Мајки што мислите за одмор со 4 месечно бебе? Има добра понуда за Анталија сега за во Мај но малце ми е страв за малава..? И кое ад млеко најдобро го прифаќаат бебињава што цицаат плус?
Јас не би ради ситуацијава со ковид, не ми се ризикува ич, што за бебе, што за нас, се е излезено од контрола, а во некои подобри времиња јас сум за одмор и со мало бебе.
јас сум изгорена за море и ќе ти кажам шибај Вие мислам и поминавте ковид Јас ако грција отвори граници на 14/15 како што е најавата, одма одам! Не се издржува ова веќе!.
Моево е на хип, од тоа што ги читам мајкиве бејби лове на Дм им го прифаќаат најдобро. Пробај. Иначе од секогаш мислам дека колку помало толку подобро на одмор и јас исто би одела додека е помал, дури не прооди. Немаш потреба да готвиш плус за бебе, не е во фаза на вкусови, млекото и завршена работа
Јас би рекла далеку е полесно со 4 месечно бебе на одмор отколку со поголемо освен ако ти е страв заради коронава. Не е многу топло Анталија? А, ок, сега прочитав за мај дека си пишала. Не би идела сега на одмор дефинитивно, јас размислувам за септември. За второво - ниедно
@mssuniquee јас со прво ќерче на 4 месеци летав до авион. Мака немаше. Таму ми се препороди, ко друго дете да имав. Ако ти имаш желба, ич не се мисли! Јас, здравје да отворат границите, знам каде ќе одам! И пасош за бебе имам спремен. Само нек отворат.
Џабе се испорадував, се јавивме денес морало со тест, до 30 Мај после можеби ќе пуштат. А сакав и моите да ги носам еднаш барем да имаат убав одмор.. Можеби септември здравје..
@Milkiway Не за деца не треба, но ние сакавме сите фамилијарно.. Мислам ќе пушти Турција и лани во најголемиот ек на корона им беа отворени границите. Не можат да дозволат туризмот да им страда.. Барем така мислам За 299€ какви понуди И ние кукла на бебе извадивме пасош. Ако не на море барем до Косово ќе ја прошетам
@kukla21 Па уште по 50€ плус од особа доаѓа со тестов.. Ама ајде ќе видиме пак не е скапо А може да се патува со тестот од институт за јавно здравје?
Па ваљда може, ама не знам баш дали ќе се најде термин така, нели тестот за да се патува не треба да е постар од 24 часа, или може сум грешка, така беше лани, сега не сум сигурна.
правите алишта пак ќе си ги облече за играње прљави игри. Таман работа ако фрлав се што не можеше 100% да се испере. Па како што беше мојот живот жилаво дете само трчеше и паѓаше.... Па и коленици излитени.... Си имаше тој категорија нови и категорија за низ дома и играње надвор.
Што убаво се осетив додека те читав, се израдував, нова работа и нов стан. Ќе создадете многу нови и убави спомени и таму. На сите ни треба промена понекогаш.
Морам да споделам сега од маркет случка. Се движам ја така трудна со количка со бебе + корпа за пазарење, а еден лик 40на год се гледа пред 15мин од спиење станал (14ч) таков профил за да ви доловам атмосфера и пар мин позади мене се влече кај и да свртам и он а да не збориме залепен ми дише у врат. И доаѓам кај зеленчукот застануем да изберам помеко авокадо и осеќам дека е позади мене а може да го заобиколи зеленчукот метро и пол има ама не он стои и јас се свртев викам можете да заобиколите. Леле жени коа ми писна...а вие да пазите кај стоите татататата мајко мила еј. Викам ок фраеру тешка работа ќе ти беше, а полесно ти е да се расправаш со трудна жена со бебе. И некој баби тука пичнаа срамота бе дечко хахаха ме бранат. Добро, можно ли е бе? До толку ли сме? Зарем некоја чува таков сопруг дома? Мене тоа ми е жално, не дека судам од една случка ама мислам дека се работи за таков профил на човек, колку и да ти е лош денот понашањево ми е недопустливо...
@mssuniquee да одите, бебе + море, вода се совршена комбинација за долги дремки Брз тест во Жан Митрев е 1.500ден, резултат за 30-45мин Нас море не не гледа и оваа година, значи ние нема да се шлапаме во солена вода и оваа година.. Приоритети.. Планови.. Желби.. Не ми е многу криво, го имаме станот до наше море Цело лето, може и дел од есен таму ќе преседиме, а ако дозволи времето и дел од пролетта Бебе веќе навелико кажува што се ќе правиме, купивме и нова трска за фаќање рипчиња Ни фали само една голема кофа за нивно чување, денес во Џамбо немаше, а ќе купев Велигден во Охрид Ма какво и да е времето ќе идеме, аман од дождовите и лошо време, мувлосавме, ни мава и на психа веќе Прв пат сами за празников, ние тројца + Биби, се радувам, убаво ќе ни биде Ќе фарбам 11јајца, така решев, не е никаков адет или што знам веќе, денес и боја и циркони купив. Не знам зошто и циркони ама ми засветкаа и ги зедов Сакав некој убав жолт тањир и ништо не најдов жолто, розе е фејворит оваа година Ниту жолта крошна нема, упс има едни жалосни и едно петле во Кам утепано И таман да се разочарам ми текна генијална идеја, па купив сваштарии и сама ќе импровизирам каде да наредам јајцата. И нормално жолта ќе е декорацијата Купив и салфетки со пилиња, дека жолти нели Дома не исчистив, не ми е ниту во план, мислам за генералка, она стандардното си иде секој ден.. Ама нема да ме одмине станот, прозорите уште се со новогодишни мотиви Има куп работи што сакаме да ги средиме таму, ама немаме мерки, па тапкаме во место. Битно си запишав што се планираме и треба да премериме, пошто еден памет, а тој ни лета И имаме уште едно товарење за натака како да е смак света Ваљда последно, аман веќе стварно Ама тоа наредно, сега ќе одиме празнично Сите станови се купија, ваљда и вселиле појма немам, па имаме веќе и претставник, агенција за чистење и одржување. Се пукна дури се реши ова! Имаме и група на Вибер, ама многумина се забораваат зошто служи, па така имаш препукување од комшии (кога се запознале, кога си го нашле муабетот еве не знам), правење шеги што само они ги знаат, слики се пуштаат од свашта итн итн.. Некои денови телефонот ми се блокира од пораки Да не ми треба, знам јас, ама вака ќе си трпиш Вчера, денес шетав низ продавници и веќе изнаредиле куп купаќи, си видов и многу убав шешир Ама ајде си реков да не се залетувам, ќе чекам некој попуст а и нели не ми е зорт Секако видов и за бебе, а за него нормално ќе купев, ама од се што сакав немаше број За купаќи ова, шешир му купив пред еден месец За сандали не знам, сакам од оние за во вода да му земам и да го убедам да ги носи, а за шетање мислам нема да сака сандали, ќе си помине кога може бос, а кога не во патики. Многу, значи премногу е тежок на облеки, што бирање и филозофии удира. Па почнал и да комбинира, ако боите не му се исти горе и доле вика дека не си одговараат Ноооо мора чорапите распар да му се, најчесто, тие му се мех да се џиш и различна боја од цела гардероба. По дома веќе цел месец и кратки носи, го чека и он летото Теписонот му стигна за во детската, убав, преубав е во живо, ама ми се сруши мојата замисла Знаев, не дека не, јас сакав "обичен" или не детски, ама мм ми одржа лекција дека собата е на детето и за детето Ете сега е шаренило, дека и голем, дречлав, абе цел поглед во него мава Ај може кога ќе се намести скрос креветот ќе биде поинаков впечатокот Наместив и ролото, крш бе тоа, а толку скапо Еве на знам, ама глупо некако ми изгледа и тоа се разочарав И мислев барем нешто ќе затемни, како да не, тоа е само колку комшиите да не те гледаат Мислам ќе му редам јас и драпери, ќе изведувам нешто Него бојата на дрвото никако да ја погодиме со татко ми, никако да се офарбаат оградичките Де орев, па бор, па храст и на крај од сите мешавме и ваљда се доби нешто што беше замислено Утре ако не врне, аман веќе, ќе фарба Прави и латофлекс, живо ме занима и тоа како ќе искочи. Што потпори стави на креветот, па и метална конструкција пикна, мислиш човек од 150кг ќе спие Упс нема да може да скока Леле бебево и скокањето по кревети, уф ако не се изнарипа секој ден не е раат. Спалната лом ни ја стори Гарнитурата исто Ауууу наредно купување гарнитура без перници! Сите ги собрал и направил куќичка и пази да не смееш да ги вратиш на место Мм секој ден труби да ги соберам и качам на таван, ама кој ќе се расправа.. Не можеш ни да седнеш убаво, расфрлано, ејјј крш ми е, абе дневната ми е како "бомба" Се канам нели и да кречам и ќе кречам, избрав и бои, ама чекам да затопли. Не ми се разотвара на времево, па кога ќе испонастинам ќе се чудам да не е Ковид или настинка Мм ме прави луда и нека му стои, јас ќе си средам Ваљда Ако не повикај пријател Утре планирам да шетаме со бебе, ако не е потоп секако, сакал полжави да собираме и гуштерче да фатиме Да послушам музика, уз пат и ќе јадам, па да потонам, долг викенд ќе биде Гушкајте малишанки