Здраво мајки. Да не ме тагнеше @marchi-cool немаше да ја отворам темата. Сум испуштила многу мислења ама во наредна прилика ке ве читам. Синко си беснее, седење дома ич не е за него. Само отвора врати за надвор или за тераса. И мене ми досади времево, ме боли раната и не сум расположена. Вчера како претепана бев кога се разбудив. Јас имам помош и никогаш не сум одбила помош. Таква сум, подобро да одморам отколку да наоѓам маани на зготвеното. Не само сега кај свекрва ми, и дома кај мајка ми иста со бев. Не ми се прави ништо што не мора. Обврски плус не сакам. Знам дека ке ми фали се ова кога ке се преселиме. Станот ке ни биде тип топ. Доволно голем да имаме комоција ама и помала квадратура од куќа, значи помалку чистење. Се ке е мало и функционално, таман колку што ни треба. @Happyinlove јас имаж едно и свесна сум дека не можам друго сега од причините кои ти ги наведе. Синко е темпераментен и ме би можела да имам уште едно сега. Останав бремена случајно, па сега многу внимаваме да не останам пак, затоа што би абортирала, со сигурност. Маж ми е тука за се, имам помош од родителите ама синко пред се е мое дете и јас сум одговорна за сите негови потреби да се задоволени. Плус некогаш самиот ме бара, мама и крај. Не си лоша мајка, ни лош човек, само си преморена. @Dance27 нека си ги дупне сама кога ке сака. Не го малтретирај бебе, има време додека да порасне и да посака сама да се кити. Јас и ден денес не носам накит, ни дома ни кога сум излезена на шетање. Само кога ке се средам за излегување, а не паметам кога последен пат сум се средила така. Ми фали нормалниот живот. Да шетаме, да излегувам, да одам на шопинг без маски и рестрикции.
Уф, што убаво почна да вее ама убаво само по дома, ладно ми е за шетање. Малиот само што заспа еве го држам да зацврсти убаво и да го легнам. Збеснат е, не е носен надвор 3 дена, на него му здосади, а не нас. Јас да се пофалам ослабнав 3кг за нецели 3 недели. Тука се фалам, дома се жалам дека е малку. Што вика маж 'Што сакаш ти, 10кг за 3 недели. Не може, стрпи се.' Ми се оди кај моите да одморам ама многу Едвај чекам да добијат негативен тест и да знам дека се добри. Ми се смачи секој ден да се плашам, па и предолго ми траат деновите. Малиот, раскревањето и готвењето по дома, вежбањето ме исцрпуваат. Навечер не можам да заспијам од умор, ни магнезиум ни б6 помагаат. Ова проодување е баш напорно. Си викав не сакам брзо да прооди зашто нема да ми биде бебе веќе ама сега ако запнал нека прооди веќе и да седнам малку. Добро, знам дека нема да седнам ама мислам полесно ќе ми е, што знам Се научи да се качува на гарнитурата и готово, мир немам. Знае да се симнува ама пробува преку наслоњачот да се симне. А колку лошо спие овие денови да не почнувам. Преуморна сум, а обврските си чекаат. А јас и мм бетер од деца сме, баш пишував тука се договоривме нема второ дете во скоро време, а од тогаш беља до беља. Ќе пишувам кај и да е во Дали сум бремена Вчера ја преживеав свеки, ни беше на гости, ручече, кафенце. Ја решив работата со тетрапак млеко и сол, сега на ред е дебата за шеќер, инстант пудинг и некои останати инстант јадења преполни со витамини Рано е за пмс, па не ме изнервира. Таман да го решиме ова, па крштевка ќе дојде на дневен ред. Баш ми е досадно некако, ептен ми е недела. Доста од мене, да одам да прилегнам и јас малку, па да се мисли што да се јаде. Инаку, земав кокошка од Везе Шари и тоа требаше да биде за ручек, ја отворив и црева за малку ќе истурев. Рокот до 24ти, а расипана. Да знаете да не фрлате пари, којзнае како ги чуваат и транспортираат. Демек ајде наше да земам ама словенско е права ствар. Ај стварно чао
многу те разбирам зашто знаеш и свесна си што треба и не треба да правиш ама роботи не сме. Моето првото беше леле мајко со тантрумите. Скокови не сетивме ама тантруми.... Само кај мене беше разликата што тоа беше едно а ти си со две. Единствено ни помагаше или да го пуштам надвор да се истрча и сета енергија да ја истроши оти така баш се намалуваа тантрумите или да го оставам 5 минути да се "изнарика" па на крај смирено да појдам и да го гушнам. Откако ќе го гушнам веќе се поминуваше . Најмногу ме нервира ко во тој случај кога ќе ми рекле амори удри го што дозволуваш вака да беснее. тешки се децава до 3 години. За себе контролирај се колку што се може одмарај и земај витаминска терапија која ќе те смирува верувај ова малку глупо звучи ама да, кога не може некој Лексилиум да се напиеш и се да пројде ко од шала може до витаминска терапија
обожавам да ја читам темава, ама никако да стигнам да напишам нешто. Дома е полудувачка. Таман се окуражив дете во градинка да пуштам, се јавив и на телефон, пак бројките скокнаа нагоре. На короната де. И така, сега дома си седиме. Па и проклетово време залади. Не дека ми менува за одење надвор, секој ден одиме, ама тоа е пократко. Неизудвано дете, дете што не сака да спие, а му се спие е еднакво на лудило! Не можев да замислам воопшто дека вакво нешто ќе доживееме. Сега и сфаќам колку човештвото не е отидено напред. Да, техника, технологија е напред (најчесто за работи кои не ни се неопходни и за кои потребите ни се наметнати), ама за медицина и лекување, зависиме од традиционална медицина. Не знам ни вакциниве колку ќе помогнат реално. Уште нема некоја земја кога има сериозна вакцинација (освен Израел) па да ја земеме за пример. Сакам да кажам, у пм веќе се! И корониште и дома седење и се. Имав една интервенција пред 1 месец. фатив последен воз пред коронава, сега е ковид центар (фала богу), а и куртулив од сериозна работа. Фала на другарче што ми ги отвори очите. Моите мораа да помагаат, па едвај чекаа да се оспособам дома да си отидат Мајка ми само коментира за се и сешто. Јас ќе го скарам детето, таа додава масло Еднаш не го заигра. По цел ден во кујна ќе се мафта, ама да седне да ја заигра, пази боже. Колку време минува на телефон, чудо едно! Пишувавте за живот со две. Да ми е жива и здрава големава, не застанува секунда. Среќа па малово е помалку захтевно (или другото е премногу), па некако наоѓаме баланс. Големово си ја прифати и освен чат пат некоја љубомора (најчесто да ја кренеш во раце кога бебе е во раце) немала испади. Она има испади за да добие нешто, најчесто нешто што не треба. Еве ја сега фатила лак за нокти и шета со цела линија лак на чело Телевизија не ја интересира ич, ама многу сака да и читаме. И тоа најчесто кога ќе седнеме да јадеме Тогаш знае да бара и да кака, да и се пие вода, баш тогаш се и се прави.
И кај мене не цветаат рози овој период. Малиот неколку дена беше со температура,извади 5 то забче а 6 тото ни ѕирка. За ден два и тоа ке никне,знам дека многу мајки кажуваат како бебињата имаат по мн заби ама и ова моето незнам каде запнало. 6 ќе има додека да наполни 9 месеци,вчера се смеам со мм,му викам, овој нашиот на годинка копанчиња ќе јаде . Веќе лази на велико. Секоја лајсна му е интересна,чепка и го лиже ламинатот. Со што џогирате за да може да си лиже на раат ,вака само НЕ викам по цел ден. Од тоа што не беше добар не јадев и не спиев 3-4 дена и еве ме скоро до идеална тежина. 60,5 сум моментално,уште кило-две и после ќе почнам со вежбање за да се стегнам малку. Ако малку се смири ова вирусиштето и ако турците и оваа година ни дозволат летување штрафта за Анталија ова лето. Боже здравје прво!
Јас повремено џогирам со оној Ровус од Топшоп, со висока температура ама отрпнав да ти кажам. Го оставам да лиже, трошките под хранилката си ги јаде после ручек, тоа е. Може некоја ќе помисли сешто за мене ама ете го, да не го урочам досега не бил ни настинат. А имам приметено кога му забранувам нешто баш упорен е. Нека го, што сака нека прави само да не се повреди некаде. Лиже секаде, се става во уста, уште ли трае таа фаза или заради забите е, не знам. Правосмукалката ако не секој ден, преку еден ден ја пуштам. Интересна му е многу, се качува врз неа и брмчи.
 Добар ден мајки, се нема време да се пише некако, а може подобро е да се каѓе имам време да читам ама ме мрзи да пишам Секогаш ценам вистина него да лага, ма да лажам ситно понекогаш си признавам, пошто кој признава пола му се простува нели Него времето ми летна за 10 дена се враќам нс работа оффф како ли ќе биде незнам, синко си тргна во градинка супер му е и дете препородено, а богами и ние дома многу е полесно. Бебе оди на адаптација во градинка добра е плаче се смирува и се така па ќе видиме како ќе биде се измачи со тие заби кутрото две доле има другите ги нема уште ама непцата цели и се набрекнати ќе пукнат... Инаку јуначки го издржавме 6 тиот скок душа ми извади жими се. Сум немала ваква мака со љубомора како што кажувате со децава, тешко е захтевни се многу ама се издржува ќе помине првите 18 години де тешки после е полесно Бебе сеуште ништо не јаде многу слабо овошните каши горе доле пола ќе изеде ама ручек не пробува мајки неќе и крај.Иначе многу е борбена плаче само за на земја лази се исправа стои паѓа се удира не плаче и пак се исправа... цело чело и е со модрици Тоа е друго ништо посебно нема, убав ден на сите @Alishan30 ја нема нешто, неколку пати ја помислив ако читаш пиши ни
Мајки дајте препорака за квалитетни наочари за сонце за дечиња, возраст 4-5 години, од каде купувате, кој модел и бренд????
ами што бараат децата во собата кај родителите?? извинете малку смешна ми е ситуацијата. Јас многу бледо се сеќавам мала 3 и нешто години јас сама всоба утрото станувам одам по соби да Видам кај се луѓево. Сите спиевме сами тогаш. Кога гледам мама и тато спијат гушнати вкревет. среќа што бев мала и ми е бледо сеќавањето. Ама тоа време не смееше да се праша што прават тие двајца вкревет. А никогаш не спиеле заедно од ко знам за себе. Али тоа е.
@Jana06 ме изнасмеа со трошките Реално подобро сега да се запознаат со бактерии ,дома отколку подоцна градинка /училиште. Ние сме добри ,бебе тука е спие ,моите стресови и трауми си се исто тука...сега од алергии се плашам. Изгледа психијатар ќе мора да се посети ама тоа ептен понатаму. За фалење... запчиња имаме две , паралелно си пораснаа. Или вчера кажа мамам јас цела пресреќна (знам дека не е наменско ама радости бе) и правам штоо рече ти,ајде пак ,пуштив демек да ја снимам се смее дете и нејќе да каже.... Е кога ноќеска во 4 се разбуди и мама мамам па брмчи па ама не заспа до 6 Короната ме изеде. Од една страна едвај чекам да се вратам на работа да се смешам со луѓе,од друга страна дете не ми се остава прерано е бе 9месеци нецели Уште нешто книгава немојте да се заебете да ја купите ,освен за тт мерење ,паметен совет не најдов.
Мајки како сте? Редовно ве читам но не сум многу по пишувањето. Сега заспа мали па дур одмарам да пишам нешто си реков. Веќе полни 7 месеци и недела , забчиња не гледам на повидок не ни очекувам рано и јас и сопругот сме извадиле доцна прв заб. Секој ден повеќе се заљубуваам во малото. Порано сакав да го научам сам да заспива и ми успеа едне период ама после нешто скок ова она и пак сме во раце ама не ми е тешко седната сум си убаво наместена поторена и ми доаѓа многу убаво дупата ми се полни кога го гледам така смирен мил нежен. Го гледам и размислувам како ли ќе биде кгоа ќе треба да го оставам во градинка. На средината на мај ми истекува породилното и се враќам на работа, упте сега срце ми се кине воопшто не сакма да го пуштам толку мал но немам друг избор. Како се справувате со тие чувства? Што правите? Многу се грижам ккао ќе биде адаптацијата , тој си е бебе што си сак авнимание занимавање а таму не знам дали би го добил тоа. Не верувам. Си игра и сам некогаш ама знае да биде и напорен да кенка да се лигави да ска нешто и тој не знае што ообожава надвор да седи да шета сака деца многу се радува кога гледа. Уф се надевам ќе биде добро. Им давате ли нешто за имунитет пред тргнување во градинка гледав едни капки од natures aid од 3 месеци може да се даваат immune plus дали има некоја искуство со нив? Имајте убав остаток од денот
Кога се породи ? Некако многу блиску сме ,ако не и во ист ден Запчињата колку покасно излезеле поарно било така велат. За справување...па исто е дали градинка или со баба ,секако го оставаш и е без тебе. Нема цице ,нема гушки. Може нив не му е толку тешко колку нас... Си седиш така и ќе те мавни флеш дека мај е за три дена ,ќе се изнервираш...па ке подзаборајш. По некое време пак така и то. Фактички не си справена.
16.08 минатат година. Ти?Неможам да се помирам дека треба д аго оставам , а ми е скиснато цело време дома скаам и на работа хаха . Се зезам дека со мене ќе си го носам наредната недела ќе треба да одам во градинката да видам што како. А за со баби дедовци не знам не сум нешто баш за оставање, ама пак зависи до бабата која го чува каква е. Мојов со свекрва ми ич не се погаѓаат на пример, попрво на свекор ќе го оставам го занимава го игра му пее збори, а баба само думкање знае ќе се спремам психички за градинка може и така е како што велиш на нас потешко ќе ни е , тие пак многу не разбираат ќе поплачат некој ден и толку
19.08. за 3 дена сме се промашиле . Јас немам избор ќе мора најмалку до септември со баба и . А исто не ја заигрува ,само во раце и ја шета низ цела куќа. Е ко ќе треба цел ден со неа да е ќе ја видам . Сестра ми многу тешко ја прифаќаше живот ми скрати ако сестра. Ако ми прај и ќерка ми вака велев ,нема да ја оставам Ќе видиме ко ќе дојде време
Мене 02.09 ... Ама лавицата моја се брзаше да не запознае и да ни го дотера умот на сите Ич не сакав лав да е во хороскоп ,ама јбг .
37+6/7 тој ден требаше да влезам 38 јас се породив по полноќ... Девица е топ знак,не дека нешто многу се водам по хороскопите од лично искуство со луѓе што ги знам и за лавот и за девиците.
Ноќ мајки Чекав да помине март, па да пишам, но очигледно не дочекав Не дека имам кој знае што да кажам, ама ете ми се пишува вечерва.. Немам предрасуди за ниту еден месец, не ги делам никако, но март не го сакам, само него и само за него имам "посебно мислење". Сакам само да помине, да го преспијам, најдобро би било кога би можел да се избрише и да не постои ни како месец повеќе. Не дека нешто и би сменило, ама ете нека го нема.. Кога ќе дојде април не дека и очекувам позитивен шок, ама ете нека минува побрзо март, а тој пак трае ли трае.. Под никот ми стои "Што и да е ќе помине!" клише, како што пишала погоре Реин. Но со тек на годините разбрав дека многу е битно и како ќе помине.. Не, нема да го додадам и тоа под никот, емотивно сум врзана и за сликата и текстот, нека стојат и нека потсеќаат како такви на едно време.. Не заборавив.. Не помина.. Ако дозволам да помине ќе значи дека заборавив, "ги пуштив", ги изневерив.. Живот.. Убаво ми е вака, вака се научив, вака продолжив.. Во друга тема деновиве се пишуваше "дали би се вратиле во минатото и дали би промениле нешто?". Во еден здив одма без размислување би рекла да, да би се вратила до нив и сега би знаела како да ги задржам.. Ама тоа би значело најверојатно дека би го немала бебе мое, мојот центар на светот.. Па во следниот здив издишувам и велам така требало да биде, не се враќам никаде.. Судбина.. Живот без ред и правила.. Пред неколку дена бебе ми буричкаше во фиоки, баш мораше нели тоа во март да е и најде едно албумче со слики. Нивните слики, од ехо и скрининзи, првин праша што е тоа, па праша кои се тие бебиња и додаде дека тоа е он.. Ништо не одговорив, немаше потреба, но во моментот сватив дека од него немам ниту една сликичка, никогаш не дозволив да го сликаат.. Упс имам една со тулето Нека минува снежниов март! Бебе е во изолација Баш се чудев колку време иде без престан и ете ми Уште не стигнало решение, па не знам ни до кога, не знаат ни девојките, ваљда до 1ви ќе искочиме за маскенбал Видов вчера леток од Кам дека ќе носат маски, па се опремивме Има пчеличка, бубамара, Хулк и лиска, а зајче имам веќе купено од Џамбо. Прееска пчеличка беше, ај што се испорадува, па трчка и као лета, па се врти да ги види крилјата За стапчето му кажав дека е магично и претвара во што ќе посака. И пееме "ачили бачили, ачили бачили бу, те претварам во..." Цеееел ден тоа правиме Ако пчеличка не преживее до 1ви, ќе биде бубамара А другиве три пошто се само маски за на лице не сака ни да ги стави, тие за мене и татко му биле, не биле за деца. Па мм ја доби лиска, а јас Хулк И цела соба ни е со светки Собата е повеќе од пола готова, ваљда толку е по некои пресметки Едвај боја избрав за ѕидовите и таман ја избрав, човекот ја нашлака еднаш и се покајав Па за втор пат некои страни ги префарбуваше и искочи некои и три пати да ги фарба Првично пак кога ја видов бојата на ѕид шлог ме мавна, пишти, дречи, ама кога повлече и се исуши ми се врати срце на место А ја бирав по едно крокодилче на тапетата и пукнав со него, ги пукнав и сите со крокодилче Денес стигнаа и тапетите и онака ми се сони дека можам и сама да ги залепам Утре ќе се пробам и или ќе ги биде или ќе треба нови да порачувам, ама ќе треба да гледам да одговараат со бојата на крокодилче А ако сакам исти ќе треба 25ти април да чекам Ќе ги биде, што да не Татко ми е до некои финеси кои бараат прецизност и црцкање, се труди човекот, дава се од себе и убаво личи се што прави, ама многу трае А тек има куп материјал за фарбање, ама и времево не е на негова страна, ајде од денес пак ќе е сончево А еден дел и го изменив, инаку и тоа да се правеше, па за Велигден готова ќе беше Јас направив еден куп порачки и само чекам нешто да стигне, а уште ништо нема Уствари една нарачка вратив, ми носат со дезен глави од мики маус среќа спакувано во скроѕирна кеса, згрешиле, се извинија и еве уште чекам мојата да ја нацртаат Мм уште се мајтапи со мене околу лустерот он да го прави Ама виде не виде дека сум сериозна кога ги донесов спрејовите во боја и купи материјал за изработка, па еве ќе пекам секој ден да направи А и му кажав тоа да направи, па ќе имам и нарачка плус, само да видам што како ќе дојде Се нервирам веќе вака расфрлена и бебе се нервира што нема соба, си ги прибарува и играчките, кои патем му се во црни кеси на таван Ауууу сега ве сваќам тие кои немате соби за дечињата, па тоа дневната, трепезаријата, кујната ми се општ хаос. Ниту можеш да прибереш убаво, ниту да идеш како што треба, цупкаме и наседнуваме само по нешто А само некои играчки се вртат, но мораше и Лего и со него ја згрешивме Еј па последно кога бираше сам играчка избра кинетички песок Игра со него на трепезариската маса, што да ви кажувам, "џумбус" што би рекол и самиот Па зелен избрал, големо пакување.. Теписоните ги собрав Среќа слајмот кај тетка му го заборави Него тетка му купила саат со Џери Ај што фалење удри, па ќе праша првин колку е саат и после ти кажува и покажува Со модата деновиве е во фаза да носи по два пара чорапи, првин високи, па кратки А кратките сите сам ги бирал и се најдречлавите што ги имало Обожава дречлаво да носи, не знам ова на кого, во црвено е заљубен Прееска за надвор да идеме нема чиста јакна, пошто сите ги направи со кал и вода. Кога се растрча имал, како немал и ја донесе таа што сам ја избра. Нема да ми биде мами ладно со неа, види надвор сонце има И на крај таа со путер ја направи, односно ја ушлака, му се јадело путер и леб, ама путерот со раце да го јаде.. Леле срамови. Прошла недела имавме надвор гости. И да не дремеме само така принесов и нешто јадење, мезе, али детето така полничко и увек живо гладно. Бебе сака да трча и да се брка, а ова не се трга од маса, па у еден момент ми се врти бебе и ми вика. Мами зошто Дамјан само јаде, што не си се наручал од дома Па не знам кој повеќе се усрами дали ние или родителите, а детево мука нема Нека е живо и здраво, ама 50че у трето ми е тууууууу мач Они си знаат.. Му купиле лулашка и као од врата ме прашуваат колку кила има бебе, као до 20кг била, па да не утнале. А мојов прачка, 20ка у прво ќе има Еј да ќе имаме детско игралиште во двор Студов и за тоа не зезна, не успеа цело да го намонтира мм, ама ете се стоплува А јас се шалев дека се спремавме за карантин, али еве за изолација да ти било Со мм сме се распиле коктелчиња, без нив вечер не ни минува и убаво ни е Искочил и 7ми дел од "Wrong turn" па мм сака да го гледаме, али јас претходните шест сум ги заборавила, па сакам отпочеток по ред да почнеме. А филмов хорор, крвови, за кој не знае, ама едно време у најголемата љубов кога бевме хорори обожававме да гледаме Дечишта, кој знае од кога е првиот дел, постапно мислам и сите ги имаме гледано, појма немам. Секако ќе ги погледнеме И јас таман се навикнав на неколку саати пауза од бебе и сега овие неколку дена малку како пукнувачка ми е. На се штое убаво брзо се навикнува човек Ама добро, има напредок, не е до толку лепенка, не дека пак не идеме заедно во вц, ама барем не ме држи за нога Еј јако, почна да кажува дека ќе имал нов кревет со мами Абе како му викам, тој твој ќе си е, мами и нова перница ќе ти купи, ауууу не кога списка, сме имале, заедничка била таа, ќе сме си ја делеле, нова не ни требало Креветот ќе биде скоро па цел ограден, 40см само за да се влезе, па стварно ќе биде бе мачење и таму да ме пика Ќе биде тешко и ова.. А може и не А сум го направила и помошник, идна снашка благодарна ќе ми биде Пушта сам машини, небитно садови, перење, сушење. Ме гледал каде, што, како и успешно ги барата. Јако ми е што кај таа за садови става таблетата, па става малку вода. Оти бе мами му викам ставаш вода, па да се растопела поубаво и почисти да ни биле садовите Кој ова го кажал, правел стварно не знам Бубу секако го пушта, ама и го малтретира, само да не ми го поквари Секое сабајле мете со метла околу кафезот на Биби Маус не го чисти, ама секое утро му достава јадење, а тоа пак само јаде и сере. Ако не му потргнеш куќичка нема ни да го видиш, штетник, глушец, што убавина има во него стварно не знам Бебе па испозаљубен во Маус На Биби стигнаа каивчињата од Али, едното крш, другото така-така. Ама обидите да ужива надвор ни се неуспешни, му смета и само се чепка, не ни капира дека е надвор Друго не знам што да кажам, се испомешав, дел од постов ми е и за во на срце ми лежи, ама нека.. Ај доста, да послушам музика и да потонам Убава ноќ. Гушкајте малишанки
Ете редно е и јас да пишам, се отуѓивме! Можи па ја чекав @emkaemka да пиши, обожавам да те читам. Гушки за месец март, никој да не доживее такво нешто. Ние со бебка сме добри, уствари бе чупе право е, веќе ми е другарка, не само шо ми помага, си се дружиме па и многу зборува. Се немавме видено со другарка, па денес се сретнавме во парк со децата, се чуди колку многу зборува моето. Само ломоти, знам дека за некоја година ќе ја молам да одмори малку Малку се молиме за јадење, изгледа пак некое запче ја мачи ама то е. Мора да никне. А па и ладно времето Кочан, веќе ни се смачи. Само седиме дома и гледаме серии, па и секој петок ми е ден за праење благо, абе ми е страв да се качам на вага. На работа ми е супер, се плашам само да не не затворат, ќе се отежнат мноогу работи ама ете кон то одиме. Чекам да пукне пролет, едно убо сонце битолско Имаме мала реновација испланирано за ова лето, па полека се спремам. Не знам дали само јас сум фрик шо ужива во чистење и прередвање. Мари Кондо Кога сме на таа тема дај кажете совет, како успешно да складирам дебели волнени теписи преку лето? Ми е страв да не ги јадат молците. Лаванда не вервам да помага многу многу. Гушки до сите, пишете почесто