Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.875
    Допаѓања:
    28.595
    Здраво мајки!
    Дојде време да седнам да одморам откако го ,, изорав " домот , чиниш медал некој ќе ми даде за комплетно завршени домашни работи. А тие немаат крај, од сабајле акам по дома.
    Во други времиња на овој ден немаше да бидам дома, ќе пиев вино со другарки, ќе се смеев и планирав каде ќе се оди утре.
    Не, не... не сум од оние кои паѓат по 8 март во несвест ( дури ми е приглуп како празник ), просто е само ден причина да се седне со друштво, оти без повод се поретко седнуваме.
    И утре домче, евентуално кај мама! Да и видеме насмевка на лицето, оти ми се топи жената од жал и тага по тато! Ах тато... животчеее, зошто ова ми го направи, а толку е очигледно дека сум слабак кој со големи болки не знае да се бори!

    Кога споменав 8 март, да кажам дека сабајлето на паркингот видов изпишано со црвена боја - мамо, среќен 8 Март, те сака Мартина! Посветено на мојата мајка Кате!
    Ајјј... слатко ми се виде! Девојчето е 9 години, па на ова се сетило и пред колата на мајка и испишало!

    Моите ќерки исто денес се занимаваа на тема утрешниот празник. Се изработија честитките , утре ќе се дадат на бабите и тетките. Една има скриено и за мене, цел ден не чепкам таму за да не расипам изненадувањето. Е само тоа ми значи од денот. Тоа што детето честитка ќе ми даде, од нејзините раце изработена!
    Подарок освен за мајка за другите нема. Ништо не е случајно, ама не вреди да се вези!

    Тоа мајки...
    Немам што друго да пишам...
    Убава врчер на сите!
     
    На marchi-cool, Skorpija25, Coco31 и 24 други им се допаѓа ова.
  2. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Победа на денот: прв пат сама избањав бебе! 8)
    До сега цело време бевме тим со сопругот и ептен се уигравме. Вечерва не му беше добро и наместо да оставам за утре, решив да се пробам сама. Не помина глатко ама се снајдов. Бебе, како да знаеше, мила на мајка, соработуваше ептен :l: Ниту да заплаче, ниту да запрета многу. Се нацица и ете ја, си спие спокојно.
    Сега одам да се погрижам за 30 годишното бебе :sweat:
    Лека ви ноќ!
     
    На Coco31, Осе, Fatalnata и 22 други им се допаѓа ова.
  3. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    А зошто го будиш ако велиш дека откако е роден, спие кога сака и колку што сака. Му се спие уште, а ти во 9 го будиш, значи не е кога сака и колку што сака :D
    Пиша дека тебе ти одговара да заспива во 9 и да станува во 8-9. Значи и кога му се сака до 10 да си поспие, мама не сака така :D
     
    На marchi-cool, Coco31, BeLLaDona23 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.927
    Допаѓања:
    18.822
    Пол:
    Женски
    :rofl: имаш право. Сакав да кажам додека беше помал не можев да му ставам ред, ама сега веќе мора да има рутина затоа што му се доволни тие часови сон.
     
    На BeLLaDona23 и 0ли им се допаѓа ова.
  5. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Среќен 8ми март мајки кралици :inlove::f:
     
    На Happyinlove, elcezelce, 24.07 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    Прекрасен пример од темата Самодовербата кај децата. :l:
    Треба да стои да светка и сите да го прочитаме.

    Бидете добри со вашите деца бидејќи доволен број на личности во животот ќе го прекорат, ќе се обидат да го навредат, омаловажат.

    Работете на самодовербата на вашето дете од мали нозе за да тоа дете се вклопи многу полесно и со поголема самодоверба во светот без вас.

    Создадете доверба, детето да може да ви се обрати во секој момент вас и да може се да ви каже, да сподели со вас.

    Тешко е додека се мали посебно ако станува збор за бебе/ дете на кое ништо не му е погодено, некои денови траат вечно, но годините поминуваат со брзина на светлината.

    :l: :l: :l:
     
    На marchi-cool, Skorpija25, Coco31 и 17 други им се допаѓа ова.
  7. Malesia

    Malesia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    1.769
    Допаѓања:
    3.474
    Пол:
    Женски
    Среќен 8ми Март!:f:
     
    На Happyinlove, snegulkata и babyboy1 им се допаѓа ова.
  8. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.538
    Допаѓања:
    9.895
    Пол:
    Женски
    И денес би сакала да си го цитирам ланскиот пост за " среќен 8 март". Не дозволувајте им на вашите ќерки да се радуваат на поклони од типот тави и миксери, научете ги да се борат за своите права, да почитуваат и да бидат почитувани, во домот и секаде. Среќен празник моми !
     
    На marchi-cool, Inana123, Skorpija25 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    Денес се случи нешто што можеше и фатално да биде, а можеби и нормално е.
    Дете со тротинетот вози директно накај двете улици и покрај едни столбови треба на лево да сврти за да биде на тротоар, а баш тогаш поминува автобус, многу брзо возеше бусот, а секогаш возат побавно, во меѓувреме па мм гледа од прозор, јас викам по дете да сопре ама не сопира, и многу нормално си сврте лево на тротоар ама баш кога дојде до тротоар помина автобусот и мислам дека глетката од кај мм била ужасна, просто секундата вечност да му се види и само да види дали после автобусот ќе го има детево.
    Значи дете е 4 години, на семафор запира и чека зелено, тротинетов го вози од 2 години ама ова беше некако момент на живот и смрт.
    Се прекорувам ама не знам како да размислувам.
    Си велам па и на возрасен човек може да му се деси да излета пред автобусот, не мора да значи само дете ама сепак дете си е дете.
    Што ако заборави и наместо на тротоар отиде на улица пред автобусот? Што ако не успее лево да сврти?
    Во тој момент свеста ми се зеде па уште мм на прозор хаос.
    Навистина можеше да биде фатално и огромна трагедија. Или пак децата не се до толку изгубени.
    Од друга страна па не можам со ланец да ја врзам за мене.
    Од трета страна од колку години се остава слободно дете без да се вика по него?
    Од четврта дали постои судбина и не се може против неа?
    Некои мајки па ич не си ги пазат децата и не ни знаат како паднале или што се можело да се случи. Не го оправдувам тоа.
    А ова моево беше момент во кој не знам зошто не истрчав да го сопрам? Дали имав доверба? Дали оставив на животот? Што ми се случи? Никогаш до сега не ми се случило вакво нешто.
    Дали е период во кој децата се одвојуваат од нас и стануваат независни?
    Дали е се уште рано, дали треба да го чувам до мене?
    Од една страна три годишни возат точак заедно со родителот, па да беше тоа што го знам и тоа ќе свртеше како моето, и можеби нема да се потресеа родителите?
    Дали пак немам доверба во дете? Општо во дете. Дека се сепак деца и така не учеле, а можеби и навистина така е дека дете е дете? Ама како некои деца возат сами тротинет и точак и тоа на поголема оддалеченост од 3-4 метри од родителот?
    Мислам дека кошмари ќе имам оваа ноќ.
     
    На marchi-cool, Coco31, Осе и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.489
    Допаѓања:
    91.234
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e Дете на 4 год.не се пушта само и на одалеченост да вози на улица или близу до улица.
    Родител до него.
    Во некои држави има и законска рамка кога може.
     
    Последна измена: 9 март 2021
    На Skorpija25, Bella*, elcezelce и 3 други им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    Ама ние живееме на главна улица и тогаш не знам до колку години ќе треба да чекам за да вози тротинет и точак.
    До и од градинка децата се или со точак или со тротинет. Јас сум секогаш на максимум три метри ама не можам да одам до него бидејќи со тротинет или точак е побрзо. Се оддалечува па застанува ме чека.
    Целиот пат до градинка ни е по главна улица.
    И тротоарите се широки и со по некој вид на оградичка ама баш тука нема.
    Кола, автобус, камион сите возат споро ама овој пат прелета автобусот. Во еден момент и автобусот го обвинив ама на крај сепак самата себеси си ја префрлив вината.
    Се случува и колите како мравка да возат ако дете на пример се приближува до семафор ама секогаш ќе се најде по некој кој ќе вози многу брзо.
    До колку години отприлика би требало да чекам? Знам дека до 12 или 14 не се остава само дете ама за на улица вака на 5 метри во просек нека се не знам.
     
    На babyboy1, Happyinlove и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    Ваква слична случка имам од летово и уште ме прогонува, бевме на викенд во една викендица со базен. Ќерката плива само со мускули или гума, 6 години. Требаше да излеземе да прошетаме и со кој памет ја оставивме сама по крај базенот, немаше луѓе, влегов во соба само патики да облечам, излегувам и ете ја неа преплашена и целата мокра. Си седнала на работ на базенот и некое дете дотрчало ја турнало внатре. Среќа и таткото бил во близина па ја извадил. Срце ме боли и сега кога пишувам, ама некогаш непромислено грешиме и ние, да се учиме на грешките и да сме повнимателни секако ќе дојде ден кога ќе мора и да се осамостојат. @gjoker4e
     
    На marchi-cool, Skorpija25, Coco31 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    :worried:
    Секунди кои може да чинат цел живот...
    Од градинка кога се враќаме има една мајка деца 2,3 и 4 години, тоа 3 е со моево во група, секогаш едното е со точак, едното со тротинет, мајката со количка, возат пред, позади неа, чекаат на семафор.
    Јас да сум во нејзина кожа сите три би ги ставила во количка, друго е едно да пазиш, друго две, не знам дали децава општо разбираат до толку или ангели ги чуваат стварно.
    Добро е што на крај сепак се е во ред, памет за друг пат иако ни се зема на моменти паметот, сум приметила повеќе пати до сега. :(
     
    На marchi-cool, Coco31, Осе и 5 други им се допаѓа ова.
  14. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Јас не би му дозволила да вози тротинет на улица. Точно е дека на секого може да му се случи, ама и самата си видела дека е дел од секунда и дека нема шанси со викање или трчање да го сопреш...фала Богу се добро завршило, сфати го како знак дека треба да направиш промена
     
    На marchi-cool, Jana06, babyboy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    Ама со самото тоа што нема да му дозволам ќе го направам единственото од врсниците што нема да вози по улица.
     
    На babyboy1 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  16. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.875
    Допаѓања:
    28.595
    Ај добро утро!
    Испратив дете на школо... другото чекам да стане... Спанка, и 9 часот и е малку... Она би до 10, ама тоа дури кога нема да има денска дремка од 1 час. Затоа сега се будиме во 9.
    Од сабајле си го влечам кафето, малку книга читам, си давам време за уживање оти кај и да е ќе им се дадам на обврските - појадок, облечи, соблечи, ручек, ми се мочка... и се така до моето заминување на работа. Втора смена сум денес.

    Неколкупати напишав и избришав не знаејќи како да ја формулирам реченицата. А само сакам да кажам дека одиме во парк возејќи тротинет. Не јас, ќерките возат. Едната е 7 години, другата 3 години. По улици не, ама по тротоари возат. Во паркот слободно си возат дека нема сообраќај.
    Е смешни сме малце дур да стигнеме. Обично јас имам некој полицајски став - застаниии улица! Застануват, тротинетот во рака и минуваме. Големата знае и возејќи да помине.
    Е да, некогаш баш се напнувам дур да стигнеме, потрчнувам ако убрзат со возењето, подвикнувам... ама досега немам да издвојам страшна случка и воглавном се придржуваат на правилото возиме по тротоар, не многу брзо, улица не минуваме сами.

    Убав ден имајте мајки!
    Ве поздравувам сите!
     
    На marchi-cool, Skorpija25, Coco31 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    И кај нас пред да направат паркче, сега го имаме со патеки со се, децата возеа по улица, уличка нема многу возила освен комшиските ама јас стоев погоре на уличката и следев дали идат автомобили, и по цело лето викав како мрдната по сите деца. Бегаааајтеее на странааа! А они разџавкани тропаат тротинет,точоци па застанувам пред кола маам раце...
    Ова во Македонија де, сега сме како што кажав поцивилизирани си имаат децата свое место.
     
    На marchi-cool, Jana06, babyboy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    Да не ме сфативте погрешно?
    Не вози на улица никогаш, само на тротоар.
    Автобусот беше на улица, дете на тротоар, ама моментот ми беше што ако дете излета на улица несакајќи?
    Возат и по улица деца има посебна патека за велосипед ама тогаш возат и родители точак. Не може дете на улица точак, јас на тротоар пешки. Е тоа мислсам во некој нареден живот можеби да возиме сите заедно точак по улица на соодветна колона за велосипеди. :D
     
    На Coco31, Осе, Jana06 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Да те разбрав, сепак мислам дека е ризично за толку мало дете да вози по тротоар (знаејќи какви се тротоарите кај нас),да поминува улици...Пред зграда, кај што нема коли, во парк и на др безбедно место да ама вака не би можела да го пазам. И да викаш и да трчаш во таква гужва и галама не би можела да го контролираш. 4 годишно дете е премногу мало само пешки да поминува улица, камоли со тротинет. Тоа е мое мислење, не ти солам памет, ти најдобро си го познаваш детето.
     
    На babyboy1 и gjoker4e им се допаѓа ова.
  20. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Изгледа таа последната дремка ми ги меша лончињата:D Жал ми е да ја будам, ама ќе почнам да трескам во кујна, навечер сум папсана до 12 не можам да се истуширам и да си легнам.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.