@Jana06 @babyboy1 Смрзнав од што сум наежена додека ве читам Големи да растат батковците, само да ве радуваат
@Jana06 @babyboy1 големи да растат да му се множат Мојата права љубов наполни 2. Сабајлето бев и среќна и тажна истовремено. Колку и да не сакаме морат да пораснат. Ваков ист момент доживував кога мораше првите алишта да се заменат со поголеми тажна бев. Верувам и повејќето од нас. Само да бидат живи и здрави
не смее АД млеко да се притолкува можеш водата да ја стоплиш и да додадеш млекото. Исто во ладна вода не може да се раствори добро прашакот со водата
Јас вака му го правам уште од кога е роден и немало проблем до сега. И во болница кога бевме вака му го правеа.
Живи здрави најсреќни нека се малецкте, брзо поминува стварно како вчера да беше Јана во труднички кога ја читав Уживајте мајки со бебушките
Дали е до времево или до што е не знам веќе, ама се истоштив стварно немам сила, најтешко е да си го гледаш детето болно и омалаксано, сочувствувам со тебе @marchi-cool еве и моето е со температура втори ден денеска, цел месец е вака преку една недела ние сме со температура, само со топломер во рака сум и си се утепувам од плачење по цел ден, баш сега во време на пандемија ние сме редовни во амбуланта како таму да живееме, и не разбирам бе што е ова пред секој преглед крв земање а детето се плаши и вришти од плачење веќе, греота е не можам да го слушам душата ми се распарчува. Докторката исто ме нервира веќе не знаела што да прави многу често качувал тт, не знам каде да го носам детево и што да правам вчера проверија мокрача се е добро и чисто, крвта со покачени леукоцити, грлото океј, носето затнато, а детето кенка цело време и гори од тт, чепчиња ставаме цело време, премногу сум исплашена бидејќи не знам од што му е тт, денес бевме му земаа брисеви од грло и нос па ќе видиме кога ќе стасаат резултатите да не е некоја бактерија во прашање, ама до тогаш ќе умрам од загриженост. Најтешко е да си мајка, дефинитивно.
Дали некој има искуство со каснување од куче на дете?Малиот е 2,5 год и вчера го касна куче.Устата му ја гризна.Има 4 5 заби,огромен оток,мал откинат дел на образот. Прашањето ми е како јас да се поставам кога ќе бидат во близина на кучиња? Дека нема да дозволам да се доближат до куче,тоа е факт.Малото од вчера ме прашува зошто кучето го гризнало.Му објаснувам дека кучето згрешило дека ќе го искараме.Од една страна не сакам да им набивам страв,од друга страна јас во куче веќе доверба немам.Стресот што си го изедов вчера мене ми скрати десет години од животот.
Не сум пишала досега во групава ама да те утешам морам. Брат ми ко малецок беше ист немаше раат нон стоп температура качуваше па антибиотици само што завршил за некое време пак температура. Заврши и на клиника и тек раму тогаш му земаа брисеви излезе бактерија која реагирала само на еден антибиотик тогаш од една терапија се среди и веќе немаше мака. Така да добро штом земале брисеви со време и со лесно ќе се најде причината
Зависи за какво куче збориме. Пример од некои улични и мене ми е страв и нема потреба да ги гал, а домашни се претежно на ланец освен ако не ти е ептен близок па да го погали, ако е непознат ќе го излажеш детенцето. Јас кога го шетам моето обавезно им викам дека има ампула и не смее да се гали. Е баш ради вакци ситуации не сакам и страв ми е, деца го гушкале и бацувале, си викам недај боже кој ќе одговара... баш ми е жал за стресот што си го претрпела. На лекар што ви кажаа ќе треба тетанус да прими?
Ми фалеше тема како труднички муабети, а скроз заборавив на оваа, па ми текна и еве да се преселам тука. Направивме еден месец, уште не сум свесна дека имам мое дете ислрено да ви кажам Еве денес ќе одиме на вакцина, пошто во Чаир бсж не стваат при раѓање, треба нешто посебно да носам за бебево документи? Тоа картончето дека примил за жолтица, книшка нешто? Ќе земам јас се, ама конкретно вака кој знае да ми каже, ништо не ми кажаа на телефон. Да очекувам ли температура после вакцинава или? Ич не сум упатена, ама ќе се научам ваљда, прво ми е Убав ден мамички
Картончето од болниц аи книшка ако имате земи си ја. Обично од оваа вакцина реакција дава само на рачето белег треба да остане. Со лесно . моево е 9м скоро па сеуште на моменти не ми се верува.
Исто и кај нас, ќе го испие антибиотикот и таман ќе речам е добро е се среди, по две недели пак температура. Дај боже што поскоро да се среди бидејќи веќе психички попуштив и не ми се живее, од дете што постојано се смееше и си играше сега е омалаксан и само си лежи, ниту се превртува како претходно, ништо не му е интересно, душата ми се кине кога го гледам, се осеќам како да сака да ми каже нешто кога кенка и ммка ама не го разбирам и тоа повеќе ме уништува, а него му е уште по тешко од мене сигурно. Фала што проба да ме утешиш, се надевам дека брзо ќе заврши ова.
Кучето е домашно,не наше,ама добро познато,на наши роднини.Кучето си беше на ланец,а он клекнат доле го гледаше кучето.Они од мали го знаат,си играат со него. Денес сме на контрола на пластика,тетанус ни рекоа да прими без да ја видат книшката,после со уште три доктори установивме дека има примено во март тетанус па немаше потреба од пак.