Чисти се и брисевите нема никаква бактерија, и на ушно го носев случајно да не има воспалено увце и тоа е добро. Само два дена имаше тт, од тогаш е добар. А докторката дефинитивно ќе ја сменам бидејќи само паника ми ствара, а температурата ја препиша на тоа што претходно пред да качи тт детето беше цел ден надвор.
Веднаш штом можев после царскиот рез. 2-3 недели после породување мислам беше. Зошто ти е страв? Наместено седиште/ транспортер, врзано бебе и возиш
Имав неколку обиди кога беше поголем и нема шанси да остане мирен. Се вртам цело време да го смирувам, да му давам играчки и стресно ми е. Сега како госпоѓа седам позади, други ме возат Се надевам ќе се смири кај и да е, да можам да излезам со него, а не стално да зависам од некој. Додека е помало немаш гајле обично одма заспиваат.
Ќе го тампираш времето да излегувате кога му се приспива ние сме 9+ и не седи воопшто мирен се врти кемка се буни, плаче и кога излегувам гледам да му се приспива и уште од паркинг не сум излездна веќе спие и така и за кога треба да се вратиме. А ако е помало немаш проблем цуцла ако фаќа ставаш и тоа за 10мин ќе биде заспано.. Јас од 6м се возам напред со мм бебе е назад, за да свати декаа нема да има постојано човек до него
Денеска во паркче запознав баба која чуваше две внучиња. Моево се влечеше по децата, па така почнавме муабет. Дека имам одбивност кон баба сервис, баш бев ептен пријатно изненадена. Ајде што беа децата преубаво воспитани, ајде што се препаметни и културни туку каков убав однос имаат изградено со неа. Бабава строга, но фина. Си направивме убав муабет околу чувањето и жената беше баш да посакаш да ја имаш дома за помош, ептен по мои мерки и околу исхрана и активности Децата го играа моето во трева, му дадоа топка, пишуваа со креди и на крај мојата маза отиде и ги гушна двете, душата ми се стопли Ептен се гали со сите. Така да, ако има мајка на деца Бојан и Огнен на форумов, децата ти се златни, ептен добра работа си завршила
Добар ден мајки Се спремив за шетање уште пред саат ипол. Го чекав бебе да стане од спиење, да ја облечам, нацицам и да тргнеме. Бебе во количка, обув патики, ѓубрето спремно да го изнесам. Барам клуч - немааа. Мм ги земал по грешка двата а секое сабајле кога ќе излезе за на работа не заклучува. Сега сме заробени дома до попладне Изнесов бебе на тераса, ја играв со играчки ама не е исто... Ај попладне можда ако се погоди времето.. Бебе е добра. Фаќа играчки со двете рачиња. Сабајле во 4 прв пат се преврте од грб на стомаче со рацете извадени од под неа. Од тогаш до сега уште едно 5 пати истото.. Како сокол ја набљудувам, да не направиме беља. Стагнирала со тежина па сега поинтензивно се доиме а и АД давам. Многу ми е криво ама битно она да е жива и здрава. Инаку вака весела е, си црцори по цел ден, па се кара со играчките, па се кара со нас за во раце, кога ќе ја извадиме од вода после бањање плачки Планирам да и купиме базенче за на тераса. Ме советуваа за коцкасто, поцврсто било на краевите за да се потпре бебе. За станбено прашање уште чекаме амин од банка, изгледа ќе потрае цела процедура. Ама ако, битно да биде. Вчера му викам на мм, понекогаш не ми се верува дека имаме дете. Едно е секојдневни обврски како хранење, пелени менување, играње, бањање. Ама дека детенцево си е наше, со што ли го заслуживме се прашувам Работа ми зафалува повремено ама сеуште не доволно. Си уживам во ќере Немам ништо посебно да кажам, само така да ве поздравам од кафезов мој Имајте убава недела
моето само една ден имаше тт. Вечерта со 39.7 на дежурна прими инекција и толку беше од температурата. И јас ќе го менувам матичниот. Не чекав да дојде што се вика "нож до коска" го однесов на матичен и џабе
Хаос сум денеска. Бебе има скоро 2 месеци. Можам да кажам од психичка гледна точка добра бев до сега не запаѓав во некои депресии. Механички функционирав, грижа за бебе, чистење, перење, пеглање... Ама денеска чувствувам како некој инвалидитет да имам. Не можам надвор ниедна обврска да завршам сама, не можам ништо да направам без да зависам од некој. Имам помош од маж ми, ама веќе ми здосади, само купи ми ова, купи ми она, ова ми треба, тоа ми треба. Се чувствувам како на грб да ме носи. Знам дека делумно јас сум крива, не е невозможно со бебе да се отиде некаде, само не покренувам иницијатива, уште не можам сама со бебе надвор да излезам... Ваљда не е себично од моја страна така да се чувствувам. И знам, бебе е уште мало, има време, ќе си дојде се на свое место, но ете денес не ми е денот
Сите сме имале такви денови и најдобро е да се искажеш макар и само на лист хартија. Па и две години кога ќе има пак ќе има мама такви денови. Едноставно луѓе сме. Во тие денови исплачи се, ништо не чисти дома или чисти, зависи како ти одговара ама едноставно паузирај. Ќе поминат и ваквите денови па пак ќе дојдат и така.
Мајки бебево ми се расплачува во сон и така успано плаче пишти со замижани очи. Го будам јас ама пак продолжува да плаче.Зошто вака прави? И како да му помогнам??? И некако Како исплашено ми делува.. И некој совет да ми дадете за болките во грбот зошто беба цело време сака во раце неможам да спијам навечер, дежурам потпрена на грб...
Скок во развој, и ќерка ми беше исто а читав искуства од повеќе мајки дека повеќето бебиња истото го прават. Помагаат бели звуци, но кај нас не Ја нишкав, ја галев и се смируваше по некое време.
Во скок е. Не го буди, полошо правиш, ќе го расониш па ај пак презаспивање. Земи го и нежно нишкај го, ако сака бели звуци пушти ги додека го нишкаш на погласно, и намали ги кога ќе го легнеш, но цело време нека има во позадина. Кај нас звукот од фен успева. Две недели траеше кај моето ова, финтата е одма да реагираш кога ќе заплаче така веднаш се смирува. За болките во грб напиј се апче кое ти делува против болка да те опушти малку и почни со лесни вежби. Мене вежбата како да вртиш хулахоп ми помогна за таа болка.
Мајки дали некој има искуство со бактерија протеус кај дете.Никако не може да ја искорени се појави пред една година и постојано се повторува
Многу изразен скок во развој, ке гушкаш бебе бели звуци ако помагаат и тоа е. До прва следува се скокови, регресии, заби, лазење, проодување. За болки во грб трајно решение немам секоја вечер ме убива грбот но ми помага масажа и кетонал(не доев)
Да шкртнам и јас неколку реченици пред да заспијам.. При крај сме на 5 скок и веќе се гледа промена. До пред 2 недели мака мачев со заспивање, по 2 саата се успивавме. Сега одма заспива во раце, ама денските дремки сака кај мене во раце да ги спие. Не дава да ја спуштам ни на спална ни во креветче. Па принудена сум да лежам со неа. И право да ви кажам, уживам. До пред некое време се нервирав, зошто не можам ништо по дома да си завршам, ама почнав некако поинаку да гледам на работите. Со свеки пошо е пензионерка се договоривме кога ќе може да доаѓа да ја зема ќерче да ја прошета 2-3 саати, да си истера една дремка така, а за тоа време јас да си завршам обврски низ дома или да си одморам. До сега настапував посесивно и опседната бев со бебето, со спиењето, доењето, сега веќе и јадењето, дека никој не може да ја заспие освен јас, или па ја играле а требало да спие и не прифаќав никаква помош, ама доста е. Ништо не можев да си завршам по дома, до 18ч сама, буквално во хаос живеев. Вака многу поубаво се осеќам. И бебе посреќно и јас посреќна. Оваа одлука и на бракот многу позитивно влијае. Не се караме веќе со сопругот, интимноста ни е ептен вратена, некако поинаку се гледаме. Дури почнав да расмислувам за второ бебе, отсекогаш сакав да имам деца на мала разлика, ама наеднаш ќе се сепнам и си велам чекај прво на ова да му се нарадувам. Ете така се ослободив од едни секојдневни нервози. Уште да ослабам 10на кг и ќе сум топ Би пишувала уште ама очите ми паѓаат. Само што и дадов dream feed на бебка и ја вратив во креветче. Мирна ноќ и убав ден имајте мајки.
Добар деееен Втор ден градинка и не знам што со себе Бев од сабајле на забар поправав заби за прв пат во живот, ништо страшно ме стругна само површински ама и тој страв го победив Па ѕвонев на сите по ред за кафе додека чекам да го земам ама нели сите работат. И така си седнав сама и ве читкам. Го преживеав вчерашниот ден, да знаев дека така ќе влезе со учителката уште на 9м ќе го пратев. Си ја гушнал и не се ни свртел по татко му. Да, татко му го однесе зашто јас си го замислив примопредавањето со вриштење, лигавење и ми беше страв Одлично се снашол, се смеел, си играл, јадел, само уште не го зимаат за да преспие. Уште некој ден да помине и прво ќе направам една убава генералка дома, ќе активирам социјален живот и ќе барам работа. Седенка со другарките веќе ми е закажана Садоперот денеска ќе стигне, па едвај чекам да се шлапкаме на тераса. Кажете ми, каде можам да најдам лего коцки ама поголеми да не може да ги стави во уста? Гледам подолго време покажува интерес да реди, да става играчки една врз друга, ги спојува. Се мислев за сложувалка од 3 дела ама досадно ми е тоа. @Lovebug01 Баш убаво што си ги скратила канџите И јас моментот кога го направив тоа се препородив. Нормална појава е ама се преморуваме од моментот супер мама. Седи, уживај, нека шетаат блиските бебе