Моето е 5м., и сум во ситуација како што опиша. Ако си го фатиш редот не е тешко. Проблем ми е што не можам да завршам работи надвор, како прегледи по доктор, во банка, во пошта, се тоа мора кога ќе се врати мм, а некои не работат тоа време. Се постигнува се, нормално има денови кога си бара повеќе внимание или едноставно не ти е ден, тогаш па и ручек не мора, алишта друг ден ќе пеглаш....се е до организација.
Мене тешко ми е...ама моево денски воопшто не спие...има неколку дремки по 20-30мин и толку...и затоа ми е проблем, само штом сум почнала нешто ете го буден...а до 3месеци некаде си спиеше по 3-4 дремки од саат два, е тогаш имав време се да направам...сега и повеќе сака да го дружам, да го анимирам, кога беше помалечко бараше само јадење и преслекување...сепак мислам зависи од бебето...ако спие, ќе имаш време бар нешто да завршиш
На 3 месеци не, дај млекото и лежи секаде. Сега не можсм да ја оставам две секунди, веднаш се обрнува или пробува нешто да изведува плус готви за нас, мисли за неа и комбинации со кашички разновидно секој ден ја оставам на под да си игра додека сработам нешто
Знаеш како викаат,какво ти се погоди такво Кај мене беше претешко,ништо неможев да правам.Ама имав дете што висеше 24 саати или на града или во раце.
Аууу да се надополнам, моето е сега на АД и полесно е, млекото го правиш и за 10 мин си готов. Инаку на почетокот бев преморена, од царскиот тешко закрепнував јас, доењето ми беше болно и тие први два месеци мислев дека кога дојам само тоа се случува на светов и ништо друго. Не знам како е со доење после 2-от месец, дали станува полесно, но секако мајката е поистоштена од таа што не дои. Се насолзив пишувајќи го ова кога ќе ми текне како бараше колачево млеко со главчето накај мене, а мене ми секна млекото. Секоја чест за мајките кои дојат, ви завидувам и ви се поклонувам.
Беба сега се успа па ајде и јас да пишам овде. Веќе е 5++ ја гледам секој ден прави нешто ново, многу ми е интересна, љубов ми е Многу брзо растат, како вчера да беше кога ја видов за прв пат.. Се радува на прошетките, и' годи и' викам ајде одиме на папа и одма се смее и прета, се радува. Денес доста чистев и пердиња перев нели празникот на чисто да се дочека. Искрено се радувам многу за Велигден а може и дека прва година со бебе. Лани не фарбав јајца, но затоа утре ќе го истерам редот, ќе станам пред изгрејсонце да офарбам барем три а другите во текот на денот. Ќе направам и благо ако ми остане време (си викам). Сакам да направам и како баба ми и мајка ми што ги правеа порано, со лушпи од кромид и детелинки но се зависи од беба како ќе е расположена Конечно се средив и психички, како нова личност сум сега и стварно многу поубаво се чувствувам. Нема непотребни стресови и замарање, се научив да се "исклучам" на небитни муабети и да не се нервирам за луѓе што не вреде.. Планирам здравје за крштевка, гледам торти, украси а у но здравје само да биде се во ред да можиме да прославиме со најблиските. Си викам ќе може и еден одмор да се истера, ем е заслужен ем да смениме малку да се присетиме како беше да си турист, ми фали тоа чувство. Сега пуштам серија, една епизода две па на спиење, да полнам батерии за утре. Лека ви ноќ, гушкајте малшани
Исто.. До 3 месеци го доев, не ексклузивно, но се трудев. Од стрес, нервози млекото почна да се намалува, а јас патев од депресија и анксиозност и не продолжив да се трудам. Купив АД и тоа беше тоа. Во тој момент мислев имам доволно стресови не ми треба плус и да мислам дали е гладно или најадено и да го слушам како плаче и цица бидејќи гледав не му е доволно, цицаше 5-6 мин и потоа плачеше, ни капка млеко после 5тата минута и ме правеше тоа уште повеќе да бидам под стрес и анксиозна. Откако преминавме целосно на АД ми беше многу полесно и конечно почнав да се грижам и за себе. Од сите тие стресови што ги доживеав на памет не ми паѓа второ дете да имам во блиска иднина. Да сѐ се заборава, заборавив на сите болки и нелагодности од бременоста и породувањето, но периодот кога дојдовме дома и кога секој ден тонев, пропаѓав, ме удри пост породилна депресија и целиот период никогаш нема да го заборавам. Ќе ми биде белег за цел живот. Многу многу тешко поминав без ничија поддршка. Кога некој ќе ми рече дека сум себична зошто не сум доела, себична зошто не сакам друго дете, себична нека сум. Иако јас најдобро знам како ми беше, јас тонам во своја провалија, отворено кажувам дека ми треба стручна помош, и наместо поддршка добивав осуди и расправии. Не сакам да пишам, но ми треба да се искажам. Среќа што една членка од тука ми помогна да се свестам и да се стабилизирам па скришно одев на психолог и се средив за кратко време пиење терапија и многу работа на себе.
Здраво Прв пат во темава пишувам иако сум породена пред 3 месеци. Маж ми секој ден работи до 17ч и од првиот ден отиде на работа и сама се грижам за неа без никаква помош. Сама ја пресоблекувам, ја бањам, хранам и тоа ме направи ептен себична да си ја чувам само за мене. На гости кога ќе одиме, ако ја земе некој цело време таму ми се очите. Дури и на моите родители со тешко срце ја давам.Сакам да си е кај мене, ако не е,ми фали. Маж ми го заборавав дека постои, не го приметував. Ако збориме сакав за неа да збориме, за друго не ми се збореше. Секс, што беше тоа? Пробавме после 2 месеца ама јас бев исповадена од памет... Бебе заспано, он запалил свеќи во дневна, пуштил музиче, се расоблекол. Аууу јас седнав и почнав да му го раскажувам во детали пораѓањето колку болно беше и дека ми е страв Ми рече кога и да сум спремна он е тука. Спремна сум само да се гушкаме, тоа и праиме еве веќе 3 месеци. Немам желба ич за секс а имам желба за второ дете. Мислев само јас и она сме на светов. Сакав само за неа да зборам и свесно знаев дека си забегувам и уживав Ќере на ексклузивно доење е и првите 2 месеци нонстоп на града висеше. Немав време за ништо друго освен за неа. Кога ќе дојде маж ми тогаш можам да се олабавам малку и имам навика пола саат- саат да излезам од дома сама и да се шетам, многу убаво ми е после тоа. Полнам енергија и враќам психа на нормала. Имаше првите недели грчеви и тие денови нема никогаш да ги заборавам. Вриштење, заоѓање, плачење со солзи, стегање и клоцање со нозете... Уф, помина Потоа и се појави cradle cup, со лушпи и кори и беше цело чело.Користев органска козметика weleda ама џабе кога бебче има премногу сува кожа. Жал ми беше многу, и требаше 3 недели да и се среди со медицинска козметика на биодерма. Потоа и се појави теменица на косата, а машала доста коса има од раѓање. Тоа го средивме со шампон пена на мустела за теменица. Не дека е важно ова сега... ама во тој период јас многу се обвинував. Мислев дека јас сум причинителот за сите работи што и се случуваа. Грчеви, лушпи, теменици... се е од хормоните на мајката За малку ќе паднев во искушение да и давам ад млеко. Бев убедена дека ќе и биде и на мене и на неа полесно. Плус не сврзуваше дневни дремки, ако спие само кај мене во раце. Ако ја спуштам најмногу уште 10 минути да спие. Како либела да има на газот, знае дека не е во раце. Ја разбирам дека си ја сака топлината и сигурноста. Можеби моето бебе е така, ама се прашував што ако му давам ад млеко, можеби повеќе ќе спие, можеби јас го измачувам вака. И секогаш си викам, немам право да се жалам, барем наспана сум, три месеци бебе никогаш не заплачело навечер. Само се буди за подој и пак е куфер Помина трет скок и друго бебе ми е сега. Нонстоп се смее и гуга, воопшто не сака да јаде преку ден, дали по 5 минути цица. Ако нешто и е интересно ја врти главата и сака да види и прекинува со цицање. Кога ќе почне да зева, знак ми е дека треба да почнам да ја нишкам и полесно ми заспива така. Без плачки Зошто ако малку покасно ја заспијам тогаш е преморена и сум приметила многу потешко иде заспивањето, бута со цело тело, испушта некои крици, а очите и паѓаат за сон ама не попушта... Вакцините ги прими 10та недела и рота и шестовалентна и поминавме без никакви реакции Се ближи Велигден, не сум верник ама се радувам дека маж ми нема да работи 2 дена и ќе имаме шанса да си надокнадиме за се и да се видиме Може ќе се опуштам малку
Здраво мајки. Да почнам со фалење - се преселивме! Додека да исчистиме рацете лом ми се направија, нокти испукани ама вредеше. Јас маж ми и брат ми турбо една недела, мислам дека прозорците од инает ги прскале со малтер. Греби чисти нитро, па дрвените работи додека ги пребришавме, алишта пренесувавме 3 дена. Сега чекам да дојде денот да наредам украси за Велигден. Атест сум ама се радувам на декорирање и мастење јајца. Ке правам и благо ама немам тањир за послужување. Имам премногу облека ама се ми е тесно кратко или не ми стои убаво. Синко почна да јаде така вака. За 9 месеци пораснам 7 цм и не качил ни еден грам. Комарец. Ке си пукнам од нервоза. Убаво било да живееш во стан. Доволно е голем ама лесно е за чистење. Немам никакви украси, кај мајка ми ј свекрва ми ми се темнеше кога ке почнам да дигам украси прашина да избришам. Сега мајка ми вели како изложбен салон било, немало топлина. Ни рамка ни вазна. Сакам да земам кактуси ама не најдов време да излезам да купам. Гушкајте се.
Majki da mi kaze nekoja od vas shto treba da spakovam za vo bolnica? Ohrid ke se poragjam inace. ( Ne znam kade da prasam pa rekov vo ovaa tema, se izvinuvam )
Хелоооу Ич немам време деновиве ама си реков да ве ѕирнам набрзина додека седам со кафето во раце. Преселбата во новиот стан при крај, вчера се утепав од чистење и вечерта кривев со двете нозе од болка. Синоќа ни беше прва вечер овде и прво се вртев не можев да заспијам, па кога сум потонала во сон спиев до сабајле без да се разбудам Си станувам одморена, му викам на мм Што убаво одморив, па и малово ме поштеди ноќеска од плачење. Ме гледа напреку и ми вика досега не ме видел толку цврсто да спијам, плачел малиот, а јас не сум се будела. Па замислете колку ми требало одмор Битно јас се наспав Уште сабајле ми стигна You have completed your step goal for today 10000 steps Се изнашетавме низ маалото. Доручек, прва дремка, ужина, ручек поминавме надвор. Заспа и го качив горе да здивнам. Седење во количка тешко, со една рака се држи за мене, со другата и тој да ја буткал количката, седнува доле и кине трева, се влече накај сите кучиња и мачиња, кај сите деца со топки сака да оди и само вика Па, па (топка) Право детенце е Запознавме другарче денеска на игралиште околу 16месеци беше детенцето ама ептен срамежливо. Овој мојот ептен пријатно ме изненади, му пријде прв, го фати за раче, го влече накај него ама детенцето се тргаше, па едвај го одвоив мојот. Така само од далеку си се смешкаа Како и да е, ми се свиѓа што нема некои последици од коронава во смисла социјализација. За Велигден годинава ништо нема да правам, ќе си земам по 10 јајца од свеки и мајка ми и ќе завршам работа Украси имам од претходните години. Полека се спремаме за роденденот наредна недела, се е организирано само да видам што ќе облечам. Многу се радувам, едвај чекам да дојде денот Одам да зготвам нешто брзински, ќе дојде маж со уште ствари, да дочистам и идеме кај свеки по јајца Убав ден ви посакувам
Имав царски пред 5 дена ме пуштија дома дум сама со бебе маж ми е на раб.. се осеќам изнеможтено, постојано се секирсм за бебче го гледам дојам тешко ми е да станам од кревет се исцрпив ме маваат депресии незнам што да правам
Ако се чувствуваш дека не можеш викај помош. Баби, дедовци, пријателка... Најубаво е да може човек се сам но факт е дека не секоја жена закрепнува исто од породување. Битно е да се чувстуваш одморено. Кога бебе спие, одмарај и ти.
Има денови кога се радувам што ке дојде време за спиење на бебе и дете Нека се живи и здрави ама многу многу знаат да ме изморат. А и што да очекувам од 6 месечно бебе и 2 годишно детенце Жени јас сум сама со нив. Мажот е нон стоп на работа ама буквално од 8 до 19. Тешко приватното. Моја грешка е што сите ококу мене ги навикнав дека јас сум независна од помош. Да премногу горделива за да кренам слушалка и да викам дојдете. Има ден плачам кога врескаат. Има ден нозе ми жежат од движење јас сум на нога од 6 сабајле па може и второ мочање ми е во 21 кога ке ги заспијам. Фала богу има полициски па мм мора да е дома еден заспива он еден јас. Единствено позитивно од мојава ситуација со две бебиња е што спонтано се поклопија коцките па заспиваат во исто време навечер. Денски бебе нема привилегија да спие благодарение на брат му кој не е да го обвинувам толку може да ме разбере да биде тивок додека го заспивам бебе. Е тогаш настапувам со таблет со цетани некогаш пали таа техника некогаш бебе нема да спие. Почна во градинка,не може да се навикне но не попуштам. Во 12 го земам. Бебе е ханзапласт. Ништо не му е погодено,ни седи ни лежи ни играчки сака само вика писка плачи се лигави. Многу нервозно бебе,огин. Пипувам белешки не успевам се да запаметам,заборавам. Правам план станувам спремам доручек,ручек за нас,доручек и ручек за бебе. Се бањам кога дете е во градинка а бебе е со мене во транспотер во wc. Чистам така што почнувам па кревам бебе па со бебе во рака па го лргнувам на земја па он за 10 мин почнува да вика да се лигави па па во раце и така за два дена ке дочистам. А мислиш си средил ајде пак на ново. Машините мислам да имаат нозе ке си заминат од дома. Не се престанати да работат. Фала им не ме изневериле. Чекам да измислат машина за диплење алишта уште. И тоа е жени. Ке личат на татко им после и ке ми викаат дај не ме замарај. Затоа почит кон мајките Сега да допишам па да фарбам јајца. Сабајле само 1 извадив. Не го сликав Имајте убав празничен викенд. Да се надеваме на подобри времиња.
ај една рекапитулација да направам за 0-3м сега кога сме веќе 3++, па да можам и да си се препрочитам понатаму за присетување затоа што времево лета и многу работи се забораваат. како вчера да беше кога си дојдовме дома на уште нераскитено и така си уживавме до крај на јануари првите две недели. не ми се верува која разлика е од тогаш до сега, па и од месец-два до овој момент, а тек ќе следуваат уште поголеми промени. еве ја чекаме секој ден да се преврти, вчера сум ја фатила од грб свртена на страна како гледа позади неа во играчките и картичките што ѝ ги имам наредено за tummy time. изгледа не е веќе за оставање сама со baby gym над неа. збогум на бркање обврски низ домот од каде што не можам да ја гледам додека си ги пафта играчките што висат. плус се ротира на косо и се фаќа од страна на игралната, малку фали да ја сруши. кога ќе ѝ здосадат висечкиве играчки, се џапа за ќебенцето со кое сум ја покрила и го носи до уста да го јаде. и секако, уште ѝ се омилени рачињата за мљацкање. па како звучно си ги шмука, мх, мх! подоите ни се каде-каде пократки од пред неколку недели кога се забораваше и по 40мин до саат на цицка, поготово наутро и на пладне кога ќе се изнаголта за 5мин тоа што ѝ е потребно, па ќе почне со фати-пушти едно 20 пати. ама па непроценливо е кога ќе ме погледне сред подој со најмилната насмевка на свет резервирана само за мене. на никој друг не се насмевнува така! влезени сме во четврти скок, сега за сега сме уште ок со ноќното спиење, а за дневните дремки се снаоѓаме на сите можни начини, некои денови лесно заспива преку ден, други денови со малку маки, ама ништо страшно. последниве неколку дена и воведов мини рутина на читање една кратка приказна пред дневните дремки и лежи во лулка поза мирна и час ме гледа мене како ѝ читам, час со очињата ги разгледува илустрациите во книгата. претходно не сакаше пред дремка така да седи, мораше да добие цицка инстантно. мењањето пелени почна да станува борба, премногу прета и ги крева куковите во вис, а рацете ѝ стигнуваат до газето/бутчињата, па почнав да ѝ ги пикам во бодито превртено нагоре како да е во лудачка кошула. а тек ќе станува уште поподвижна. мене почна да ми опаѓа косата, секој ден вадам клопчиња после чешлање и сеам влакна насекаде. среќа имам коса за извоз такашто немам гајле. единствено што опсесивно ѝ ги проверувам рачињата да не зграбила некое влакно дур сум ја подригнувала. кога сум кај постпартум, психички се спремам наскоро да почнам со вежбање, време е. изгубив две третини од покачената килажа во првите неколку недели и стагнирам од тогаш. си се хранам избалансирано ради доењето, али навалив на благо. а никогаш не ни сум била по благото. планот е да си вежбам до бебушот додека она си игра, таман така и ќе ја надгледувам. поминаа цели три месеци, а со мм некако сѐ уште не можеме да си поверуваме дека имаме човече до нас, дека не сме веќе сами. само и се воодушевуваме и си замислуваме кога ќе почне да лази, па да оди, па кога ќе ни збори, па прв школски ден... а пред некој ден како ме облија емоции од помислата дека еден ден ќе ни биде последниот подој, солзи сами течеа како цел прв месец дома со пореметени хормони. кога ќе ми текне па третата недела дур се мачев со cluster feeding, во агонија дека имав изјавено како јас второ дете не раѓам, како нема шанси низ истово да проаѓам, никогаш не сум го видела мм толку напатен. сега тој период ми изгледа толку далечен како да не постоел и сфаќам колку сѐ е минливо. лошите периоди не се вечни и кога ќе се погодат неколку тешки денови по ред, се тешам дека ќе биде подобро, а кога сме во сончев период, гледам максимално да уживам затоа што многу веројатно некој облак е на повидок. а второ дете дефинитивно сакам, поготово после толку позитивно искуство со породувањето, само планот е да се околу 3 години разлика за да можам да бидам попосветена на првото за време на почетоците на тодлерството. ама план си е план, а како ќе биде, ќе видиме. се изнакуцав реферати јас тука, извадив рандом мисли од мозок како да пишувам дневник. поздрав мајки и среќен празник!
МУ НИКНАА ПРВИТЕ ДВЕ ЗАПЧИЊА! Деновиве беше екстремно кенкав, како друго бебе да имам. Не е скок, ама според апликацијата за скокови, во некоја развојна недела е , обележана со црвено, кога се многу плачливи. Синоќа додека си игравме со него, му ги видов запчињата, ѕиркаат. Сега се има повеќе смисла. Последен пат на лекарски преглед, мм сам без мене, му дале слики со бебешки гомца, да одбере какви биле на нашиот. Уште се смеам. Нека ви се среќни празниците, ден на работнички права, Белтејн, Велигден, што год да славите...
Дојдов да си ја олеснам душата. Подоцна ќе исчитам заостанатото а и некои други теми за да ми помине лошото чувство. Значи не,не е толку тешко да си самиот болен, тешко е болен да гледаш. Како мала мајка ми секогаш кога ќе се разболеше сестра ми седеше над неа и велеше аман болна да сум ама болен да не гледам. И викав колку е само будала. Подобро други да се болни одколку јас. Други да се болни одколку самата таа. Ама човек додека не стане родител никогаш нема да ги разбере своите родители. Секоја ситуација се разбира во одредена доба од животот. Нејсе, мојот проблем почна во вторникот. Од обична кивавица и течење на нос. Наредниот ден од утрото не можев да станам од кревет. Не ми беше за мене,ми беше што ќе прават децата ако јас сум во кревет. Смогнав сили и појдов на лекар. Таму ми рекоа крајниците,како и секогаш, си се знам јас друго кај мене нема а и ако не појдам навреме ќе ме соборат и ќе завршам на инекции. Почнав со антибиотик и закажан брз тест за во четврток. Тестот негативен а јас во подобра состојба. Издишав воздух. А дома 3 дена бев со маска ради децава. Кога реков се ќе биде во ред утрово малото го допирам во вратот жежи. Ајде викам не биди параноична ама сепак мерев температура. 36.4 до 36.9 ок викам не биди параноична ништо не му е Итака весело наспано си игра јаде активно е ... Легнува преспива ме јаде мене јанза. Челото топло на страната кај што лежи жежеше. Почнав да се потам. Мерам тт 37.5 викам сега стана од спиење ајде нормално можеби е да е загреано телото. Мерам после 1 час 38. Јас чадам. Дете си се смее гајле си нема а викам ти сега гајле немаш ама вечер јас ќе имам и веднаш на матичен дур има време. Докторот вика крајниците сте дошле навреме. Додека јават симптоми па додека заделува антибиотикот мачно е кај мали деца. Си дошла на време. Здивнав на утехата. Дадов веднаш антибиотик витамини чуда. Игравме шеткавме надвор седевме детето расположено. Срце ми се скрши кога пак почна да крева тт. Дадов Парацетамол намачкав ноџиња со оцет и седам и плачам. Нема потешко од тоа да си го гледаш детето млитаво неарно болно.... Знам ќе имаме ден два маки живи,знам дека ќе помине ама зошто ли е толку тешко? Мислев дека како и ние кога сме биле деца ќе се разбилиш ќе оздравиш никому ништо.... Ама зашто ко ќе гледаш дете натажено и омалаксано не е така?
Мајка. Мене ми беше мачно и тажно да го гледам синко после вакцина. Сосема нормална реакција. Температура до кај 38, ножињата го болат и не може да оди убаво, омалаксан, се жали, гревче.
Добра вечер мајки Малишаниве спијат, дури сега пуштив машина и легнав на раат. Со две деца тешко. Моите се 3 год дете и 3 месеци бебе, и да не ми е брат ми па и маж ми да потрчаат да помогнат немаше да издржам. Напорно е многу Малата само дур спие цица асално, дали 2 добри подои има на ден. И ја држам главата на цицка за да дои, ма не само се мрда се исправа плаче. После пола саат пак исто, гладна не цицала доволно. Пред секое спиење мора да се извриска, мм убаво ја заспива во раце, мене ми на подава легната и давам цице и продолжува. Барем спие целааа вечер За јадење повеќе е задолжен маж ми, он е по брзиве јадења јас сум по слатките и манџите Среќа дур трае коронава ќе работи од дома, ако почне пак од офис ќе збудалам Иначе да се пофалам денес земав прва плата во животов Сум работела приватно со мм, но ова е баш работа со плата. Е не сум пријавена но не ни сакам уште, работам од дома, маж ми повеќе ме мења јас дур сум со децата. Денес бев на гости и дојде една познаничка со 3 месечно бебе. 1 ден разлика се со моето. Бебето бумбар, главата поголема од на син ми Викам машала баш напредно бебе Вели “ Да, еве сега јадеше пудинг и испи шише кравјо млеко Алпи????” Пудинг и кравјо млеко? Нели на ад беше? Ад е скапооо, а и кравјото е супер што фали? Леле реков ја на мојата вода уште не давам Еее ти па а да видиш нашата супа како јаде Се шокирав..