Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    2.272

    Кој месец е бебето? Ние сега сме во 9 ти и планираме од јуни да појдеме во градинка значи тогаш ќе бидеме во 10ти. Дали е делен до сега од Вас и по колко часа го оставивте прв ден?
    Дајте ми некпј совет што како му спремивте за таму, за јадење како правите што им дават?
    Поздрав
     
  2. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    На Јана наполни годинка :)
    Мојата ќе ја пуштам од јуни со полни 9 месеци. За време во градинка ќе се договарате со воспитачките таму, тие ќе ви кажат по колку часа днебноми полека ќе зголемите. Храна од дома не носиме, само чаша шише од што пие детето. Памперси, влажни, резерва облека.
    На волку мали деца нема како да ги подготвиме, ќе ги оставаме по малку и ќе се надеваме брзо да се прилагодат.
     
    На azelea, Anaouou, thelittle17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    @Anaouou 12 ипол месеци е. Не е делен освен неколку пати по некој саат ама со бабите. Му носам резервна облека, шише со вода, цуцла стави ако ја користи, памперс, влажни. Ќе ти кажат од таму што треба ама секако стави си тоа што си користи дома.
    Вчера требаше 1 саат да биде ама си играл, па го оставија 2 саати. Денеска го носев 3 саати, утре исто ќе биде. Сакав да пробам од утре да преспие ама сега ми се мачи некако во сон, па си викам да почекам да не го форсирам. Имал денеска моменти кога плачел ама брзо се смирувал. Најважно ми е дека си јадел убаво, а според учителката тоа било добар знак дека убаво се адаптира. И јас се секирав многу ама многу им се радува на децата, мислам дека ќе нема проблем.
     
    На azelea, babyboy1, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  4. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.584
    Добар ден :hug:
    јас пак јавив "дефект" (facepalm) Абе како не сум рает да уживам со детево.. Све нешто ми се дешава добро е до сега минувало брзо и лесно али овој пат не е баш така примам терапија антибиотици и тоа секој ден во болница преку вена по 1час и назад дома, крвна слика све под нормала све тоа од замор се си мислам така.. Додека ми тече инфузија си плачам ради што дете оставам на баба сервис да го чуват, а појма немат ми се јавуват не јади, не пие, не е расположен, не спие и јас само си плачам;(
    Значи од сега си ветувам за второ дете не се вложувам олку од што бев посесивна не го давав на никој не го оставав на никој ете сега зато како на сила мора со некој да седи душа ми се стега..
    Амам да помини што поскоро да не треба да лежам по болници дури тогаш ќе пропаднам..
    Бебка е супер се додека е мама и тато дома ужива со нас кога треба некој да го чува верувајте лице не му се смее:(
    Одлучив на работа не се враќам али имам уште малку одмор да докористам и ќе дадам отказ.. Замолив за да одам само прва смена не одобрија, а нема кој да ми го чува бебе поготово послем 4 часот.
    Работам одамна и малку ми беше тежок фактот дека ќе бидам дома али еве се трудам да го сварам и тој момент па здравје ќе барам нешто што ми одговара и да биде само прва смена.. :D знам дека е тежок процес на наоѓање нова работа али тоа здравје првин бебе да наполни 1година па ќе се активирам и ќе бидам по ажурна во барање нова работа :mm:
    Многу сум негативна али ако не се искажам овде нема каде и баш ми олеснува :D
    Убав ден :inlove:
     
    На marchi-cool, azelea, babyboy1 и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    на 11 ипол месеци,прво пробував така низ сокак не се одалечував многу.во понеделникот после 11 ипол месеци бев ја возев сама и ја вратив дома
     
  6. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    @Jana06 ај честито ново поглавје:) уживај ке се навикнеш за брзо на мирот и тишината а и ти посакувам работа во блиска иднина.
    За лего дупло купувам од крш автобус со коцки азбука има почнуваат од 1+ не се ситни .

    Ние арни по дома. Јас едно кога ке испратам во градинка сум нова мајка а неможам ни да замислам како ке е и второво кога ке оди. Журки:lol::party:
    Еј ве читам за ослободување кога прв пат ке дадеш бебе на чување.
    Јас бев опседната со син ми можам да кажам болно опседната. Не можев да замислам да го допре некој друг. Немав доверба во никој ама баш во никого.
    Ееее се вратив на 8 и пол негови месеци на работа мајка ми го чуваше немаше шанси да го пратам во градинка. Па останав бремена и се до корона кризата кога сите се повлековме дома и сфатив што значи да си без помош никаква.
    Да живеат градинките јас ке кажам таму им е местото на децата.
    :l:
     
    На marchi-cool, azelea, babyboy1 и 23 други им се допаѓа ова.
  7. emits

    emits Популарен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2015
    Пораки:
    633
    Допаѓања:
    1.036
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки. Еве да шкртнам и јас нешто за прв пат, да си кажам да ми олесне :D Поминаа 9 месеци, бебе си порасна, а мене ми заврши породилното отсуство и почнав на работа. Со тешко срце бебе го пративме во градинка, еве трет ден мене срце ми се кине кога го оставаме. Мисливе само кај него ми се. Ама па од друга страна весел се враќа дома, си викам забавно му е таму. Имавме опција свеки да го чува кај нас, ама работиме од дома и не сакав така, повеќе бев за градинка па така и бидна. Бебево е мн жилаво и активно, па малку и одмор ми дојде и мене со градинкава. Имавме период на нејадење ама таму јадел што за тоа ми е ептен кејф.
    Чекам да ме известат од градинка како е денес и пијам кафе, па да се фатам за работа.

    Имајте убав ден :inlove:
     
    На azelea, Coco31, 24.07 и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки :sun:
    Не сум пишала одамна. Со чувањето на синко до мајка ми стигнавме, оваа недела го чува она. Ќе го чува до 4ти јуни. После тоа маж ми, па јас, па свекрвата, па пак мајка ми и средина на август ќе земам одмор и ќе оди во градинка. Искрено јас уште утре би го дала во градинка, но бабиве замараат. Ама е претешко. Да се концентрираш на работа, да правиш јадење, да го слушаш дека вришти во другата соба, а на состанок си и не можеш да станеш :sweat:
    Посебно последнава недела многу е тешок за чување, урла кога е без мене. Воопшто не се заигрува сам, мајка ми веќе се збудали од 4 дена чување. Абе му пее, го игра, дури и тв му пушта, лаптопот му го дава да го треска, цела кујна му ја извади и не и не. 2мин игра и плачки...
    Јас од следната недела почнувам со работа во друга фирма. Ако се сеќавате пишав дека бев на интервјуа уште во март. Ама тогаш ништо не излезе од тоа и многу се разочарав. Минатата недела ми се јавија и ми понудија работа и останав ваква 8-|
    Понудата и условите за работа се предобри, нешто што нема шанси да го добијам во сегашнава фирма ни за 5 години. Но има и мнооогу работа и одговорности. И колку што бев возбудена минатиот пат, сега сум испаничена и со страв. Посебно заради тоа што синко не оди во градинка. Еве денес не сакаше да спие и јас го успав ама од вторник нема веќе слободно време. Знам од другаркава, од 9 до 17 е фул со работа. Нема станување од столче...
    Некако ме тепа мам гилт ептен. Дали требаше сега да сменам, можеби требаше да искористам што во старава фирма знаев како функционираат работите и имав повеќе време да помагам околу синко.
    Па дури и ме фати еуфорија дека ете и во градинка ќе седи до 17ч и кога ќе си го гледам детето. По цел ден ќе бидам на работа. Ама од друга страна си викам не сум единствена мајка, сите работат до 17ч.
    Па си викам зашто трчав по пари, парите не се се во животот, можев да почекам.
    Од друга страна си викам со повеќе пари ќе може поубав живот да му пружам и ништо да не му недостига. Па ми текнува дека децата највеќе сакаат љубов и внимание. И така во круг деновиве....
    Наместо да се радувам на прекрасната прилика што ми се пружи и да се радувам што ми се исполнија желбите во однос на кариерата кои сакав да ги достигнам пред да наполнам 30год...

    Инаку роденденот го организиравме, се нарачавме. Ќе има и фотосесија со смаш кејк во друг ден. Ќе биде убаво...

    Поздрав мајки :sun:
     
    На marchi-cool, azelea, 0ли и 30 други им се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    @Butterfly1107 Честитки за новата работа и ти се восхитувам на успехот.
    Мајки сме пред се, но на децата им требаат и материјалните работи. Ич да не осеќаш вина зашто го даваш најдоброто од себе само за него. You go girl :l:
    И оди запиши си го во градинка да видиш раат и ти, да можеш да се посветиш убаво на работата, а детето ќе си биде најадено, анимирано, наспиено. Од 17h до 21h имаш и повеќе од доволно време за да го поминеш со него. Во слична ситуација бев, трети ден му е денеска, прерано е за да донесам заклучок, но не знаеш колку сум порасположена и одморена овие денови, а обврските дома завршени. Ич да не се мислиш, на децата местото им е во градинка со другите деца.
     
    На azelea, babyboy1, Coco31 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.606
    Морам да го споделам ѕверов, секој ден ме изненадува со нешто. Љубов мајкина!

     
    На azelea, 0ли, babyboy1 и 36 други им се допаѓа ова.
  11. stoimanovskamarija

    stoimanovskamarija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2013
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.529
    Мајки треба да вадам заб со анестезија, малото е 10 месеци и е и на комбинирано и цица и АД.Колку време после анестезијата не треба да ја дојам?
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Многу ми се собра за читање. Еден период ме немаше ни да влезам а кога ќе се уклулев само читав по темата ручек за малите и совети за деца до 2 год.

    Имав неколку лоши денови имам пишувано за тоа,се разболев па малото после мене па со маж ми имаше проблем, го касна некој инсект па трауми стресови по лекари и итна помош на крај остана сомневањето дека вероватно каснатото е од змија :worried: потоа почнаа нагло подготовки за преселба и чистење во стариот дом. Потоа чистење во новиот дом и еве недела дена како веќе се преселивме во новата куќа.

    Супер е да знаеш дека имаш нешто свое поголемо пошироко место за живеење ама со оглед на тоа дека живееме кај свекор ми а куќата не е довршена т.е делот кај што треба да живеат свекор ми со жена му и децата (има 3 на возраст од 10 до 13 год) не е ни почнат да се прави. И сеќавам дека кавгите допрва ќе излезат зашто свекор ми си тера си работи по свое и не го занима кој што мисли ни па се консултира со некого.

    Ќе видиме што ќе биде. Се надевам дека ќе го имаме мирот и дека нема да си ги соберам децата и да се вратам пак кај мајка ми ( кај што живеевме претходно)

    Па луѓенца имајте пријатна вечер. Чисто да чкртнам се јавив. Ме фати дремка па да не губам време зашто малото наутро рано ми станува а јас хронично ненаспана. Имајте пријатна вечер
     
    На azelea, 0ли, babyboy1 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.994
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Побарај анестезија без адреналин и можеш веднаш да доеш
     
    На stoimanovskamarija, LivingGlam и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Одма. Тоа е локална анестезија и минимално би се лачела во млеко, ако воопшто.

    јас за првата ќерка бев со анестезија во градата, па продолжив одма со доење.

    Сега пак примав локална и си продолжив да дојам одма.
     
    На stoimanovskamarija, LivingGlam, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.886
    Ајде добро утро. Станати сме од 5 како милионерите. Синоќа гладен беше, ама не го испи шишенцето со АД. Утрово уште во 5 вриштеше за млекце. Баба му сезнајка ми вели доста било АД, да пиел Битолско веќе..(facepalm)(facepalm)
    Јас претходната недела купив уште 7 кутии АД за над годинка и не планирам да давам кравјо млеко.

    За некој ден почнувам со работа. Возбудена сум како којзнае каде да одам. Вчера беше бурен ден. Не можев да седнам ни 5 минути. Прв пат му се развикав на син ми. Многу ме измори. И вчера ме разбуди уште во 5 и цел ден активен, а јас и ручек правев и дома средував. И за мене посебно јадење правев.. Ќе се издржи некако до септември.Да го пратам само во градинка и мислам ќе ми олесни малку. Секој ден по цел ден ме преморува. Вчера јас чистам и му оставив две бисквити за да биде мирен.. Кога ќе видам он ги омекнувал во уста и ги мачкал на подот, прозорецот и се што имало околу него. Потоа со тие рачињата и комодата ја излепил. Ајде и тоа го средив. Излегов со него до маркет со трициклот. Додека барав кус кус, дечкото си земал супи и ги растура рафтовите, ајде му ги земав, он плаче ли плаче. Го тргнав понастрана од рафтовите, и една тетка сакаше да помине па го подместив малку и он одма завлече кафиња и почна да шушка со нив.. Завршивме во маркетот, дома не дава да се оддалечам од него, со дете во раце ручек правев... Уште во 17 часот бев преморена и не можев да гледам, главоболка ми се створи. Жал ми беше што му се развикав, ама ме пукна. Не сакаше ниту да јаде ниту да спие, а беше гладен и нервозен.. Врв на се беше кога си зеде киндер чоколадо. На маса стоеја цела кутија,ни даваат за него сите што ќе го видат ама јас не му давам тоа да јаде бидејќи и онака нешто во последно време ми е пребирлив. Ја земал господинот кутијата и ја искинал.. И јас од што бев зафатена предоцна видов дека земал и чоколатце и го мачкал. Не знае да го отвори, ама со рачето го стискал и од рака го видов како си лиже и ужива.. А јас се чудев зошто глас нема и како е мирен цели 5 минути, он се сладел..Сега веќе ништо нема на маса, бидејќи се става во уста, ама чоколадото не знам како го дофати, стоеше ептен на средина, и после се таму се вртеше откако го тргнав..:x:x
    Кога ќе прооди ќе видам јас маки.. Инаку му дадоа на подарок едно како појас за проодување на Лорели, ама јас не сакам ич такво да користиме.. И не го користам, ама ете баба му се забавува со тоа, го става во појасот и го тера да оди низ двор како куче врзано..:@:@:@ Подарокот го имаме веќе 2-3 недели, јас го избегнувам и го тргнувам на страна, свекрвата ме запнала да и го симнам кај неа, ја болела половината кога го чувала, тоа и било од помош многу. И викам не може, епа дубакот кај бил. Епа и тоа не може, и ајде ММ го натерала да и го однесе појасот.. Не сакам да се расправам бидејќи одма има она замерка, тој појас е подарок од нејзини роднини и сега јас ќе излезе за инат не сакам оти е од нив..

    Небитно тоа. Јас се нервирам и со факултетот. Доцнам со семинарска една, а не сакам да заебам сега и со тоа..Сега додека работам од дома минимално ми го чуваат само кога морам да го оставам. Ама наредна недела откако ќе почнам со работа ќе имам зафрканции и нервози. Завчера моравме со мм да одиме да средуваме документи, и свекрва тогаш не можела да го чува, подоцна ќе можела, и тука мм добро се изнервира и самиот рече дека градинката е веќе опција, штом јас почнувам набрзо со работа се потешко ќе биде за чување, не можам на него да рачунам бидејќи и тој работи две работи. До сега не беше опција градинката бидејќи само студирав и по малку работев од дома. Сите мајки биле зафатени, и работеле, и домаќинки биле, јас само факултет и дете сум имала, ништо претерано не било тоа за жалење, ама сега кога ќе ме нема дома повеќе часа сите ќе почувствуваат колку е захтевно да се чува мало дете и да се работи низ дома во исто време.
     
    На marchi-cool, azelea, Coco31 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки :coffee:
    Некако од како прележавме корона не можеме да се опоравиме целосно.
    Мора некој да е затнат, да кашла или како мене да повраќа 3 дена по ред:worried:
    Малава почнав со кашички, душичка се гледа гладна е па јаде а што ќе цица кога и јас ништо не јадев и пиев.. И тоа малце ќе го повратев..

    Татко ми се оперираше и биопсијата испадна добра:l: Ни падна засега еден голем камен од срце, но се надевам на ова и ќе остане.
    Денес убав ден, многу ми се шета посебно до Косово, си видов едни фармерки и маици од глава не ми искачаат:rofl: Маж беше 3та смена,спие не знам дали да го будам да ме носи..
    Ако отидам секако ќе ме читате во темите за шопинг:lol:
     
    На azelea, Coco31, hello-kitty.90 и 19 други им се допаѓа ова.
  17. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    780
    Пол:
    Женски
    Мило ми е за вас што сте се оправиле, а и за добрите вести во врска со татко ти :f:

    Сакам да те прашам од каде купуваш од Косово и каде ги гледаш на интернет? Се мислевме со мм баш минатата недела да одиме ама некако сме како уплашени :D
     
    На Snowflake92, MilaSs12, tanjatt и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    :hug::l:
    Омилени бутици ми се Ленти и Летти. Ме познаваат на форумов по нив:rofl:
    Тие ги имаш во Феризај, и во Приштина.
    Зошто уплашени? Таму имаш и продавници на Rossman, центарот на Феризај е фул со бутици. И не се скапи.
    Јас се таму купувам. Од гардероба до прашоци за перење.. :) Аутлетот во Феризај, Манго сандали си земав за 10€
    За малите какви попусти и избор имаше леле8-|
    Бенетон Зара х&м ..
     
    На hello-kitty.90, thelittle17, MilaSs12 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    780
    Пол:
    Женски
    Фала ти! :l:
    Па како би се снашле таму, како би комуницирале, и еден куп други вакви глупости :D Ќе го запнам маже, се надевам да отидеме еден ден :lol:
     
    На MilaSs12 и mssuniquee им се допаѓа ова.
  20. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    53.475
    Пол:
    Женски
    Па ни јас не знам албански, ама српски таму сите знаат:D Јас дур го прашувам мм они ми враќаат на српски :)
     
    На thelittle17, MilaSs12 и Inana123 им се допаѓа ова.