Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Јас искличувам white noise и отварам врата од плакар малку погласно се размрдува полекаа и отвара очи 8) ако го фатам да го будам да му зборувам се буди со плачење и постојано плаче до следно спиење (facepalm) така тропај светло вклучи сама да се буди и ќе регулирате некако.
     
    На marchi-cool, BeLLaDona23, babyboy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    5.193
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e @SkarletOHara само од читање на постовите се препотив а не да сум во таква ситуација...
    Оди заспиј сега :)
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.275
    Допаѓања:
    67.883
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e искрено да ти кажам јас трчав со нејзе. Она возеше од внатрешната страна на тротоарот, јас напоредно трчам и не смееше да вози многу брзо. Потоа кога ќе стасавме до паркот можеше да вози послободно, каде што немаше коли. Работата е што многу брзо им оди вниманието, мене ми беше ако види нешто од другата страна може да го остави тротинетот и да потрча. Можеби нема, ама не знам, не бев сигурна. Од коли имам најголем уплав. Сега, на пример, знае дека ако преминува улица мора да погледне лево десно. Ама тоа е само во крајно непрометна улица. И погледнува, ама ако е со друго дете затрчана, детето претрчува и не погледнува и она по него, без да застане. Па само се збори и се збори и се збори...
    Нека вози напоредно, ти потрчнувај, ќе и кажеш да не вози толку брзо додека сте во небезбеден простор.
     
    На marchi-cool, Snowflake97, Skorpija25 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Ај да ве поздравам :hai:

    Гледам сте збореле за страшни ситуации, ме потсетивте на една неубава случка во фамилија со 3 годишно детенце и само ќе кажам децата до вас. Ако треба тротинетот во раце до парк и таму ќе вози ама оддалечување од вас никако. Буквално секунда е во прашање и немоќни сме тогаш.

    Ништо од нашето патување до Србија и подобро што затворија. Маж откажа идење на пат, па во 5 за 12 тргнавме за Битола на три дена. Ладното не фати ама во хотелот беше толку топло и убаво, се изнауживавме. Препорака за Шумски фенери btw, кој не бил да оди обавезно. ПреУБО не пречекаа :lol: И во дијалектот уживав.
    На Пелистер немав идено ехеее, не памтам од кога. Немаше никој, па прошетавме по патот со количка. Бебе се изнаужива, спиеше по 5 саати дневно.

    Од денеска почнав да вежбам дома и посериозно да внимавам што јадам. Мерам и шеќер зашто мене тоа ми смета да ослабнам, па ќе водам дневник една недела и ако е покачен ќе одам да барам терапија. Колку требаше да биде шеќерот после еден саат од оброк ви текнува?

    И давајте ајде некои вежби онлајн со ластици, пратете некое линкче. Морам да се средам, ќе ми биде срам летото на плажа да се соблечам. Стомакот како 5ти месец трудна :$
     
    На marchi-cool, Skorpija25, Coco31 и 17 други им се допаѓа ова.
  5. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    Нормално 2 ч. после јадење до 7.8, не треба најдена кога си да надмине 8,9. Гладна до 6.
     
    На gjoker4e и Jana06 им се допаѓа ова.
  6. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки!
    Денес еден од потешките денови, кога најдобро од се ми доаѓа да се испукам овде, меѓу мајки, каде што ќе ме разберат најдобро...
    Колку често и дали воопшто имате испади пред децата??? Неколку дена " им го вријам" и денес нешто ми откачи во глава.
    Имено, по цели денови растураат, нели, деца се си играат нема врска, ама ме нервира тоа нерегистрирање ич, на празни си зборам:swear:. Во филм се растураат фиоки. А бе може едно 15 пати денес, вчера, завчера, ама денес рекорд. Тешко ми е по сто пати реди прередувај ситници, наместо друга работа да фатам јас денес 20 пати ги редам лажиците од кујна, и само се слуша пази тоа, ќе се скрши ќе се удрите, немој тоа, не фрлај таму итн итн.:!:
    Е, чашата ја прелеа вешот, ми ги растураат фиоките од плакар од спална и тоа само моите и ми носат гаќи и прслуци низ целата куќа. И редовно си прередувам, ама денес стварно беше претерано цел ден. :whew:
    Отприлика одеше вака, немојте фиоката и враќам диплам гаќи што извале, ги ставам во фиока, тие чекаат пред неа и отвараат пак и пак.И, во еден момент, мрак пред очи и раце ми се тресат, викам, не, не викам, урлам пред нив, трескам фиоки луто и страшно, а тие плачат, двајцата. Мене нерва никако да ми помине. Сега ми е жал кога ќе се сетам големата како го гушкаше и тешеше малиот :l:
    И што постигнав? Ништо!!!!! Само што им приредив непријатност, а и јас си кренав нерви и притисок.
    Сега спијат јас собирам сили за утре. Ништо поразлично, ќе биде обичен ден, а мене ме исцрпуваат до максимум, до последен атом енергија:(
    Добра ноќ:hai:
     
    На marchi-cool, Snowflake97, Skorpija25 и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Не знам колку се големи децата ама baby proof ќе заврши работа?
     
  8. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.584
    За утеха и јас еве скоро цела недела сум готова да пукнам.. Ова не е моето бебе незнам што му е кемка 24часа и ако е враце се е океј верувај раце ми паѓат со се рамена, а сама сум.. Не сака да се облекува да се преслекува, не сака вколичка, не сала во седиште даседи во кола, не си игра почна да ги шутка играчките со нозете, во храналка не седи значи сегде плаче кемка и агресивно се понаша.. Само враце е се океј.. Вечер кога ќе дојди се молам да спие да собеерам сила за нареден ден.. Вчера сум исклучила додека го хранев почна да се мачка низ цело лице и во косата да става храна како од инает и му се развикав, а знам не разбира па послем си викам што правам кај сум ачи касно беше веќе му се развикав и ме гледаше едно 5мин мирен и пак иста приказна.. Се тешам дека е период или заби го мачат али јас сум отепана све ме боли секое делче на телово
     
    На marchi-cool, Snowflake97, 24.07 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    Најпрво ме потсети на нас тројца кога бевме деца и игравме со целокупната облека од мајка ми.
    Јас такви испади имав неколку до 3 годишна возраст на дете.
    Според ова што го пиша ништо лошо не правеле децата, само си играле, според мене.
    Твојот испад доаѓа од акумулиран стрес, не си била наспана, изморена, нервозна...
    Мојов стан, посебно регалот е хаос и гајле ми е. Кога носеше памперс моите гаќи и прслуци ги редеше околу врат, а сега кога носи гаќи ќе земе ќе седне и ги облака сите што ги има. Кај мм делот знае не пипка бидејќи мм е многу педантен, се му е под конец ама па сега и кај мене да и забранам мене жал ми е. Со што да и си игра? А нема да си играат цел живот со фиоките. Период е кој ќе помине. Знак дека се нормални деца, истражуваат, се смеат, интересно им е, поминува време.
    Кај мене ништо не е здиплено, после игра враќам како што ми дојде в регал.
    Кога беше помало коси кубев мислејќи да ‘го воспитам детето’ ама дете како дете. Сега од друг агол гледам на нештата.
    Мм е тој што знае да рече ќе се скршело нешто, јас викам и да се скрши ќе купиме, а детето ќе си поигра, ако не се скрши детето може нема ни да знае дека може да се скрши, а вака барем ќе научи.
    Некој постапува поинаку ама мене вака ми одговара и воопшто немам разгалено дете туку од ден на ден станува се попослушно.

    Моментот сепак тука да се навратам е што ти си била изморена. Секому може да му се деси таков испад. Треба да се трудиме да се што се поретеки се до искоренување и да им се извиниме на децата и да ги гушнеме.

    Се надевам полесно ти е. :hug: Денес ќе се фиоките, утре ќе им текне фрижидерот ама се тоа е ок, период кој поминува, децата истражуваат. Еден ден ќе се одделат од нас и фиоките ќе ни седат подредени онака како што сакаме ние и ќе се сетиме на нивните радознали лица и мали рачиња кои правеле хаос во таа фиока. :l:
     
    На Lolipop23, marchi-cool, Snowflake97 и 21 други им се допаѓа ова.
  10. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Ме расплака со ова ;(
     
    На Love86, Snowflake97, Skorpija25 и 16 други им се допаѓа ова.
  11. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    И мене;(
    За алишта растурени да не почнувам да пишувам:wasntme:
     
    На Skorpija25, 24.07, Chanell* и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Само да знаете мајки, сите сме имале еден или повеќе вакви денови, не сте сами, сите сме поминале и уште ќе поминуваме низ исти или слични дешавки. Некогаш ни треба оддишка од се, ама кога знаеме дека ја немаме е многу тешко. Важно е да издржиме и да пробуваме да се контролираме во такви моменти колку што е можно повеќе. Немој да се чувствуваш виновна што си им се развикала, јас потполно те разбирам. Еве совет залепи ги фиоките за да не може да ги отвараат или па дозволи им да чепкаат во една фиока во твое присуство.
     
    На marchi-cool, Snowflake97, Skorpija25 и 12 други им се допаѓа ова.
  13. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.875
    Допаѓања:
    28.595
    Здраво друштво!
    Саботен сончев ден! :sun: да шетате деците... Јас за жал сум на работа, ама деците кај баба на двор ќе играат , па се тешам дека убаво ќе им мине денот.
    Таман пишав сончев нешто се заоблачи :rofl: Го урочив времето!

    Јас да кажам нешто за гневот кој некогаш не знаеме да го прикриеме пред децата. Мајка ( не се сеќавам која беше ) не ти се случило само тебе, сите сме викале и отпосле сме се каеле што сме им приредиле такво ненормално шоу на децата. Нема да кажам дека е во ред, не е... Со викањето сме ги исплашиле, а не сме им објасниле зошто сме лути. Ама ќе се тешиме дека не се до толку свилени па трауми да им направиме со тоа што сме викале. А ние да се потрудиме да не често не гледаат во жута минута... оти нејќаме еден ден и нашите деца да викаат и хистеришат на нас, на другарчиња, на брат/сестра. А ние сме примерот... нели?

    За растурањето низ дома... Растураат и моите... Се бутка во спална во кревет... го прави шатор. Се бутка во детска на едниот па на другиот... , оди во дневна и бара ќебенце оти овде ќе лежи ( се разбира 5 минути лежи). И така, јас си местам кревети во текот на денот 4-5 пати.
    За фиоки, плакари и кујна... тоа се решава од мали нозе:!:... Нееее, страшно еее, немој...:o исто како на штекер кога ќе фати. Малку драматично, ама успешно... барем кај нас.
    Кога потпораснаа објаснував, ќе се налепат бактерии, па бактериите ќе ви направат бубалици... :mm:
    И ете не фаќат таму.
    Ако доборо се сеќавам за големата некогаш го имам прекршено правилото - не растураме плакари... ама потоа и таа учествуваше во средување на истиот... колку умееше де.
    Од друга страна, подобро растурени плакари отколку дете седнато на мобилен цел ден! :?:
    И така... изборот е наш, исто како што и поставувањето правила што смее а што не!

    Големата ќерка веќе чита. Ученичка е, прволаче, буквите веќе им се учени сите... пааа... радости големи. Колку само сака и е горда кога ќе прочита сама. :)
    Читаме навечер приказни... Тоа ни е навика од времето кога имаше 2 години. Ете ја 7 , па сеуште покажува интерес за приказни. Инаку е мноогу пргаво детенце. Да трча, да скока, брзо да вози велосипед, тротинет... Ама кога е време за читање како маче се тутка до мене и слуша со цело внимание.
    Читаме разни приказни, бајки,.Зоки Поки, гатанки... Во план мине Доктор ОфБоли да и ја читам наредна.
    Малото секако е тука за да ја зграби книгата, да ја наруши тишината, се ќе направи само да не читаме. Кај неа не гледам интерес за приказни... Ќе смени може? Кој знае! :^)

    За ручек ќе имаме риба... ја среди ММ сабајле, испивме брзински кафе, два реда муабет и јас на работа , тој исто на работа... Се гледаме вечер во 17.

    Се распишав... толку нека е.
    Убав ден!
    Пак има сонце :sun: :)
     
    На girl-miri, marchi-cool, Snowflake97 и 25 други им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.927
    Допаѓања:
    18.822
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки.

    Денес ја монтираат куната!!! Пресреќна сум. До крај на месецов ке се заврши се. :clap:

    Јас не му давам да расфрла и фаќа алишта. Се е залепено или затворено, заглавено. Може да отвара една фиока само, негов плакар е тоа и има некои небитни работи, како кебе, капи, патики бебешки итн. Ке растури ке среди и толку. Друго се е со барикада. Во кујна исто, една фиока има негова со безбедни работи и друго се е врзано. Фрижидер сака да отвора ама не дозволувам. Нека вика колку сака, плаче и се дере ама нема, манипулаторски солзи се тоа.
    Многу му дозволувам, размазен е и јас сум толерантна, ама граница мора да ставам некаде.
    Да му дозволам се ке ја руинира куќата.
    Вчера се расплака што не му давам дрво да јаде, паднато најде мало делче до каминот.

    Вежбам некаде 5 месеци, на храна пазам последни 2 и мора да кажам дека има резултати и најголемиот критичар ме пофали - маж ми. Тој и ме критикува и мотивира. Никогаш не кажал или направил нешто за да ми ја затресе самодовербата ама сурово искрено кажува дека морам да ослабнам.

    Гушкајте се. :hug:
     
    На marchi-cool, Snowflake97, babyboy1 и 18 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.275
    Допаѓања:
    67.883
    Пол:
    Женски
    Не кревај одма, нека се изнаиграат, ќе им здосади и ќе кренеш, па ќе им помине. Само нервози без потреба си правиш. Јас веќе имав пишано колку ми е хаос по дома, дека ја оставам да се занимава, подобро тоа отколку да зјапа во цртани. Е тоа апсолутно не можам да го поднесам и вријам од внатре додека гледа и не можам раат да седам. Пораат седам и кога прави хаос. Сакав граница негде да поставам, ама кога ќе ја видам како се заиграла со нешто, па измислува, креира, едноставно немам ни срце да ја сопрам зашто направила хаос. Се додека зборуваме за хаос, а не за нешто што е небезбедно нели, за тоа нема исклучоци, објаснувам дека е небезбедно, зашто е небезбедно и кревам, толку е. Може и да плаче до утре, ама подобро да плаче зашто нешто не добила, отколку во болница откако ќе се средува штетата. Нема шанси.

    Еве во моментов гледа цртани, станата е од седум, па се умори веќе, ама ич не можам кога е зјапната во телевизорот. А нема врска, исполнет и е денот, не дека којзнае какво зло е, плус и колку си читаме, зборуваме, играме, надвор сме, ама ете. Не знам како да се ослободам од таа вина. Мајчинска вина, за нешто мора да ја има, како инаку?

    Да земам кафе да си направам, да не ми биде вината за џабе барем.:mm:
     
    На marchi-cool, Coco31, Skorpija25 и 16 други им се допаѓа ова.
  16. BirMelek

    BirMelek Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    14.780
    Пол:
    Женски
    Да пишам додека заспивам помалото. На ред е туш на големата и да се погушкаме, па да спие и таа. За крај доаѓа средување на кујната, гиро правев за вечера, страв ми е и да се сетам каква бомба оставив долу во кујна :tmi: Ќе средам и тоа и ќе спијам, за маж денес немам време:D
    Околу растурањето за кое ви се пожалив пред некој ден, мене не ми смета да е растурено, ми засмета тоа што им сум на игнор. Мали е многу мал, ама таа има 4 години, малце барем може да послуша, кога ќе ја замолам. Оти не се постигнува се, а сакам и секој ден да се наиграни и прошетани и добро нахранети. Околу ова, досега немам кикс. Нека е растурено, ама некогаш кога ќе кажам НЕ, да се слушам. Ова баш за муабетот на Реин, околу небезбедно, отвораат фиоки и го гледам мали со голем нож во рака. Секунда невнимание мое, качив се на горните рафтови, па ја гледам големата се качува, се труди да ги симне, за пак да може да играат со нив. И да не се лутам? По триста објаснувања со добро, со примери? Ама со лутење па ич не ја бива и ете, си вртам кругчиња8)
    Цртани не давам, еднаш два пати дадов и почна да се навлекува на тел и не! Фала богу играат дома, подобро ќе се нервирам како лудача отколку дете да ми зјапа во телефон со тоа јутуберите што ти знам, Ники и Влад, Диана и Рома, а бе зајде дете, едвај ја откачив.
    Денес бевме во ЗОО и во двор кај свекрва ми испивме кафе, се изнаиграа. Дојдоа и братучедите, 4 години едната со таблет и вика на мојава имаш ли таблет да дојдиш да си играме? А мојава појма нема таблет што е и вика дојди имам топка:clap:
    Еве мали пушти цицка, да одам да си фатам работа. Поздрав :hai:
     
    На girl-miri, marchi-cool, Snowflake97 и 20 други им се допаѓа ова.
  17. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    Јас дојдов да се пожалам не знаев каде да пишам, се решив за овде сите сме мајки.
    Случка од паркот, баба лула дете најверојатно со аутизам, од спротива 2 девојчиња од 8 години, го гледаат се смеат на глас, го имитираат како оди, како паѓа. Многу тешка слика ми остана сакав да им кажам нешто да разговарам со нив останав без зборови...
    Исто во паркот пред некој ден, играат 3 девојчиња, доаѓа група од други исто таа возраст 7_8 годишни, и почнуваат со напад, видете се ма какви сте, какви патики, каква облека ха ха... Се почесто слушам вакви кавги, кој што има оригинал или не. Ова последново и не беше кавга беше психичко силување на децата, напад од ништо не предизвикан. Се почесто децава си наоѓаат децата жртви послаби од нив. Зошто вака, не ли се многу мали овие деца за вака да се однесуваат, нели тоа е возраст треба безгрижно да се дружат, од каде тие фрустрации во нив?
    Како да ја воспитувам ќерката кога е во паркот опкружена со сето ова, многу е чувствителна,, не знае да се кара и да вреѓа, обично се трга настрана од кавги но се случува и да биде нападната, психички, ова кај машките ќе се испотепаат некој заплачува и готово. Зборам за деца што секој ден се собираат во паркот и се знаат сите меѓу себе.
     
    На marchi-cool, ivance.., Snowflake97 и 10 други им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    Потешко е да се справи човек кога мнозинството е такво ама не чекај ни една секунда. Девојчињата одма зазбори ги, прашај кај ви се родителите, да одите дома и да разговарате со нив па после излезете, засрамете се и слично зависи колкави се и какви се девојчињата.
    Децата кога се тепаат одма им викаш дека ова е парк за игра и полиција ќе дојде. Ако излегле да играат ок ако не сите дома.
    Како стара баба ама мора тоа е. :lol:
    На овие што ги исмеваат им кажуваш дека убавината е во душата, карактерот, а со нивното однесување џабе им е оригиналот.
    Ние кај што одиме има неколку деца само што не се ок и многу е полесно да се справи човек.

    Прашуваш од каде? Од социјалните мрежи, лично мене како возрасна инстаграм ми влијае така што сите се совршени и на моменти ако после инстаграм се погледнам во огледало се плашам. :rofl:
    А девојчиња на 7-8 веќе имаат инста обично, сите што ги познавам имаат и фб, напредна младина.
    Мора секој да збори, родители пред се ама за жал и непознати.

    И во мое време така беше ама и јас сум млада, тие што носат оригинал се главни, ние споредни и небитни. Во основно се почнува па средното е пекол за некои.

    Твоето научи го дека секој за себе, дека тоа што го прават не е добро, дека така не се прави во градинка и школо, дека тоа не влијае на неа, работи на чувствителноста и самодовербата.

    Јас две години трпам едно дете се само иде, сега е 5 години и пред некој ден беше крајно, а нон стоп му викам ако продолжиш така ќе те кажам на мајка ти и сега му реков е последно отидов до дома и ѕвонев (знаев отприлика кај живеат и само едно италијански ѕвонче беше на имињата па погодив од прва :lol:) викам две години трпам ама сега е крај, или доаѓајте со него или ич нека доаѓа во парк....) па да видиме како ќе биде од сега.

    Гледам дека сите родители пререкуваат на другите деца, ако е со родител нормално на родителот ако е само на детето па и јас така. Некој само го пуштил за да се изживува на други деца.
    Ако молчиме сите уште полошо е. А сепак се прашувам дали ние можеме да им влијае повеќе од интернетот?
    Кога ќе дојде група деца на 7-8 години и седат на телефон сите заедно знаеш крајот дека дошол. А има и такви на 4-5 што со тел седат во парк.
     
    На marchi-cool, Coco31, Skorpija25 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    @gjoker4e сум зборела со некои од децава, ама после тоа тие како навредени враќаат со лошо на ќерката кога не сум со неа, а демек другарчиња се. Мислев и јас да разговарам со некои родители, ама толку се некои родители убедени дека нивните деца се најдобри и нема шанси да прифатат лоша критика за своите принцези, други па баш вака ги воспитуваат да бидат врвче на сите, мислам пример во наше време наставник ако те скара си го добиваш и дома, сега родителите одат да се расправаат со наставниците ако им е навредено детето, кога немаат почит од институциите што да очекуваме на улица. Мислам ти си во Германија некаде? Ние сме далеку од таа култура изгледа.
    Овде страдаат дисциплинирани деца, многу напишав ама многу се разочарав, девојче ептен послушно најдобра другарка и е на ќерката, братучед нејзин знаејќи дека мајка и ја држи строго, мава по девојчето рита, ја навредува, кога ова ќе врати, братучед и писка плаче без потреба аа сега ќе те кажам мајка ти ќе те среди, и на крај девојчето добива карање од бабата и казна од мајката, ама така било и останало бебето што плаче добива цицка.
     
    Последна измена: 15 март 2021
    На marchi-cool, Skorpija25, hello-kitty.90 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    Да ама не сакав да споредувам бидејќи некои одма ќе се најдат навредени, а мене здосадно ми е од такви коментари.

    Да гледаш секогаш кога одите во парк да се договарате со барем уште еден родител и дете со кое ќе си игра твоето за да твоето да не се почувствува како да е само спроти сите. Друго е кога ќе има барем едно другарче тука на негова страна.

    Се надевам дека ќе има повеќе коментари во темава бидејќи покрај самодовербата на едно дете многу ми е битно и ова, вклопување во средина со повеќе деца.

    Јас имам трауми од детството, пред школо, во школо и врвот е во средно па затоа сум ептен потресена за детето како ќе биде.

    Посебно опасно ми изгледа во тинејџерските години каде се повеќе случаи и со убиства има, сега последно во Германија и Франција. Да се потрудиме децата да бидат јаки, силни, полни со самодоверба.
    Децата го немаат преживеано се она што ние го имаме па не гледаат исто на нештата како нас. Јас од тука се водам секогаш. Не знам како да објаснам поточно. На пример некое дете му рече на моето дека не смее на нишалката и на тоа јас гледам со други очи, детето со други. Најпрво на самото дете му кажуваш дека нишалката е за сите деца се додека не почне твоето само да му кажува. А јас искрено би му рекла дека нишалката е само на моето и да си оди дома. Така зборува мојата потсвест ама морам да поставам баланс и моето и тоа да е ок и во иднина да нема такви дешавки. Не го сфаќајте примеров здраво за готово. Тоа ми текна во моментов. Едноставно некои деца не разбираат се додека не се спуштиш на нивно ниво.

    Дали сме посилни од нивните родители, опкружување и интернетот? Не сме. Да се потрудиме сите да извлечеме максимум ама кога детето од 3-4 години е само во парк тешко дека некој друг може да го превоспита на 7-8 години.
     
    На marchi-cool, Skorpija25, hello-kitty.90 и 2 други им се допаѓа ова.