@babyboy1 @Jana06 @Happyinlove нека му е среќен роденденот на бебушите големи да растат, среќно и безгрижно детство Седам со кафе в рака и го гледам синко кај што спие.Се прашувам што ме сакал толку Господ па ми дал ваква убавина, не можам да му се нагледам.Па коса му пораснала,па рачињата му се издолжиле,црвени обравчиња Само го гушкам и го бакнувам, а сум станала посесивна кога некој друг ми го гушкаПа само мајка смее Периодов ми е малку тешко, имаме некои несогласувања со мм.Гледам да не се нервирам и да гледам на добрата страна, ама тешко оди. Јас обично важам за цврста личност и не откривам секогаш што ме мачи ама тие што ме израснале од километар ме познаваат. Така вчера мајка ми од нигде никаде ме праша што ми е.Пред уста да отворам солзи сами ми капеа. Едноставно ми се собра сето заедно. Ми кажа дека имам целосна поддршка од неа и од татко ми за било што да ми треба, па макар и да одлучам да се вратам кај нив. Вратата кај нив ми е секогаш отворена. Сами живеат, но и да имаше и некој друг исто ќе беше.Не е дојдено уште до тоа,ама натаму е тргнато, морам да сменам нешто. Дојдов до ситуација да немам волја за ништо, само бебево може да ме стане од кревет. А тоа мало невино бебеуле е за пример.Премирен е премил е.Како да знае дека нешто ме мачи периодов и сочувствува со мене. Поврзани се бебињата со мајките на некој чуден начин. Не сум јас ваква обично, секогаш гледам од добрата страна ама ете.. Дали е период или не времето ќе покаже.
Ај да чкртнам нешто и јас. Денес отидов на фризер конечно после цела година. Срам ми беше да кажам дека од лани од април не сум шишана. Отидов пеш за да попешачам, мислев добро ќе ми дојде ама зажалив. Се присетив колку многу пешачев и по угорницини по секакви патишта низ Штип. Такси не ми се плаќаше тогаш и секој ден имав минимум 11км одење. Сега на рамно не можам да стигнам оди оди, не се стигнува, а и не е толку далеку.. Вистина било тоа што викаат млада остаруваш откако ќе родиш. На враќање влегов во неколку продавници купив за бебе играчка, пижами и бодиња. Дома стигнувам малиот надвор седнат во количка целиот насмеан си игра со штипки. Кога ме виде се израдува. Веќе не плаче по мене кога одам некаде. Претходно морав да му бегам без да ме види за да не ме бара. Сега си заигрува и дури ми мавта кога велам "Чао". Сега си спие, јас работев малку и сега одмарам. Кога ќе се разбуди ќе го прошетам некаде и едвај чекам и јас да спијам вечер.
Леле бе, душа, се наежив, мало е детето уште може и брзо ќе заборави па нема да му остане стравот. Многу кучиња кај нас и тоа улични колку се собираат, само вртиме кога шетаме де од ваму де од таму, до сега не нападнале ама не им верувам.
Знаеш мојот татко не е љубител на кучиња,и јас така сум порасната.На пример ми е страв од папагал.Ги сакам,ги чувам,ама ете се плашам да ги допирам.Е моиве деца се тотална спротивност.Они па премногу сакаат секакви животни,ги галат.И поаѓајќи од мене си реков нека ги нека сакаат секакви миленици,сум ги оставала и улични да галат.Три дена сме во шок.Неможе сликата од мозок да ми излезе.Си викам фала ти боже што не му повреди јазик или очиња.Он не е баш малку повреден,само не е шиен.Устата му беше отворена,буквално месото му се гледаше.Има седум угризи на горна усна,доле еден,на образ дупка цела,месото подоткачено,изгребан на муцка,и нос.Цел беше крв,и од устата почна да плука крв.Душата ми излезе.Незнам ни како патувавме од болница во болница.Не се сеќавам ни како сум давала податоци.Прво ми е жал што како родител дозволив да се случи тоа.Он три дена со жален глас ме прашува зошто кучето го гризнало.И тоа е куче што он го познава од негова една година. Ете јас бев таа што викав дете си сака животно и животното дете.Криво ми е и што толку имаа љубов за него,и они неможат да сфатат зошто се повредени.Криво ми е и што поголемиот го гледаше сето тоа,како трчавме како избезумени насекаде.Јас трчај во ординација,па надвор кај големото да му објаснам дека не е ништо страшно,да не се плаши. Извини на огромниов пост ама толку ми тежеше на душава.
Јас се извинувам, денес немав време да ве читам само набрзинка напишав. Сега гледам имало родендени. Епа среќен роденден на секое роденденко. Да не ве тагнувам мајки ви честитам на сите. И на моето малечко роденден му се ближи. Само што јас не мислам дека летна времето. Не ми се чини како вчера да било. Туку си велам зарем само една година? Долга година ми беше.. Затоа можеби така ми се чини. Но факт е дека секој месец си честитам сама на себе дека сум издржала уште еден месец и дека многу нешта се сега зад мене. Се надевам и ќе остане сѐ зад мене. Сонувам за подобри денови, сонувам за радости.
Знам од искуство колку е сето тоа тешко. Ви посакувам само побрзо да го најдете чарето. И ќе помине и тоа, ќе се најде лекот. Ти не троши енергија на нервирање, за џабе е, гушкај само, гледај да направиш сѐ за да му е удобно, едноставно мисли на детето, не на што е или што би било ако... Ништо од тоа не е во твоја контрола, само грижата и удобноста, тука можеш да помогнеш. Господе боже. Што ќе биде со кучето? Што велат тие? И мене душата ме заболе читајќи те. Сирото, уфффф. Не се обвинувај, сите не сакаме да им втераме страв во коски, па домашни ајде, познати се нели. И мојата гали исто. Нека му е со помин само, душа. Првата година е многу тешка. Само треба приоритетите да ви се исти. Јас и маж ми бевме договорени дека бебето е на прво место и толку, за двајцата исто. Не оди баш ако само за едниот е така. Дај си време и простор, размисли, прекрасно е што имаш таква поддршка од твоите, имаш секогаш на некој да се потпреш.
Леле мајкааа јас се потресов. Верувај од такви сцени имам страв ама во срж ми е. Нескам да му наметнам страв на мое дете но несакам ни да биде повреден. Моево дете па што куче маче ке му помине пред рака мора да застанеме и да го гали да го стиска. Дете како дете 2 годишно што разбира што кажувам јас или може да распознае кучето или мачето дека несака да биде галено. Јас толку неубаво изреагирав во парк куче лежи детево ајде да го гали истрча а кјчката сирота тазе породена беше овај мојов ја тегне за цицките. Спискав и куче и дете мое преплашив. Па си викам дали сум нормална. И ништо да не сака да му направи кучето јас испаничив што навистина кучето не само него него и мене можеше да ни направи нешто. Единствено што можеш да направиш е да го мачкаш со кантарионово масло за да не му остане белег. И збори му дека не се сите кучиња неумни како тоа што го гризнало. Исто како некои лоши деца што има што тепаат така и животните. За да не го памети тој трауматичен момент и да не паничо утре по улица кога ке види куче или маче. А ти мајка пробај да ја заборавиш грозната слика
@RainBow @Happyinlove Па луѓето беа многу исплашени кога се случи тоа.Сите се растрчавме,они сакаа да викаат брза помош,ама така ќе изгубивме на време,го ставивме во кола и одма во болница.Кучето не напаѓа прв пат,втор му е.Првиот пат ајде можеби детето го закачнало незнам ти што,ама овој пат се се одвиваше пред мои очи и знам дека во моето дете нема вина,особено што никогаш не кренале рака на кучето.Јас да сум на нивно место би го успала кучето.Они рекоа кога ќе сме отишле таму ќе му ставеле маска на кучето. Ајде помина се без шиење и тешки компликации,ама отпосле стравот ми дојде како ќе јаде,цела уста отечена.Само што се вративме од болница он побара јајце да јаде,изеде две.Јунак мајкин.Похрабро дете не сум сретнала.Сега сме на друга мака,раните полека зараснуваат ама длабоки се.Дете како дете само трча скока,а да удри на устата одма ќе се отворат раните.Мозокот ми зуи три дена.Среќа пие се што ќе му дадам,антибиотикот без проблем го пие.
Каснам јас, Среќен роденден на бебушите @Jana06 и @babyboy1. Среќен нека е и на големиот батко @Happyinlove
Втор пат се случува и тие велат маска ќе ставиме ццц. Јас да сум на твое место ќе ги пријавам. Ако имаат агресивно куче нека си го затворат безосетни. Се изнервирав. Со помин нека е баш ми е жал
Не сум за наштетување на животни, ама нели можеш да пријавиш? Нешто построго да се преземе? А и не е прв пат ова. Да им одредат некои мерки. Може пак на нкоа друго дете да му се случи ова.
Јас ако пријавам претпоставувам ќе го успијат кучето.Нивната ќерка се утепала плачејќи за кучето.Они викаат ќе седи врзано со маска.Јас секако моите деца нема да дозволам да припарат до него.И им нагласив дека може да се случи повторно на друго дете.Они пак ми потенцираа дека со маска е постојано откако се случи тоа.Останатото е на нив.
@simona_baby се потресов и јас, со помин да е, лелееееее бе душа Јас би ги пријавила и за нивно добро, можат и да се лутат колку сакаат, ќерката подобро да се исплаче и на тоа да остане! Не ми остана памет да пишам повеќе, бебево мое денес змија можеше да го касне Змија која сам ја фати Боже ме сачувај значи веќе од бебево, од памет ме извади Нека ги чува само некоја сјајна ѕвездичка сите дечиња, дури пораснат ќе ни обелат косите, а кога ќе пораснат ќе копнееме да се повторно мали.. Мали деца = мали проблеми! Големи деца = големи проблеми! Оваа година ќе славам јубилеен бдеј и уште немам бели влакна на глава. Нека потрае барем до бдејот да немам Кафе ќе пијам и ќе играм Кенди Убава вечер Гушкајте малишанки
Незнаев каде да го поставам прашањево мајки кажете чаре за капс ? Скоро три недели се мачам еднаш или два пати можда сум се прочистила и тоа малку
Majka odma da prijavis, so izvestajot od lekar pravo vo policija. Rodnini be mi e gajle kuce dete da mi kasne nedaj boze i da kutam nema sansi. Ako policija ne prezeme nesto jas bi prezemala da ne pisuvam tuka ima kuckari odma ke me napadnat. Za dete se raboti, a sto ako nedaj boze ja kasne i nivnata kerka zar i togas samo maska ke mu stavat? Ajde be gluposti.
имаше тт. 39.7 доволно за душа да ти излезе. Антибиотикот кој матичниот ни го даде изгледа врска си немаше зашто при 2 употреби веќе се очекува да намали и температурата. Ни ставија инекција и среќа добро ја пројдовме ноќта. Од тогаш не крена воопшто тт. истово го пројдов со големиот, на 5 години го фати. Коксаки вирус е. Ама доволно да те извади од памет. И да тие фатите се ептен незгодни. фала му на Бога добро пројдовме. Пак среќа што цица (сеуште) и многу добро му дојде. Ем да не дехидрира ем еден вид на смирување
како испаднаа резултатите од брисевите? Не знам како тоа од доктор да добиеш одговор ништо не му е а притоа детето има тт или некој симптом.