Што се случи подобро ли сте? Иста сум..нема нешто постресно за мене,мислам 5 кила ослабувам од нервози кога се болни (а кај нас двете ем одма си префрлаат една на друга ) Знаеш дека ќе помине.. Мајчинство ех.. Гушки
@marchi-cool Со лесно мајка, нека оздрави побрзо. Како сте денеска? Јас да се пофалам, за 3 дена го одвикнав малиот од спиење со бел звук, цуцла и конечноооо почна да спие во креветче. Себично или не, конечно се гушкаме со мм, спиеме сите тројца убаво, се будиме расположени и наспиени. Остана уште еден подој секое сабајле во 4.50h и тогаш продолжува со нас на спална. Повеќе ми ги џвака брадавиците отколку што цица ама пуста навика. Е млеко не сака и крај. Пробав со какао, маџун, бевиплекс дури и Алпско дадов, ставив и несквик и не сака. Кренав раце, не нудам млеко. Здравје второто дете планирам комбинирано да биде цице и ад. Денеска ладничко, да допијам кафето и одам на шетање. Убав ден.
Така, ја фрлаш цуцлата и нема повеќе Само првиот ден беше потешко, после забораваш и дека ја имал. Не сакам некоја мајка да се навреди ама искрено повод ми беше 5-6 годишно девојче што го видов со цуцла на улица. Си реков подобро сега отколку покасно.
Не плачеше ли за цуцла? Прашувам зошто моето за заспивање само користи и неколку пати се мислев да ја фрлам ама пробувам и се буни плаче.
Поддршка мајка, јас проаѓам низ истото со синче. Имаше температура 4 дена, па му избија едни афтишта во устата и околу, некој вирус гаден, па сега нема веќе температура ама кога ќе проба нешто да касне пишти вришти кутрото, а сака да јаде . Да, ќе пораснат и ќе помине, ама јас еве веќе 5 дена сум како улава што би рекол мм, па и бабиве паѓање во несвест, општа паника е кога бебе е болно. Инаку поздрав од мене, во прв обид сум да фарбам јајца, ќе видиме што ќе излезе. Мм и бебе отидоа да се прошетаат јас да средам низ дома и да се избањам по можност зошто откако детево е болно така седам . Ии последно, кажете предлог некое место планинско во околина на Скопје кај што нема многу гужва, да шетаме попладне со мали? На Скопска црна гора, пример има нешто, таму не сум била? Другиве места ми се многу комерцијализирани. Убав ден мами, џабе не лажеа времето топ ќе било цел продолжен викенд, тиња е овде
Плачеше подолго ама заспа на крај. И јас долго се мислев и пробав неколку пати ама на крај попуштав и ја давав. Ама кога ја немаш до тебе немаш друг избор, ќе се измори и ќе заспие. Потешко ми беше ноќта кога се разбуди ама презаспа некако. Само гледај тој ден кога ќе го одвикнуваш да биде поизморен, шетај го подолго надвор и да заспие побрзо.
ама сум се расплачила на текстов... јас сум многу пишман што не се распрашав доволно па да си зачувам матични клетки. Но во однос на тоа прашање (знам дека е од топик) можело да се извадат матични клетки и од отпаднатите папучиња дома што сме ги зачувале ( ако некој чува)
Не може. Јас зачував само крв од папочна врвца а ткиво не, по процесирање не добиле доволно добар примерок. Значи од се "свежо" не успеале да добијат примерок со минимален квалитет таму што задоволува нивни стандарди.
и јас планирав, ама бебе имаше друг план освен во болница, ад не проба дома! Ни шише, ни ништо не помагаше. може и од заби иако реално сум скептична на темава. Не дај боже треба да се користат, како и што е многу нејасно.
скоковите не се многу страшни колку што се тантрумите ама ни тие не се толку страшни колку што се ноќните терори. Така да скоковите се ништо. Ама сепак издржете првите 3 години се најтешки Добар ден од мене . Да ви честитам велигденските и првомајските празници заедно и бидете здрави и живи.
@marchi-cool како сте? Мислам дека децава ке го дупнат плафонот и ке ми паднат над глава во кревет. Од цела зграда само тие се слушаат.
Оди во темата Свекрвие и снаите и ќе видиш колку е само лесно. На време сум влегла во темава. Мислев само мојата 4 год е со рацете в гаќи. Колку време трае овој период? Јас па веќе и реков срамота е да се пипкаш ама ај ќе се исправам надвор од дома дека е срамота и пред други луѓе. Како тинејџерка да имам дома, ми кажува кого сакала во градинка, па тој се држел со друга за рака и била многу тажна.
Ги истеравме празниците како што е ред, па денес утрово бев на гробишта. Бев кај баби и дедовци, баба ми почина 1 месец од кога се породив, немаа прилика да се запознаат со ќерка ми.. Тешко ми е и жал за нив, но ајде ќе речиш стари биле, живееле и створиле, ама другар ми.. 5 пеколни години без него, почина на 24 години. Ми беше како брат, бил до мене за лошо и за убаво, поддршка за се. И наеднаш си отиде, уште не ми се верува и душата исто ме боли а и знам исто ќе ме боли и после 30 години. Земав пиво, запалив цигари и за мене и за него, се изнаплакав како дожд есенски.. добро бе другар, зарем за вака беше? Јас да идам на гроб и да ти кажувам работи, како нема наеднаш да се појавиш од негде да ми речеш, знам те гледам.. Ќерка ми немаше прилика да те има како најдобар чичко на свет, ама ветувам ќе знае за тебе. Ќе и кажувам за другарството наше и за тоа колку голем човек беше, ќе и покажувам и слики од тебе. Фалиш другар за се, за се што било и за се што доаѓа, но знам не чуваш од горе. Извинете за црната хроника, ама така ми е тешко на душа..
Ноќ мајки Да ве поздравам од спална со плачки со емоции со се... Бебе ми полни една година Порасна Лани оваа ноќ бев сама во болница заради оваа пуста корона ни маж ни некој познат со мене Вечерва после една година сами со бебе на спална, маж заглави на пат неможеше да ја одложи турата и така фино си се изнаплакав и карам врнам и да се плукнам и во пари и во ствари ако неможиме да го гушниме синко и да му честитаме прв роденден заедно Емоциите ме доотепаа или хормоните или што и да е ама се улипав, ми порасна детето Љубов мајкина е Среќен роденден сине те сака мама најмногу на свет Спојлер: <3
@babyboy1 Те гушкам бејби, потполно те разбирам како ти е Среќен нека му е роденденот на малиот, голем да расне, жив и здрав, весел, радосен И мојот Бамби не е веќе бебе, станав пред мажињата од трема, седам на тераса со кафе и се тресам од возбуда. Вчера цел ден се потсетував на пораѓајот и солзи на очи сами идат. Една година летна неосетно Најсреќен роденден совршенство мое, те обожавам, ми го разубави животот. Те сакам премногу