@Butterfly1107 Прелошо е, знам, ама на секој можи да му се случи. Јас не ги имам фатено, ама имам населено дека се дешава нешто Сега, како родител гледам поинаку. @kukla21 Ептен ме насмеа
После ништо, дремиш вртиш поглед, а најдобро е тие да не знаат дека знаеш, барем на еден да му е полесно
Се вратив вечерта, и татко ми прво што ми кажа е: " Ти не знаеш да чукнеш пред да влезеш во соба? " И јас бев као, што му е на човеков најдобро е да се праиме ко ништо да не се десило, а не да ми попува Не ви кажав иначе беа во поза 69, а и двајцата беа 50+ години. Таа слика до крај на живот ќе ме демнее. Иако нели најнормално е сето тоа ама пак
Си ми го напраила денов Се згазив од смеење На тебе сигурно не ти е смешно, ама слушајќи од страна и замислувајќи те ми е пресмешно
Кога беше бебе и купував од меките бебешки сликовници, само да ги фаќа и гледа, и така има по една реченица во тие. Потоа кога потпорасна и купував некои звучни, па потоа сликовници со убави слики да и држат внимание, ама не и читав, покажував само по сликите и раскажував зашто не и држеше вниманието да ислуша јас да исчитам, интересно и беше да види според сликите што се случува. Следниот чекор беше сликовници со малку текст, па полека почнав да читам од текстот, она повнимателно слушаше, потоа купував сликовници со малку повеќе текст, па така малку по малку. Пред спиење обавезно читање, си легнуваме и читаме, тоа од пред три годинки можеби ни е навика, не се сеќавам веќе точно. Сега веќе читаме книги без слики, јас и читам од киндл, не и требаат слики, само ме слуша. Сакам да кажам дека никогаш не е рано да е почне, само постепено и според можностите на детето, ако сака да гледа само во сликите нека бидат само сликите, па малку по малку ќе почне и да слуша. Ние ја завршивме пајажината на Клементина, сум заборавила колку беше тажно на крајот... Потоа убаво си разговаравме за приказната, за пријателството помеѓу Вилбур и пајакот, па ме прашуваше колку видови пајаци имало, па морав да барам колку видови пајаци постојат и така. Следна ја почнавме Волшебникот од Оз, па и се засвиѓа и таа. Пијам кафе, рано заспа денес, па не успеав да се напијам. Сега на раат и во тишина, цел ден во зборење и во врева само некако, а јас сум човек што воглавно ужива во тишина.
@RainBow мојата омилена, "Пајажината на Клементина". Уште тогаш ми беше претажно на крајот, верувам кога ќе ја читам сега како возрасна ќе капне и некоја солза Едвај чекам да дојде време да му читам на синко, да ме слуша со внимание и потоа да ме бомбадира со прашања засега гледаме сликички и јас со свои зборови раскажувам што се случило во приказната
@Butterfly1107 Умрев. Позата ја прави приказната уште поинтересна Можам само да замислам како ти е, јас се згрозив кога им најдов цела кутија кондоми под спална. Добра ви вечер девојки. Денеска бевме во зоо и ептен убаво си поминавме. Му ги покажував сите животни на малиот, му објаснував за секое, па му гледав реакции ама искрено, на децата што трчаа околу нас најмногу им се радуваше И од таму почнав да размислувам за во градинка за да се дружи ама многу ми е мал, уште ми е маза заспива во мене, бебушка ми е. Да требаше да се вратам на работа ќе морав, а вака нека го уште малку. Кога спомнав заспивање во мене, дали на некоја ви се појавиле модрици од тежината на бебе? Спојлер Пред неколку дена си ги видов, на десната имам една, а на левата две. Маж ми има само на десна една мала. Се ова ми е од заспивање во раце и кога сум сама му спремам јадење со него во раце. Обожава апарати што бучат, па кога ќе ме види во кујна одма доаѓа и го чека блендерот, соковникот или сецкото. Ја обезбедив цела кујна зашто отвараше секаде ама сега почна кантата да ја чепка и еднаш успеа релната да ја пушти И така, најсигурен е кај мене. Ни со хранилката не ми успева веќе, му ставам играчки и ги фрла и пак сака да му враќам ама и тоа му здосадува. Единствено леб ако му дадам си јаде и седи мирен. Друго, што е со штиклите во зоо? Сериозно, толку долго не сум била во зоолошка? Јас меѓу сите тие девојки на штикли, во мини фустани и шминка тон се осеќав како средношколка. Па и бега детето, таа едвај трча по него по тоа камењата Си купивме инаку готвач на пареа вчера, па денеска го тестиравме со пастрмка. Преубаво, кој се мисли дали да купува, препорачувам. Ми се јадеше благо ама си реков џабе ли јадев healthy денеска, не јадам ќе си легнам. И го мислев пола саат, видов не видов станав. Маж купил чоко стоби флипс без шеќер, убав тој мисли на мене Ај доста е за денеска, повеќе друг пат. Добра ноќ
Леле истата ја имам на десна рака, малку понагоре накај коската. Си ја имам подолго време, жолтичка е исто и си се чудев од што може да ми е
Мамаситас хај, ве читам и горе доле оние кои пред 3-4 години бевме со прво дете сега се со второ. И ние сакаме второ ама тоа нас не... Хаха не дошло вистинското. Понекогаш кога ја карм ќере си викам ти душо не си ни за едно камоли за две или три деца, грешно е ова ама ете се случува. Периодов сум во фаза на спремање игрална/детска соба. Уште некои работи и тип топ ќе биде. Она ужива, Среќна е што во куќата имало и соба која била нејзина. Срце мамино. Друго нема, на мм од што му е смачено со короната пред некој ден вика ако ни одобрат да користиме одмор во мај одиме за Турција, море не д ми се оди ми се плаче. Сакам прошетки, сакам и малку сами да шетнеме, ама ете. Утре одиме ќере да ја обезбедиме со патики. Зимските патики ги утнав е право нови си се, и прават плускавици на нозете и не ги сака, тоа е... Јас си бендиса чевли и еве решив утре ќе одам д си ги купам, да не ги мислам, на маж и нему ќе му купам нешто за д не се лути. Следниот месец славм роденден сакам подароци да добијам од сите, неќм пари! Ајде да спијам дек измешав и баби и жаби.
Темава сто години ја немам отворено и ова е првиот пост кој го прочитав на странава у буквално се удавив од смеа, ги дигнав овие до мене во воздух од рикање. Да бидам искрена и мене би ме демнела таа слика @PurpleMind држ се имаш уште пет скока до тодлер после е раат. За мерак.
Вас ви е смешно, јас ќе речам РЕСПЕКТ! Ти на тие години и после толку години брак да имаш страст за 69 со партнерот... Може луѓето виделе на порка и решиле да пробаат нешто ново, да ги зачинат работите, да направат да им е поинтересно... Биди среќна за нив! Пробав да те утешам. Каков раат, жено, мислиш не ве читам за тантрумите?
Ајде да чкртнам и јас во трмава после подолго време. Конечно си поспиваме повеќе време навечер, станува 1 до два пати ама затоа гледам преку ден максимално да е изнаигран и изнашетан, дремките пократко му траат ама си ги има си дремнува.Повеќе од два часа не бил буден. Како за 4 месеци е таман. Јас периодов имав прпблем со болка во јајник и отидов на преглед кај гинекологот па испадна дека ми е овулација и ради тоа е. Ми олесна, си помислив да не е нешто од пораѓајот па да одиме по болници, среќа не е . Додека разговаравме ми рече да сме пазеле со мм да не сум останувала бремена додека не зарасне убаво раната од царскиот. Ние па си мислевме година да чекаме додека прооди малиот ама изгледа рано ќе е. Па сакам да ми бидат помалце разлика и да си бидат блиски а не како мене и дада 8 годони разлика, во ништо не се пронајдовме заедно. Јас со кукли сум сакала да играм,а таа почнала да излегува по кафичи тогаш. После мене лудиот период ме фатил па таа се омажи и така. Еве сега двете со деца таа 2 јас 1 дури сега имаме заеднички теми на муабет Не би сакала така да биде со моите деца, што побрзо второто тоа подобро. За празникот 8ми март имам цела листа направено што треба да купам,смислив предвреме за да не шетам по продавници со ситуацијава, а и не ми се остава долго време синко дома. Вака ем поубаво смислени подароци ем заштедено време.Плус 6 родендени имам во Март За убаво нека е ајде, ќе смислам што и за нив. Пред некој ден исто со список излегов и му купив се што треба за кога ќе почне со кашички. Уште рачен блендер ми треба, ако имате предлози споделете Денеска ако не дува многу ветар ќе одиме на викендица скара ќе правиме. Мм веќе е таму ја спрема скарата. Јас дома спремив компир салата Ако дува дома ќе си ручаме. Баш сакам да ни се погоди времево, синко да стане од спиење и да одиме, никогаш немало прилика да го однесам на викендица. Прилично е голо местото нема куќи од околу и баш знае да се раздува ветар. А да го однесам и да седиме внатре не би. Се радувам што кога ќе потпорасне ќе можам да го носам таму да си игра со топка по ливадите, да го научам да одгледува некое овошје или зеленчук, може и некое кученце или маченце ќе имаме да му се развие љубовта кон животните. Јас лани си садев јагоди таму , слатки беа како мед. Место има колку сакаш. Јас како што сум пребирлива со хранава,читам редовно и пратам и гмо и све тоа мислам дека за синко ќе одгледувам некои работи, ќе ме научат како и тоа е тоа.Шала на страна, ако имам можност сама да си одгледам имам каде, зошто би купувала нешто кое се сомневам дека има пестициди.. Одам да ја зачинам салатата,се читкаме.
Здраво мамитас Прво да ве почестам со мојата торта, денес сум роденденка Многу убаво поминат ден. Најубавиот роденден досега. Либето ме убедуваше да идеме за Косово као по работа, но тој имал резервирано место за нас. Сонце, покрај вода, убаво декорирано, со мечка балони ружи свеќи..Рај. Е арно, ама свеќи и не чинеа Мн сонце и јас занесена и не ни примерив дека свеќите беа запалени??? И одеднаш смрди нешто. Погодете што? Мојата КОСА!!! Среќа не беше ништо, или така се тешам. И тоа не приметив, мм скокна да ми ја гаси косата. Хит. Колку се имам смеено на таа мака чудо едно. Еве две слики да споделам Малите останаа кај мајка ми. Морам да имам некогаш барем пола ден само за мене.. Без плачки без доења надвор.. Но кога дојдовме заедно дувавме и сечевме торта. Они се мојот најголем подарок за цел живот