Навистина. Еве 7 години сме заедно, секој роденден, годишница па и валентајн мора да изненади некако. Дури не знам од каде му идеи веќе Јас не сум по тоа, нему му беше пред 10 дена, порачав торта, искочивме на ручек и толку.. Посебен е
Не знам што да го наречам кошмар или халуцинација, изгледа второто ќе да е. Од умор кога ќе легнам навечер и кога бебче се буди да цица, јас пред да се разбудам халуцинирам дека е со мене ви постела и дека го задушувам со јорганот, па го барам така полуразбудена и го нема. Конечно кога ќе се свестам го гледам во креветче и ми доаѓа срцето на место.
Моето кога се буди да цица, јас сонувам дека веќе го дојам и продолжувам како некој идиот да спијам па мм ме буди
@BabyD0ll @Bicka77 леле исто и мене и двете работи ми се случуваат, поготово второто доста често. во тоа бладање се уморувам и мислам сум завршила работа со доење/мењање пелена, а тек тогаш во реалноста треба да почнам тоа да го правам. ко да не сум спиела асално измеѓу будења.
А јас пред некој ден мислев дека земјотрес има,ја држам малата во раце и се луламе двете,па се разбудив и го будам мм ,му викам земјотрес има,он ми вика не бре каков земјотрес,па сватив сум сонувала.Од што цело време ја нишкам во раце почнав и на сон да се тресам.Една вечер пак станувам и му викам,има некој до плакарот, тоа плакарот лизгачки незатворен и ми се причинило.Се тоа од умор и неспиење.
Истоо баш синоќа, тоа кемка јас го барам кај нас во кревет го дигам прекривачо го нема се додека не се свртив да видам дека е во кревече.. Ми се дешава и дека го хранам, а јас очи уште немам отворено па се барам бројам шишина над спална дека ги оставам дали е нахрането или допрва треба. Потоа ми се дешава дека плакаро се движи и постојано сонувам глупости ама постојано не ги ни памтам фо сабајле ама се уморувам од будење и од сонови
Исто и навечер кога го дојам, ме фаќа дремка и ми се причинува дека ме гледа, а кога ќе се свестам го гледам полузаспано. Леле ова уморов катастрофа..
Синоќа прв пат досега си поплакав од умор. Малата 2 пати поврати ајде облечи пресоблечи, немиркото 1 навечер не сака да спие.. А еве сега 11 часот наутро и двете спијат. Ајде барем цела ноќ ја преспиваат
И јас сеуште халуцинирам, истото што го опишавте погоре, а земјотреси често 'осеќам'. Во последно време најчесто ми се случува кога ќе се разбуди малиот да си мислам дека сме ја преспале ноќта, си мислам 7 саат сабајле е. И едвај се освестувам, станувам и тргам накај кујна за доручек да правам. Првиот пат кога ми се случи ми падна сомнително дека темница надвор, гледам 1.30h И се вративме во кревет. Сега прво гледам на саат, па станувам. Еднаш ми се случи да ми падне од спална (сум заспала додека цицаше) и сеуште скокам во сон со викање зашто го преживувам тоа одново и одново Инаку, денеска денот пренапорен ама убав. Бевме од сабајле на ортопед и се вративме, таков умор ме стигна едвај мрдав. Баш коментиравме со маж ми и се чудевме од каде ни била силата првите месеци да стануваме на секој саат за доење, менување пелени, спремање ад... Ми текнува мртви бевме и двајцата ама функциониравме. Сега немаме сила од кревет да станеме, а повеќе спиеме. И така јас си се жалам и ми се смилува, ми рече ќе го шетал малиот со другарите, а јас да се наспијам, да се избањам, да се депилирам ми наброја куп ствари што можам да ги правам. И што направив јас? Генералка, ете тоа направив. Со се бришење прозори Па си направив кафе на тераса, седам и си се чудам на паметот. Па си се избањав, малиот го избањав, сменив постелнина и сега си лежам и преубаво ми е. Се осеќам како кај моите кога живеев, недела вечер избањата, собата свети, ми мириса убаво и легната уште во 21h за полесно да станам за школо. Малиот ми е цел дечко. Пред некој ден го шишав (морав, шишките во очи му идеа, само тие неколку прамени не му паднаа од раѓање) и сега имам ново човече, ликот му се смени Па кога ќе го издотерам за шетање пу, пу се заљубувам во него. Јаде сам, се тепа за зеленчук што ептен ми прави мерак, почна да одбива каши. Денеска два пати се исправи од клекната позиција. Седам, го анализирам и ми се тресе душата колку брзо лета времето. Не ми замерувајте, ми касни и хормоните ми се лудило, па сега сум во таков лигав период. Прашање : Од кога почнуваат тантрумите? Моментално сме неколку дена пред громчето во седми скок, се трпи ама многу писка, се треска од земја ако нешто не е по негово, треска со нозете, се оптегнува наназад глава ќе скрши. Знам дека е рано ама ова однесување многу ме потсеќа на тантруми.
Ноќеска "осетив" земјотрес и го будам мм му кажувам. Он ми вика ти не си нормална, ајде спиј. Се погоди и бебе да закенка у сон 30 сек му викам гледаш и она осетила Дури погледнав и колку е саатот за сабајле да проверам на нет и да му докажам дека сум била во право
За премор сум иста. Не ми е јасно како ги преживеавме првите три месеци. Грчеви и цицање на 2 часа. Сега спијам доволно а пак сум уморна. Почна да јаде, што значи заспива во 9 10 а за цице се буди дури во 6 7. Е тогаш се губам, гледам на мобилен дали треба да станеме или има уште време. Ние првиот пат само шишките му ги скративме. Беше смешен и пресладок во исто време. Од страни локни а шишки како со тенџере сечени. Тантруми после скокови. Ама ова е загревање.
Добар ден мајки,да шкртнам малку дури бебе спие,оти реткост е ова,ич не ми е по спиењето дење,не знам што бебе ќе беше толку мало а да не преспива,дремка само по пола саат и тоа на раце.Се надевам малку да потпорасне па да преспива како што треба. Дадата отиде на школо,до вчера беше во изолација поради некое детенце од одделението,ама среќа немаше никој заразен,а и детето не ни одело претходно цела недела во школо,па следеше дома една недела онлајн настава,со бебево можете да замислите што правев.Она во една соба на компјутер,се нервира и паѓа систем,па таблата не ја гледала,во друга соба бебе ме вика,не смеев да тропнам,ужас, едвај чекав да се вратат назад. За умор не зборете,сум заборавила со големава како било,сега само си враќам филмови назад дали истите работи и со неа биле,мада сега кога ќе се сетам и не била така проблематична, немаше тантруми, спиеше ,и беше разбрана ,ама сега мислам малово ќе е полошка,па ќе покаже времето дали сум во право. Туку земав и книгата да си ја дочитам што ми беше почната уште во бременоста. Поздрав жени,се читаме
Кј сте женски После 100 год се сетив на темава Секогаш кога ќе посакам и ми недостига мирисот на бебе влегувам во темава За да се потсетам дека 3то нејќам Ние растиме и полека се одалечувам од темава, иако често ми недостигаат постовите овде Ама сега уЗ кофито ќе пробам да шкртнам некој збор Пред малу си дојдов од работа Зедов деца од градинка и конечно да се прибереме дома Деца ручаат таман да можам во мир да шмркнам кафе После кафето започнува забавата Ми се моча, кака, тој ме удри прв, не таа и така дури да заспијат Цртани не ги интересира веќе некој подолг период Среќна сум што е така ама ми беа спас за да одморам половина час На Могли главна занимација и е цртање и боење Со часови и се задржува вниманието така Со мали уште треба и ние да сме присутни во игрите но голем дел од времето го поминува и со сестра му Активности освен дома и вшума со друго сме ограничени сеуште Ама се ближи летото па ќе биде полесно И тако ти то... Се испи кафето, постот треба да се заврши Довиџења
Здраво мајки. Избравме плотна за кујна која совршено се вклопува во целиот ентериер. За еден месец се је биде готово и ке може да се вселиме. Корнизи купивме, остануваат завеси, теписи и слика ама тоа откако ке наместиме се. Синко спие, јас изгледав една епизода, сега да прочепкам низ форум што има. Сега гледам дека немам што друго да напишам. Гушкајте се.
Еве ме и мене Оваа недела сум хаос,имав хируршка интервенција на еден заб (12 конци во уста) . Ама од тоа ништо страшно,издржувам болка. И таман се ближи ден да ми вадат конци еве ме со херпес под нос. Леле колку сум нервозна. Уште 10 дена нема да се вртам во нормала. На бебе му расте 5то запче,ноќе станува на саат време,мн е напорно. Денес сум среќна,вчера зграпчив штикли од зара од 3000 на 500 а денес чизми од 7000 на 1500. 6та нарачка ми е за 10 дена. Дефинитивно треба да ја избришам апликацијата. Среќа мм не е дома тоа време кога доаѓа курирот . Па картоните ги диплам и фрлам во канта . Малку,само малку ама злобно се чувствувам . Одам да си ја средам тоалетната маса,како тезга е. Пола работи не ги користам трба се да исфрлам.
Добро вечер, мајки. Кога после породувањето отидовте на ехо на гради? Дали откако ќе престанам со доење или можам и кога ќе одам за брисеви и пап, да закажам и за ехо на гради? Понекогаш осеќам грутки, кои се намалуваат кога ќе го нахранам бебушот, но имам една ко мало топче, која се смалува, а сепак ја има, па не знам колку е за загрижување. Ми се појави откако почнав да дојам. Благодарам.
Кога ќе престанеш да доиш, во меѓувреме консултирај се со доктор, кога имавме систематски од работа и бидејќи доев др не ми направи ехо, рече можам да те гледам но нема да е реално тоа што ќе го видам.