и вечера не. Ни во Декември ослабев ни после качив.. вагата си стои на иста бројка.. И пишав на Ана Стојанова (по препорака на блиска) и ме одби за давање режим додека дојам.. кај друг не сум се обратила..
И власинско езеро доста го фалат... Јас лично не сум била иако сум порасната во Врање. Врање може за прошетка и ручек ма пример на враќање.
@AngelOfArh извини, јас спомнав како идеја плус за помош околу слабеењето. Затоа што не знам ни колку работат теретаните, а овде имаше примери дека жени со режим од девојкава средиле Пцос или останале бремени после долго време. На крај, сепак секој сам си одлучува. Го споделив тоа бидејќи бараше нешто за пократок рок. @Осе може и грешно сум разбрала Така пишуваа жените и баш коментираа дека било многу скапо.
@Jana06 јас имам роднини во Нови Сад, сум била 3-4 пати и многу ми е убав градот. Посебно навечер, ептен ми е романтичен градот
@flower30 па и јас не знам многу ,од кажано да речам ,другарка моја прашала ,ама како и да е одеднаш 300 евра е многу за нас... Мене лично толкава ми е платата. Треба еден месец ништо да не платам /јадам за да ја платам
Да, многу е. Се шалеа на фб да не давала и јадење за тие пари Ама за некој може е супер цена, плис ако стварно дава такви резултати
@Jana06 И јас ќе ти велев за Нови Сад, прекрасен град, за мене најубав во Србија. Ме воодушевува секогаш кога одам, го доживувам одново и одново. Само далеку е, ќе црвоса малиот. Но ако имате повеќе време за шетање, не ми текнува на колку дена пиша дека сакаш да отпатувате, може некаде во средина да преспиете, да прошетате, па да продолжите нагоре. Исто и на враќање, па така би посетиле повеќе места. Инаку сметам дека напорно ќе биде, освен можеби ноќе да патувате и малиот да спие, со куси паузи за да јаде и да се протегне од седиште. Може и околу бањи да видиш, обично во убава природа се бањите, па убаво ќе ви дојде и така. Туку, кога сме на муабетов, на малиот му извадивте пасош? Како оди тоа?
Здраво на сите, еве најдов време конечно и дојдов да се испукам во темава па мислам ќе ми биде полесно. Денот прекрасен денес убаво го фативме и бевме на прошетка со мм и синко, бар се изнаспа додека го возевме со количката, ама од кога се вративме дома почна фестивалот. Не знам што му е, дали не фати веќе 4ти скок или нешто друго му се дешава поима немам, ама ова веќе јас не можам да го издржам постојано сме со вриштење и во раце, кога го слушам како вришти срцето ми се распарчува, се правам ама никако не можам да го смирам, па со него и јас се изнаплакав добро. Ова вака ако продолжи уште некое време ќе барам број од лудница и да пратат комбе по мене, стварно сум при крај со нервите. После ова одлучив второ дете не иде во предвид ни сега, ни за 2-3 години, ни за 10. По втор пат да треба да поминувам низ истово ќе фатам и ќе се убијам дури тогаш. Може звучи лошо и очајно ова волку што се жалам, ама стварно веќе душата ме боли кога го слушам без престан да вришти, се трудам од петни жили да го смирам, да го заиграм ама ништо не го интересира. Господ само трпение нека ми даде. Се извинувам вака што се избацувам со моите проблеми и жалопојки, ама имав огромна потреба од ова вака да се истурам некаде бидејќи ме гушеше додека стоеше во мене. Имајте убава вечер.
За диети сте почнале да правите муабет. Реално, ако стегнете газ, и почнете сериозно да водите сметка што јадете, ќе имате резултати. Јас имав 100-110кг, за еден месец симнав 15кг, за 6 месеци симнав 40кг. Избацив тесто, месо јадев строго без зејтин, на кујнска хартија за печење, само сол, јадев печен зеленчук, салати, овошје, насабајле обавезно во 6 саатот корнфлекс со кисело млеко, ама само една шака корнфлекс, и ги симнав кг. Е сега што качив со бременоста тоа е друго, да испитам уште нешто и се фрлам на диета.
Здраво мајки.. Ме нема мене ама ни имам новости ни имам време за пишување, битно сите со ред сте исчитани На тема второ дете сега за сега не сум се решила маж се прчи нешто, ама јас не сум спремна сакам барем уште една година пред да нишкам бебе со грчеви, и совети од страна гладно е, жедно е, ладно му е или незнам што... Сакам второ не дека не сакам ама не во оваа година Иначе дојдов за да и кажам на @Jana06 дека нема да згреши со Нови сад, а успат за пауза можи и да застаните во Инџија (мислам така се вика местото) за шопинг ЕДИТ:Ве читам за слабеењево сакав да се пожалам ама ме фати страм дека неможам 3 кг.да намалам а вие тука зборувате за 20-30
@0ли И јас најмногу сум за Нови Сад, плус Суботица е близу сакам да одам и таму. Одамна сум била и тоа е едно мало градче ама со таква душа и топлина не можам да ви објаснам, препорачувам кој не бил да оди. Ама ова со патот што викаш многу е, ќе видиме ќе се организираме некако. Инаку, пасош му извадивме на 5 месеци, носиш само извод и не ме фаќај за збор ама мислам дека двајцата родители треба да се присутни. Ние секако бевме заедно со мм ама мислам двајцата се потпишувавме. Е за сликањето е зезнато малку Го држев јас ама само него да го има во кадар, на страна го држев не знам дали ме сфати И за да не се гледа раката моја му ја ставив под кошулата (го издотерав ) и на крај треба да го убедиш да погледне во камера Пресмешно беше, од памет го извадивме што викавме по него целиот збунет не гледаше
Здраво мајки! Секоја вечер као ќе пишам, па сега после и ништо. Ме извлековте за јазик на тема второ дете. Јас кога го видов тестот се изнаплачив, претпоставував дека ќе имам две, ама немав дефинирано време кога ќе дојде второто. Сакав да одморам од пелени и нишкање, ама тоа дојде само. Три години се разлика моите деца, точно три. Уште од сам почеток на бременоста второто дете беше помалку сакано од мене, морам да признаам, мислев дека во мене има љубов само за ќерка ми, ама сакав да има брат или сестра, јас многу ја сакам сестра ми и така знаев дека и ќерка ми треба да има некој свој. Ама, штом бебо се роди, се ова падна во вода. Тој е најсаканото дете на светот, мамин син убавец, гален од мене до немајкаде Не е само друштво на големата, тој е дел од нашето семејство кој не направи тродупло посреќни. По стоти пат ќе речам, вистина било дека љубовта се множи. За мене се сосема океј и семејствата со едно дете, не е нешто што треба да се дискутира ниту да се етикетира, се додека се среќни и задоволни сите, другите од страна не смеат да се мешаат ниту да коментираат. Еве, јас и сестра ми сме голема разлика, мајка ми психички попуштила токму поради коментарите кога второ, па после оти немате второ, па едно дете кое ниедно, а бе простотилак и дрскост на секој чекор, шта речи Но, тие што се двоумите, ве охрабрувам силно, да, имајте второ! Друго, нема ништо, со мм нема ден да не се спукаме, напнати сите. Еве сега се нервира оти си го згрешил бројот од Зара, нарача помали фармерки. Па така му е, кога не ми даде јас да одберам Човеков почна да прави драма од се, прееска дури рачунаше колку пари фрлал за глупости и уште што не се расплачи Од викендот, јас сум газда на домашниот есап, нема одење во Веро и купување 30 чоколади и секакви грицки На тема дебелина, јас сум видела аир само од нутриционист. А најмногу ослабев и си држев супер тело до пред да се породам, едно добри 12 години, од танц, ориентални танци играв. Сега имам вишок, ама учам и тогаш не можам да држам диета, учам навечер и ми се јаде како луда. Заспа мали, да одам да туширам големото. Со мм "завршив" работа утрово, па нека си легне и тој, ќе се погушкаме сабајле пак Ај добра ви ноќ, стегнете заби, ќе се наспиеме.... некогаш
За пасош двајца родители да се присутни, за документи ке видите на сајтот. Ние лани во мај му вадевме, се надевам оваа година ке го користи.
Ај најверојатно кога ќе пораснат бебушкиве, ќе се поправиме малку. Ќе имаме време да јадеме Од 7 часот сум станата, здравје ќе јадам кај 11. Ако стигнам де. После слаба. Па слаба..
Кој ти го чува бебето додека правиш? А бе една кришка со паштета да намачкам ми е церемонии, а камо ли да јадам..