Туку ај јас да си се пожалам... 4ти скок не го осетивме ама ич, беба си усовршуваше нови вештини ама си беше ептен мирничка. Еве го 5ти скок, малку порано ја фати и ме спобудалува по цел ден и цела вечер. Од бебе што си заспиваше само, сега мора на цицка. Од бебе што ако закенкаше еднаш навечер, доволно беше цуцла да и ставам, сега не успевам ни после цице да и ја подметнам, вриши на глас. А и од бебе што во 11 саати еднаш се будеше за јадење, сега на 2 саати не тероризира (ви кажав на тие што викавте ала да ти е со спиењево дека за некој месец ќе се жалам и јас). Преку ден, исто збеснета, се мачиме за дремки, се мачиме за играње, само во раце и да ја шетам... А и посилна станува. Кога мава со раце и нозе во мене, ме боли. Па и модринки си имам. И температуриве не помагаат. Нема кога да излеземе, од сабајле спие до кај 10.. Ама од вчера решив дека малку покасно ќе ја легнувам, накај 10, да можам барем вечерно време да ја прошетам. Вчера после цел ден бееснеење, кога ја ставив во количка накај 7ипол, колку беше само радосна, возбудена дека ќе правиме шет шет (ова и го пеам во ритамот на една преглупа песна кеш кеш од некоја наша турбофолкерка, бебе е цепки). Го губам трпението ама не смеам да си дозволам! Ѓаволчево не ми е криво за ништо, големи промени се, си има маки и таа. Ама па едвај чекам да видам што ќе научи во овој скок. А јас некако ќе преживеам. На мм не му се верува што му зборам за тоа каква е преку ден оти кога ќе дојде он, малку се потсмирува. Проба и он некоја вечер да ме одмени со шише ама јок, го пие шишето и на крај пак бара цице за успивање. Си се пожалив поштено, па малку и ми олесни. Имајте убав ден
ајде добар ден и од мене на работа турбо дома турбо...па и жештиниве лудило а и ова неспиење ДО КОГА БРЕ...каква среќа значи ауф..3 години спијам на рати ејјјј 3 години и до когааа? мислам да сум наспана се ќе функционира перфектно ама тоа си е незнам кога да ги одвојам за спиење што мислите? спиеме сите 4рица во спална,планот е двете одеднаш да ги префрлам во детска...ама кога незнам..за две недели 1 година прави малово,и сеуште цица навечер премногу..ќе биде драми ако ги префрлам сега.мм вика на година ипол кога ќе завршат скоковите ама некако далеку ми се гледа уште пола година несон големава ми е супер да не ја урочам немала одамна тантруми,си оди во градинка си јаде си спие а малово ми прооде,толку бев среќна и збунета тоа чудо,може и затоа не спие и се случува сега новост со одењево во мозочето па затоа станува толку често (се тешам) а за некој ден влегуваме во 8ми скок,замислете тоа што ќе биде ако сега не спие... толку е врзана за мене луѓе од видик ако ме изгуби драмење едвај на работа одам,и такво си е детето емотивно се врзува па се гали па се жали абе абе... а од работа кога ќе си дојдам ќе се закачи од мене и цел саат не ме пушта бебле мое,си порасна бе се спремаме полека за роденден и крштевка нели во едно,па еден тон обврски искочија ама и пари,многу дигнале цена во моцарт за тортиве бе,6500 ми бара за таа што ја сакам,и не е нешто многу комплицирана за правење ама 50 парчиња дека се,со Бела принцезата е и плус за декорации најдов една девојка убаво и креативно гледам по слики па си избрав една маса..само незнам што да облечеме сега ќе барам неделава незнам ни кај да барам,ај за децава а за мене ништо не ми фаќа око жешково ме полудува ако се погоди вака да е на денот гарант во несвест ќе паднам
Лелее со плусовите се осеќав толку затупавена, не знаев до пред 10тина дена што означуваат Се знаеше додека се изразував во месеци си пишував едно плусче, значи е во тој месец моментално, а сега по ново и недели рачунаме со плусовите На фб по групите се смеев кога ќе видев, си мислев не знаат жените дека само еден се става, а не четири Најјака ми беше една познаничка пред некои си 4год, кога ми кажа дека малата и е 38 месеци и не јаде ништо.. Дури израчунам дека тоа си се цели 3 годинки и 2 месеци, се изнервирав искрено. Ама јас така за се си мрчам Спијат момите. Уф,раат сум кога во исто време ќе заспијат. Два дена без тантрумче, кој сака нека честита Испржив летна манџа, на големата шпагети болоњезе, уште ќофтенцата да ги брцнам во масло, за да не оди арч меленото за едно болоњезе де и може ладно кафенце да шмркнам. Абе не ви се пофалив дека на диета се ставив, уствари на режим со вежбање. Намалив 6кг за еден месец, и полека полека станувам згодна мамасита Ако ли ви се пофалив? Мерак ми беше
Честитам Многу сакам да ти пишувам,ама ќе ги будам момите,ме чека кратење коса. Моите од кога е родена беба заедно ги заспивам. Поголемата малку покасно заспива ама таман ми е. Гушкај ги двете,ќе биде подобро да знаеш. Дури сега поголемава вели"мама брзо даде плачи бара да ја гушниш земија во рацете"или"мама даде плачи можи сака цице итн... Немам време...те гушкам
Хелоу мамаситас Не сум пишала одамна. Последните две недели некако турбо, работа по дома, работа околу бебе и почнав да одам на курсеви си реков додека сум на породилно да искористам нешто од нешто, да не тепам така време. Беба е веќе 7м и неможам да си поверувам колку брзо лета времето Ми намали една дремка, последната што и беше околу 18ч и сега место во 8ч заспива во 9ч Него многу ни е жешко горе на спратот, сега гледав 28,7 е температурата Сабајле од жешкото се разбуди беба, плачеше и ја гледам жива вода. Не знам што да правам, клима да пуштам не иде во предвид.. И тоа е, не знам што друго да пишам не ми текнува. Имајте прекрасен ден
зошто да не пуштиш клима? плачело од топло,можеш кратко време да ја пуштиш па изгаси ја 40 степени е надвор
Женски кај нас во станот е претопло, надвор денеска кај нас е 43 степени, мораме да пуштиме клима, бебе е 3м, гледам претежно да сме во спалната кога е вклучена климата, ама невозможно ни е да сме цел ден в спална, па седи и бебе помалку во дневната каде што е вклучена климата. Вие како се справувате со жештините, пуштате ли клима во просторијата кадешто е бебето? Исто гледам минимално време да го држиме в раце, да не му е топло и од нашите тела, па си лежи повеќето време, дури жал ми паѓа цел ден в кеветче легнато
Така правам преку ден, ја пуштам да излади а за тоа време ние седиме во дневна. За кога спие да пуштам клима страв ми е да не ја разболам, башка дува директно на спална.
Ние моментално во дневна седеме, а климата е пуштена, ама не дува дирекно во нас. Бебе е на боди само. И ноќеска ја пуштам. Не знам што е толку трагично ако се пушти клима, пред неа сигурно не седете. На 40+ степена не знам како издржувате да не ја пуштете.
Добар ден од мене. Го зедов мобилниот да наштанцам нешто на брзинка, дур беба нанка, а јас ручам. Либе направи шпагети со болоњезе сос додека јас пеглав. Обожавам лето, ама ова пекол е бре луѓе. И ако вака е во Битола, не сакам ни да замислам во Скопје шо се дешава. Сигурно чади од жештини Синоќа го оставивме отворен прозорецот и во спалната, со спуштени ролетни. Денес буфта климата од сабајле. Го легнав прво бебе в спална да спие, ама ми стана за 15 минути, испотен и плачлив за цицање, веројатно жеден беше, па го оставив тука да седи кај климата. Верувам дека поголема штета е да се вари, отколку да седи кај шо е пуштена климата. Сношти прв пат во ресторан го однесовме. Какви припреми сум правела пред излегување, па се молзев, па чај спремав, тропалки, алишта, ќебенца, тетри... Мислиш на патување одам. Бевме во еден ресторан накај Пелистер. Бебчо се изнаспа. Око не отвори 2ч. Наутро синче почна да се буди без плачење. Го гледа таванот и ѕидовите и им гуга (не е класично гугање, ама испушта некои слични звуци) и се смее на цел глас. Преку ден такво смеење нема, а едвај чекам. Конечно, има една работа на мама. Има дупче на едното обравче кога се смее. Ми иди да го изручкам од шо ми е сладок. Ангел мајкин. Почнавме да го капиме два пати на ден заради жешкото. Легнат на адаптерот ужива, буквално. Особено сака да му се топени лицето со вода. Се чудам. Не знам дали случајно или не, додека се капи шлапка со едното ноџе. После тоа следи масажа, тој пак ужива, е тек на крајот кога иди облекувањето на ред-војна. Мислам дека жива вода јас се правам дури го облечам. Дури го напишам постов, вечера ќе ме фати. Бебе 2 пати стана и презаспа. Одам да спремам дури не спиштил за цицање, вечер сум со гости. Убав остаток од денот мамаситас.
Во болница кога се раѓаат одма се на клима зошто би било шроблем да пуштате дома Пуштите на 26 на најслаб фан и гледајте да не дува во вас Со тоа шо не пуштате клими ги правите нервозни децата се потат неможат да спијат
хелло И јас не сум пишала којзнае од кога. Еве ме под клима во 10 ноќе Скопје гори. Климата е цел ден на 25-26ст бебево само по пелени, ноќе спие на прерамки непокриен. Се гледа дека му е жешко целиот е црвен во образите и испотен, дури жал ми е. Веќе почнав на работа мм го чува оваа недела и да ви кажам ич не ми фали седењето дома. Ми фали бебе секако ама супер ми е малце мозок да пуштам на други нешта, да се дотерам и да излезам меѓу луѓе. Како ќе издржиме работа и чување бебе додека тргне во градинка поима немам, ама со душа чекам да почне ( иако уште не знам дали е примен). Како и да е, не ми фали времето кога седев дома . Мм многу сака второ па и трето дете, ама јас не сум за некако. Многу напорно ми дојде целата пандемија и чувањето бебе без ничија помош и замена бар на 1час во денот. Си нафрлив многу стрес. Не би можела да замислам пак да седам затворена дома и да го поминувам истово. Ќе видиме понатака,прво нека се мавне вирусиштево, да се мавнеме од местово кај што живееме ми е приоритет па после ќе размислуваме за остало .
@rainbow_bb купи ја од икеа не му ја мисли. Ние земавме една чико 13 000 и сега ми иде да се натепам самата себе за глупоста. Мајка ми му купи за кај неа од икеа. Раат, раат кога ќе ја направи лом ја става директ во када ја тушира и крај. Мојава гломазна, триста делови ај упм се изнервирав пак. Инаку и синко се храни блв од 7месеци. Ајде да пишам неколку збора кога веќе дојдов Јас сум добра, на новата работа е супер, се снаоѓам. Роденденот помина преубаво и од фотосесијата за смаш кејк имаме многу убави слики. Ама роденденот ептен убаво го поминавме, конечно најблиските му се израдуваа, го држеа во раце, го играа. Ние со мм веќе сме вакцинирани со два дози, всушност цела наша поширока фамилија заврши со вакцини уште пред 3 недели. Така да малце се опуштивме, излегуваме на кафе, се гледаме со луѓе(вакцинирани). Тоа е мајки од мене, имајте убава вечер
Постов ко јас да сум го пишала. Покрај другото и син ми има едно дупче на обравчето кога се смее А да, ги има и моите плави очи.
Добро утро мајки Прв пат станав пред ќерка ми и си пијам кафица на тераса. Се чувствувам баш фино Вчера сме со мм и сме ја шетале од 19 до 21 часот, кога се качивме горе ја легнав во спална, ја галев доејќи и си заспа. Прв пат да не треба да ја нишкам. Најверојатно детето е златно кога не е во скок Денес имам закажано депилација, мм ќе ја чува после работа. Ќе заличам на човек, се радувам на мали нешта. Вчера сфатив дека ако пијам второ кафе сум многу подобра со психата. Наполнивме базен на големата тераса. Кога ќе ја заспиеме вечер ќе имам дејт со мм ноќно бањање Може конечно ќе ни се посреќи, не сме имале секс 5 месеци. За климата шта речи, исти сме и ние. На 5ти спрат живееме, 27 степени ми е нонстоп уклучена, спие по ромперче. Сакаме да одиме на одмор почеток на септември, таман ќе направи 7 месеци Можеби ќе ни биде напорно ама мерак ми е да има слики дека била толку малечка со нејзините на море Јас имам такви слики и омилени ми се. Имам една како лижам сладолед на плажа, ми тече од сите страни, пресреќна сум со наочари на глава На друга сум со шеширче покрај плажа, си правам замок со татко ми Трета со мајка ми на брод На 2 години со мајка ми, татко ми и тетка ми во дискотека во Бугарија. Сум сакала да играм само со тетка ми на макарена песната. Сум се налутила кога станале да играат мајка ми и татко ми. Не сум сакала да играм со старци, мајка ми 22, татко ми 27 (сега јас имам толку ) Иделе со воз замислете Дури мајка ми се правда, подобро е воз, покомотно, кога сакаше можеш во вц да идеш, сум уживала. Јас на таков пат не знам дали би се нафатила сега, може ќе се предомислам кога ќе порасне дури 2 години Сакам второ дете. Сакам да бидат мала разлика со првово. Маж ми и сестра му се 14 месеци разлика и како близнаци се. Којзнае како и било на свекрвица кога ги растела. Јас сум единица, ако останам со едно како себе ќе си се гледам и растам. Сакам ново сценарио за неа па и за мене. Може ќе биде напорно, пак бременост, пак бебе Маж ми вика прво да ми се врати желбата за секс па после да си замислувам И така, фала ви што ми бевте друштво дур го пиев кафето. Идам да ставам шминка на лице, да сокријам подочњаци
Добро утро мајки Јас темава си ја користам само како издувен вентил кога ми е тешко и се насобрано. Ајде да си направиме добредојде во 6ти скок, ова уште од старт е полудување, до крај не знам што ќе се случува. Од бебе што уште од почетокот си спиеше по цела ноќ сега цела вечер око не можев да склопам, таман ќе заспие и по пола саат се буди со вриштење, после му текнува и сака да си игра среде ноќ. Преку ден само беснее, не знае што попрво да направи и да фати, преспивањето ни стана научна фантастика, со 300 салтанати додека да заспие убаво и на крај само 20 минути преспива. Па и жешково ме уби веќе, ова не е возможно колку наеднаш се смени времево, и навечер е пекол па не можеме да прошетаме, синко се препотува, дома климата цел ден е на 25 степени а ние со спуштени ролетни затворени скроз си седиме по цел ден дома, синоќа и така не спиевме од ѓаболчето мало па и пекол беше во спална, па среде ноќ се преместувавме во дневна со се креверчиња со се и со клима спиевме. Ајде имајте убав ден, јас да спремам јадење за желчето мое мало.
Најубав одмор истеравме пред 2г, беше 6ипол месеци. Уживанција искрено. Сега ме стра како ќе биде оваа година,не застанува
За мамички што се породиле во зима, кога најрано или најкасно кречевте или реновиравте по дома пред да дојде бебе дома? Јас сум со термин крај на декември и на мисла сум кога да кречам и подсредам а да биде најблиску до пораѓањето. Септември ми е некако најблиску до декември за кречење, незнам се мислам нема да биде доволно дезинфицирана собата ако кречам толку рано, а покасно од тоа е веќе касно за кречење?