Хело мами Добри сме ние ,малку турбулентна недела со кавги ,викања ,драми кршења. Не ,не со мм туку со свекрва ми. Од кожа ми иде да се излезам што од понеделник мора да седи со неа малата се надевам само следните два месеци еве и три нека се. После то со ум сум да и уплатам одмор или нешто неколку дена негде ем благодарност ем раат Дојде време за на работа враќање , ич не сум психички спремна да сум без бебе 10 часа ,а врв е што во времето кога ќе се враќам таа заспива значи фактички ќе биде со мене само 2 часа будна остатокот заспана А се буди во 5 сака да си игра ,таман 6:30 заспива јас тоа време треба да излезам Ако нека е здрава и жива ќе се издржи . Забите тераат веќе и горните двојки се до пола . Многу ми се оди негде далеку покрај вода раат барем две недели ,а по се изгледа нема нигде пак на одмор да одиме И не знам се измешав на крај.
Ма олабави, не вреди за свекрвиште да се замараш. Јас така се нервирав ама баталив, сега ја прашувам : "Ќе чуваш дете утре или да го носам кај тетка му?" и да видиш како одма сѐ откажува и го чува. А искрено и не сакам да го чува зошто пред една недела го однесе на село со неа само за да не го носам јас на сестра ми, и погодете, ми праќа свекорот слика, а до син ми стоби флипс. Никогаш немам му дадено, а 13 месеци е. Не дека се штетни, знам дека се, но лоша е навиката, ќе стане нејадач и после ќе викаат на мајка му е пребирлив, а уствари тие го хранат со киндер чоколади и смоки. Кажав и пред нив, да си знаат, и мм да слушне, и тој и се развика дека не сака такви лоши навики да му се наметнува уште од мало, понатаму секако ќе проба, ама сега нема потреба.
разбирам, само си го знам мм дека го мрзело да ги потспушти тренерчињата. @Chanell* сликата од big little feelings... ги следам на инста, уште од сега да си се едуцирам за тодлерска психа, ми се чини дека имаат одлични совети за родителство и справување со тантруми и најразлични ситуации.
Епа мила после две години ак не вреди да се карам за ова ај не вреди да се замерувам за она иста куќа ,постара поштовање демек ама некни ко ми рече таа ќе и праела што сака јас да сум ќутела затоа што сум “зависела” а единствено што зависам е да ја чува до септември (тогаш ќе имало место во градинка ) и уствари таа зависи оти јас ако не одам на работа ќе треба таа да плаќа сметки ама нема кој да и кажи. И плус трауми сум и правела на малата,таа повеќе ја сакала и исклучив. Епа ќе исклучам. Е сега веќе строго службено за детево друг разговор јок. Цели 9 месеци мајка и се прави е нема веќе. Читни ме во снаи и свекрви ќе видиш
Кога спомна членката смоки ми текна, знаете ли колку деца имам видено помали од моето, седнати во количка, ќесата стоби флипс отворена пред нив и си грицкаат, бебето среќно, мајката на раат си го вози. А јас од другата страна бутам количка, па го влечам малиот да не падне, па се бориме да не легнува на тротоар, да не повлече куче... Количката ја оставам, он ме носи по трева, по паркинг да ги допре сите коли, па се враќам назад по количката и едвај продолжуваме. Жива вода сум кога шетаме, не можам на крај да излезам. Не ми е јасно само нели тие смоки се со кикирики? Јас уште му немам дадено од страв од алергии, ќе му дадам секако ама не дошло ред. И сега јас 'поучена' од другите мајки како детето да седи мирно додека шетаме, му земав соленки имав дома од оние со сусам, ги ставив позади во корпата од трициклот и идеме да шетаме Почнува да кенка да стане, му нудам соленка - не сака. Ок, го вадам за да оди и почнува тука нешто да изводи слично на тантрум, легнува на земја, главата си ја треска, удира со раце и нозе, а јас не знам како да се справам. Пробувам да го земам во раце и почнува да пишти на цел глас, луѓе се вртат, јас во земја пропаѓам. Пробувам со убаво, му зборам смирено и се исправи таман си реков се смири, ја зима ќесата со соленки и ми ја истура цела Кревам глава, луѓето околу чекаат завршница. Тргнав по ќесичката и да ги соберам соленките зашто срамота така ѓубре да оставам, малиот ми бега, јас не знам која страна да ја фатам. Фрлив и соленки, и ќеса, го зграбчив во една рака, во другата трициклот, тој се дере на цел глас, јас само одам право мртва сериозна, а душата ми се тресе. Едвај стигнавме дома, уште се вознемирувам кога ќе се сетам. Не знам кога почнуваат тантрумите и дали ова беше еден ама премногу стресно ми дојде. И многу се плашам од син ми и неговите реакции колку и да звучи смешно ова ама имам чувство како да закаснив со поставување граници. Сега не знам како да бидам строга, а тој да биде послушен. Како да му објасниш нешто на дете од 13 месеци кое не разбира ништо? Многу тешка работа е родителството.
Мм да, тие скроз ги заборавив. Гледам периодов ништо такво да не му давам зашто ми одбива секаква храна и се плашам ако понудам нешто 'повкусно' од салати и месо, дека ќе го јаде само тоа.
Ај твоето мало, не разбира. А мојава скоро 4 години кога ѝ кажам нешто, спротивното го направе. Се за инат. Се плашам и јас дека не поставив граници од почеток, сега е премногу разлигавена до тој степен што некогаш ми се иде да ја треснам од земјата поради тој нејзин инат. До таму е дојдена работата
Те разбирам, јас имам сестра помала 13год и кога беше мала исто имаше таква фаза. Моравме се обратно да збориме, на пример Не ја затварај вратата - за да ја затвори итн.
Не ти викам да не замеруваш. И јас замерувам, ама не си ставам веќе при срце. Истиот муабет е, сум зависела од неа. Ми помагала. Ама искрено не трпам ич, и јас во градинка ќе го пуштам од септември, и тоа најмногу заради тоа што 13 месеци му се прави мајка, не можам да изнапишам колку само ме иритира жената, ама веќе олабавив. Прво се нервирав и со убаво пробував да кажам, кога не разбира морав остро веќе. И сега баш така и кажувам, ако го чува добро, ако не ќе се снајдам, не мора по секоја цена да ја трпам. Инаку за смоките @Jana06 знам дека се со кикиритки и дека е тоа јак алерген, но јас алергени воведов порано, самиот доктор ме советуваше да почнам со путер од кикиритки уште на 9 месеци бидејќи малиот одбиваше месо, а морав некако да вметнам протеини. Мене ме нервира тоа што е лоша навика, денес смоки, утре чипс, потоа ќе премине во нездрава навика да му се дава се што ќе посака, баш во групите на ФБ не знам дали "Соба за доење и АД" или "Здрава храна-здрави деца" прочитав дека кај многу мајки дневно има оброк смоки со јогурт или монте пудинг. Немам против тоа да се проба, од време на време по малку да се дава, ама секој ден еден таков оброк? Жално е на денешно време со толку достапна едукација за секоја тема на децата да даваме се што е подобро да избегнуваат. Побогу се повеќе мали деца се гојазни или дијабетичари. Едноставно гледајќи искуства на други мајки се трудам да не ме снајде истото. Ете пример оние што се како пире на Хип, Бејбилав, Фрутек, што се смукаат, не се нездрави како смоки и чипсови, но пак се обидувам поретко да давам за да не премине во навика. Прв пат кога му дадов видов дека му се допаѓа и дека му е интересно тоа да си го смука и секогаш бара уште. Значи пазам да има 3 оброци и да му е се регулирано да внесува се што му е неопходно, а не да му давам сега нешто за да е мирен, па после пак уште две залчиња. Ама гледам џабе е. Кога го чува свекрва го храни со кисело млеко и после се чудам како на толку месо јадење крвната слика не се подобрила. Сто пати и имам кажано, кога јаде месо да избегнува млечни производи, она ко за инат си сакало детето кисело млеко. И објаснував зошто да не дава или барем да почека неколку часа, ее многу сум ја тенчела јас, сѐ си се апсорбирало да сум немала гајле, неа ја пораснале со козјо млеко, таа децата со кравјо млеко и чоколино ги израснала, па еве какви мажи биле.. Видов дека нема поента и почнав пред работа да спремам оброци и да оставам. И пак исто. Не му се допаѓало, изел две лажички, не ја сакал мојата каша, од нејзините манџи јадел со сласт. И после некое време сфатив зошто ми одбива храна.. Го научила да јаде јајце со сол, манџи со зачини и затоа не можам да го нахранам ништо.. И не знам јас како ќе излезам на крај. Со мм и двајцата сме против грицки и секакви глупости, ама се е џабе. Треба да се скарам изгледа. Не можам да се разберам, дојдоа на гости нивни пријатели, доктор е човекот. Сопругата на докторот донесе киндер чоколади и животинско царство. Докторот рече немало потреба да даваме, ама женава со свекрвата како договорени, тоа биле детски чоколади, порано уште од 3 месеци давале животинско царство на бебиња, сега јас паметна сум се правела. И тоа ме иритира мислм најмногу, јас се трудам и се мачам да му го одржам редот на детето кој многу тешко го воспоставив, а таа за инат ми прави исклучоци секакви, и после во многу наврати глуми како повеќе да се замара и грижи за син ми од мене. Лоша мама толку мал ќе го пратела во градинка, лоша мама го оставала да плаче и не му давала се што ќе посака, лоша мама го разголила ќе се разболел и куп други глупости. Море кога ќе ми текне порано сум ѝ објаснувала зошто сето тоа го правам, а таа ми се смеела во фаца, сега она збори јас молчам се правам дека не слушам, или ако ми повтори повеќе пати и велам само "Могуче". И одма да видите како замолчува.
Јана, заследи ги biglittlefeelings на инстаграм. Имаат многу корисни совети околу тантруми, нејадачи и секакви проблеми. Мислам имаат и курсеви со техники за справување за тантруми. Доста се учи и од самиот профил.
Хаха интересно, отворив да ги најдам и замисли веќе ги следам Немам поима кога сум ги заследила ете не сум нашла време да читнам Фала ти, баш ќе разгледам. Јас мислев дека тантрумите почнуваат после скоковите. Може само е разлигавен дека беше болен, сега пак е со температура.
Да не се сестри близначки со мојава , исто 4г е Умна е мн раб праве сама , со бебе ми помага , ама коа ќе откаче некогаш ми наплаќа за се , ноќе знае да цика , па сите не буде , дента инат да воде , ја едно она друго , па несакала дома да влезе па се кара со мене
@Poppins @forumce И, другарки? До возраста е или љубомора некоја спрема бебињата, па со инает кон нас враќаат?
Којзнае. Ама јас немам веќе нерви за неа. Пробувам со убаво, не бива. Епа штом нејќе со убаво од сега со лошо ќе враќам. Денес ме изнервира, ја игнорирам. Штом не ме слуша, нема ништо да си добие.
Јас одамна ги следам и дека го гледам секој пост/стори имам наидено на многу совети од овој тип на проблеми. Разгледај таму во хајлајтс исто Се надевам брзо ќе се среди
И ја така одсабајле за јадење бунт крена се и беше бљак па дури и вака ми праве , па коса не дава да и чепниш , па надвор излезе , дома несакала да влезе , другарка и а чекала у дворот едвај се убедиме да влезе , нормално со плачки Не бе овоа моето и пред породување почна сега е кон напредно ниво Се разбесна за надвор многу , цела ден остај а и нема мака , само за мочкање што си иде , за јадење до последно трае Многу почна да прибира за се , па за алишта ау недај боже да дадиш нешто што ич нe и се свиѓа , или коса да сакаш да и фатиш И се сме бушави најчесто
Не ги храниме децата со киндер и смоки од кеф, туку од немај каде. Олабави малку, не знаеш дали мајката од кеф дала или од зор. И мене некој да ме гледа ке мисли дека сум немајка, како ти сега. Кој ме читал знае што мака имам. Трагично е што ни смоки не сака.
Ич да не се секираш кој што мисле , дете нејадач е претешко да имаш . Од дете што јадеше се , наеднаш пресечи од пред 3г да наполне до зимото 10 раб јадеше само шо се вика. Па изгладнувај неколку саати , прави се , маскирај , убедувај и џабе . На крај ќе дадеш тоа што сака. Па и киндер и смоки и јогурт да е сита. Фаза е кај многу дечиња , кај некој долго , кај некој кратко трае . Нас не дрмаше цела година.
Не велам немајка дека си. Ама јас ете не сакам моето да научи и да ми бара постојано. Реков не сум против да проба и од време на време да му давам, ама не би да го учам да јаде се што јас се трудам да елиминирам дури и на сама себе.