Здраво мајки дали имате порачувано од оваа страна денес ми излезе па си ја симнав и има работи убави,дали имате порачувано и искуство! Убава вечер
Моето е 11 месеци, но мислам дека треба да се избегнува максимално телефон и Тв. Јас знам како треба да постапам со бебето, но кога ја чуваат другите не знам што праватшто дозволуваат а што не.
Што убава тема си беше, сега чет ја направивте извинете, ама морав!! Дај видете за што е темава, па прашувајте се и сешто тука. Добро утро мајки
И Ние околу и преку 40 не е за мајчинство па само за тоа се збори. Да не се овие чет муабети тука темава ќе отиде на 62727 страна бидејќи сите мајки во 40ка си го опишуваат мајчинството дека мн јаката тема нели. Немам читано одамна ама сигурно така е останато. Најдобро да ги споите оваа со 40ка и двете да се една тема Мајчински муабети. Со целосна почит кон форумот, темите и членовите.
не ја следам таа тема, ама овдека секогаш имало убави постови, искрени, од секојдневие. Последниве 10 дена е отров, за мене.
И на мојов не му текнува, јас и во спиење и секако ги имам сликано, тој една слика ми нема направено 3 месеци! И еднаш му се развикав, и демек зема да сликаврска нема од сликање, да не сум јас бебко нема да има слики. А за на социјални мрежи, јас го ставам, не премногу, за да претерам, ама сакам да си го ставам. Добар ден е веќе, касно станува бебко, во 9ч, како аларм ми е, ама и јас сакам да си поспијам со него, спиеше убаво цела вечер, 2 пати се разбиди само, среќна сум што и до тука стигнавме со спиењето. Многу сум паничар, за бебко па особено, влакно да му падне одма се тресам, се мразам што сум таква. И за себе, пред една недела имав страшни вртоглавици и главоболки, стигнав и на невролог да отидам се живо се проверив, и добро е се, фала му на Господ, сега сум одлично, може дека бебо почна повеќе саати да сврзува навечер, па поодморена сум, леле кога ќе кажам вака, вечерта не спие убаво, малер си правам. Викендов споен и се изнашетавме со мм, и бебко сака да шета, и си спир во колича на воздух, се решивме да правиме свадба со бебе, еден ден ќе помине, одбравме и ресторан, а за другото сме спремни уште од лани, го мислам денот само заради син ми, како ќе го помине, ама ќе го чува една роднина. Некако не сакам гласно да размислувам колку сме среќни со мм, не сакам среќата да ми престане ако почнам гласно да размислувам, и си ќутам и траам вака. Чекаме да помине свадбата, и да почнеме со спремање за станот, се надевам до декември најдоцна ќе сме преселени КОНЕЧНО! А од друга страна не сакам да дојде декември, дека ќе почнам со работа, не ми се остава ич бебко, и 5 години ќе ми се малце со него знам. Вчера направивме генералка, и денес сум преуморна ќе си одмарам и дремам цел ден. И така мајки, се мислев да искочам, ама фати жешко, и ќе си седиме дома, вечер со мм заедно ќе прошетаме. Убав деннн!
Добар ден. Денес некако поодморено се осеќам. Секој ден минатата недела станував околу 6 кога малата се буди за млеко и после не можам да презаспијам, а вечерта касно си легнам, околу 11, ама некако се навикнав малку да спијам, 6,7 часа.. Сабајлево сум заспала и до 8 и 30 спиевме и двете. Продолжениот викенд максимално искористен. Да знаев дека на маж ми и сабота ќе му биде неработна, ќе испланиравме некаде да одеме, ама и вака не беше лошо. Ми се оди Берово, малце на прошетка, ем и роднини имам таму па да се извидеме. Ќе си игра големата со братучедите. Живеам во поодалечена мала населба каде нема каде да се шета, па секој ден сме во град, на игралиштата си игра големата со децата, се лулат и лизгат. А кога нема деца нејќе да оде оти ѝ е досадно. Малото во количка заспива додека шетаме и дома само продолже. А големата најчесто во кола заспива по пат некај дома. Во петокот во 20 за 9 заспа, ептен беше изморена. Во последно време е послушна и на сѐ што ќе ѝ кажеме вика добро и не се расправа и инате. Кој знае што ѝ е Ај да одам да направам нешто набрзина за јадење, за 1 час ќе си дојдат мм и големата
Мамички не знам што е проблемот но бебчево последниве неколку дена никако не се смирува од плачење се буди навечер во 4 и плаче едвај го смирувам најадено го нишкам и никако да се смири неколку дена по ред што би можело да е ? Има 7 месеци бебчето
Добар ден Јас пак дома. Земав одмор да доискористам што можам и ќе почнувам со нова работа Ја повлеков некој ден од градинка кашла, тече носе, се надевам додека се вратам на работа ќе се опорави па да бидам раат. Ќе треба да се докажувам не сакам со беледувања да почнувам. За телефони сте збореле. Јас пак имам проблем не ја интересира ни цртан ни песни, маx може една песна да изгледа и толку се влече по телефонот сака да фати, и на тв може да е пуштено цел ден цртани ќе погледне еднаш двапати ќе се насмее и толку, некако е многу активна повеќе саќа да фаќа да игра. Дури и кога јаде пафта со раце се врти. Сум пробала да и давам да јаде со телефонот ама не ми успева.
Добар ден друштво. Се надевам сте добри сите Оддамна не сум пишала, а темава едно време ко дневник ми беше. Едно време пред 2 и кусур години Бебе ми прави 5 месеци за некој ден, големиот цицо мој за еден месец 3 годинки Ми растат дечињата пребрзо. Големата е во ужасна ситуација ради љубомора веројатно, ме читате дека стално за тоа се жалам. Ама сфатив.. и фалам бе луѓе, ради тоа е тоа дрецкање,урлање,тепање и што уште не. Јас и она бевме лепенка, 24/7 заедно, а сега ваква нагла промена.. Оф не знаете колку е избувлива,нервозна,плачка станата. Стегам заби и се молам да помине. Вчера после долго време излеговме само двете, сфатив колку и она мене ми фали Отсега натаму сакам секој ден барем по еден час да си бидам насамо со неа, само да ја надвладее ситуацијата и да сфати дека нема зошто да биде љубоморна на бебето. Да ставиме МРП и во градинка ќе почне, самата кажува дека сака да оди. Бебе е бајче, мирничко, насмеано стално. Спротивно од даде скроз. Ќе видиме за две-три години дали ќе е вака или ќе ила репризи на епизодите од дадата Се мислам за психолог, ама прво да пробам да средам самата па после ќе се обратам за помош. Си давам рок од две недели, ако не се среди ќе си бараме чаре. Мајка ми беше ваква коа спомнав, пошо за нив е поприфатливо да ја носам по бајачи,гатачи, или да прифатам дека е такво детето дека разгалено и нетепано, него да барам стручна помош. Си дојдов кај сестра на гости денес, да се измуабетиме на раат. Дома дома дома, ми прекисна. Да одам да пијам ладно кафенце додека се мирни дечките.. Убав ден
Де стварно и мене ми е темава за да пишувам на долго и на широко. За остананатото ги има и совети и итни пташања. Сакам кога читам дека голем дел од мајките го поминуваме она баш истото. Да не се прашувам во огледало дали ова баш само мене ми се случува. Ајде сега добро вечер. Избањав дете па давам таблет за да бањам бебе. Не се чувствувам воопшто виновно за тоа што нудам да гледа затоа што гледам дека не го интересира повејќе од 20мин. Имам некоја замисла дека јас неможам да ја кријам технологијава од децава. А и не ни сакам се во граници на нормала. Кога првото ми беше бебе пуштав и бејби тв и кокомелон на тв знаеше да си гледа,ова малово ништо ама баш ништо не го интересира... дури и се мислам дали е нормално да не го интересира Тој само да е во раце кај мама да вика на цел глас и да се исправа. Сака и да лази но пре би во раце. Тотални спротивности си родив. Љубомората си постои не дека магично исчезна но ја контролираме некако градинката придонесе да детето си има некој ред. Ја сакам градинката Се на се секој ден ми е исполнет. Се спремам за од септември да се вратам на работа со душа го чекам. Ако го земеме пасошот од детето можно е само викенд на море. А повејќе би сакала сами да одиме со мм. Да можам да ја убедам жртва да е мајка ми еден викенд. Ми треба навистина.... Ајде пријатна жешка ноќ имајте. И да се читкаме на долго и широко
@Happyinlove Ниииииикогаш не сум се осеќала виновно ниту пак ќе се осеќам, ниту пак осеќам должност да се оправдам дали давам или не тв или телефон. Мислам, новиве генерации мајки во последниве години се така свилени, настроени на самопофалба за “јас нај мамичка” што ме иритира најмногу на свет. Кога ќе почнам од технологија па ќе завршам на строго органска храна, чоколатце со око не смее да погледне камо ли да дадам.. ми се слошува о-д-м-а. Ама ич ништо не ми менува дали Трајанка дала таблет или телефон, или смоки или чоколадо, кравјо млеко во тетрапак или што уште не. Способна сум секоја ваква дрска мамичка да ја отерам каде треба, оти гледам на натпревар се за сенешто веќе. Мм сака на море годинава, ама прво и основно-немаат пасоши момите. Второ-тоа ќе е само замор, а не одмор Јас сум запната за викенд во Охрид, а мини одморче од една недела на некоја планина. Да се изнатрча дете на ладовинка,сама без илјадници луѓе околу, далеку од галама.. Ќе видиме што ќе биде. Може и никаде да не мрднеме.
Од бебево алишта скоро секој ден перам, мала ми е терасава па се мислам вертикална сушара да земам. Користите таква, дали се практични и од каде да земам?
Јас кај да прашам што значи бебето е 5+++? Мислев дека е 5 месеци и 3 недели ама сега една мајка има пишано во друга тема 6++++ и да е како јас што мислам ќе пишувало 7 месеци всушност, или 6++++ да не е за неколку дена дека ќе е 7+? Моето кога беше бебе не користевме плусови…
да те поздрави една тетка што пред 8 години се породи а забремени на ист начин и врска немаше од кај забременила ни како ни кога се скинал кондомот.... И така. Па да ти каѓам не се надевај дека може не фаќа од прва
Па еве пример, ќерка ми е родена на 5ти. Според календар испаѓа дека на 3ти ќе биде 5 месеци и 4 недели стара (5++++) а на 5ти ќе си биде 6 месеци Ама јас никогаш не употребувам ++++, секако само 2-3 дена секогаш не делат од полн месец. Е сега, некои мајки си се попрецизни во искажувањето, не заокружуваат.
Фала на објаснување, значи добро сум сфатила. После 28 и 39 месеци ова е новитет значи. Немам ништо против онака чудно ми падна само што точно означува.
А јас се чудев што се плусовите, ++ ни на крај памет да ми текне за ова Јас секој плус што ве читам, без разлика дали се два, три го тумачев како ипол