@thelittle17 и @Milkiway фала ви девојки. Мојот ќе биде скоро 11месеци, сега почна да пие ад пред спиење. Некако не ми се исплати да купувам сега ствари за правење млеко. Порано и синко преспиваше без будење ама горниве двојки го пореметија, сега обавезно цица неколку пати навечер. А веќе е голем, сакам полека да завршуваме со цицање. Еве откако почнав на работа цица само попладне пред спиење и навечер после АД то и преку ноќ. Да го исфрлиме тоа преку ноќ па после ќе видиме за заспивање да го навикнам без цице.
Не ти требаат ствари за правење млеко. Измери точна количина ад, во термос точна количина вода, во шишето од кое пие стави го прашокот, двете шишиња до глава, кога ти треба стави вода и мешај.
Јас дирекно му правам и давам никогаш не правам пред време па да стои, само ставам вода колку треба и млекото и во микро му го топлам, ако немаш микро во жешка вода стави го шишето со направеното млеко да се стопли и готово.
Исто и јас директно, кога ќе станат за млеко одма мерам во шишенце, топла вода имам во термос за секунда е готово. Или некогаш имам само прашокче измерено во шишенце и после ја додавам водата и одма го давам.
Станува 2 пати, па си ставам во 2 шишиња доза АД колку пие, а во термос ставам топла вода и имам секогаш и шишенце ладна вода ако е претопло...ко ке стане само ставам вода во шише и разладувам со ладната. Инаку АД стоено јас повеќе од пола саат не давам
Само внимавајте ако прво ставате прашок, па отпосле вода мерите од термос така милилитражата не испаѓа точно ради прашокот што е на дното. Во термосот е најдобро точно милилитри да имате ако веќе во шишенце чувате прашок спремно.
Јас водата ја мерам во друго шишенце па после ја додавам во тоа со прашокот, мислам дека така иста е милитражата, не се губи
@Milkiway @lemon8ejt @Moce19 Купете си дозер за ад има во џамбо и во дм, многу практична работа за ич пари, околу 60-100ден.
И тука да прашам зошто некој што веќе има нема да ја отвори темата за релаксатори Има ли некој од овој тип, какви батерии користите и колку време ве служат?
Ние имаме сличен само што контролерот за брзини е од страна, не е доле. Батериите ги купивме кога се роди синко и сеуште траат ама он е веќе скоро 11м и не го користи. Иначе на пластиката пишува какви се батериите и на упатството. Тоа го сликнав и во локалната трафика најдов батерии. Иначе од најголемите батерии нашето користи.
Земавме и ние, од најголемите 4 батерии, ама еве една недела го имаме и денеска почна да се исклучува, па ми се виде мн мал период, а реално не е мн користен, бебе првите денови не сакаше да седи.
@Butterfly1107 И твоето знам цицач голем е, како ти прифати ад жити се помагај Ај кога дојдов да напишам нешто. Денеска прими малиов вакцини, па случајно се погоди цел ден да не се прибереме дома. Колку било полесно вака, забораваш дека е вакциниран и уживаш во денот, наместо да се тресам со топломерот на пола саат. Супер помина, засега нема реакција само што е кенкав. Ова од прееска напишано, досега беше лудница дома, лудница! Плачење, удирање, викање, само во раце сака, не ми дозволува да мрднам и да го оставам. Ме препоти, ме наполни со нервоза, едвај издржав додека заспие. Сабајле јадеше доручек и од тогаш ништо не сака да стави во уста. Бутнав на сила 3-4 лажички од ручекот, па ад 30мл едвај цел саат го молев и после 3 фрлени јадења успеав пола бисквита натопена во млеко да му дадам. Стварно не ми е јасно од што ќе живее ако продолжи вака. Претходните денови ме исцица, сега цицка не сака да види. Многу му се собра, а и мене богами. Не знам што ќе правам, толку обврски имам наредните 2 недели, ќе полудам. Почнав да си запишувам во notes зашто заборавам како стара баба. Искрено да ви кажам, ни се смачи со мм од гужвите во Центар, па после 2 месеци активно барање денеска најдовме стан да се преселиме. Преубав, голем, топол, со паркчиња и тревници околу, далеку од улици, блиску до кеј. Милина Едвај чекам да почнам да се пакувам. Конечно малиот ќе можам да си го симнам сама во количка без носење во раце и количка и бебе, нема да се приберам дома. Накај дома кога се враќавме си збориме со маж како ќе го средиме и се навративме назад кога се вселивме во овој како дечко и девојка. Ех, што убаво ни беше, станот перфекција, па собирање друштва, искачања, сексови нонстоп, лабаво, опуштено... Многу, многу убаво ни беше. Толку спомени, толку убави работи, лоши, проблеми, пресвртници...Сешто поминавме тука. И наеднаш од таков стан требаше да го приспособиме за бебенце. Маж ми наеднаш стана смирен, јагненце. Премногу е сменет. Многу е присебен, мил, брои до 10, смирен. Тука го донесовме бебето од болница, тука ги купивме сите ствари за бебе, цела пандемија ја поминавме овде сами тројцата, прво запче, први чекори. Уф, премногу се приврзувам. Си збориме и се гледаме во ретровизор, неговите солзи останаа на очи, јас се изнаплакав и за него. Важно е дека лошото тука ќе остане, убавото ќе си го земеме. На крајот на денот добивме уште една убава вест, да го заокружиме денот најубаво што може Маж ми доби работа, па сега ќе работи две работи од дома од сабајле до ноќе. Се израдувавме ама искрено ми е жал колкава жртва е. Ќе помагам со првата колку што можам да му олеснам, што да правам, живот. Битно некако се осеќам дека ни се пружа нова шанса, дека ќе свртиме нов лист. Многу проблеми надминавме годинава, многу сопки од најблиските. Сега останува уште да се преселиме, да си докупиме нешто мебел, да го организираме роденденот и детската да ја пренамениме во офис И после да здивнам, турбулентно ќе биде. Среќна сум Гушкајте се. Добра ноќ
@Jana06 сега тек почињаш со нотес? Па ја тоа од факс го правам, замисли ја колку сум стара со паметот Инаку за ад то и мојот не сакаше ни да помириса, а не па капка да проба. Еден ден вечераше во 18 и требаше во 20 да биде во кревет ама не заспа до 22и30 и кенкаше, а не сакаше и да цица. И направив пола доза 75мл и ја испи цела. Следната вечер пред спиење пак направив пола доза и плачеше за уште, па направив уште пола. Од тогаш навака пие пред спиење 170мл млеко. Од еднаш се смени, што се деси не знам да ти кажам. Едит Ова се деси кога почна да се исправа. Од тогаш почна и повеќе да јаде. Го немам мерено ама уште е манекен Кој знае дали бар до 8кг има стигнато. Али кака по 6пати и не застанува цел ден.
Добро утро! Баш сте биле активни на темава ама ќе ве читам на раат покасно. И како што ви кажав сите позитивни на ПСР! Јас и керќичкатс го поминавме без симптоми,мм со два антибиотика а малото три дена изгоре со тт. Три дена 39,5-40. Заглавивме на клиника и сега сме дома 10 дена без никакви симптоми со поминати изолациини деф таму и корона и се. Како за баксуз тие денови и заб извади. Мислам дека запчето ми ја помати математиката со ковидот пошто 7 дена бебето беше без никаков симптом. За три ден тоа изби убаво и стоп температура. Лошо искуство,нема што да лажам ама јас у принцип кога доживувам такви случки чекам дома некој ден за да си ја стабилизирам психата а потоа ставам црвен карамин се дотерувам и излавам надвор сега со количка порано со малата под рака и како ништо лошо да немам искусено во животот. Вчера се гледам во огледало и си викам Дано Дано ти ли си или не си ти таа од пред неколку денови! Животот е глума! Додека ми е тешко не се трудам да бидам јака,плачам,болувам ама свесна сум дека тоа се проблеми во животот што бргу поминуваат фала ми на Бога! А по тоа главата горе и тераме даље! Инаку да знаете еден прележан сој важи за сите, без разлика колку и да се мутирани,прашав и така ми кажаа Докторите на клиника. И да немате антитела генетскиот код клетките го паметат и се активираат во одбрана кога ќе дојдеме во контакт со позитивен. Поздрав до сите!
Мамички има ли ограничено временски за поднесување на документи за рефундирање на средства од клексаните?
Мислам, не сум сигурна, 3м. Мамаситас, сеуште не можам да се соземам, детето ми наполни 5г. Многу бргу оди времево, многу! Утрово го гушкам и си викам, гушкај мајка, за кратко нема да ти даде да му се приближиш. А како ме разбуди пак, со смех, ама со таков заразен, кикотење во сон. Боже колку го сакам! Сакам уште едно, ама најверојатно ќе останеме на него, а многу сакам, ама не секогаш е до мене... Ако се прашував јас ќе родев уште 3-4, ама не е до мене. Има љубов во мене многу, за уште многу деца. Можеби еден убав сончев ден!