Убав ден мајки Ве исчитав наеднаш сите, па реков да пишам збор два. На тема второ детенце, секако дека сакам! Баш со сестра ми разговарав пред некој ден за ова, и двете се сложивме дека се' што доаѓа во пакет со бебе е пролазно, ама среќата останува. Како велат, деновите се долги, ама годините кратки. И вистина ова, во секундата растат. Синко се преобрази од бебе во дете откако сме овде. Секој ден нешто ново изведува стана мастер во лазење, па почна да се тегне и да се исправува, да седнува, сака да стои... и се ова во рок од две недели. Не очекував дека вака брзо се одвиваат работите. Верувам дека огромна промена ќе му биде враќањето дома, таму сме сами јас и тој, а овде е опкружен со многу луѓе кои ептен го сакаат. Ах да... ми требаше и мене време да се привикнам, огромна љубомора осетив кога зедоа и други да го држат в раце, да си играат со него па само давав упатства од страна, не вака, не така... доста стресно ми дојде да бидам искрена! Не знаев дека сум олку себична кога е тој во прашање... И така, идеме надвор да фатиме сонце
@WonderGuurl јас од таа љубомора и приврзаност со бебето и несакање на никој да ја дадам освен на моите и на мажот ми стигнав да имам и панични напади. Помислата на друг со неа ми ствара нервоза... Еве сега со почнувањето на работа и милион други обврски гледам да не мислам на тоа.
@WonderGuurl иста сум и јас толку многу сум љубоморна тоа е чудо и само наредби давам не вака не така не го држи вака не така.. Посебно на свекрвица која сака да му е мајка тоа ме вади од кожа ме полудува, само во неја го пика уште мамино што не му вели Ии незнам што ќе правам со оваа љубомора незнам да се справам почнав сама да се плашам да си правам филмови во глава
Па, не знам баш колку е до тебе кога имаш таква свекрва, не ќе да е баш до твојата љубомора, сосема нормална реакција ти е и треба да си поставиш јасни граници кои не смее да ги поминува. Едно е кога некој го држи си игра, друго е некоја мајка да сака да му изигрува или да поставува свои начини на воспитување на твое дете.
Жени, син ми спие во креветчето! Прво го најдов покриен преку глава, сам, па со нас. Веднаш нарачав вреќа за спиење, иако кога спие сам и ќебенцето му е до половина, не се покрива преку глава. Ќе почне да се врти, ризично е. Второ, одлучив дека ќе спие во креветче, макар и око да не можам да склопам цела вечер. Прва вечер неуспешна, плачки, пиштења, јас му се изнавикав на мојот, нервозна и уморна, отиде на кауч, јас ненаспана, малиот се изнаспа... до мене. Втората вечер ми текна што делуваше порано, гнездото! Го заспивам во гнездото и го преместувам. Гнездото не е гласично со високи рабови, туку како душече со поткренати рабови и да напоменам, малиот сеуште не се превртува, а кога ќе почне, не знам како тогаш... Навечер се буди, плаче, му давам да цица и пак назад заедно со гнездото. Лошото е што знам да задремам додека цица и така пак го најдов скоро покриен до нос. Ќе мора да се држам будна со телефонот во рака.
Не си сама, веќе имаме пишувано неколку членки во друга тема за ова. Иста сум и јас, кога некој друг освен маж ми го држи детето во раце имам чувство како да ми го краде, и стварно во мене имам преголем страв од тоа дека може стварно да се случи што дури скоро секоја вечер сонуввам како иде свекор ми и го зема детето си го носи доле, па јас кога станувам како избезумена го барам. До сега немало ваква случка фала богу, ама мојот внатрешен страв ме тера да си правам филмови па дури и да го сонувам тоа. Искрено не знам како ќе ме биде кога ќе треба да одам на работа, во градинка ќе биде посекако ама кога нема да можам јас да стасам за да си го земам и ќе го земе некој друг, јас паники ќе кревам сигурно.
јас нит во хороскоп верувам (веќе) нов се разбирам што значи ова ретрограден Меркур или Венера влага во Марс. И пошто не се разбирам ми нема ни логика ни верба. Ама ако има некој да ми појасни кое и што значи ќе му бидам благодарна и како може да се направи натална карта? Малку оф топик може замина муабетов.... Добар ден од мене. Читам секој ден по малку а многу сте напишале. Јас пијам кафе додека големиот е онлајн на час а малото спие. За кратко ќе си легнам и јас. Сакам да почнам на работа. Имаме големи трошоци не чека куќата да ја уредиме, кујна детска копатилото.... Само плочки ставивме. Мора, од една плата може само да се (пред)живее за настрана ништо не може. Од дома јас колку можам со рачни изработки ваѓам некој денар ама што се вика само леб да се купи со тие пари. Од друга страна уште срце не ми дава 8 саати да сум надвор од домот и од децата. Посебно од малото. Не е проблем што уште цица проблем е што заспива на тој начин. Па и пусти градинки да не може чоек нормално да си го запише детето. Би работела нешто од дома ама немам никакви информации ни упатства каде и на кој начин се работи. Инаку ние добри, децата добри.... Одкако сме "изолирани" со коронава ми се чини (да не подречам) си го зачувавме здравјето на високо ниво. Во една година децата само еднаш ми настинаа што не било случај пред тоа. Обавезно се разболувале посебно големиот. За овој коментар доста е. Да одморам додека е тишина дома па после да терам обврски. Имајте пријатен ден
Здраво мајки Дали се безбедни ковид вакцините за доилки и дали вие би се вакцинирале? Сеуште се мислам, но стравот од корона ми е на најјако. Е сега, си викам и да се вакцинирам јас, пак ќе мора истиов начин на живот да го продолжам, за да го заштитам бебето, бидејќи со вакцината јас ќе се заштитам, но не значи дека нема да го пренесам ако дојдам во контакт со истиот. Што мислите вие? Како се справувате со целава оваа ситуација?
Јас прележав и имам антитела. Секако тие со тек на време се намалуваат и 6-8 месеци после прележување не смее да се вакцинирам. Матичната ми кажа дека препорачува да се вакцинирам понатаму, но не и додека дојам. Не знам зошто искрено и не сум истражувала на темава пошто секако додека дојде време да се вакцинирам ќе истражат и ќе се докажат уште работи, но тоа беше нејзин совет.
Еве јас сум едно дете. Од една страна е ок, цело внимание, време ми биле посветени мене. И финансиски веројатно е полесно. Но, по одредено време почнав јас да осеќам празнина. Не додека бев мала, туку кога пораснав. Еве мм со сестра му не е близок, но се почитуваат, а со брат му поблизок е, онака, нормално. Ми фали и мене некој да имам, колку и да има браќа и сестри кои не се блиски, сепак таа врска е посебна. Јас порано не сакав дете да имам, но ете со тек на години осетив потреба, ептен сакав дете и ете се оствари. Ќе.видиме како ќе биде, не сакам да зборувам од напред ама би сакала уште едно, зависно од условите и финансиската, здравствена и психичка подготвеност. Јас не сум имала ама сакам моето дете да има брат/ сестра.
Тежок ден.... Срцево ми се распарчи на многу парчиња Почина баба ми. Господ си ја зеде.... Стари како викаат на ред си беше 85тата година веќе ја тераше. Се спаси и таа и сите што ја гледаа,Последниве недели беше тешко, дури и рани отвори Се знаеше дека некој ден ќе биди, беше очекувано... Но тешко ми е, душава ме боли. Тешко ми е и за вујче што остана сам,подруго беше барем имаше некој кој да викни, барем не беше сам, а сега сосема сам помеѓу четири ѕида. Уф, Колку е тешко.... А јас уште од сабајле се разработив како да сум на норма, машини, пердиња прозорци, правосмукалка пуштив. И на сред работа кај 9:30 ми се јави маже да ми каже. Е толку беше се остави на пола, ми се пресекоа нозе... Едвај дочекав маже да си дојде од работа да одиме капела. Незнам шо ми е но како тумрук, ниту една солза не пушив таму, а дома сабајле се отепав од плачење. Зошто? Ги потрошив солзите во пмс, овој пат јако ме дрмаше, плус ми каснеше 9 дена. За се плачев,... Ми олесна малку Да идам да се истуширам и да легнам. И утре ќе биде тежок ден
Добро утро, лавици! Ноќеска се разбудив неколку пати, сонлива го проверував дали е жив. Свашта! Се будам, надвор силно светнал ден, се вртам испаничено накај него, ме пречекува мирен, со насмевка. Идила! Човекот си ја преспа ноќта, јас уште не можам да поверувам. Дали се должи ова на излегувањето од четвртиот скок? Крај на уште една регресија во спиење? Пијам кафе на раат. Дури и во вц отидов како човек, без брзање и прекин. Нека продолжи на арно! Или е ова затишје пред бура?
Се мислам да си легнам, некако ми се спие, ама сакам да почитам малку. На ќерка ми почнав да и ја читам Пајажината на Клементина, па се соживеа многу со приказната. Не сакаше Вилбур да го направат божиќна вечера, ми рече да го скокнам тој дел. Цел ден ми се чини читавме, само ај уште ова да видам, па уште она, па чекај што ќе биде со кожурецот на Клементина... Едвај заспа. Многу ми е интересна кога толку се соживува и потресува за ликовите, писка и вриска, срцка е. Често знае да спомене некој лик од книга, аааа ти текнува дека така направи тој и тој од таа книга, или измислува и ги дополнува приказните. Треба да побарам некоја друга интересна книга за утре, пишете ако имате предлози. Сочувство @24.07
Мајки незнам дали и на вас ви се случува.. од кога се породив( а имав мнооооогу болно породување) реков дека тешко ќе помислам на второ бебе и имав трауми од поминатото .. сега како да сум подзаборавила на болката и стравот. незнам како тоа со време се поинаку се размислува во врска со ново бебе и сакаш да има браќа и сестри да не е само.. а и најлошо што јас примав клексани и одма помислувам на тоа дека морам и пак исто.. и во некоја депресија сум.. ослабната сум доста заради доењето и стомакот некако ми остана, немам време за ништо, и едно е сигурно .. не е лесно да си мајка а и женско.. од кога се раѓа се знае што не чека.. ве наполнив со негативна енергија.. ама се олеснив малку само да ни се живи и здрави децата и да имаме здравје и сила да ги пораснеме во добро
И мене ми се спие, со време сум на нула, ама ај малце да почачкам пред спиење. Малиот одамна спие, се разбуди еднаш за цицање и продолжи, а големата тек сега заспива. Се смени редот нејзин, мора да почни да легнува по старо околу 9 саат. Многу ми е сменета, колку се полесни после 3-4 години. Еве сама си игра, сама си јаде, навечер си кажуваме добра ноќ, гушкање и бакнеж и си заспива. А до пред скоро време ова ми изгледаше фантазија. Затоа, за син ми сум трпелива, ќе дојде време и тој ќе заспива сам. И ќе ја спие цела ноќЗасега е тешко со него, многу тешко, ноќе по сто пати се буди, цица, па спие со мене, ем искривена ем жива ненаспана сум Туку, на муабетов дека ќерка ми порасна, утрово мислев спие, таа нечујно станала за мочкање и за малку ќе не фатеше со мм на онаа работа$ Среќа слушнав чекори по скали, ама веќе ептен се кратат можностите кога можеме да имаме односи, ќе мора летово да се селат во своја соба, ќе мора Ете, од нивното растење, не сите работи стануваат полесно, ова на пример е ептен без везе, а нема родители што не се "фатени на дело", кој знае како се срамат ако ги фатиле поголеми деца @24.07 Бог да ја прости, вие да сте здрави и живи. Јас кога сум дома често си плачам за татко ми, а пред другите, па и пред најблиските, а ни на гробишта, не плачам, не ми доаѓа, не е чудно, едноставно не може да си ја олесниш душата секаде и пред секого. Триста теми завртив, од безобразни до тажни и пак ништо Ај добра ноќ на сите
Здраво мајки! 30 стр немам прочитано, знам не е за фалење, ама некако немам време. Обврски, обврски ќе намалат ли некогаш? И мојата покондиреност, се да биде чисто, на место, домашно зготвено, скоцкано во чинија како за бебе така за нас си зема данок Денес ни е годишнина од брак. 16 дури не ми се верува кога поминаа. Бебе расти, многу е палава, не застанува, уште цица. Знам имам многу пропуштено, среќни родендени, бебиња и се што е ново кај вас. Морам да ја тагнам @Chanell* да е здраво и живо малечкото. Доцнам скоро месец. Те гушкам и давам подршка да издржиш. Најмајка си да знаеш. Ќе помине периодов и ќе си горда на нив кои нема да можат едно без друго. @mal.ecka те гушкам и тебе за тоа што си издржала. Тоа успеав да видам во темата, не ми замерајте. Ете пак одам само што заспа малата. Да ставам ручек и да јадам како човек
Здраво мамички. Каде шетате за викенди тие што имате бебенца помали од годинка и сте од Скопје? Сакам да прошетаме некаде во природа каде што нема толку луѓе, Водно и Градски Парк се преплавени за викенди. Има ли некој предлог?
Јас моите ги фатив на мои 25 години Излетав низ врата, се качив во кола и се возев насекаде само да не се враќам дома Уфф се ежам коа ќе помислам Прелошо