Додека доиш кондоми. Лично не би ризикувала да земам апчиња, а спирала не би ставила никогаш. Кога ке престанам да дојам планирам да почнам со некои, ама не знам кои.
Мојот Стварно ми помага многу, чува бебе, сменува пелени, ја капи.. Кога не можам да стигнам јас, тој прави ручеци/вечери
Абе не дека и мојов не го прави се тоа, не можам да се пожалам. Всушност имам пишувано, тој повеќе ќе прави ручеци, генералки и слично само не е трпелив со детево. И најмногу ме нервира кога ќе почне да драматизира дека нешто правиме погрешно, зошто детево плачело, не можел тој, нервози и слично.
Исто Има едно девојче кај нас, вака од око 4-5 год и оди на лулашки со две топки. Мојов е луд по топки ама се погоди неколку пати да не земеме ниедна со нас и како што си одеше во тревник ја здогледа нејзината топка и отиде, ја шутна 2-3 пати (значи година е, колку силно може да шутне) и седна доле да си игра со неа. Дојде девојчето, му ја грабна од раце, си ја прибра и другата и отиде на лулашки. Моево пошо не разбира, тргна по неа и пак стигна до топките и девојчето се качи на лизгалка и ги остави таму на високо да не може да ги дофати. Почна син ми да плаче зашто не разбира и нема начин да му објаснам зошто девојчето не му ги дава топките, ја погледнав мајка и, а таа само си ја сврте главата на другата страна. Си отидовме со плачки за да му земам топка од дома ама не ми се веруваше каков себичлук начекав. Страшно. Мислам ок, секој со своите ствари и не мора да ги дели ама знам дека јас ќе реагирав во истата ситуација.
Супер,ги укинаа мерките. Можеме слободно да славиме како што посакував. За 25 дена на малиот му е роденден. Вчера мм одмасе јави да закаже музика,договараме за кетеринг ама тешко дека ќе можат да ни ги исполнат желбите со храна како пто сум замислила. Ми рекоа дека ќе се консултираат со куваруте и ке ми кажат пто е можно да се направи. Која возбуда ја чувствувам. Лудава жена почна да не спие,планови,планови. Мм турбо го средува дворот кај викендичката. А јас се замарам со декорациски куки,слаткари,сликари. Бројката до 100 души ми одговара,ќе бидеме покриени со законот . Вие како ќе славите сега од кога ги разлабавија мерките?
И маж ми. Од сам старт го пресоблекува, некое време гледаше ама брзо му пројде тремата. Го шета храни пресоблекува бања итн. Готви, е не чисти, ама го носи синко надвор за да исчистам.
Исто и мојот. Не зборувам само за обврските низ дома и околу бебе. Тоа ни е поделено од старт. Трпение има повеќе од мене, знае мене да ме смирува кога правам драми и станува ноќе со бебе. Се меневме кога стануваше бебе неколку пати, сега се буди само еднаш па сеуште знае да ми каже “спиј ти, јас ќе одам” ова дека тој мн лесно презаспива, јас знам да се вртам со саати
Здраво и од мене Ич не сум активна во последно време, немам време ни да прднам Читам за помош од мажи сте се замуабетиле. Мојот додека дојде од работа, па да јаде, па да се изназбори на телефон доаѓа 18ч. Во 19 ќе му речам да ја бањаме и е мртов уморен ми вика па мора ли секој ден? Во 20ч ја заспивам а тој си гледа фудбал или си дреме на телефон...искрено си го знаев каков е, свесно се мажев. За чистење кренав раце, за правење ручек едвај некако. Планирам да викам жена за чистење, нека плати господинот па може ќе почне да цени. Инаку планираме крштевка следниот месец, мојата кукла направи скоро 8 месеци. Радост мајкина, прееска бевме на излезени на кафе со една другарка она си седеше умна во количка. Не ми се верува, ама едвај чекам да тргнам на работа, веќе не можам да дремам во кујна по цел ден. Ве гушкам и бакнувам
Како мојот маж да го опиша, се што треба ќе направи ама кога ќе дојде ред за детето одма измислува нешто само за да не му го оставам, одма му плачело он не можел да го слуша. 5 минути го игра иде и ми вика ајде земи го јас пола саат сум со детево, тебе те бара.
Хаха, некој ќе ни рече многу претерувате сега и вие, ама како и да е, кога се помали бебиња ова е поизразено. Он вика цело време, нека порасне ќе го земам ќе го шетам сам во парк, на кафе... Само да се издржи уште малце, мојов е година ипол и веќе мм знае да го качи во кола да го носи кај баба му.. не е приврзан за мене малиот, само да го занимава некој и среќен е (освен за спиење навечер, не ме дава)
Кога сме кај контрацепција. Пред некое време гледав на тв една емисија за спиралата. Според некои нови истражувања поттикнати од искуствата поголем број на жени, спиралата се поврзува со појава на депресија. Во повеќе случаи дури и до потешки случаеви на депресија. И јас помислував на таа опција ама тоа ме одврати некако.
Да пишам добро утро кој знај можи додека постирам и добро вечер ќе ме најди Супер поминат викенд имавме малку во Охрид малку во златна Преспа Бебе ја отвори сезоната на капење во Охрид направи ќејф си седна во плиткото си шлапка си фаќам камчина си лази милина и мама и тато со него ја отворија сезоната Секој ден све нешто ново прави али многу е концентриран на тоа да прооди а мал е и ќе се пушти и одма бапка на газе, за среќа не плачи Туку читам се отвориле многу теми за разговор Јас да си кажам дека повеќе во кондом не верувам со мм сме имале толку добар секс што на крај се скинал кондомот и се случи што се случи и на мм толку многу му се дерев како тој да е крив и его и машкос и све му ебав се испонашав како некоја тинеџерка од послем се свестив али бидна нема назад сега да се молам само да не сум бремена али не верувам од прва да бидне, за бебе се трудевме цела година додека фати Нели овде пишував дека бебе да направи 1г се фаќам за работа, но од кога се деси ова незнам што ми стана не сакам толку брзо друго бебе На тема маж и помагање мојов не е дома за да помага, а кога е дома тој е задолжен за ручек и вечера јас само доручек правам, околу бебе морам да му "наредам" нешто да направи за да го направи иначе не му текнува пр. оди сменете памперс, оди пресоблечиго, нараниго што ретко го рани немал нерви да го чека за капење не го капи половина го боли или не е дома не ни мора уживам да го капам Уште ова да си кажам никако д почнам со диета поточно со внимавање на исхрана имам планови од нутриционис пред да останам бремена али џабе бе луге не ми иди никако да почнам ми се јади глипости само и немам мотивација да почнам, а се ближи роденден на синко и крштевка како мечка ќе бидам, па и фустан одбрав али тешко дека ќе ми седи убаво ако продолжам вака. А и со меркиве како дојде ми одговара 100 луѓе, башка на отворено ќе биде Лее постов крш све измешав Уживајте мамички во денов иако е врнежлив мене омилено време
Јас отсекогаш размислував за спирала кога ќе завршам со раѓање, сега @mKdevojce ме замисли со ова. Засега си имам природна контрацепција наречена пцос Изгледа јајниците пак решиле да ме бојкотираат, пак ми касни и морам стварно да одам на гинеколог. На тема диета, принудена сум да пазам што јадам. Поради мојата болна опсесија со здрави заби и убава насмевка ставив протези на 30 години Не ме боли толку колку што ми ствараат нервоза, сакам да ги откорнам. Ништо не можам да јадам ама ајде ќе издржам. Барем симнав едно кило Малиот се научи за што служи кантата и сега само фрла нешто. На почеток идеше и фрлаше само влажни марамици ама обавезно и си вадеше нешто од неа, а сега почна се што ќе му се најде на пат да фрла. Чудно ни падна кога почна да ни снемува дома полначи, клучеви и погодете каде ги најдовме Сега очите ни се ширум отворени. Од утре планирам пак да го пратам во градинка и пак одново навикнување, се надевам ќе биде лесно како првиот пат. Со работа почнувам за една недела, едвај чекам. Маж денеска има слободен ден, па спиев до 9h. Му ги препуштив сите утрински ритуали. Сега шетаат, а јас си пијам кафе на тераса, камо среќа да можеше секое сабајле вакво да ми биде. Вчера ја извадивме колата на батерии и малиот се прерадува, не се симна од неа само ја пали, гаси, легнува во неа, па малку порелаксиран ден имав. Одам да подзачистам, доста беше безделничење, па може да се оди на ручек некаде. Убав ден
Добар ден. Ве читам за немање млеко, напредување и слично, па да си кажам дека првата ја доев и качуваше месечно повеќе отколку втората што е на ад, бебе минимално качува. Треба да правиме ехо на срце пак, аман веќе. Кога се роди ѝ правеа. Има аритмија. Тогаш со срцето беше се во ред, во нормална големина, само аритмија имаше. Матичниот гинеколог ме исплаши кога бев бремена дека срцето било поголемо од што требало, па после раѓање уште какви не испитувања ѝ правеа. Кај беше со сонда, па и дополнително ја измалтретираа. Вчера бевме во рибник, имаше како игралиште во склоп, лулашки такви работи. Големата беше таму се лулаше. Станав да ја видам, се вртам, гледам околу ја нема. Срцето ми застана. Го викнав мм, погледна тој некај реката и гледа таа таму си фрла камчиња со другите деца. Имало врата кај лулашките и од таму излезеле. Ми олесна, ама си помислив што ако несакајќи се лизне и падне во водата. Цел ден се тресев. Ама не беа децата виновни, туку родителите. Тие одат таму, а децата по нив, вратата ширум отворена и секој може да излезе. Секунда е доволна да настане некоја беља. Треба да одам по дуќаните да си купам фустан, девер ми ќе прави свадба во скоро, само најблиските во ресторан,па треба да се дотераме. А прашање е дали ќе најдам посвечен фустан. Породилно нема, да стане малата па ќе се разѕвонам, нема смисла ова. Едит: пуштија породилно
Леле ова ме потсети на периодот пред да се породам. Имено, девер ми и јатрвата неколку пати имаа кажано кога ќе сум се породила они ќе ја земат големата на чување и спиење кај нив со нивното дете, оти јас нема да можам со двете, бебето ноќеска ќе плачело, ќе ја будило големата и сл. Иронијата да е поголема, нивното дете кога се роди ноќеска спиеше многу малку и повеќе плачеше. Викаа баби, тетки да стануват ноќеска кога плачело, оти татко му одил на работа сабајле, а мајка му имала цврст сон и не можела да се разбуде кога бебето плачело. Кога се породив иронично прашуваа дали спиело бебето ноќеска. А мм им кажа дека ноќеска кај нас сите спијат. Уста не беа отвориле од тогаш. Неќни девер ми вика ај дајте ни го бебето ноќеска, ние нашиот ќе ви го дадеме Епа карма другарче
бебе облечено во боди на кратки и панталончиња мм: дај нешто по долги одозгора да ѝ ставиме, ладничко денес.. јас му подавам боди со долги ракави тој: Спојлер: отвори за фешн фејл
Леле супер тема. Многу ја читав труднички муабети, поим немав дека имало и ваква тема. Јас сум ви старо-нов член. Одамна имав профил ама денес нов направив. Читав редовно кога имав време, а сега решив и малку да пишувам. Многу мои другарки се дел од форумот, па се охрабрив и јас. Последно пишував како средношколка и тоа 2-3 мислења ако имав само. Па да почнам. Имам бебенце 14 месеци. Море детенце е веќе, ама за мене е бебе. Во некоја мрзелива фаза е. Се изнакупив играчки ама не е заинтересиран. Денес многу бев зафатена и никако не беше мирен. Уште нема проодено стабилно и морам да го пазам. Оди неколку чекори сам и си седнува или се фрла на подот и плаче. Сега не се удира толку често, има некаков осет, ама ете денес падна на тилот.. Го избањав и му се спиеше, а сопругот порача печени компири после работа да јаде, и ајде со бебе во раце ги лупев, сечев и зачинував.. Раката ме уби. Вчера примив втора доза од Синофарм и едвај го држев.. Се снајдов некако и еве го спие сега. Откако заспа седнав и почнав да се замарам со профили на форумот. Де да се најавам, де да се зачленам, па грешен имејл внесов, којзнае чиј е.. Една буква згрешив.. Mommy brain не функционира беспрекорно.. И така тоа имам сега за сега да си кажам. Се читамее