Денес интересен ден. Цел ден си играме. Малиот ми остави гребаници на рака, ми ја искина маичката. Се покака и си гмечеше гомца, сакаше крем за газе да лапне, шетавме со количка. За проба му дадов од тие смукалчињата што се. Баба ми му купила од оние на Фрутек нашла жената и интересно и било. Планирав цело да го истиснам во чоколиното, ама онака му дадов да смукне и за чудо му стана интересно. Половина отиде во чоколиното, половина си го исмука. Интересен беше, ама лоша навика се мислам тие. Знам дека внука ми одбиваше секаква храна, само смоки сакаше и такви смукалчиња, па нарачуваа од алиекспрес и дома и ги полнеа за да смука. Направив и алва со гриз, за чудо ја погодив ама цел ден ми се гади, некако тешко ми е од неа многу јадев. 10 месеци наполни малото, сите ме прашуваат зошто сѐ уште не оди.. Па јас мислам рано е, не форсирам со тоа ич. Деновиве научи да мавта и кога и да спомнеме "Чао" почнува да мавта и да гледа кон прозорец. Кој знае дали разбира или онака си мавта. Пробувам да го научам да вика браво и да плесне со рачињата, ама гледам се буни и пак чао прави. Многу чисто кажува "ајде". Деновиве се мачи да зборува и само нешто испушта звуци "мемеме" и "бам" најчесто ги изговара. Се радувам како којзнае што да прави.
Здраво и од мене! Изгледа си ќаривме коронче . Мм отиде да се тестира со брзи тестови ама сигурно ќе покаже дека е позитивен. 24саати е со температура од 37,2-37.9. И малото од утрово е со 37,4. Прашање за тие што поминавте низ ова, како ви реагираа бебињата,децата? И што им дававте?
Покрај нас и децата ги фати. Поголемата ми е 2 и пол год, кашлаше и киваше неколку дена, и препишаа Амоксиклав и пројде. Малку црп беше покачено и грлце зацрвенето, затоа антибиотик. Бебе ми беше месец и пол, качи тт 37.9, имаше зелена кака два дена, повеќе се грчеше него претходно, киваше и поткашлуваше. Не и дадоа терапија, но ја следеа неколку денови. Им помина брзо. На големата давав ацерола и д витамин, на малото само редовно д витамин и цицање. И пробиотик на двете. Нека минува со лесно..
Ај добро вече че че.. Долга недела а и неизвесна богами а тек је почело. Маж на боледување од понеделникот, све живо и диво испита, сите тестови ги направи, испадна здрав како вчера да е роден. Ништо не му е демек, а грлото црвено и само кива како луд. Пред некоја вечер ја исплаши бебка со кивањето. Она заспана во креветче во спална, он во дневна, кога кажа ќе плаче во сон, срцето уште ме боли Бебка иначе супер е, и купивме плејмат у саботата, не престана да му се радува. Им гуга на тоа играчките, се возбудува, прета со рачиња/ноџиња и ќе поткачи некое, ќе и затропа и така во круг додека не се измори и заспие Први вакцини одложивме ради мм, следна недела ќе ја носам на мерење па ќе видиме што ќе каже педијатар. Сериите ми се скроз запоставени, веќе не се ни сеќавам на сите што ги пратев, ама ако не се жалам, убаво ми е со неа Врти цело време фокс лајв да разбие тишина преку ден па ја подгледнувам очајни домаќинки понекогаш по 100ти пат. Почнавме да правиме и поголеми напори кон решавање на станбено прашање. Желба се има, стан најдовме, уште парите да ги добиеме на лото и таман Шала на страна, одвај чекаме да го решиме тоа, да сме на свое, доста беше од кирии. Од како сум дојдена Ск колку пари само се фрлени за тоа.. У понеделник она пуни 3 месеци па ќе почнам поактивно да ја читам темата за воведување храна, да знам барем нешто од нешто кога ќе дојде време. И така, стискате палци за лото
Испита и алергии, не покажа ништо.. Му препишаа вибрамицин првите денови додека да стигнат резултатите од макробиолошки, ама пошто и они чисти како солза, после 2 дена ги прекина... Матичниот незаинтересиран, мм му предлагаше а ова да идам да проверам, она да идам да проверам и овој му викаше аа да можеш можеш ќе пишам сега упат Битно се подоправа полека, супи, цедени сокови, лимонади и сл појачавме и потпоминува.
Мајки искрено ама нај искрено ви недостига ли животот пред бебе? Исчитав неколку страници и гледам дека деновите ви се едни исти, се ставате сами себе во втор план, а млади сте, дури многу од вас се измачиле со едно дете и сте отишле на второ, искрено секоја чест ја не би издржала со дете во рака
Има денови во коишто навистина ми недостига тоа време, слободата и времето за себе. Но доволно ми е да ја видам насмевката на бебуш и да помине и тој копнеж.. Со тек на време влегуваш во нова динамика, имаш време и за бебуш, и за себе и за домашните обврски. Лично јас не би да го вратам тоа време за ништо на светот.. the best is yet to come
Ми недостигаше кога беше бебе и беше цело време на цицка и бев премногу врзана. Не можев воопшто да мрднам. Кога е на доење немаш смена, особено ако не можеш да се измолзиш и да оставиш шишенце, или пак бебето си е само по мајка и тоа е тоа. Сега кога порасна е друго, малку по малку се враќаат слободите и нема нешто да недостига, напротив. Сите работи си носат новости. Тоа што вака размислуваш или значи дека се уште не си спремна за дете, или можеби едноставно нема да сакаш и понатаму. И јас бев како тебе, ама ми се смени мислењето со текот на времето. Ни се здоасди тогашниот тек на животот, па посакавме да го надополниме со дете. Ама, еве сега сме сосема задоволни вака, па не би сакале да си го менуваме ритамот со второ дете. Треба доволно да се познаваш себеси и да знаеш што ти одговара, какви се твоите желби и каков живот ти сакаш да имаш без да ги гледаш другите. Некој го исполнува живот со многу дечиња, некој не, во ред е и така и така се додека се сите среќни. Така што гледај што е тоа што тебе те прави среќна.
Што знам не би можела со деца, ќе треба да бидам несреќна, неисполнета, и ќе се одразува во семејството. Мене ми беше тешко што 90% од нашите блиски ни судеа, кога магистрирав ми викаа касниш со времето друго ќе беше со големи деца да бевте,со кој ум сум зборела дека е рано, рано не постоело и непријатно ми беше многу..
Види вака, само зашто ти мислиш дека тебе ќе ти е тешко, ти изгледа тешко и не сакаш да го правиш, не значи дека така им е и на другите. Другите го сакаат тоа, колку и да им е тешко, сепак ги исполнува, затоа и го прават. Сите мајки тука што пишуваме, колку и да си се жалиме, сепак имаме крајно меѓусебно разбирање дека децата ги сакаме најмногу и за нив животот би го дале. Ама, тоа е нашиот избор и сме среќни со тоа. Затоа, ако тебе тоа не те исполнува едноставно не го прави, остави ги другите што зборуваат и терај си со животот тебе како ти одговара, нормално е дека сите сме различни и нема да не прават среќни исти работи.
Верувам дека не постои мајка на која не и недостасувал животот пред бебе. Голема адаптација е, плус може да се јави ППД и ако немаш соодветна поддршка може лесно да западнеш. Меѓутоа, се зависи што сакаш во животот, ако си сакала,мечтаела за тоа бебе, се друго се надминува, следуваат се поинтересни моменти со бебе и таа љубов нема граница. Ако ти мислиш дека тој живот не е за тебе, тоа е сосема ок и твојата фамилија ќе сфати кога тогаш. Инаку така е, ако си слушнала за “it takes a village to raise a child” ...
Искрено понекогаш ми недостига животот пред да имам бебе, ама кога би можела сега да го вратам времето пак би го родила и таа одлука не би ја променила. На моменти е тешко и ти иде се преку глава, тешко е додека фатиш ритам после станува полесно и навика тоа соблечи-облечи, бањај, храни, ама за возврат на тоа кога ќе ме погледнат тие мали очиња и ќе ми се насмеат душата ми ја растопуваат, и поминува одма тешкото. Ама сепак тоа е индивидуална одлука на секого, ти пишав и во темата што си ја отворила, ако не сакаш живот со дете/ца или сеуште не си спремна на таков чекор немаш потреба од тоа, најдобро си знаете ти и партнерот што посакувате.
Најискрено не ми фали, мислев дека ќе имам 1 дете, скроз ме исполнуваше, потпорасна 6-7 години почна да не ме дружи толку си има другарчиња на улица па си родив друго. Јас уживам со децата. И моите и туѓи. Секој си има право да си одлучи за себе. И тоа е во ред. Сепак треба да го доживееш нешто за да знаеш како би се чувствувала, ама дете е ако го родиш нема назад.
Има моменти кога ми фали слободно да одам некаде без да мора да се организирам да ги оставам со некој . А највеќе ми фали времето кога се враќав од работа и можев да дремнам еден час па да станам и да продолжам со домашните активности. Сега тоа е неизводливо. Од друга страна како раснат станува полесно па и се враќаат некои работи што сум си ги ускратила.
Ми недостига и тоа многу ама ништо не би менувала. Откако го родив син ми открив еден нов тип на љубов, безгранична љубов, и веднаш ке ти кажам дека него го сакам повеќе од се. Нема ништо повредно од син ми. Откако дознав дека сум бремена и јас и сите други преминаа во втор план. Штом видов позитивен тест се се смени. Целосно начинот на живот е сменет. Сите негови потреби се пред моите. Ми се пие вино, ни капка откако останав бремена, дојам 20 месеци, па ти види. Откако ке отворам очи сум му посветена, му угодувам и го тинтрам, размазувам. Деновите ми беа исти и пред да се роди. Факултет, работа, излегувања и тоа. Сега приоритетите ми се поинакви, природа, шетање, уживање на друг начин. Кога ке ми зафали кафана или кафе со маж ми, имам прекрасни баби и дедовци кои го чуваат, за со другарки маж ми го чува и обратно. Само патувањето некаде е комплицирано ама без него не одам. За второ се мислам дали сакам и можам пак да поминувам низ истото. 20 месеци сум турбо, синко е како ракета. Посреќна никогаш не сум била а тоа е најважно. Ако не сакаш деца, не раѓај. Најди партнер кој не сака деца, кој го исполнуваат други работи и уживајте. Што мислат трети лица не е битно.