Доцна вечер мене сон не ме фаќа Морам да ви раскажам што ми се случи денес и што ми се случува сеуште Јас фан на турски серии почнав пак да ја гледам серијата O hayat benim или Тој живот е мој, играше и кај нас пред некоја година. И ми текна на мојата симпатија ликот Арда, и ај реков да го видам на инста. Го заследив и ликот ме заследува и мене. После 2 саати ми праќа порака скрин шот од порака што сум му ја пратила во 2016? Реков окееј, му вратив хаха и толку. Ау жени, кога почна да ми пишува ликот. И тоа на вениш моде каде што сами се бришат пораките. Опасен . Заедно со маж ми го зезавме и се смеевме, јас баш толку добро не знам турски па мм. Маж ми па не сака љубомора да покаже, го гледам кисело се смее кога ликов ми пишува. Интересно ми е, мој crush што го гледам по серии да ми пишува и праќа слики Последно ми побара моја, му реков нема потреба моја слика, ете нека ме гледа на инста ако сака од моите деца ќе му пратам. И го нема веќе, ќе видам утре дали пак ќе пише
Што мислиш зошто купив гарнитура без перници? Секое попладне ги вадеше сите, не даваше ни една да оставиме (вкупно 7) Па дремевме а утепани од работа, неможеш да си прилегнеш А само 5 години беше стара гарнитурата, не дека и фалеше нешто. Единствено ради перниците И сега нова гарнитура, си потегна и се друго ново... Маж ми не престанува да збори Добро утро За чудо синко уште спие . После сме на преглед за очињата, па ќе се акаме ако не врне татко му да докречи. Пукнавме цела недела ...Успат сакал нови патики да си купи од касичката, броевме , ќе има 2000 ки . А купивме пред 2 недели, ама првпат вака да изрази желба за гардероба, се е за играчки И куче ми побара инаку Тоа , тешко дека ќе добие. Јас прво се залетав, ама маж стави кочница . Велигден , не дека ќе правиме нешто, ама штом ќе купуваме нови патики ќе купиме и едни фармерки Детево којзнае од кога нема облечено , само за по лекари го дотерувам Па да се сликаме ако не друго Јас црвени ќе вапцам и некое стикерче со животонки ќе залепам а мајка ќе даде поубави со желатин . Инаку најубави јајца, ми се “старските” со лушпи од кромид, па детелинка на нив Бабичка моја ги правеше Имајте убав семеен викенд мјки
Мајки извинете ако прашањето не ми е за тука ама би сакала ако некоја има слично искуство да сподели некое решение.. Породена сум пред 3месеци со царски е сега приметив 2, 3 недели одвај ќе одам во веце со голем напор од запек.. не знам што да пробам а да не штети на бебе, веќе почнува да ми смета ова се мачам, а пред тоа убаво нормално секој ден си одев.. дали се случува кај доилки или треба да се консултирам со лекар.. Извинете ако не беше за овде прашањето
Не го зезаш него, поверојатно тој тебе. Која е веројатноста зад тој профил да е некој друг. Сигурна си дека актеров седнал и се допишува со девојки и им бара слики?
@SkarletOHara Патем ми праќаше слики селфи фото реплау. За лажњаци секако намаше да обрвнам внимание, до толку не сме Веќе се одследивме толку беше Денес многу се потесов. Се надевам дека на следната контрола докторот нема да ја потврди дијагнозата и дека татко ми е здрав. Уште е многу млад, тек треба внучиња да расте.. срцево уште на самата помисла ми се кине.. Доста ми е веќе од болести..
Гледам сите шкртате па ајде малку и јас. Бебе е мноогу порасната за 3ипол месеци, веќе не ни памтам каква беше како новороденче па секоја втора вечер ги гледам сликите. Се смее на играчките им збори, им цивка, писка, пресмешна е, љубовче. Штом го види мм се вратил од работа одма му се смее. За стан уште сме во неизвесност ама се што можеме ќе вложиме, многу сакаме да сме на свое. Кај и да е после празниците ќе знаеме бива ил не бива. За кола нема да остане, али што е тоа е, ќе се вратам на работа па ќе може да се трга нешто на страна. Сакав летово барем Струга, Охрид, али покрај станов тешко. А и се мислам, ладно ќе е во езеро за бебе. Наместо тоа, ќе купиме базенче за на тераса и ќе идеме на викендица кај кумашинциве па ќе може да се прошлапка бебе у вода. За Велигден многу сакам да отидеме кај моите, ја немаат видено од крај на февруари. Али тоа ако се смилува свекор, да идеме сите со кола. Ако почне да се перчи, ќе одделам 40 евра за такси натаму наваму, па он колку сака нека збори дека не ја видел внуката за празникот, и онака 2 пати неделно ја гледа. Уште сега мислам што ќе правиме од октомври ако нема место во градинка.. Може свекрвата евентуално ако не иде на работа да ја чува кај нас дома, ја и онака од дома ќе работам, ама да ја пуштам кај нив нежа шанси. Добра си е она, кога ќе и кажам нешто, чита на нет и потврдува дека е така "правилно" ама свекор не сака ни да дослуша што зборам, затоа нема шанси да ја пуштам кај нив сама. Се спремаме и за на тета бебето, она е доста испаничена и научена се некој друг да и ги тера работите, па можда свекрва на нејзе ќе треба да и помага. Ако испадне така, ич нема да се налутам, само се надевам дека се сите свесни дека полошо ќе и направат ако не ја остават за некои работи сама да се снајде. Ама нема да им се мешам. Не ми текнува што сакав друго да пишам а бебе почна да бара цице, убав викенд мајки
Мајки веќе подолго време се мислам за една работа и си викам да слушнам ваши мислења зашто ќе бидат најреални мислам. Периодов не можам да работам зашто ќе ја одложуваме ммр и малиот нема да оди во градинка засега. Го следам проблемот со местата во градинките и си викам дали да примам дома некое детенце за кое нема место во градинка, а мајката треба да се врати на работа. Секако готвам дома за моето, имаме играчки, шетаме надвор, го анимирам моево, па мислам ги имам сите услови да причувам уште едно детенце. Единствено се 'плашам' дека е голема одговорност и не сум чувала две деца досега. Еве прост пример, моево и да падне и да се удри, мое е, знам како се случило. Деца се, паѓаат ама ете не знам друг родител како би изреагирал, не сакам проблеми да си направам. Не знам дали да си ставам здрава нога во трн или да си седам мирна. Моево уште заспива во раце, не знам како би ги заспала двете на пример. Има некои такви детали што не знам како би се снашла и затоа уште размислувам. Од друга страна, финансии плус добро би ми дошле. Што мислите вие? Дали би го дале детето во туѓ дом 8 саати, колку би платиле за таква услуга? Секое мислење е добредојдено.
Многу деликатна тема. Обично за чување на дете жената оди во домот на родителите и го чува. За стандардно како е зборам. А некој непознат дали би пуштил детенце кај друг дома не знам. Јас не би. Ем непозната личност ем непозната средина. За жена да доаѓа дома да го чува кај нас е минимум 13000 ако најдеш сегс не знам како оди ама во скопје верувамд ека повеќе наплаќаат. Јас би го дала само кај некој познат и да плаќам ама да ја знам личноста да сум живеела со неа. За заспивање исто ќе ти биде тешко ако и двете заспиваат во раце, најдобро мајка со близнаци може да каже како и оди. Другото не се сомневам дека ќе се снајдеш.
Е зошто се одследивте?? Ммр не ја бараат веќе. Јас би дала на некој кој го знам. Во коронава е малку поинаку. Не би дала ако знам дека "чувачот" има контакти со други лица. Мене идејат генерално ме бендисува. 10к минимум плус храна.
Мене во диспанзер ми кажаа некои градинки ја барале некои не. Интересна тема. Верувам по странство вакви работи функционираат. Единствено не би го дала конкретно кај тебе во стан, туку ти како бебиситер да доаѓаш. Мислам посигурно би се осеќала. Дали ќе носиш свое бебе не ми е важно се додека и за моето се грижиш подеднакво добро.
Фала ви што одвоивте време. Јас почнав да го размислувам ова во последно време прво од причина што сакам малиот да има друштво. Немал контакт со друго дете, а гледам дека им се радува на децата на игралиште кога ги гледа. И сега нормално нели, јас се познавам каква сум ама за другите мајки сум само непозната особа со дете. И јас секако не би дала дете на чување така, дури прашање е и дали во мој дом би примила. Тотално сте во право. Можеби ќе излезе некоја шанса со познаничка, ќе видиме. Инаку, @kukla21 не знаев дека примаат без ммр, баш во диспанзерот ми рекоа дека не примаат. Разгледував опции за приватна градинка, да помине роденденот и може да го запишам во некоја, во државниве секако не може сега. Па конечно, да почнам да работам. А да знаете колку трема имам само што ќе помислам на работа Две години скоро сум дома зашто дадов отказ, па дознав дека сум бремена. И сега ова одново интервјуа, нова средина, нови колеги... Паника ме фаќа.
Преголема е одговорноста али секоја чест за храброста. Јас лично не би дала да ја чува некој малата во друг дом, дома би платила жена ама да го гледа само моето. Кај мене почнува да се пушта да зборува, јаде сама, заспива сама, но спие само еден час во денот. Доста темпераментно и бесно бебе е треба да си чекор пред неа, исцрпувачки е. Моето вреди за три затоа сакам личност шо ке биде посветена максимално. Но се надевам дека на некоја мајка ке и одговара се тоа што нудиш и ке си помогнете заедно.
Јана ако веруваш со мм сега се шетавме и баш тоа го зборевме. Како би било некоја мајка да се нафати да чува покрај нејзиното и други дечиња. Секако и паричка плус, но услови кои задоволуваат. Размисли си убаво, но ако се решиш на ова сигурно бар една мајка ќе се најде која ќе го прифати предлогот. Сепак ти бараш плус едно дете, не градинка да водиш. Гледај го филмот Daddy Day Care.
Ох бе Ангел, баш сакав да прочитам дека кај и да е работата е на пат... Јас сум за едно лично за себе, ама тешко ми е многу кога некој сака повеќе, или барем едно, ама има некоја пречка. Посебно дека сум мајка, па го знам чувството и не е фер. Имам пишанo еднаш дека природата би требало да е таква што секој кога ќе посака веднаш да може да стане родител, а кога нема да сака да биде едноставно да не може да затрудне. И толку, колку едноставно звучи. И мојава е пет. Исто прашува веќе за школо, едвај чека, мислам дека веќе им треба промена, следната фаза, другово им е здосадено. Почна да прашува све, да се интересира за све, букви, бројки, отворив баш тема за подготвување првачиња во Дете, ѕирни ја ако не си ја видела. И страшно е колку е независна, до вчера беше мамамамамама, сега се облекува, си зема што сака, си полни вода, све сама си прави. За на лулашки ич да не зборам, порано мораше да знае каде сум, доаѓаше цело време до мене, сега мајка? Која мајка? Трча и толку, единствено ако ожедне доаѓа. И кога треба да си одиме. Инаку ништо, гајле нема. Ете, имало вистина во тоа дека прво треба да е зависно, па да ја научи независноста. Деца. И почнав и јас малку по малку да ја одвикнувам од се. На пример, да и читам за какање. Да, да, она седи на шоља, јас и читам. Реално, сите кога седиме на шоља имаме некаква занимација Па, и викам, еве седни, ама морам само нешто набрзинка да направам, сакаш списание да ти дадам да листаш? Она вика може. И така, мојата работа се одолговлкува и она си завршува со какањето. И секој пат така малку по малку и сега си зема нешто за листање, или некоја книга и оди си кака. Исто и со читањето за јадење. И викам, уфффф ептен сум уморна сега, ми треба малку одмор на очите, ајде нешто ќе помуабетиме, па почнувам со нешто што знам дека ќе ја интересира, па се замуабетува и си се најадува неосетно. Сите такви работи малку по малку ги средуваме. И за спиење прекинав со све освен со читањето. Тоа ми е најомилениот ритуал и мене, нема шанси да го прекинувам. Ама, почна да бара сама да си заспива. Ме утепа. Сака да читам и да си станам. Не можам да опишам колку тешко тоа ми падна. Пет години лежам до нејзе и ја гушкам додека заспива, најубавите моменти, кога ќе заспие, мирното дишење, уффффф, не очекував дека толку ќе ми фали и толку ќе го поднесам тешко. Ужасно ми е. И само ја прашувам, сакаш мама да полежи да си заспиеш? Не, не, оди слободно. И така, огромни промени некако. Милев полесно ќе ми е, ама ете, не било така. Јана, мислам дека можеш да пуштиш муабет и од уста на уста ќе се најде некој. Не ми се верува некој туку така да го остави детето на непозната жена. Друго е некој што те знае да те препорача, па тој некој да знае некој и така. Ќе си направиш муабет и ќе видиш дали ти одговараат, и ти на нив, па можеби ќе испадне нешто. Со среќа
И мене ме расплака со делот за заспивањето, јас кога се гушкам со син ми цело време ми се вртат вие моменти во глава дека нема да е цело време бебе, ќе порасне, ќе стане независен, нема да сака да се гушка со мене толку често, и душата ме заболува. Ох бе, нека не мине времево толку брзо, а лета пустото.
Да ви кажам гушкајте ги колку можете повеќе, посебно тие моменти навечер за успивање се некако непроценливи. Не се враќаат. Не се повеќе толку ранливи, со толку огромна доверба во нас, дека се ќе биде во ред, мама е тука. И тешко е навистина. Ете, додека трепнеш на школо веќе тргнале, сосема нова фаза во која добиваат уште повеќе независнот и... Тоа е. А додека се мали само викаме, ама нека помине ова, нека помине она, оваа фаза, онаа фаза и така си поминало се. Ама ајде, живот, така си оди, нека ни се живи и здрави и нека си растат, ние родителите, нормално, ќе си се справиме на наш начин.