Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    4.935
    Пол:
    Женски
    Леле да се поправам малиот нема 14 месеци туку 13.. Стварно mommy brain ми е закоравен во последно време...Мејлот за една буква го згрешив па морав трет профил да отварам, сега па го пораснав детето за цел месец. ц ц. ц
     
    На gjoker4e, kukla21 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  2. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    битно се снашол и завршил работа - ова е ставот на мм
     
    На gjoker4e, MilaSs12 и rainbow_bb им се допаѓа ова.
  3. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    672
    Пол:
    Женски
    После 2 години ми текна да проверам дали сеуште го паметам пасвордот за на форумот.Прв обид и оп успешен. Реков да се потсетам на некои мои стари мислења..гледам во темата абортус последно мислење. Како во паника барам совет,утеха сакајќи да го абортирам непланираниот фетус,кој сега има 14 месеци и мирно си спие до мене.Мојот син. Мојата најголема љубов. Ќерка ми вчера наполни 3 години. Таа е татина. Секој ден си шеткаат заедно. Права другарка му е. Некако се навикна мм секаде да си ја носи со него.Веќе е големка и не му додева. Така да сите мајки на беблаци бидете мноогу трпеливи.И вашите нека потпркнат сигурно вашите сопрузи ќе сакаат со кеф да поминуваат време со своите деца.
    Јас сум од оние жени што мислам само да ме допре мм можам да останам трудна.Па ако некоја знае сигурен начин за природна контрацепција нека сподели.
    Добра ноќ :D
     
    На marchi-cool, mKdevojce, Coco31 и 22 други им се допаѓа ова.
  4. Chuchanov

    Chuchanov Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2019
    Пораки:
    1.519
    Допаѓања:
    2.942
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки сите со обврски за извоз сме...
    Се ближи роденденот и крштенката на ќерка ми, јас стандард сама дома се на мене препуштено, маж ми ќе си дојде во четврток, за во сабота ние закажано само најблиските 12 луѓе. Утре ќе и правам фотосесија и нарачав smach cake, украсував да ми биде се спремно кога ќе си дојдам од работа да се истуширам, јадеме двете и ќе стигне сликарот. Денес беше послушна ми "помагаше", битно заспа рано па завршив повеќе работи низ дома. Го исчитав вц-то, изџогирав, ги надув балоните се истушира и сега сон не ме фаќа.
    Страв ме фаќа за крштенката вода не сака да види секое бајнање зајдува, во вц-то кога ја носам да и измијам лице се бори со мене.Во фаза на породување сме, се испушка ама по неколку чекори претрчува
    Да се пофалам конечно направив нокти, се шишав, бев на масажа,си посветив време на мене што многу ми требаше.Одкога тргнав на работа полесно ми е не ме фаќа депресија како што ме факаше се сама со ќерка ми кога бев.
    Да спијам од 7 сум на работа
    Добра ноќ мајки :hug::l:
     
    На marchi-cool, mKdevojce, Butterfly1107 и 26 други им се допаѓа ова.
  5. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.422
    Допаѓања:
    37.626
    Пол:
    Женски
    Овој дел не го разбирам. Сопругот, поточно таткото, со кеф треба да поминува време со своето дете откако ќе се роди, значи само што ќе се роди. Ако го чекам да порасне детето па да сфати дека е татко ич не ми ни треба, ќе си бидам сама и мајка и татко.
    Можеби мислеше поинаку ама сепак не мајки, не чекајте да пркнат децата, од прв ден таткото треба да е исто како мајката. Прифаќање изговори од типот мало е, се плашел, што ако заплаче, да не знае пелена да му смени не се прифаќаат во никој случај. Дај и за нас ако не нека е мало, не знаеме пелена да смениме па ќе викнеме некој од комшиите. Абе ако не е свесен сам уште од прв ден го освествуваш дека е татко. Не може да дои ама друго се може.

    Јас дојдов да се пожалам дека полудев ама во детали да влегувам џабе е. Во меѓувреме мајкава под мене ја слушам колку вика па не знам дали да и понудам саат два едната да ги почува двете, саат два другата. 8)
     
    На marchi-cool, mssuniquee, Cherry333 и 34 други им се допаѓа ова.
  6. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    4.935
    Пол:
    Женски
    Седам на работа. Ништо не работам па викам ај да напишам нешто. Кафе ми се пие, ама заборавив да си земам, па пијам горска со лимон и си пушам цигари. Бебе беше многу весел денеска, бевме на гости и си играше со играчки, се галеше со сите, многу ми е мил кога се мачи да зборува па се смее сам на себе. Јас подобра сум од вчера раката ми се олабави. Ми ги немаше наочарите утрово и си направив стресови ги барав насекаде и веќе бев помирена со тоа дека морам да купувам нови и да фрлам 100-200 евра. Се опцув сама себе неколку пати за тоа како сум смотана баш за летно време кога најмнпгу ми требаат да ги изгубам. Ама сега влегувам на работа ги гледам тука оставени, па да ви кажам ептен ми олесни. Јас обично чувам работи не губам, не кршам, не оштетувам, ама ете некогаш ги оставам на безбедни, а сепак невообичаени места, баш како утрово што цели 5 минути ја барав кашичката за бебето, а сум ја ставила врз фрижидерот одозгора кога се поткревав прозор да отворам..
    Клиент дојде. Ќе пишам вечер после работа.
     
    На marchi-cool, hello-kitty.90, Coco31 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    672
    Пол:
    Женски
    Околу темата за татковците вклучени во обврските со децата.
    Ни најмалку не ги оправдувам татковците од типот ‘не знам ‘ и ‘не можам’
    Јас искрено многу се чудам кога некоја мајка ќе ми каже за незиниот сопруг дека немал никогаш сменето памперс на своето дете.
    Инаку моето мислење се однесуваше на ‘чувањето’и шетањето на детето надвор од домот. Да му го оставам на мм да го шета малиот од 14 месеци и да го врзи во седиште во кола тоа ќе биде вриштење до крајната дестинација.Додека ќерката може да ја носи колку сака и кај сака без проблем.Има голема разлика помеѓу дете од една година и три години.
    Што се однесува до мојот сопруг од страна на обврски околу нив досега, нокти не им сечел само ,и уши не им чистел,друго буквално се.
    Ама (fingers) некогаш повеќе,некогаш помалку во зависност од тоа дали сме сами или не. Кога се тука свекорот и свекрвата 99% обврската ќе му ја остави нив.
    Така што сметам дека тоа игра голема улога.
    Додека кај тие што немаат кој,немаат избор па мора самите.
    позз и убава вечер :D:D
     
    На marchi-cool, hello-kitty.90, Coco31 и 12 други им се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.802
    Допаѓања:
    40.355
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Од сите обврски околу децата, маж ми најмногу сака да ја успива малата, за да и он дремне покрај неа:D. Она си сака во раце да спие, а татко ѝ тоа го овозможува, па заедно си дремкат.
    Вчера бевме на ехо на срце. Супер си е малата, нема никаков проблем. Камен ми падна од срцето.
    Туку, големата почна да вртка околу мене, да ме гушка, да си играме заедно, сакам те мамо ми кажува. Едно време каква беше подивена, ме бркаше од неа, бегаше од мене. Си велев што му е на ова дете со однесувањето, се обвинував сама, се нервирав и плачев понекогаш кога бегаше од мене. Период ли ѝ е некаков, љубоморна ли е поради бебето, не знам. Ама многу ми беше криво. Сакам секогаш ваква да биде како сега:l:
     
    На DoubleK, Butterfly1107, hello-kitty.90 и 23 други им се допаѓа ова.
  9. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    4.935
    Пол:
    Женски
    Добра вечер мајки. Јас гости имав денес цел ден. Сега седнувам. Менструација синоќа добив, ама болки страшни... На кетонал сум цел ден, три испив од сабајле.
    Инаку мајки со ПЦОС да ве прашам дали после породување имавте промена кон подобро или не? На преглед не сум била од февруари, но приметувам дека менструацијата на време ми е, а не пијамт терапија. Пред бременоста пиев Јасмин неколку години, поточно од мојата 18та година па имав паузи од по неколку месеци поради нус појавите и депресијата. Докторката и на ехо потврди дека се уште ми е иста состојбата, полицистични јајници, акни се исфрлав многу, влакна исто имав многу, ама сега последниве два месеци потсмирено ми е. Единствено многу силни болки во јајници имам и многу болни и обилни менструации. Сакав да почнам со Јасмин повторно, ама прво докторот не ми дозволи заради тоа што пушам и заради тоа што имам ризици други. Во февруари ми рече дека можам ако сакам да почнам да пијам, ама сега јас не сакам заради тоа што се плашам како ќе ми влијаат психички. Имам историја со депресија и се плашам да не ми се врати.
     
    На hello-kitty.90, Осе, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Хајј :hai:
    Вчера бев на слава,се разврза муабет за деца..сите мајки имаа поголеми деца од по 8,10,15 години
    И јас као раскажувам дека бебла несакаше да јаде до скоро дека се со молење бла бла и ги прашував дали постои некое сирупче за апетит..
    И една од мајките коа рипна,Не никако да не ти текнало да даваш,као никогаш да не ти текне ни понатака ни за неколку години
    И зошто викам
    Вика види ги моиве ќерки,ги гледам едната е прилично дебелка,а другата е на пат кон натака :?:
    И вика мајкава ете ги гледаш,коа беа мали до 2,3 години ништо несакале да јадат и таа им давала сирупи за апетит да се разјадат вика од кои се не фирми купила за само да јадат но немало ефект...вика ееее сега после неколку години демек јадат како да не виделе и затоа се дебелки од сирупите кога ги пиеле како мали хммм :^)
    Има ли логика ?
    Имам еден купено да го фрлам одма ? Или нема врска муабетов
    Што мислите
     
    На Mia Fuentes, azelea, 24.07 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    Па не дека реално има врска сирупот со подоцнежниот апетит, ама мислам муабетот значи остајте ги сами си знаат колку им треба, што читав еден српски педијатар вели, децата треба да бидат слаби и активни, не дека им треба многу храна според некои наши мерки.
    Ќерката отсекогаш беше слабичка не е по храната, човка колку да преживее, ама здрава ми е, уште во јасли учителките велеа за неа дека е најредовна таму, уствари освен за сипаниците што седеше дома, не седела друг пат. И тоа само 1 недела тогаш. Значи не беше јадач. На чоколино преживуваше. Ова бебево сега си јаде апетит, месо домашно, со сите брокули чуда, се по список, па еве 2 дена вонградинка и ми се разболе.
     
    На marchi-cool, Butterfly1107, Coco31 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Се согласувам со ова. Многу сум против начинот на кој и мајка ми не израсна нас. Додека не изедеш се, нема да станеш од масата. И што постигна? Ја ставав манџата во вазната на прозорецот и станував.
     
    На Butterfly1107, azelea, Осе и 7 други им се допаѓа ова.
  13. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    Бебето, се роди убава тежина 3700, 3 и 4 месец ептен малку напредна, после тоа некој просек, и педијатарот секогаш ме предупредуваше, немој да ја направиш дебела, кога ќе почне да јаде, има мн добра тежина. А ние овде се натпреваруваме кое бебе повеќе ќе накачи.
     
    На marchi-cool, mssuniquee, ivance.. и 6 други им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.927
    Допаѓања:
    18.818
    Пол:
    Женски
    Уште го чекам денот синко да се разјаде колку што сакам јас. Деновиве на јаболки и патчиџани е. Појадуваше сув леб. Ништо, ни млеко со него, ни ништо. Потоа јогурт. Во стомак му се меша мислам дека.
    Давам сирупи за апетит ама нема фајде.
    Генетика на татко му, јаде колку му треба и става крај. И кога јаде умерено јаде. Маж ми исто.
    Кога вади заби, како сега 5ки, јаде како пиле. ;(
     
    На marchi-cool, hello-kitty.90 и thelittle17 им се допаѓа ова.
  15. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    абе од забите не јадат гарант,ништо не јадеше ете кога пркнаа двојките почна,не многу ама ипак почна не е само на млеко,во секој случај не е голем јадач
    Иначе за поголемата исто не јадеше кога и излегоа петките...и твојот како мојава петките пред две години ги извади а,мојава на 21 месец првата петка и проби цела,за кратко и втората
    а горните две ги извади сега на 2год и 4 месеца
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.927
    Допаѓања:
    18.818
    Пол:
    Женски
    Синко вади заби од 5 и пол месеци и од тогаш и не јаде. За 1 и 2ките се трпеше некако. Мал, па бутав каши некако. Од 1 година кога извади 4ки и 3ки за месец и пол има тренд на нејадење. Ама плука, пребира, денес сака нешто, утре не. Се вртиме во круг.
    Има 12 кг и само во висина оди, 7 цм од година до 20 месеци.
    22 месеци има и три 5ки излезени, една ке пробие за кратко.
    Ке видиме како ке е после тоа.
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Inana123

    Inana123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2020
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    780
    Пол:
    Женски
    Добра вечер од мене :hai:

    Беба штотуку заспа, едвај :whew: во 20ч мора да е заспана, но касно стана од последната дремка па дури ја искапам и средам и еве со нервози едвај заспа. Многу сака да се капи, значи обожава но чим почнам да ја облекувам вриска, пишти после саат време да ти ѕвонат ушите (lalala) Иначе има 6++ а уште има 4 дремки. Не е многу? И мал е прозорот на будност, максимум 2ч некогаш и помалку.

    Уште се заспива во раце, тоа не знам како ќе го поправам. Имам секако пробано, но џабе мора да е в раце. Од кога ги извади забите почна да си јади куклата, околу 180гр има два оброци. Прееска за ручек пиштеше дури да и ставам во уста, се изнасмеавме со мм. Не ми се верува колку брзо расти бебето мое :(

    Еве ја се разбуди :drunk: тешка ноќ е пред нас.. Добра ноќ, гушкајте малшани :hug:
     
    На hello-kitty.90, Coco31, dromka и 10 други им се допаѓа ова.
  18. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    4.935
    Пол:
    Женски
    Поздрав мајки, во последно време се чувствувам како да сум себична што сакам да имам време за себе и малку да одморам, па сликава беше тоа што ми требаше.
    13AEF7EA-4BEB-4954-8F08-93E275BBFAEF.jpeg
     
    На marchi-cool, thelittle17, mssuniquee и 19 други им се допаѓа ова.
  19. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Е што му фали ,јас понекогаш така ја облекувам :wasntme::wasntme:
    За да не биде боди врз боди :emo:
     
  20. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Леле, јас во целост..
    Ми треба одмор,очајни многу.


    Добро вечер мајки.
    Беба нана, а дадата остана кај мајка ми на спиење.
    А и што дека, да беше дома пак долу кај баба и ќе седеше дур не и дојде време за спиење, зошто ако седи со мене мисли ќе и викам дека треба да оди да спие, па многу не обожава да е тука.
    Денес,исто како и вчера избувнав зошто неќеше да спие.
    Ако помислам поубаво, исто како и пред 3 и пред 7 дена.
    Всушност, секојдневно избувнувам.
    Урлам кога не ме слуша, кога е преморена и спремна за спиење а плаче и тропа со нозете и вика на цел глас,се инаети и бега од собата.
    Тогаш се претворам во лоша мајка.
    Ја карам зашто не јаде и не спие, затоа што со лигавење бара да оди кај баба и а не дозволувам тогаш.
    Ја карам и без тронка емоција или жал ја нишам и чекам да заспие. А кога ќе заспие ја галам и ќе се расплачам од жал што тоа и го правам.
    Од инает тоа го правам.
    Како да сакам пред свекор и свекрва да докажам дека ЈАС сум строгата,дека не дозволувам дете на мене да вика,да урла и да се треска од земја.
    Како да ми е испод част кога ќе сака да оди кај нив, а не да седи со мене и бебето.

    Сега си лежам до малово,и пошо фала Богу сум конечно сама, конечно раат си се изнаплакав.
    Да можам барем на еден ден, само еден, да го вратам времето назад, точно знам што би правела.
    Би се вратила една година наназад, би ја гушкала големата цел ден, би и била истата таа добра,смирена мајка што бев прошлата година, би и смислувала игри,би ја шетала и размазувала до бескрај.
    Сакам да си се фатиме за раче и сами двете да си прошетаме и позборуваме.
    Без викање,без нервози.
    Ама не можам..
    Не знам ни кога ова почна, ама знам дека не можам да ја издржам оваа нервоза веќе.
    Не сакам да сум ваква, не се поднесувам.
    Како отров влијаам на детето мое, зарем и со бебево вака ќе бидам?

    Маж како и обично не е дома.
    Си има човекот обавези нели,никако дс завршат.
    Нервозите од него,ги истурам врз детето.
    Кога не можеш на магарето,удри на самарот викаат..
    Ах, не можам повеќе вака;(


    едит:лееле ова ко шамар ми дојде..
    A7DE22D4-DEED-428E-8C2A-6CB2424E56FA.jpeg

    Ќе си ја зачувам и ставам на дп за да ме потсетува.
     
    Последна измена: 4 јуни 2021
    На marchi-cool, Skorpija25, hello-kitty.90 и 20 други им се допаѓа ова.