Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.213
    Допаѓања:
    124.925
    Порталак сируп.
    Иста бев. Ме наболуваше раната и не помагаше ништо освен сирупов. Интернист ми го препиша, прашај си
     
    На Sinolicka. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marmarin

    Marmarin Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2017
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    14.592
    Пол:
    Женски
    Сега заприметив дека од Божиќ не сум пишала (facepalm)
    па ај добро вечер :)

    Немам книга за читање инаку пак немаше да пишам, некако многу време ми одзема дур напишам еден пост и се откажувам :bandit:
    Шо да кажам, многу има, еден куп работи се сменија од јануари, фала Богу на подобро. :)
    Презафатена бев, реновиравме во новиот стан, кај мајка ми исто, во тотален хаос бевме, кутрите 2 месеци во прашини живееја. :( Во меѓувреме го откажавме станот под кирија шо бевме, па се вративме кај свекрва привремено дур средиме, дека поблиску. Одма зажалив, ама ајде реков за кратко е, ама то краткото 2 месеци се сторија :doh::envy:
    И конечно дојде денот, од утре официјално ќе си спиеме таму :party: имаме уште за средување, ама полека ќе средиме, важно ми беше за Велигден да си сме таму, башка и роденден ми е, сакам да си спремам, да си наместам. :sun: Изнакупив велигденски работи, многу сакав и неколку украси за на комода ама малото мноооогу чепка, префаќа, одма ќе им го најде крајот па ајде реков од др.година то.
    Малово инаку ми е живец прав, секунда не седнува и обавезно на нешто да се поткачи. Почна да кажува зборчиња, цел ден е распеан и само денса. :dance: Колку е сладок само, па зема гитара, наопаку ја држи и свири, смешки е цел. На таблата со букви ги знае сите која буква од кого е, сите ги кажува на име освен неговото :smirk: ко ќе го прашаме како се вика, вели Да и се смее. ^_^
    Поголемиот пак ми е многу посмирен, послушен, поретко плаче за глупости, освен ко ќе му зема/растура играчки брат му. Обожава се шо е црвено и поврзано со дино. Скоро сите ги научи како се викаат, секаде со него ги носи, цела торба само то. Зато му порачав шаторче од матра специјално со дино. Утре ќе им биде изненадување ќе им го наместам во собата, кои радости ќе бидат. (poolparty) И сложувалки многу сака, ги мести за рекордно време, сега хит му е скуби ду со 160 парчиња, без помош сам ја мести. :inlove: Многу е паметен, само шо не сака да оди в градинка, не сака и не. Ко ќе го прашам кога ќе оди ми вика после. :D Веќе го запишав, демек досега ќе се јавеа, ама пак ќе одам да прашам, ќе бидам досадна ми е гајле. :emo: Ќе пробаме, па се надевам ќе му се бендиса и ќе оди. Малово здравје од септември ако успеам да му ги тргнам пелените дотогаш, да не ги носам во посебни градинки.

    2 сати пишам со паузи, со маже се договаравме за утре шо каде да стави, па да си легнам зошто малиов во 5 стандард ќе стане. :drunk:
    Се одјавувам
    Добра ноќ (highfive)
     
    На Coco31, SkarletOHara, 0ли и 15 други им се допаѓа ова.
  3. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.119
    Допаѓања:
    20.937
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :coffee:
    Не сум ве заборавила, се трудам редовно да ве читам бар кога неможам редовно да ви пишувам. Напорен период малце на работа, деца одат во градинка, после дома со нив турбо... навечер ќе легнам да ги заспиам некогаш јас заспивам пред нив од замор (facepalm)
    Оваа недела ќе биде тешка за мене, мајка ми, татко ми и баба ми се позитивни на ковид :(само молам бога да бидат добри и да поминат со лесно.
    Синко мој многу порасна за брзо време некако, во градинка го учат да биде самостален сам да се облекува и соблекува па сега е во фаза каде е сам можам јас се:D Мајкина маза е тој секоја вечер пред да заспие се врти и на крај вика мама гушни ме за да можам да заспиам и така гушнати си заспиваме:inlove: Бебка моја си расте опасница мала е мислам дека многу брзо ќе прооди и таа ми е маза научила мама да вика и само ме прати кога ќе ја земам од градинка и вика ма ма мама :inlove: срцево ќе ми препукне од љубов мајки никогаш немислев дека човек може да се чуствува вака:l:
    Со јадењето со бебка уште сме ни ваму ни таму дома ми јаде само овошје и тоа го пребира, а во градинка пичнала да јаде се викаат, ама тоа ќе видиме на контрола неделава кога ќе појдеме :)
    @Jana06 имаш добра идеа се надевам дека ќе ја реализираш (fingers)
    Времето конечно се разубавува, а доаѓа и мојот омилен празник изнакупив триста бои за јајца сеуште неможам да се одлучам какви да фарбам на крај од сите по едно ќе офарбам изгледа:lol:
    Убав ден:f:
    Убава работна недела
     
    На Coco31, Bella*, Bicka77 и 22 други им се допаѓа ова.
  4. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    22.780
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум пишала...ама некако бебево мое ми порасна од тодлер во детенце..Времето брзо проаѓа...секако,за мене бебушка секогаш ќе биде. А и голема маза ми е...
    Денес ме извади од памет...Јас легнав малку д одморам грв,а он нешто кажува,објаснува,па ми подава...И се наведна да земе тоа што падна,а на кревање главата во ивица од масичката ја лупна..за сантиметар аркада ќе расцепеше.Па едни солзи од тие зелените очиња коа му потекоа..Јас само грабнав една блуза при рака и компресија н удреното и право во купатило..Среќа само џумка искочи,немаше крв..Си мислам кај ќе трчав до клиника да требаше шиење!Паѓал он,не му е прв пат,но толку се потресов,и нозе ми се пресекоа и повратив после.Толку тага и болка имаше во плачот.Ах,деца,дур ги израснеш а нас секогаш ќе не боли кога они ќе се повредат...
    Ве поздравувам сите,па за некое време и повеќе тука ќе се дружам;)
     
    На Coco31, Bella*, SkarletOHara и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Мене од тоа ми е многу страв ,бебе само мрда не запира ни во спиење. Ми е шубе да не се задави :)
     
    На Inana123 и TarantulaA им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    ништо од животот пред децата не ми недостига освен тоа да можам да одморам и да поспијам малку повеќе. Ама и пред децата беше исто. Работа пред тоа факултет пред тоа шетање ноќен живот пред тоа школо.... Пак ненаспана неодморена и исто ми се фаќа. Така да ништо посебно не ми недостига
     
    На Bella*, TarantulaA и Осе им се допаѓа ова.
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.886
    :angel::angel:Ме нема да пишам ниту да ве читам. Сега бебе заспа па седнав да ве прочитам. @Jana06 штета што сме далеку, јас со задоволство би ти го оставала моето да го чуваш. Наскоро почнувам со работа. Градинка планирам од септември. До тогаш ќе се снаоѓам.

    Факултетов ме прави анксиозна..Трета година сум и до сега се ми е чисто и во рок положено. Но мир немам. Се плашам некако од незгодни професори. Последно додека полагав колоквиум не сакав да го носам кај свекрвата малиот, а он па не сакаше да заспие.. Го ставив во креветче и си заигра. Јас цела занесена во прашањата не можам да си простам како можеше да се случи тоа. Му паднала играчка на подот и тој посегна да ја земе и излезе од креветчето се преврте и падна на глава. И колоквиум и се оставив го гушкав и смирував. Целиот беше преплашен и огромна џумка имаше..;(;(;( Среќа во несреќа професорот не приметил дека ме снемало од кадар па го довршив колоквиумот и го испратив.. И сега ептен пазам.

    Да се пофалам, го послушав советот од @0ли и го тргнав дубакот, ни 1 ни 5 минути. Само на под. И да плаче го оставам. Се нервирам само кога плаче одма трчаат баба му и дедо му да проверат зошто и како. Ама им реков да се навикнат. Греота не греота голем е треба малку и да плаче, ова бебе ние не сме го слушале. Ее она на комшиите не да плачеше, врескаше. Нашево се му е угодено и не плаче. Кенка малку и одма престанува. Само мм кога спие и јас се претворам во баба му и не давам глас да пушти за да не го разбудиме. И така. Напредок нема многу но почна да стои придржувајќи се за комода. Сам не е воопшто стабилен без да се потпре. Ако го ставам да лежи се буни и плаче да го исправам. Е нема. Почнува да се мачи од лежечка да се исправи во седечка позиција, ама само се мачи, уште нема доволно сила. Од седечка многу брзо станува во стоечка позиција па дури и танцува.

    Инаку скоро 11м е и многу ми се чини ослабнат. Го мерев и гледам нема качено ништо од 9 месеци кога беше, а вака издолжен е. Ај кога фати пролив 10-ина дена знаев зошто ослабна, а сега? Си јаде убаво, не сум фрлила кашичка, ни една лажичка. По цела тегла јаде. Ама веројатно нема простор за грижи. Сепак по активен е од порано и можеби затоа ги снема бутчињата и се смалија обравчињата. :angel:
     
    На Coco31, Bicka77, Ava.84 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.886
    Синоќа бев уморна. Сега да си кажам мислење за идејата на @Jana06 .
    Јас би го оставила да ми го чува таа ако нема место во градинка, а јас одам на работа. Од проста причина што подобро е да го чува некој отколку јас да дадам отказ. Тешко се наоѓа работа, а уште потешко се задржува работно место. Кога би немало место во градинките, следна опција се приватни градинки кои се околу 200 евра. Па мислам подобро да го дадам на чување кај некој кој се нафаќа бидејќи ретко кој би сакал. Во приватните градинки се помалку деца, но сепак постои можноста од зараза и главоболки за мајката, обврска е голема да трчаш цело време да го мислиш. Е сега членките рекоа не би го носеле кај некој кој не го познаваат. Па добро има простор за запознавање, адаптација, ако одговара зошто да не? Во домашни услови па и со друго бебе/дете ќе заигра, ќе се спријатели и социјализира. А сепак поголемо внимание ќе добие отколку во приватна градинка каде ќе има повеќе дечиња. И во градинките е ризик. Мојот братучед беше трауматизиран од воспитувачка. Кога беше помал единствено се нервираше мајка му зошто на време не му е сменета пелена и зошто јадел чоколадца. А откако почна да разбира само плачеше таму и бараше дома да го носат бидејќи тетката го карала за се и сешто.
     
    На Bicka77, mal.ecka, elcezelce и 4 други им се допаѓа ова.
  9. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.478
    Допаѓања:
    22.780
    Пол:
    Женски
    @Fallen.Angel мајк а колку убаво пишуваш.А за факс-само да продолжиш како до сега,чекор по чекор ќе истуркаш факултет.Ова е капиталистичко општество,мора борба а и писулче едно што ќе тврди дека имаш професионално образование.На почетокот од кариера нема многу да џоаѓа до израз,ама подоцна околу 40год кога ќе бидеш-ем диплома+долгогодишно искуство,секако високи позиции ќе бидат пред тебе.За бебушка супер се снаоѓаш од тоа што си пишала..А мајка ко мајка за се ќе имаме грижа на совест.
    ...За ова најмногу пишав,сакав виртуелна подршка да ти дадам.
    За килибарни гердани-не верувам и никогаш некористев.Имено,заби растат,не постои волшебна магија да изникнат без бол.Оние гелчињата од фезидерм мене ми беа најкорисни.
    ..Пропетавме саат ипол со дете,и точак возеше.Јас клапнав,сега кафе да испијам,а он си е во елеме т...детенце :)
     
    На Coco31, 24.07, Mia Fuentes и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    780
    Пол:
    Женски
    Исто. Читав во Хрватска имало случај бебе се задавило и починало мислам пред 2 години негде. И вчера баш со една другарка муабетевме ми кажа братучедка и среќа на време го приметила малиов, значи секунди биле во прашање :|:sweat:
     
  11. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.886
    Вчера се уништив. Денот ми почна со предавања. Па семинарска правев.. Па палачинки сакаше мм, кашичка за бебе.. Чистевме тераса со ММ, па ај и другата тераса, па ај кога сме почнале земав генералка и цел спрат го чистев. Направив список и сакав до маркет да отидам ама се сетив дека до 7 работат и немам време. Па ај се спремивме и вежбање дома саат ипол. Па ајде јадење набрзина, па навечер се пцуевме сами себе зошто толку мрсно јадевме. Па малку релакс, галење и заспавме накај 23 часот.

    Бебе ме разбуди уште во 6. Па утрово ги истеравме утринските ритуали на бебе и еве седам сега кафенце пијам. Грбот ме боли. Лошо спиев а изгледа и не се наспав. Ајде ќе се расонам ќе бидам подобра. Денес пак предавања имам и пак планирам да вежбам. Но ќе видиме како ќе биде денот.
     
    На Coco31, 0ли, SkarletOHara и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Бебињата наши изгледа договорени :rofl::rofl:.

    Еми ај добро утро мајки.
    И јас под присила од 6 а,во 2 беше будна и еден саат вежбаше исправање ,едвај заспа во 6 ми праи те :doh:.
    Па си се помирив со судбината дека нема да презаспие и станавме ја средив сега пијам кафе и да ве ѕирнам реков :D.
    Почнав да ја оставам со баба и ( свекрва ми ) за да се навикне без мене по неколку саати сега додека да дојдам вика не плаче ,чим ме види одма почнува и така јас се чудам што е со детето место да се радува ќе плаче готово таа за цице плаче :wasntme: не ми се веруваше ,и дадов поцица оп друго бебе :!::angel:
    Понашањето нејзино (на свекрвата)па не сакам ич ни да го коментирам ќе се изнервирам.
    Јас и велам анте за со детево таа прави танте... На мм гледам сеедно ,јас жива си се јадам и тоа е. Ете пак се изнервирав ,ај чао додека не сум продолжила :) :hug::hug:
    Инаку овие 8 месеци максимално бегав од реалноста (ковид) освен кога ќе добие инфо дека некој близок заболел ,и стрина ми почина. Но јас од дома не мрдната сега треба да се враќам на работа со странки еден куп дневно :worried:,малку е да кажам дека имам анксиозност во врска со ова ,имам и панични напади...(facepalm):(.
    Ајде сѐ ќе помине си се тешам :):muscle:
     
    Последна измена: 28 април 2021
    На Coco31, 0ли, 24.07 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    Хелоу мамаситас! Од лежечка положба. Паднав и истегнав лигаменти, во гипс сум и прикована за кревет. Малку е да речам дека ми се плаче.

    Собирам идеи и техники за фарбање, после маж да усиса и да ми донесе декорации за Велигден да средам се, зошто вечер ќе се станува во 3 да се фарбаат јајца. Седечки мислам се ќе средам. Ќе си направам и еден венец за врата иако веројатно нема да сме дома. Не знам искрено како би отишле у село, како јас ќе се симнам и како ќе издржам 1 саат со нога во висечка положба.

    Туку ваква никаква правам план како да се избањам сега, досега на шоља завршував основни потреби, ама ми треба сега и миење коса и асално рибање, депилација, педикир, бар на здравава нога де јер другата е у гипс. Тоа е, секогаш кога си во најтешка ситуација ти текнува што се не можеш да направиш а ужасно ти се прави.

    Некако со текот на времето сфаќам дека немам решение за проблемот и тоа е тоа, се помирувам, како ќе даде Бог така (не дека сум пререлигиозна, ама стварно нема друга опција) Бар го имам него, љуби га мајка. Во врска со независноста, не да ме откачува, лелееее... Само до пред 1 недела беше мама, мама, мама, мама... Е сега зима стол полни вода, па сам си спрема јадење зема леб мачка, уште да почне сам да се брише после какање и да се бања, може да го селам у свој стан. Шала на страна :) Е за спиење уште сме љубители на спиење со мама и тато. Нејќе да се гушка, само сака со нас да спие. Дечко, порасна еј. Вчера јас во хоризонтала, дојде од кај баба му и му рекол на татко му Само да ја бацам мама, грабна точакот и летна надвор. Срце мое. Како те читам, си викам боже што ти се викаат врсници, исти работи ни се дешаваат.

    Туку ние сме на мака, раката ни е нон стоп во гаки, не ја вади од гаки. Се консултирав со стручни лица, сите викаат не го карај (нормално не го карам), само збори дека не е хигиенски, дека не е добро да го гледаат други, дека тоа е нешто што се прави кога си сам и во соба, ама не и не. Не дека он којзнае што прави, само си ја држи раката во гаки. Во една ситуација ни рече дека имал желба, сакал една количка да му купиме и му ја купивме и стварно еден период застана, ама после пак почна да става. Не сум паметна ич.

    Ајде да станувам да пуштам машина, не можам да лежам само, после мм ќе ја пружи. Убав ден!
     
    На Coco31, 0ли, 24.07 и 10 други им се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    Одамна ме нема на темава пред некое време останаа повеќе мајки на бебиња па се повелкив некако, ама сега гледам се пишува за 5 годинишни деца па се пронајдов.
    Деновиве се повеќе и јас гледам самостојност. Сака се сам да прави, оснодно да пробива да прави. И мен радува и ме растажува. Од една страна си викам леле порасна детево поразбрано станува и се, ама ми фали некогап малото детуле, бебулето мое. А едно си е и толку ќе биде и баш некогаш ме фаќа меланхолија. Ама секој момент е пак уживање така што секој период си носи свои убавини. Сега се подготвуваме сите по дома за школо од Септември и се си мислам како ќе носи ранец, односно колав треба да му биде за да може да го носи.
    Спиењето ни е малку проблем во последниве недели. Заспиваше со гушкање и јас излегував, ама почна да бара да има некој постојано покрај него па сега се одвикнуваме од тоа зашто е премногу напорно. Мислам дека тоа што бара некој со него е заради тоа што си ги гледа промените што му се случуваат и му треба блискост ама едноставно мора да поставиме граници.
    Инаку и мојот почнува се повеќе да се интересира за тоа што е во гаќите и тоа си е нормален процес. Почнува срамежливо да прашува за тоа како се прават деца и слично. Расте увелико.
     
    На Coco31, 0ли, 24.07 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.275
    Допаѓања:
    67.883
    Пол:
    Женски
    :D Исто значи, исто. Јас и кажувам дека рацете мора да и се чисти. Дека надвор кога оди да се игра тоа никако не смее, не дека надвор ги става, презафатена е, ама дома кога си гледа цртани пример, да. Се истражува. Гледам секогаш рацете да и се чисти и миени. Ништо не и викам, дома е, нека си брца во гаќите колку сака.:rofl:Бара и приватност госпоѓата, и објаснив дека некои работи се прават само во приватност. Па така, си оди во спална, објавува дека и треба приватност. Па, сега, што прави кој да знае.:D Ама воопшто ниту ја срамам, ниту не смееш, ниту ништо. Дел од растењето, се додека е дома, да ја знае разликата кога е во ред, кога не е. Ама разбира све, така што немаме проблеми. Си растат Ангел, фазите тие се.:lol:
     
    На marchi-cool, Coco31, 24.07 и 7 други им се допаѓа ова.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.398
    Пол:
    Женски
    Леле и мојов исто. Вика ќе си одам јас во соба. И си зема една книги со корица со полуголи луѓе (таква е корицата на белетристика книга што си седи во дневна) и си ја гледа. Растат деца.
     
    На 24.07, Happyinlove, AngelOfArh и 2 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    Јас некако бев убедена дека само мојов е таков. Добро е, не е до нас :D Јас мислев дека пази надвор, ама не пази, и во градинка фаќал. Имам среќа негователката му објаснила убаво, дека сега треба да јадат, да оди повторно да мие рачиња треба, дека не е убаво пред другарчињата да го гледаат и пред возрасните... На мака бев ептен да објаснувам, ама штом со убаво го фатиле у во градинка, добро е. Смешен ми е кога ќе ми рече Ми се ди*на к***то, морам да се соблечам. Најтешка работа е да воспиташ дете, оти за тоа нема универзално правило, секое дете си е своја политика и мора многу да се внимава.
     
    На marchi-cool, MarijaMi90, 24.07 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Дојдов само да кажам дека некои денови, како денес, се чувствувам презаситено и анксиозно. Милион обврски во еден ден и само нови работи се трупаат.... Како да паѓам во некоја дупка која нема крај...
     
  19. Sinolicka.

    Sinolicka. Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2020
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Мајки вие што скоро цел ден сте сами со бебче во стан а маж скоро цел ден на раб. Дали е многу тешко? Мислам за ручек чистење и слично.. зборам за со 3месечно бебе.
     
  20. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.301
    Допаѓања:
    19.106
    Мене со 3м воопшто не ми беше. И да исчистам и да зготвам и да се избањам.... Си имаше ред фатено, беше на ад дај му млеко преслечи го и толку...прашај ме за 3 месеци дали е тешко за со 6-7мес :rofl::x
     
    На Butterfly1107, Jana06, kukla21 и 2 други им се допаѓа ова.