Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Здраво и од мене :hai:

    Што убаво ми дојде, ми се насобрале мислења за читање :) Во оваа категорија доаѓам само за оваа тема, ми фалите. Искрено, ми фали и @emkaemka со долгометражните мислења за релаксација пред спиење, @0ли којзнае од кога не сум ја читала, @babyboy1 ми фали со глупостите да се изнасмеам :D и нормално @kukla21 да не искара :emo:

    Летово си го замислував како секоја вечер шетаме низ населба, па малиот заспива во количка и ние пиеме пиво некаде. Како за инает почна да заспива во 8.30 и најдалеку што сме излезени е терасата. Сабајле денот во 6.30 почнува, а ние прегазени. Моторчето во газето на нитро е пуштено, па така мама ослабна уште 2 кг., бар нешто добро да извлечам и јас од уморот :rofl:

    Малиот ни донесе трет вирус од градинка ама овојпат не покоси мене и маж ми ама буквално. Стомачен :!: Легнати сме во кревет 3 дена, малаксани, тепачки за во вц ко че први, ме боли секоја коска во телото. Среќа малиот само еднаш повраќаше, подобро нас отколку него да го гледам ваков.
    Во градинка е се подобро, се навикнува ама плаче ако остане покасно. Учителката вика ги гледа другите деца дека си одат и тажен е. Наводно знаел дека доаѓа време да го земеме и не чекал :wasntme:

    Свеки дојде денеска да помогне да го причува малиот дека немаме сила да станеме од кревет, направи се освен што помогна, ми ги спои притисоците и си отиде. Мирот не би го мењала за ниедна помош на светот, жими се.

    Него да одам да прилегнам, да одморам, утре нема градинка, па мора сами да се снаоѓаме цел ден. Од ова афричкиот бран не може човек ни да се излуфтира, затворени дома цел ден со спуштени ролетни збеснавме.

    Убава петочка вечер на сите кои слават :party::d:
     
    На marchi-cool, Coco31, hello-kitty.90 и 31 други им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    @Jana06 не те карам тебе :) Уживав да те читам. Можеше попозитивна тема да отвориш, а не за вируси, ама и тоа без доза жалење си пишала. Алал да ти е :) ама морав да промрчам (facepalm) Толку теми има за се и сешто, мора ли и тука “само да прашам нешто”.

    и мое бебе 10ти ден затнато. И кај нас веројатно дадата донесе :devil: се извадија маските и почнаа редовните вируси - па и татко ми го фати. Не им е сезона, ама побудалено е се.

    Јас почнав со работа и едвај чекам прва плата :makeup: конечно да се откачам од фзо и нивното каснење. Пензионерите се на време, па и пред време, ние со деца, ќе чекаме и по месец каснење. Каква држава си играме. Главно од дома работам, па мајка ми и бебе ми се колешки :) Арно си ги зедов слушалките од работа, па не ја слушаат другите како вика. Најгласна колешка е. И викам на мајка ми добар колектив сме, само да не им текне синдикат да ми прават или штрајк да ми закажат :rofl:

    фенот си дува, беба на цице дреме, јас си куцкам :) да се откачи, па да се оптегнам и јас. 2 ноќи ми се буди почесто, па и во 5 сабајле и едвај презаспива. Е ама мене ќе ме расони и топки спиење8-|

    топло многу овие 2 дена. Арно покрај Вардар сме, па малку посвежо е (на 40 степени многу мења 1-2 помалку:rofl:)..

    Да правам обиколка во кујна или не? И така сум прасе:tmi:
     
    На marchi-cool, Coco31, hello-kitty.90 и 31 други им се допаѓа ова.
  3. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    16.576
    Здраво мајки,
    ретко наоѓам време да пишувам на темава но ве читам почесто.
    Ние денес наполнивме годинка. Денес славевме во градинка а во недела во ресторан со вкупно 10 гости.

    Од пред три недели почнавме со навикнување во градинка па периодов сме хаос. Тешко е од дома седење да се навикне човек пак на одреден ритам и секојдневни обврски.

    Кога ќе погледнам назад, многу работи се случуваа изминативе година дена. За нас двајца, сами од почеток се до денес, беше една голема авантура и предизвик преку кој мислам дека доста многу работи научивме а и созреавме.

    Кога ја гледам денес не ми е верно дека пред една година беше едно жапче кое нураше со главата за да ја најде градата без разлика дали ја држев јас или мм :D. А денес е веќе детенце кое не застанува по цел ден иако уште не е преодена.

    За тема второ дете не сакам да разговарам во наредните барем 3 години иако не сум во 20ти години. Ми треба време да се вратам во колосек и нормала. Сакам и јас да правам нешто повеќе од седење дома, гледање дете и бркање домаќински работи секој ден во круг исто. Повеќе за темава нареден пат ;).

    Одам сега да испружам конечно нозе по цел ден трчање натаму наваму а и ќерче овие денови не заспива пред 11, денес малку подрани па да искористам гужва :mm:.
     
    На marchi-cool, Coco31, hello-kitty.90 и 27 други им се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.927
    Допаѓања:
    18.818
    Пол:
    Женски
    Искречи додека е топло за да се исуши убаво и не мисли на глупости: супер ке му е на бебето.
    И јас сум опседната со хигиена ама не треба така. Мисли си на алишта, спреми се за пораѓај доење итн.
     
    На azelea и zverkica им се допаѓа ова.
  5. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    754
    Пол:
    Женски
    Добро утро мајки :coffee:(tumbleweed)
    Како ја поминавте ноќта, мирно ли ви спиеа бебушите на ова топло време? Јас да се пожалам дека имав тешка ноќ, бебе цела вечер се превртувше, мене топло ми беше премногу, отвори прозор ми смета музиката од дискотеките (па и живееме веднаш до полициска станица, некакви дешавки надвор се превикуваа, урлаа викаа, инаку така е секое лето кај нас :devil:) затвори прозор пуштам клима, се плашам да не го настинем бебе, ем климата ни е в дневна. Тоа како никогаш досега цела вечер мрмка, се превртува, плаче...од мирно бебе што спиеше по 9часа континуирано навечер , и глас не пушташе да заплаче сега све обратно :sweat::sweat::sweat: И за крај сабајле се буди плачејќи целата затната, и влечев мрсули со пумпицата, од само еден ден на клима и тоа на 25 степени на најслаб фан мрсулава е денеска :whew: Дај Боже дента да спие дека едвај ме држат силите, а имам уште една 4 годишна ќерка која си тера детето по своето, не е важно што мајка и синоќа неспиела:whew: Ајде убав ден да имате сите:sun:
     
    На marchi-cool, Coco31, hello-kitty.90 и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Bicka77

    Bicka77 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2020
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    5.031
    Пол:
    Женски
    Ја имав термин средина на јануари. Кречевме на 10 октомври. Уште беше топло и брзо се исуши. Ама реално и само тогаш имавме време покрај работните обврски.
     
    На MilaSs12 и zverkica им се допаѓа ова.
  7. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.014
    Пол:
    Женски
    Nie dekemvri, a termin april. Na kraj kraeva kolku ke odrzavas posle krecenje tolku cisto ke ti bide
     
    На MilaSs12, Bicka77 и zverkica им се допаѓа ова.
  8. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Здраво мамички. Ајде и јас да си пишам нешто во темава ко за сефте. Денес официјално правиме 3 недели со Калина. Срцка моја. Јас вака како новопечена мајка се осеќам супер. Уште летам во облаци и на моменти не ми се верува :inlove:
    Од мало дете сум се замислувала дека некогаш во животот ќе бидам мајка на женско дете и еве стварно сонот ми се оствари:l:. Имав една кукла бебе, Цеца ми се викаше и цело време си ја носев со мене секаде. И на мајка ми и викав ова си е мое бебе. До голема си играв со неа и уште си ја чувам. И еве сега вистинската "Цеца" :rofl: лежи до мене.
    Секој ден се поише и поише се заљубувам во неа, само си ја гушкам, мирисам, бацувам. Од раце нејкам да ја пуштам. Само и зборам зашо си ма толку убава.
    Секој ден се фасцинирам со мајчинствово. Не очекував дека е толку убаво нешто и дека човек може да влезе у една сосем нова димензија на емоции, љубов, мир и спокојство.
    Исто, многу ми е мило шо успеав во целта со доењето. Уште од болница не пуштија на екслузивно доење. Само неколку дена дававме една ноќна дохрана и толку. Сега сме само на цице и јас сум прегорда. Цела бременост, триста едукации и курсеви посетив за доење и успеав. Само уште силиконските брадавици да ги тргнеме и супер сме. Во понеделник ќе ми дојде лактациски консултснт за помош околу тоа, па ќе видиме како ќе биде.:sun:

    Извинете за долгиот пост :makeup: отидов да си ја гушкам лепотицата :lol::inlove:
     
    На marchi-cool, Ivana.kas, Coco31 и 33 други им се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.927
    Допаѓања:
    18.818
    Пол:
    Женски
    Браво мајка! :muscle:
    Ми дојде смешно, читав набрзина и разбрав дека и бебето е Цеца. :tmi:
     
    На 24.07, IRBBB и kostovaivana им се допаѓа ова.
  10. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl: е уште стварно така да си ја крстев :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Калина е бебка
     
    На hello-kitty.90, 24.07, Pacient srna и 2 други им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.927
    Допаѓања:
    18.818
    Пол:
    Женски
    :toivo:
    Разбрав откако прочитав внимателно. Преубаво име. ❤️
     
    На IRBBB и kostovaivana им се допаѓа ова.
  12. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Добар ден :sun::f:


    Прв пат се осудив да пишам на темава, иако не ме бидува за пишење долги текстови сепак ќе де обидам.


    Горештини + 4 скок = лудило
    Бебе многу јако го фати 4 скок значи не сме спани како што треба пред да почне скоков а тек уште не сме до кај громчето стигнати.. Незнам како ќе се издржи уште дваесетина дена.. Како ќе се издржи со спиење 2-3 сати само? Нели на бебе му треба наспана и одморена мама ама не ми дава ни секунда, денски бевме цело време заедно ама барем навечер ми спиеше.. А сега и навечер се буди со плачење, некогаш заспива некогаш не.. ;(

    Денес од 2 часот стана заспа во 6.. Во 8 ипол стана и еве сега заспа на нозе.. Пишувам додека ја лулам, една секунда неможам да ја оставам.. (facepalm)(facepalm)

    Да си се пофалам уште 3 кила ми останаа за симнување, бебе е напорно немам време ни да јадам како треба и сами си се намалија за месец ипол -5 кг.


    Иначе утре бебе ќе направи 4 месеци па се спремаме за една фотосесија :inlove::inlove::inlove:

    Се прашувам кога ми порана?? Се ми е како сон, едвај се сеќавам на времето кога беше бебе, си ги гледам сликите и се прашувам дали јас го родив ова мало совршено суштество :inlove::l:



    Друго незнам што да кажам си се испожалив, си се испофалив и така.

    Имајте убав ден:f:
     
    На Ivana.kas, Coco31, hello-kitty.90 и 23 други им се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.752
    Допаѓања:
    7.688
    Пол:
    Женски
    Јас се породив крај на декември, кречевме октомври мислам.
     
    На MilaSs12 и zverkica им се допаѓа ова.
  14. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    6.831
    Здраво мајки :l:
    Наскоро почнувам со работа:)
    Засега ми е добар планот, да одам 2ра смена првите недели додека да фатиме некој ред со чување.Сакам од сабајле да сум дома, да му спремам јадење и со дремките да завршиме.Ако и го оставм на свеки за дремки и било жал да го буди и ќе треба да спие цел ден, да се изгуби ред и плус вечер да не ми спие. Не знам дали знаете ама после 2 часа сон бебињата влегуваат во рем фаза(длабок сон) и имаат потешкотии во ноќното спиење или касно заспиваат. Затоа јас гледам и кога има попладневна долга дремка да не е повеќе од 1 и 45мин. Едноставно имам принцип со дремкиве и нејќам нарушување тука.Затоа и направив само 1ва да сум на работа. Добро е што имам флексибилна колешка што не прави проблем околу смени.
    Има многу причини за славење летово, едвај чекам. Свадби, веридби,две крштевки вклучително и нашата. Сакаме да му направиме крштевка на малиот во август. Нема што да чекаме , а и страв ни е да не има некој нов бран од вирусов на есен па да се комплицира и пролонгира се. Затоа сега да си поминеме на редот.
    Жешко е премногу и тука во Прилеп, не се диши. Отварам прозорци преку ден ама се некоја будала се наоѓа да го разбуди малиот и ептен се нервирам. Се тогаш наоѓаат трева да косат, да се прави некоја бучава. Арно им прават во странство, од 2 до 5 попладне во зградата кај што живее тетка ми не смее никаква бучава да се прави бидејќи е време за попладневен одмор и сите тоа го почитуваат.Кој не почитува ќе плати казна.Овде кај нас нема ред.
    Попладнево ќе одам со другарките на кафе. Сакам да ги видам и да си поприкажеме, испуштив многу работи поради обврските со бебето. Ќе се обидам да не зборувам само за него:lol: Не знам дали и вас би се има случено да ви доаѓа само за бебето да зборувате. :)
    Во се треба да се има осет и одмереност.:wasntme:
    Ве поздравувам:l:
     
    На marchi-cool, Ivana.kas, Coco31 и 19 други им се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    се сеќавам првото дете беше на АД млеко и си давав прописно по шема,родено 3400 кога на 4 месеци беше 7 кг ми рекоа де жено не смее вака. Ама им објаснувам дека ок е да се качува 1кг месечно ми рекоа еден оброк да сменам место АД е да е чај т.е лажно заситување со празни калории. Еве го сега истото дете на 8ипол год. Шајка слабо не хиперактивно туку екстра активно за спиење само мирува и јаде кога ќе е гладно и што сака а не што ќе му наметнам. Второво родено 3000 не напредуваше секој месец по 1кг што воопшто не се замарав зашто гледам е здраво и не е гладно па на од 10 до 22 месеци во килажа е 10кг а јаде си се виши на периоди си се дебелее на периоди и не е гладно и е здраво така да килажата не се гледа туку е само бројка. Гледајте да е здраво право. Гладни не остануваат.

    Добар ден од мене. Читам додека спие малото касно заспа попладнево што значи покасно и ќе заспие. Ама наутро ми е смрт кога ќе стане. Денес пред 7 ок ама вчера завчера ... 3-4 дена по ред.... 6, 6ипол ... Па кога стана во 5:15 едно утро ... Мислев не денот туку животот ми се скрати.

    Жештини леле мајко не се трпи ми иде од кожа да се извадам мачно ми е притисокот многу ми паѓа на ова време и нема со што да се пофалам не ми работи ни мозокот ...

    Имајте пријатен ден
     
    На Coco31, hello-kitty.90, MilaSs12 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    1.061
    Допаѓања:
    4.177
    Да направам сефте на темава...

    Бебуле е љубов, сеуште сум во неверување дека постои, дека е тука, ме допира со рачињата и ме гледа со очињата преубави и дека прави три месеци за недела дена :) Фамозните три месеци, од каде што наводно се ќе биде полесно :D Кога направи два, си подадовме рака со сопругот и си честитавме преживување, за три си ветивме поклони :nod:

    Ги сакам викендите, сопругот е дома, се будиме тројцата заедно, се гушкаме, се шетаме...ја обожавам врската помеѓу нив двајца, која секој ден е се посилна и посилна:inlove:
    Денес успешно посетивме и пивница и останавме дури половина час, голтнавме пиво на екс и накај домче..многу сме смешни кога ќе почне да плаче бебе, за дел од секунда сме спремни и бегаме, ама доста е, за почеток е одлично :DСледна дестинација - ресторан (fingers)

    Пак се одложи одењето дома...со кнедла во грло им соопштивме, не гледаат, ни викаат - не се секирајте, ене го септември кај е, а осеќаш гласот им се притресува :( Мајка ја немам видено две ипол години, си се регистриравме сами тука, цела бременост сами ја истеравме, бебе ни се роди - пак сами. Душава ме боли ;( А неа не можам ни да замислам како и е :shake:
    Ми призна дека мисли дека го сака бебуш повеќе од мене :lol: Ако :rofl:
    Не можам да дочекам да го запознае :inlove:

    Синоќа комшивката правеше грил парти, на која за жал не можевме да присуствуваме, поради бебуш. Беше баш слична на нашите забави, со пеење, пиење на велико и што уште не. За прв пат после долго време почувствував носталгија по тие поминати времиња, да ми дојде да пеам колку глас ме држи и да пијам колку г*з ми држи :D Ама нема :?:Секое несвојствено за мене чувство и емоција, ја препишувам на хормоните, така најлесно :nod:

    Бебуш се буди...

    Чувајте се :hug:
     
    На marchi-cool, Ivana.kas, Coco31 и 37 други им се допаѓа ова.
  17. Lunar

    Lunar Активен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2021
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Добро утро мамички :sun::*:
    Дали откако во се роди бебе во се промени вашиот живот ? Јас и така тука каде што живееме со сопругот немам многу пријатели ,мислам не сакам да се жалам јас многу си го сакам бебче но понекогаш ме фаќа така тага затоа што сопругот е на работа а јас сум сама дома со бебе и социјалниот живот ми е 0 , посебно дека не знам баш толку убаво Германски па кога одиме на лекар со бебчето мора мм да зима слободен ден затоа што сум јас уплашена и не знам да се снајдам. ;( Но си викам не беше лесно сами двајцата на непознато место друга држава без никој , најтешкиот дел го поминавме, секој ден будењето покрај бебе ми е благослов :angel: толку многу го сакам не можам ни секунда без него кога спие му бдеам на глава и го проверувам дали дише , порано се чудев за мајките дека така прават а сега сум иста :wasntme:.
    Ве поздравувам сите мамички :l:
     
    На marchi-cool, Coco31, hello-kitty.90 и 24 други им се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.801
    Допаѓања:
    40.354
    Пол:
    Женски
    Добро утро
    Имам во куќава едни такви што кога спие нивното дете не смее мува да прелета, а не пак ние горе да работеме нешто. Ама затоа кога моите спијат, смее да се тропа, чука, секаква работа да се праве, у 10 вечер да се тропа или да се надвикуват со гостите како да се наоѓат у планина. Дури ја учат и поголемата дека кога братучетчето спиело требало да биде тишина|( И штом слушнат галама горе одма се јавуват. Последно беше дека ѝ сметало и многу се слушало кај нив кога гореќе се вклуче полначот за мобилен во штек:x Ама ние сме глупави што не враќаме. :@ Затоа и сме на дистанца моментално и не збореме со госпоџата(јатрвата). Порано бевме постојано заедно, ама откако ми го удри детето се дистанцирав скроз. Едно кафе немаме испиено сами. Си бара закачки, ама и ќе си ги добие. Едино за девер ми ми е криво, се сложував со него многу и не сакам да се дистанцираме. Ама сѐ си има граница, дури и трпението наше.
    Доста е со жалење.
    Викендот убаво си го поминавме. Бевме на планина, малце избегавме од жештината. Си направивме скаричка, па по некое пивце, после прошетавме малку, околу час и половина. Малата спиеше во раце, а големата си одеше со нас. Лани воопшто не сакаше да оди кога шетавме во планината. Сакаше во раце. А сега ѝ е интересно. Плачковица ни е спас летоска. Оваа година нема да се оди на море, како и претходните 2. Ама тоа не значи дека нема да мрднеме од дома. Не знам за вас, ама за нас недела е ден за одмор и тогаш не се работи. Стално сме излезени во недела, во природа или понекогаш некој ресторан, рибник на отворено по можност со лулашки за деца. Исто и преку неделата скоро секој ден сме излезени во град на шетање или на игралиште или на кафе. Дури некои (читај дотичната од погоре) знаат и да ни префрлат за тоа:D Спомени не се прават од секојдневно седење дома и раздавање тутри со свекрва. Ама јбг, толку им е капацитетот да размислат..
    Ја изоговарав, ама ми лежеше на душата, морав да напишам. Долго време трпам и молчам.
    Се читаме во некое поубаво расположение.
     
    На marchi-cool, Ivana.kas, Coco31 и 30 други им се допаѓа ова.
  19. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.584
    Хај и од мене :)
    Викенд поминат одлично неколку дена во Охрид, бебе уживаше во вода, (poolparty)па во базенче абе цел ден да го оставиш ќе прави ќејф, ние отидени со трииста реквизити за него да се занимава мислиш таму продаваме гуми, чамци, базени, топки, делфини и све шо не има бендисано имаме купено мм све пумпа по 1сат и повеќе :lol:
    Морам да се пофалам цуцлата ја тргнавме и толку сум среќна неможам да ви опишам и тоа тој ја фрли и кога фрла вика бам и така цуцата бам и ја нема еве 3дена:party: го искористивме скокот за нешто позитивно :D имав зацртано до роденден да ја тргниме
    Друго ме замисли малку, мене животот ми се смени премногу, мислам е јасно тоа дека ќе се смени со дете али мислам мојов ептем. Гледам сторина абе другарки што се послем мене породени викенд иди излезени со другарки со мм бебе дома,на кафина подтојано едноставно уживат сите дотерани, нашминкани. Јас еве за 10ден ќе правиме 11м верувајте еднаш го остабив бебе и тоа сега за на вакцина и се отепал од плачење, значи ниеднаш не е оставен за јас да излезам со другарки ни на мм ради што има периоди и со него плаче ме бара. Со него одам на кафе ако треба, што почнав да избегнувам ради што неможам да се спремам се тегне по мене и вечито несредена излегувам и тоа страшно ми ја паѓа самодовербата и подобро дома или со него сама во парк таму тренерки или фармерки и маиче друго ништо не ми треба. :|
    Незнам што ми се дешава на флизер немам отидено, на козметичар го земам со мене го тампирам време да спие, нокти таман ќе затерам два месеци редовно да правам и нареден пат пауза некогаш се прашуваам зошто вака постапувам зошто се отргнувам од луѓе зошто сум само со бебе, зошто едноставно не му го оставам на мм и излезам па што сакат нека прават и тој е родител али од тоа што знам дека ќе плачи и ќе ми се јават си викам подобро дома (facepalm)
    Во две градинки нема место, а приватни се и тоа ми треба за пола ден :@ реков дете ќе се социјализира повеќе и јас можеби ќе почнам да излегувам додека е во градинка малку од малку послободна, одморена, свежа али јебига тоа е.
    Ми се оди 2-3дена кај моите али како нешто да ме кочи и секако дека нема да одам :|
    Да не ми треба стручна помош или со овој ум ќе ми затреба за брзо (facepalm)
    Убав ден :hug:
     
    На marchi-cool, Coco31, hello-kitty.90 и 20 други им се допаѓа ова.
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.328
    Допаѓања:
    33.667
    Пол:
    Женски
    Хај :hai:

    Трет пат почнувам да пишувам пост во темава и ако не стигнам да го испратам пред да ми се изгуби, ќе се откажам. :whew:

    Во 2 по полноќ дремам на фемина, со чипс и кока кола, размислувам како да го скинам спојлерот од стомакот за 2 недели, ама без вежбање. :^)
    Скоро и да ја вратив фигурата од пред бременост, ама ради тоа спојлерот ништо шо не е на ластик не ме собира. Летово можда ќе протуркам со облеката шо ја имам, ама понатаму тешко ако не се средам. :|

    Да се пофалам, закажавме крштевка за меденкото мој. Се двоумевме дали сега или понатаму, со оглед на тоа дека 2 месеци ќе има само, ама искрено страв ми е од короната. Либе вика нов бран ќе има од септември по сите истражувања и предвидувања на епидемиолозите. :worried:
    Да се вратам на поубавата тема. :)
    Успеавме да закажиме сѐ. :muscle:
    Луѓе ова е борба. Во два града слаткари барав, едвај успеав да најдам слободен термин за торта. А тек за другите работи.

    Планирав да декорирам сама, односно со помош на снашка ми, ама либе ме разубеди. Вика за некој денар плус, само нервозите од сабајле ќе ги кркаш и ако не ти испадне по план ќе се каеш. И во право е.
    Разгледувам како декорираат и на газ паднав колку прекрасни декорации има. Спектакуларни, а за крштевка. А јас планирав нешто ептен едноставно, да се одбележи. Сега умот ми е поматен, ама дефинитивно нема да дадам тон пари за балони.

    Ќе му правиме и фотосесија на меденко сабајлечки, дур не е измрцварен, оти знам дека ќе прекапи тој ден и од сега ме фаќа страв.

    Ова лето имам и четири свадби. Кај преблиски луѓе, на едната од нив девери ќе бидеме. За ништо не се секирам колку за синче. Премалечок е, не ми се носи со нас, а не ми се остава ни без нас. Да не беа толку блиски луѓе, без двоумење јас не би одела, ќе комбиниравме со либе некако, ама вака... :worried: поучете ме искусни мајки.

    Вчера за прв пат доев во јавност. :party:
    Добро, не беше баш којзнае колку јавно, во еден нефреквентен парк, кај шо едвај имаше едни заљубени дечки, ама со оглед на тоа колку бев 'стегната', се чувствувам како којзнае што да направив. :D
    Го шетавме синче и на пат кон дома почна да плаче, не беше долго време јаден. И благодарение на маж ми, излегов од комфортната зона. :party:
    Шо пие кафаната? :D

    Вчера беше дојдена кај нас моја блиска другарка. На синче му донесе бејби џим. Ја исправ подлогата и денес му го наместив, бебка кеиф направи. Мене срцето преполно. :inlove:

    Ми е жал кога гледам колку брзо ми расти бебчето. Сакам да можев оваа конекција да ја имаме засекогаш. ❤️
    (ќе ми ја читате снашката во тема за снаи свекрви :bandit: :rofl:).

    Имав милион мисли што да пишувам, ама како што кажав трет пат пишувам и веќе одлетани се.
    Одам да се спремам за спиење, в спална ме чека еден дует од маж и син најмеден, што до дневна се слуша како грчи. :drunk:

    Добра и спокојна ноќ! :*:
     
    На marchi-cool, Coco31, SkarletOHara и 31 други им се допаѓа ова.