Мислам дека кога се зборува директно на поголеми деца не дека тие ќе се засрамат, напротив, уште повеќе се чувствуваат убедени дека се во право, а некој си странец се нашол да им пререкува. Едноставно нема да се превоспитаат така. Јас гледам ќерка ми да ја учам да не и е гајле за таквите. А они нè гледаат и нас, како ние се однесуваме во одредени ситуации. Имавме скоро ситуација, поголеми деца и имаа кажано дека не може да си игра на игралиштето, они си играле таму. И дојде до мене цела скисната, ми кажа што и рекле, јас и објаснив дека тоа не е нивно, не им отишла дома и слободно може да им каже дека нема да си оди, ако сакаат они нека си одат и нека си најдат друго место. Отидов јас со неа, не им реков ништо на децата, само отидов за нејзина поддршка и си седнав, а она отиде и се заигра нешто. Најголемиот проблем е во родителите, што ги учат децата да бидат над се и над сите, дека се најдобри, па оттаму доаѓа и дрскоста потоа. Кога се потсмеваат на некој не ги учат дека не треба така, напротив. Па имам пишувано дека уште од најмали тоа го охрабруваат, кога некое плаче и другите му се смеат зашто плачело, па така да престане да плаче. Потоа само ова еволуира. Инаку, за ова многу е и до карактерот. Ќерка ми не е воопшто срамежлива, веднаш се запознава со деца, нема проблем со вклопување. Ама ништо посебно не сум правела за да е така, едноставно си е таква, сака деца, луѓе, комуникативна си е. Ја учам само да не се потсмева, што не е во ред, што не се прави. Откако пролазе сме по лулашки со зборување.
Ние ‘се дружевме’ со една мајка со дете на иста возраст ама таа почна да го носи детето во друг парк заради овие неколку деца. Мислам дека тоа е мн голема грешка. Како во примеров Реинбоу да и рекла на ќерка и ‘ок ќе одиме на друго место’. Ние тука живееме и нема да дозволам заради неколку деца моето да ‘го штитам’ на друго место. Од мало треба да е свесно дека такви деца постоеле, постојат и секогаш ќе постојат, да е свесно за самото себеси и за релацијата помеѓу самото себеси и таквите деца. А ако го однесеш на друго место ти од сам старт си погрешил. Децата се многу попаметни од нас и побрзо разбираат, полесно им се крева самодовербата од мали нозе, борбеноста треба да се одржува која е присутна од самото раѓање. Јас искрено да сум на местото од моето дете би отишла дома би се скрила и не би излегла повеќе надвор ама не му пренесувам ни малку од моите трауми од детството и до сега сум презадоволна од тоа како се снаоѓа помеѓу сите. Кога има родителски во школо нека се предлагаат вакви теми каде што заедно ќе бидат присутни и децата и родителите и наставниците, психолог и ќе се зборува за сите проблеми.
Има родители што воопшто не се замараат со своите деца да не кажам размазени што се им е удоволено,а само внимание немаат одвоено за нивните деца да седнат да разговараат,да ги едуцираат барем во денено време повеќето родители се едуцирани за синдромите уште во самата бременост.Али таквите далеку во животот нема да стигнат.Пред 7-8 години имаше случка кога требаше внук ми да го земам од школо,снашка доверба во мене имаше ненормална и што се случува јас стигам детето со жмучка на глава модра т.е. во сите бои, наставничката ми вика само падна како викам падна сам сигурно не, само што искочивме од врата ми ја кажа цела ситуација дека некое дете(на богати родители и никако не можеле да го избркаат од школо дека родителите се заканувале иако тепал деца во класот) го бутнало од лизгалка и со главата паднал на камења, среќа не останал на место.Детето одма си отишл од има после часови и среќа имало иначе во полиција ќе си го собираа.Се додека постојат вакви родители несовесни ќе се случуваат такви работи.Наместо на децата Ајфон од 1000 евра да им даваат подобро да седнат и да се едуцираат, децата со аутизам,даунов и други синдроми не се за потценување напротив и тие што се смееле можеле да бидат такви како него(не дај боже), али пак тоа е се до родителите.
Летово си го возеше велосипедот шти го има од 4 години, сега беше 6, сите други имаа веќе од брзинците, таа беше најбрза со малово, дали дека најлесно си го управуваше, се тркаа често. Почнаа да ја зафркаваат дека има мал велосипед и тоа најдобрите другари. Секако ни беше во план да и купиме, ме фати инат, кога почна да бара, зошто ја беше срам со стариот. И зборевме и јас и татко и да си ги согледа своите предности и да не се срами. Пример само таа знае да вози ролери и тоа многу добро, плус е најдобра со точачето. Прифати што и зборувавме, а за роденден зимово сама си купи и голем велосипед со парите што и ги даваа за подарок. Исто, имавме базен за во двор од помалите, она си уживаше ќе си облече купачи си става овошје во чинија и си лежи онака со кеф во вода. Е почнаа децата мал базен имала и тоа деца што немаат никаков. Не влезе веќе во него. Јас немав никаков велосипед, ги возев на другарите па никој не не исмеваше. Сега не знаеш како, ама тоа е, што до родители што до училиште или општеството во кое живееме.
Добар ден женички. Денес со главоболки. Вероватно од што долго време не сум како човек легната и наспана. Пројде уште еден роденден на синко големиот. И лани еден ден пред роденденот почна полицискиот час и годинава. И лани без гости и годинава. Воглавно си направивме торта си дувнавме свеќички си наполнивме 8 години и тераме даље. Малото вчера наполни 19 месеци. До вториот роденден уште 5 месеци. Ќе легнат брзо. Тоа и сега не можам да се освестам колку брзо помина времето од кога се роди до сега. И уште да се пофалам ми се роди внука пред неколку дена. Единствено криво во ситуацијава е што не можеме да си ги видиме внучињата. Пред 6 месеци ми се роди внуче и само на слики го гледам. Не сум расположена за многу пишување, доволно е, само да ве поздравам и имајте добар почеток на неделата.
Здраво Да пишам и јас да си ги средам мислите Последна недела слободна, следна недела од понеделник на работа. Ама работам од дома така да не е страшно. Идеме викендов кај свеки, мм зема одмор сега он ќе го чува синко две недели. Измеѓу паузи од работа ќе спремам доручек, ужинка и ручек за синко. Како ќе се успиваат со татко му не знам. Имаат двор нека се клацкаат во количка. После мм, настапува свеки, после неа мајка ми и после тоа најверојатно градинка ќе биде, тоа е. Сеа најтешкото да се спакуваме за 5 недели, цел стан ќе го спакувам. Братучедот на мм ќе доаѓа неделава во ск па по него ќе пратиме куфери. А за враќање како ќе се снајдеме не знам. Може свеки со свекорот да дојдат, секако ќе треба две коли Инаку претходно пишав дека аплицирав за нова работа. Епа поминав 4 интервјуа и 1 тестирање, сум оставила многу добар впечаток. Ама одговор нема сеуште, поминаа две недели од последното интервју со главната менаџерка. Чекам да ми се јават. Мислев таман таму ќе почнам за брзо, зошто во мојава фирма кога отидов на породилно сите проекти ми завршија, така да ќе ме пуштеа одма да си одам. Сега се враќам и не знам на каков проект ќе ме стават, не знам за кај ме планираат. Се надевам дека имаат план за мене и дека нема да ме остават да чекам. Иако ако немам одма ангажман ќе може повеќе да се дружам со мм и синко. Како и да е до првата година на синко си одам 1ч порано од работа. Плус имам 1ч пауза. Значи 6 саати работно време Се ближи роденденот на синко и навистина мислев дека коронава ќе помине, ќе бидеме извакцинирани и ќе славиме ама ништо од тоа. Кој знае како ќе биде, хаос.... Тоа е тоа... Убав ден
каснам со коментар ама ме трогна ситуацијата. Воопшто не е лесно да исчуваш буквално две бебиња ( сметам дека едно дете и во периодот на тодлерство е слично на бебе. Си ги бара своите потреби внимание и не е спремно да премине во период на дете. После 3та год е веќе постабилно и психички и емоционално) јас со првото верувај уште што не почнав лекови за смирување да пијам за да немам нервни напади и хистерии кон него. А едно е. Знам само дека не треба да им се дозволи да манипулираат со нас а кај тебе па и кај многу во тој период децата манипулираат. Да се дереме не но да повишиш тон мислам дека некогаш е во ред за да се знаат граници. До кај 2 години толку и не разбираат ама од 2 до 3 разбираат многу повеќе одколку што можеме да замислиме и настанува хаосот. Периодов ќе го надминеш со самоконтрола читање нешто што може да те релаксира вежби за дишење медитирање било што што може да те опушти зашто мора мала релаксација за да некој друг не забележи било каква психолошка промена кај тебе.
Лоши мисли се знам, но некогаш си мислам што ми требаше ова.. Не сум спремна за ова! Едноставно ова не сум јас, како некоја пасивна агресија да тлеела во мене и сега е моментот да ја искажам. Детево е во ек на тантруми, сфаќам. Но, едноставно нема граници! Секоја лутина е проследена со “ќе те тепам” на било кој така зборува, и тука се фаќам јас како кривец што од мала буквално е тотално размазена. Што сака прави и правела, што сака и било купено, ако јас подвикнам бабите ја бранат и зема сила едноставно. Еве пред малку се влечеше на под во кујна и се дереше колку ја држи глас, зашто и се спиело. Ма дерење човече, ко од кафез да излегла. А малото спие во дневна.. Кажи и 10-15-20 пати, стани не се влечи, се засилува уште толку и те тера да полудиш! Дополнително па и ме мава откако се потсмири. Не можам да издржам. Маж настинал, а се си мислам коронче е, јас со кашлица и со нула енергија, утре тестирање. Ене го боледува во кревет цел ден, ем дојам,хранам,праам доручек, заспивам деца, средувам дома, ем не смеам да кажам не ми е добро ми треба помош. А не ми е, ќе се срушам од изнемоштеност денес. Капак на се тантрумите на детето.. Ма хаос сум. Ова ми се пола саат слободни дури спие, верујвајте само читам како да постапувам и како да ги надминува, инаку ќе беше стопати нашлапана по гз досега. Нема граници нејзиното однесување и нема. А јас сум таа што треба да ги постави..
Не средувај. За јадење нешто набрзинка по можност купечко или порачано. За доење дој. За заспивање и тоа ок. Пробај да не се замараш, не го преживуваш само ти тоа и нормално е. Со мали деца не може да е како што би можело да е без нив. Маж ти да излезе со поголемото ти да одмориш со малото? Секако во исти дом сте нема врска што е болем. Па да излезе со помалото ти да поседиш со поголемата? Обраќај повеќе внимание на поголемото за почеток, бебето и онака ќе е среќно. Кога ќе се треска остави го да се дотреска, не викај, не тепај. Изгледа како единствено што ти е потребно да е оддишка. Нека излезе маж ти со двете па исплачи се дома, извикај се, искрши нешто и полесно ќе ти е. Ќе помине.
@Chanell* исто е и кај нас. Големата е многу голем инат. Некогаш толку ме изнервира што почнам да ѝ се дерам. Кога ја караме само се смее. Од такт да те изваде. Сѐ мора да биде по нејзино,инаку почне да вика ама сакам, ама сакам, и додека не добие што сака не престанува. Јас мислам од што се и е дозволено и не и е речено не може, затоа е таква. Некогаш ми се иде Бардовци да фанам од неа. Овој месец како што е со бебе толку е разлигавена што буквално на главата ми се качува. Да не пишувам па на малото што му праве. Само Господ да ја чува, не смеам никако да ја оставам со неа ни на секунда. Се надевам дека ќе мине овој период.
@Chanell* Сестро златна, зошто кога и да те читам како себе да се читам? Same here; Маж болен, син само сака некој да го дружи да се игра со него, да му збориме приказни. Читајќи му ги јас прва заспивам него он. Малата буквално сменила ден за ноќ. Цеел ден преспива навечер едвај во 2 ќе заспие. И тоа во раце А машала тешка е за носење.. 4 дена како немам време за ништо. Јадења не ни готвам, порачувам готово, ептен некоја супа ќе сварам за мм и син, а јас и тоа мн слабо немам апетит. Па се обвинувам кога не јадам, малата се нервира плаче слабо млеко имам. Па и давам чај дур ми надојде да се смири Аман нека заврши овој период веќе аман!
Многу добро те сфаќам. Помош и излез од ова, како сакаш сфати ме, нема! Помири се дека отсега секој ден ќе се нервираш дупло. Прво и двете деца бараат внимание, бебето не е само бебе па остави го ќе спие ти гледај големото. Еве моето бебе беше уштекано на цицка цело време, јас не можев ништо да правам со големата. Не е во ред да се речи гледај големото бебето е бебе. Мајката е мајка на двете, не се знае кое ќе има било каква потреба во моментот. Битно е да научиш да менаџираш со двете, а тоа дека бебето ќе си спие ти ќе си играш со големата, не знам баш,.јас не успеав. Првите месеци кога ќе заспиеше големата, ја галев по коса и често пати се давев во солзи зошто сум и рекла да почека кога ме викнала да видам нешто, зошто чекајќи да доцица бато заспала сама итн итн. Плачев на сликите што ми ги праќаше татко и ако излезеа да прошетаат. Ќе се вратеа, шетана, играна и пак правеше инциденти. Многу е тешко, а да те разбере може само некој што го поминал тоа. Она што може да те утеши е дека брзо лета времето, бебето ќе почне да разбира, а сестра и ќе и биде омилен лик. Таа, пак, ќе го смени односот, ќе и стане заштитник и другарка. Но, ќе.има моменти кога ќе летаат "инстант" шамари. А ние, мајките, отсега сме со дупли грижи. Уште ова, никаква помош од маж, од баби, нема да ја подобри работата од субјективна страна.Таа не е научена тебе да те дели, не може да прифати дека си мајка на уште едно дете. Ти треба да бидеш нејзината поддршка, нејзината сила и водилка низ оваа нова и за неа ситуација. Без гајле, времето само ќе те научи како да се прави ова. Само и само - стегни заби!
Големата знае само за мама. Ретко го бара татко и за игра, мама за играње, мама за мочкање, мама за облекување,бањање,шетање,заспивање. Нема шанса да е поинаку. А малото е премногу мало, само месец и пол, него паника ќе го фати до врата да излезат сами. Играме,боиме,шетаме сами со големата, ма никако не е заспоставена. А бебе не можам само да го оставам да лежи и зјапа во таван за јас да сум цел ден со големата .. Знам дека ќе помине.. У исто **** сме жени Нервози, кој ли би помислил дека ќе ги има толку со доаѓањето на нов член. Нормално мама не може да се подели на пола, и они се мали за да го разберат тоа.. Ќе биде подобро за десет години, не се секирајте До тогаш ќе си поплачеме малку повеќе, ќе си попцуеме можда исто, и ќе повторуваме “ќе помине, издржи” ..
Само едно не разбрав... бебе од месец и пол ништо не разбира што се вика, како ќе го фати паника? Учи ја големата тато да вика. Претешко е ако и двете се како само твои.
Тато го фаќа паника ако закенка бебе, а не да шета со неа негде Одма ми ја дава ако заплаче. Ок, како само за цицка да плаче
што порано го оставиш сам тоа подобро Требало уште од прв ден за да се навикне Мора тато да работи на улогата тато како што работел и за ја оствари На крај децата страдаат кога мајката е преизморена и не се издишала подолг период Нека излегува со поголемото штом со малото паника го фаќа Ама дај и тебе што не те фаќа паника дека бебе е месец и пол. Нека ве фати и двајцата паника ако не Се е тоа нормално кога ќе дојде нов член ама може да е олеснително
Па да, мене нервозата од него ми е уствари. Му викам, златни дечиња Господ ми дал, само уште таткото да беше некој друг и ќе ми беше наредена. Па штоооо, уште увреден Од 8 до 5 на работа, нема време кога да ги види. Сеа па боледува, од кревет едвај станува. Ма типичен маж, на 36.9 тт офка .. Бетер беше, сеа се поправа околу титулата “тато”, му годи големава кога го гушка, кога чат пат ќс го викне да си играат .. Ќе му го дотерам умот овие денови ако излезе позитивен, нема кај да ми бега.
@Chanell* @forumce исто е и кај нас. Немам ни сила ни нерви веќе. Додека бев бремена, ќерка ми секој ден ми викаше кога ќе се роди бебето, многу беше послушна и таман фативме некој ред и за јадење и за спиење и за шетање, се породив и се се смени. Не си го препознавам детето. Урла, вика, не сака да моча, не сака да јаде, не сака да спие, ако ме види со бебево се пика целата во мене, клоца со нозе, само се жали дека и е досадно и дека сака да си игра со другарчиња. Ако повишам тон почнува да плаче и вика мамо не ме карај. Па после јас плачам зошто сум ја искарала, ама никако не можам да фатам ред, да се организирам со две деца и тоа ми ствара нервоза. Бебево е мало и само цица и спие, ама јас сум преуморна и не можам да и го посветам истото внимание како претходно.. Посебно тешко ми беше првите денови откако дојдовме дома. Од кревет не можев да станам, болки од раната, болки во кичма, бебево плаче за цицање, ќерка ми баш тогаш бара нокширче или и се јаде или и се пие сокче. Никогаш не сум се чувствувала толку немоќно. Плачев секој ден. Деновиве малку по малку се враќаме во нормала и пробувам да воспоставам некаков ред и да си го организирам времето. Бебево прво се буди на сабајле па додека го преслечам, додека го надојам ќе стане и ќерка ми, ја средувам и неа и одиме да правиме појадок. Ќе ја наранам, ќе јадам и јас, кафе за мене, чајче за неа, па ставам ручекот да се прави.Бебе за тоа време си спие и го оставам со свекрва ми, па излегуваме со ќерка ми малку во двор да си поигра. Или ако е свекрва ми надвор ја оставам со неа да потрча, да ја истроши енергијата малку. Таман ќе влезе, доаѓа време за спиење. Ги заспивам двајцата во исто време и си легнувам и јас до нив. Читам книга, гледам филм или се занимавам со форумов. Тоа ми е единствено време за себе засега. Ко ќе станат ручаме, па доаѓа и маж ми од работа. После играње малку, вечера, капење и кревет. Мене ме изморува тоа што не јаде воопшто, 3 часа ја хранам и така цел ден ми се фаќа во хранење. Само што сме станале од јадење дошло време за друго. А и за спиење не е нешто подобра. Очи и паѓаат и не спие, станува, плаче, бара нешто..И капак на се испадиве што ги има повремено, ама ќе гледам да ја дружам повеќе и да ја изнесувам надвор бар 15 минути да се издува. За растурање ич не зборувам, јас фаќам таа фрла, мислам цел ден чистам, смукам, бришам и фаќам играчки. Сега ја навикнувам да поминува време и со татко и. Досега беше нон стоп со мене и затоа е ваква, целото мое внимание беше насочено само кон неа и разбирам дека и е чудно сега со уште еден член плус, ама се надевам ќе се навикне за брзо. Плус ќе се затопли времево, па ќе можеме да шетаме, да излегуваме и така ќе го пополнуваме времето. Тоа е мајки, кај сите е исто, не сме сами ќе помине и ова.
@Skorpija25 Кога е време за јадење почни да е пола саат како во градинка и само така терај, ќе биде тешко ама со тек ќе створи навика, подобро побрзо отколку до школо да ја храниш по три саати. Се сервира, се јаде пола саат и се крева, исто како во градинка, плачела, се трескала, ќе навикне. Еве нека не е пола саат нека се 45мин ако споро џвака на пример ама да не е подолго. Јас четири години немав смукано со дете дома и бришено па дури и сега некогаш ме нервира таман кога пуштам усисивач или фен таа се дере. Денес додека беше во градинка викам да усисам и зел маж ми кажува нешто гласно абе ми се стемни пред очи и изгасив усисивач.