Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    @kukla21 Ништо позитивно нема да напишам уште една недела ;( Го испративме стомачниот, пречекавме некое ново чудо. Температура 39.5, зелени мрсули, најверојатно бактериите не се излечиле. 90% сум одлучена да дадам отказ и да го отпишам од градинка.
    Немам што паметно да кажам, викендов беше многу поразлично испланиран ама ете марфи решил да ставам чепчиња цел ден.
    Седам и се смеам од мака маж ми дека уморен бил. Уморен. А јас се молам вечерва да дремнам барем 3 саати. Барем времето е на наша страна, не е 60 степени.

    И то :hai:
     
    На marchi-cool, Coco31, emkaemka и 18 други им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    ние двајцата сме утепани. Не сме јаделе денес. Јас дежурам со беблак, тој со дадичка.

    двете се со стрептокока во нос. Докторката вика да не давам антибиотик. Бебево е болно од 7ми, со 2 дена пауза. утре ние да пробериме дали имаме бактерија, да не си ја шетаме од еден на друг.

    и така. Утре плата ќе земам. Што пие кафана 8)
     
    На SkarletOHara, mal.ecka, Happyinlove и 8 други им се допаѓа ова.
  3. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Здраво мајкички може сте ме заборавиле со оглед на тоа колку време немам пишано на темава... Порано темава ми беше омилено катче редовно пишував, а сега се трудам бар редовно да читам време некако слабо имам за пишување. Обврски турбо... Некогаш се чуствувам дека сум со трка со времето дури:doh:
    Иначе за частење сум бебе мое порасна, куклата моја вчера наполни една година :party: Најтешката, но и најубава година беше оваа со бебе. Нека е жива и здрава ама е триста на саат.Иначе веќе две недели како се пушта и да оди сама, уствари она не оди туку сака одма да трча :D па ќе падне ама добро е што не плаче бар упорна и храбра е:) Синче мое убаво и тоа порасна за две недели ќе полни 4 години, во градинка учителките го фалат многу, а дома луѓе е станат лигав, плачко едноставно на моменти неподнослив, па и се лути... некогаш мислам дека и јас сум си виновна многу му дозволувам и му попуштам.
    Одморот е резервиран, здравје боже на 2 август одиме на море :party:
    се надевам само дека ќе ги земеме пасошите на децата до тогаш, бидејќи ги сликавме минатата недела.
    Се одјавувам мајки зашто готово заспав... Добра ноќ :)
    IMG_20210703_182951.jpg
     
    На marchi-cool, Ema.Sk, Coco31 и 37 други им се допаѓа ова.
  4. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.584
    Добро утрооо :coffee:
    Денес времево облачно таман ни се погоди за на пат да не се печиме. Јадам една кифла крш е додека бебе спие.
    Бев кај моите 2дена уффф ама сум се одморила моите по него по цел ден трча, да не се мислиш за ручек све мајка :D убаво многу ми дојде, а и на моите ужива со бебе поготово татко ми се топи покрај него :inlove:
    Порано неделите не ги сакав досадни ми беа, али сега од кога сме со бебе ми се омилени, мм дома планираш цел ден нешто да правиш, негде да одиш :) да го поминиме времето заедно (waiting)
    Тоа е немам што друго да кажам, овде можи имате заприметено во понеделник пишувам, за да кажам како ми била изминатата недела :D
    Убав ден да си имате :hug:
     
    На Ema.Sk, Coco31, emkaemka и 18 други им се допаѓа ова.
  5. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    14.835
    Пол:
    Женски
    Добар ден и од мене

    Само што се вратив од гинеколог. Крварам секоја недела по 2 дена а породена сум пред 2 и пол месеци скоро со царски. Доктор рече од стрес ох гуд....

    Исто се јавив кај педијатар за бебе за инфекција на очкцето. Ни дадоја некој влажни марамчиња да го чистиме со тие ако не помини да ми даде капки... Денес и е подобро окцето фала му на Бога...Е сега не знам од што е дали од песок дали од водата што ја туширав стварно не знам

    Ај сега малце поубави работи... Вчера прв пат ми ја фати Софи јухууу. Му гуга на зајачето и го турка со рачето на бејби џимот.

    Немам баш нешто многу за кажување тоа е немам баш нешто за фалење....
     
    На Coco31, emkaemka, troublemaker94 и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    @elcezelce Годинкааа? :o
    Леле колку брзо ми се виде..
    Нека и е среќен роденденот, среќата и здравјето да ја пратат цеел живот :^::l:


    Јас успивам бебе,големата гледа некои видеа.
    Ручек стокмен уште пред 12 :D деца избањати, сега само фали и големата да заспие и јас мераклиско кафе да испијам.

    ***
    Заспани се и двете дури навезам јас, ладно кафе со бадемово млеко и ванила ме чека^_^
    Спастрив се по дома па немам обврски до вечер.
    Подобро е кога си организиран:nod:
    Викендот мераклиски кај мајка го поминавме, без спиење, не можам да замислам да спијам некаде на друго место освен дома. Ама и двата дена и одевме на гости. Бебе ќе се разбуди од пладневна дремка па мајка ја зимапе, јас се одморив ептен со поголемата.
    Јас им готвев, дека режим, да не забегам:D ама пак убаво ми беше.Тоа е животот на возрасните, деца и ручек, па добредојдов:D

    Вие добри сте?
    Се надеван сте.
    Одам да пијам кафенце и да листам по форумов. Си ги прочитав сите книги и сега дремам на тел. :(
    Да порачам некоја додека имам пристап до интернет, ќе станат дечките и се гасам секундарно.
    Убав дееен:f:
     
    На marchi-cool, Coco31, emkaemka и 25 други им се допаѓа ова.
  7. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Ај ја да си се пожалам малце. Вчера имавме прва тешка ноќ. Денес напраивме еден месец и уште не ми се верува колку брзо ми пројде. Синоќа се избањавме, ја доев и кога рече вришти дете, плаче, писка. Никогаш нема така направено до сега. Плачење со завивање онака жално ;(. И не ми е јасно шо и беше. Саат време се мачеше така ако не и повеќе, на крај и ја со нема се расплакав пошо не знаев како да и помогнам :sweat:. У раце ќе заспие, легни без разлика дали она сама у креветчето или ја со неа у раце вришти шо да ти кажам. Па ај се смири некако заспа и накај 3 ипол втора тура ама не беше толку страшно, до кај 6 се мачеше и на крај конечно заспавме двете на спална гушнати, ама па до 10:30 спиевме. Еве денес си е супер како до сега шо беше. Не знам дали и е последица дека е у прв скок :^)
     
    На Coco31, emkaemka, 24.07 и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    34.127
    Пол:
    Женски
    @elcezelce среќен роденден на малата, жива, здрава и безгрижна да расте :^:. Година помина леле колку брзу:x.

    Добар ден :hai:

    Да шкртнам некој збор да не сум оф топик:makeup:.
    Истргнати со бебчето на спалната чекаме да си дојде мм:smirk:.Големата јаде во дневната ама пред тв, па така повеќе гледа од што јаде]:).

    Одмор поминавме во Мк.Бевме три недели.Убаво многу , не ни се доаѓаше назад:(.Се видовме со драги луѓе, ама се на трчање.Така е со бебе, нон стоп со мене и во раци |(. "Одмор":rofl:.
    Не шетавме никаде посебно во Мк, колата на старите се расипа па си останавме дома.Не дека жалам секој ден бевме излезени со друштво, што не ни недостигаше дополнително шетање. Многу ми се подналутија оти немав време да се видиме по втор пат:lol:.А колку не видов,ајде нареден пат здравје:!:.Си ги видов внуците, а они најпотребни ми беа:inlove:.Две години се и знаат тету да кажат:l:. Срцетопачи:angel:.Најсмешно го викаат мм, наместо тетин го викаат бате:rofl::rofl:. Големата си помина најинтересно сите по неа одеа и и угодуваа^_^.
    Големицата моја за некој ден полни 5 години , па барам деко и балони за роденден.Овој роденден сакала да биде Елза,па барам сега украси.
    Бебето е 4 месеци.Буце се повеќе разбира и ни се радува:).Од кога ја имам не сум ја симнала насмевката од лицето, толку ме прави среќна што не можам да опишам:angel:.Најдобра донесена одлука што решивме да ја имаме:l:.Кога се смеат со големата, јас летам од радост.Секој детал се обидувам да го меморирам длабоко во некоја клетка од мозокот, за кога ќе посакам да се присеќавам.Ама чудово не памти ,без да ме праша брише најубави спомени.Па се прашувам ќе имам ли некогаш шанса овие моменти пак да ги видам,па макар и на смртна постела или во рајот или кај и да е некаде:^) . Филозофии тешки почнав|(.

    Втор одмор нормално дека сакаме:angel:.Ќе гледаме некаде за септември ако не фати некој бран(не дај Боже) .Мм пак вика август,како лани на Балтичко Море. Не сакам не ми се допадна морето, многу со алги:shake:.Јас сакам Турција.Ама три и пол часа ми е премногу со бебево:$.Има време ајде ќе видеме:).

    Телефонот ми се испразни, одам да го ставам на цицање.Имајте убава вечер:toivo:.
     
    На marchi-cool, karibian, Coco31 и 29 други им се допаѓа ова.
  9. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 И мојата е во Елза филм годинава.
    Адаптер за шоља-Елза
    чаши за вода-Елза
    тетратки и блокчиња-Елза
    вчера купивме и куфер за на одмор со Елза :D
    Елза ми е тотално лик кој не е за летен роденден, ама за лепотава и снег ќе најдам ако треба :D
    Торта нарачана, ќе ми украсува жена, па не се замарам со ништо :sun:
    Мајка кифли ќе меси, пици ќе нарачам, некоја грицка и доста е.
    Битно е децата да се изнатрчаат а не возрасните да се опијат :drunk: и затоа во двор ќе го славиме, барем има место и за трчкање,и за седење.
    Во план сум со палети да инпровизирам масички во тревникот, а дечките да седат на пернички, не на маси и столови.
    Уште фустанче да купиме и ќе одборјуваме денови :o:
     
    На marchi-cool, Coco31, emkaemka и 26 други им се допаѓа ова.
  10. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден на куклето да е жива здрава и најсреќна :inlove::f:
     
  11. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    @elcezelce да биде жива и здрава лепотицата. Да и се множат.
    Леле боже како лета времево...:o: нека се живи и здрави.

    И јас да се приклучам со @Jana06 и @kukla21 .
    Стомачен пројдовме сите комплет. Сега се со зелени мрсули ...алги:|.
    Големиот од синоќа со тем. до 39(facepalm). Тоа е градинка. А таман си помислив ете лето иде конечно чао на мрсули....ама не е така.
    Сон немам врзано може една недела. Или малиов не буди од мака што си има де заби де нешто ново ни презентира сега па и настинкиве.
    Прво ке ги носам за брис па потоа сигурно ке се за терапија. Некоја бактерија си ја квасат во нос|(
    Пишувавме во друга тема за бебе што не сака да се вози во кола. Не ми беше разбирливо се додека не го доживеав:emo:. Хорор. Не возам вејќе со бебе во кола.
    Големиов хедониста обожава да се вози да се шета. Оваааа...:shake: па цела енегрија ми ја зема. Од кога ке го седнам во транспортер додека не го извадам не престанува да вришти. 8-|
    Ковид генерации се па што се чудам. :rofl:
    Ајде да завршам сега со зимање брисеви па се читаме.
    Не дека имам нешто паметно ново и интересно да пишам...:?:
    Ајде ве чекам останатите со повејќе позитивни состави за тоа како го поминавте летниот одмор:).
    Чао(highfive):l:
     
    На Coco31, emkaemka, 24.07 и 25 други им се допаѓа ова.
  12. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    како сте мајкици

    денес сум океј,вчера бев под стрес,малата завчера изгоре од температура,демек од заби ми рекоа на доктор бидејки крвната слика и црп беше супер,ама може и рано ја однесовме на проверка па да има нешто плус,како и да е ноќеска мирно беше нема веќе темп.се среди па здивнав малку,само денес е цела шарена на лицето и телото исфрлено најверојатно од температурата така ?
    дај боже да се среди се до сабота,во сабота и славиме годинка,па како се разочарав со температурава незнаете...ем средивме голема организација за роденденов па кога гледам временска прогноза 70% дожд само во сабота,а сакаме во двор да славиме,абе кои малери бе (facepalm) ни останува надежта само ...

    Него друго што ме мачи,за одморов...многу некако паники ми створија на работа,почнаа колегиве да се премислуваат да не одат на одмор,демек новиов сој на короништево ќе си згрмело крај на летово па да не сме останеле зад граници да не не затворат,леле вчера цел ден и таму ми е паметот..:@
    уште тоа фали после 100 години на одмор да однесеш деца малку да здивнеш од Се,па уште да не затворат или чувај боже да закачиме нешто :doh:
    ајде да не ширам негатива,дојдов да се олеснам :)
    малку ми е мутно а на работа сум,не сум спиена со денови,па ќе се товам со кафиња,битно почна денот со платичка денес бар нешто позитивно :D
     
    На marchi-cool, Coco31, emkaemka и 18 други им се допаѓа ова.
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.801
    Допаѓања:
    145.384
    Баш сега истата вироза ја поминавме и ние.Цела ноќ со висока Т, после осип.
    Докторка вика ни на розеола личи, ни на коксаки.
    Повеќе на коксаси.
    А могуче и некоја мутација, ништо веќе не е чудно.
     
    На 24.07, fairy88, Ava.84 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    и ти рекоа нешто да и даваш за тоа или само ќе се повлече?
     
    На tincemajmunce и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.875
    Допаѓања:
    28.595
    Здраво мајки!:)
    Ве замислувам како се прашувате - која е оваа? :^) Не ме знаете оти нигде ме нема, искрено и јас некои од вас не знам.
    Толку ме нема на темата, на форумот, ма во животот ме нема... :(
    Депресијоо, олабави малко! ;(
    Имам лоши спомени од ова време, не сакам ни да се сеќавам, најарно ќе биде и да не пишувам на таа тема.

    Ехх, сега се сетив кога постовите на темата ги започнував со - здравоо мајки, ви пишувам од работа, кафенце си пијам... :hai:
    Помина тоа време, толку сум зафатена и оптеретена и преморена од работа. Цел ден , едвај сега си дадов 10 минути оставајќи ја работава незавршена со надеж дека колешката ќе ја среди. Ахааам, ќе биде... дупло ќе ми се собери.
    Знаете ли дека децата не можам да си ги видам, е до толку сум никаква мајка.:envy: Готвам од сабајле, барем оброк да имаат, па пола ден кај едната баба, пола кај другата... Ете, им ја правам најголемата штета, ги лишам од моето внимание и љубов. Не бе, нема да дозволам вака да живеам, ми фалат мамините душички мои, им фалам јас. Ме гушкаат кога си идам и со последните сили енергија одиме на прошетка или вечера сите заедно четворица. Тоа е времето за нас, вечерта, а преку ден вибер повици и фотки.
    Касно во 22 саатот ги бањам и ги легнувам да нанат, па преморени заспиваат некогаш молејќи ме - не оди утре на работа. Уф, срце ми се стега! :u:
    И оваа жртва што ја правам е за нив, ама реков вака нема уште долго, оти не е ништо повредно од времето минато со децата.

    Одмор планираме, август некаде, на блиското ќе одиме, те ја Грција кај ни е. Се вакцинирав прва доза, кај и да е и втора ќе биде.
    Малата ќеркичка во градинка ќе оди од септември. Големата второ одделение.
    Ми пораснаа принцезите мои...

    Колешката се изгуби, морам да одам да помогна... Има да лета од овде за брзо ( лошотија невидена сум:devil: )

    Убав ден! :)
     
    На marchi-cool, Coco31, emkaemka и 29 други им се допаѓа ова.
  16. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.298
    Допаѓања:
    6.831
    Здраво на сите:l:

    Јас официјално почнав со работа, еве втор ден ми е денеска. По малце збунета од ситуацијава, 300 промени се случиле на работа а јас не бев известена, не сакале да ме замараат и да се јавуваат а јас со бебе дома. Ги сфаќам донекаде ама сега сум прав падобранец тука.Ќе помине време ќе се прилагодам, се надевам.
    Ми годи променава искрено, не дека не ми фали синко ама затоа надокнадувам пред да одам на работа, си имаме екстра гушкање и играње утрото.:hug::l:
    Викендов преед да се вратам на работните обврски бевме до Охрид и супер си поминавме. Првпат на викенд негде со синко.:wasntme:Добро поминавме, јас ја кренав пола куќа со мене за случајно нешто да не ми притреба:rofl:
    Дури и рачниот блендер си го зедов и електричното ѓезве за в хотел, таму кашички да му правам.Принцип, тоа ти е.:emo: Имаше во собата и хранилка и бебешко креветче,тоа доста ми помогна и ми беше битно да има.
    Во вода не го шлапнавме, не сакаше. Му беше интересно да ја гледа водата а да се капи не баш.:D

    Мм ми купи печена пченка, јас збунета се прашувам што му текна, не ни побарав а тој ми рече дека ми купил кога бевме во врска, првиот пат заедно во Охрид, викендот пред да станеме официјални и дека се присетил на тие моменти. Разговаравме и за проблемите, пробуваме да ги решиме, проблемот е до двајцата, нема дежурен кривец, и двајцата сме виновни што дојдовме до ова ниво.

    Сепак викендот некако ми беше магичен, сите проблеми беа настана, бевме битни само ние тројцата. Посакував уште некој ден да останеме таму.

    И ние сме поканети на неколку свадби летово, на една знам дека секако ќе одиме бидејќи ми е блиска другарка и не би пропуштила а за другата што е во друг град треба добро да се организираме со бебка, не го шетам по жештиниве да го замарам, а ако одам треба да видам кој ќе го чува. Ќе се најде некоја од бабиве што е расположена,:)
    Купивме алишта за крштевката,едно гајле помалце. Едно убавко кошулче и пантолончиња со аски.:)
    Во август закажавме, сега сум во потрага по убава украсена торта.Сакам да има и онакви чоколадни лижавчиња ,кои стоат превртени. Да стојат до тортата мислам дека убаво ќе изгледа. Се мислев дали такви или мафини ама овие лижавчињава помодерни ми се некако.:)

    Да го испијам кафево дури е топло.:wasntme:
     
    На marchi-cool, Coco31, emkaemka и 24 други им се допаѓа ова.
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Како за прв пат да пишам тука.
    Породена сум минатиот понеделник. Уште сум збунета што ми се случува.
    Имав тежок пороѓај, никогаш не ми ни текнало дека така ќе помине. Но ок, тоа е што е.
    Чудно ми е. Пред да се породам имав големи проблеми со панични напади и анксиозност, а сега за сега сум ок.
    На бебушов уште му фаќам ред, уште се учиме и запознаваме.
    Само многу му е жешко. Во што и да го облечам, жива вода се прави. Црвен во телцето, особено кога дои. Не знам како да му олеснам, ни бањање не помага.
     
    На marchi-cool, Coco31, emkaemka и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите :inlove:
    Да пишам и јас, мајка веќе месец ипол на најмирното бебенце.
    Каква среќа сум имала да го родам баш него. Толку мал, а толку посебен.
    Не ми се верува колку брзо расти. Како вчера да бев на царски, го извадија, тој не плачи, па за кратко да ми кажат дека за неделите е многу мал и има проблеми со стомачето. Но фала на Бога се среди се, и сега е мамин буцко :inlove:
    Многу мирно бебе, а и засега сме спасени од грчеви хаха..
    Навечер сум одморена и јас, го земам успан, цица и го враќам назад во креветче. Ретко да се расони ама ако не плачи го оставам, за кратко се успива сам. Тато не го будиме воопшто.
    Дома многу брзо се навикнав на него и на неговите потреби. Со мм се снаоѓаме сами од прв ден. Кога е дома еден е со бебе друг завршува домашни обврски, а кога е на работа јас сум скроз посветена на бебе.
    Бевме 2дена кај свекрва ми, бебе уживаше во двор цело време, се изнаспа.
    Кај моите немаме воопшто појдено, во друг град, климата на колата ни се расипа, не се патува по жештиниве без клима. Да се среди и се надевам барем наредна недела ќе одиме. Најмногу ми се оди да го однесам бебе кај баба и дедо мои на село, да го видат, само на камера го гледаат, само плачат двајцата. Другите дојдоа ама тие не се во добра здравствена состојба.
    Тоа е тоа...
    п.с. ама сум се запишала, ауу.. :lol:
     
    На marchi-cool, Coco31, emkaemka и 26 други им се допаѓа ова.
  19. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.499
    Допаѓања:
    8.914
    Пол:
    Женски
    Преживели смо 10 дена со свеки под ист покрив во 45м2 ! :drunk: Искрено не очекував дека толку ќе ми е супер. Мислев ќе ми одмага, ништо не ќе пофаќа и да, околу дома-ручек чистење такви ствари стварно не пофати ама цело време беше околу ќерка. Ја шеташе 2 пати дневно а ја или одмарав или средував. Повеќе тоа првото :D Ми фалеше и на само да поминувам повеќе време со мм, една вечер успеавме да излеземе на пијачка :inlove: Малку се бунеше што ептен рано сме ја легнувале, лето било немало смисла и мала била за ред да има, ќе менела. А во 8:30 ја легнуваме.
    Еднаш се зарчкавме за некоја глупост, ама жената си преќутува не навлегува во расправии. Ја ко шо си зборам се без влакна на јазик сигурно на неа не и било лесно со мене :D
    Ќерче влага во 6 скок, и за третата дремка ептеееен се мачиме изглеа веќе многу ѝ се 3 дремки. Кенкава е на моменти кога не може нешто да направи инаку е ок.
    Многу ми фали социјализација тука немам никој. Инаку ич не жалам што не сум во Скопје. Одиме на плажа понекогаш фатив малку и боичка :D Ќерка ужива да се бања. Сакаме да одиме до Грција ама не знам како ќе изведеме ќерка не сака ич да седи во транспортерот во кола :(
    Отидов да гледам некое филмче и право после во кревет. Турбо сум секој ден малку да се опуштам :) Тоа од мене засега:*
     
    На marchi-cool, Coco31, emkaemka и 23 други им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Добровечер мамаситас.

    Додека го заспивам малото да чкртнам нешто набрзинка. Итака поретко сум пишувала.

    Имам зачестени главоболки жешково ми ствара дополнителна мачнина притисокот ми опаѓа летно време општо ми е ептен мачно. Гледав денес на една апликација која ја користам за циклус пишува дека 5 дена ми доцни не ми е јасно што е работата обично последнава година ми е поредовна.

    Друго,децата летно време се леле мајко, големиот како си порасна веќе е дечко ипол со 8ипол години тешко се манипулира со него само разговор и ништо друго ама како е се посамостоен мислам дека ми се плаче што пораснал толку. Слабо а восочко. :inlove: до вчера за рака ме држеше, последните 2 години бидејќи вниманието ми е повеќе насочено кон малото мислам дека тие 2 години ми порасна без јас да го видам. Ама уште кога легне навечер вика мамо гушни ме и така заспива :inlove:

    Малото е друга политика него дома не можеш да го задржиш се само надвор не можам ништо да сработам и ете ти дополнителна нервоза. Друго ептен рано станува (уште една нервоза) а легнува 9ипол . Пробав да го заспивам накај 10 ништо не се смени, тогаш дневната дремка си ја најголеми. Попладне обавезно 2-3 сати спие некогаш и по 3ипол. Јадење кога како ако му се погоди а и веќе немам идеи. Се плашам да не на крај биде како и со првото да пребира и да живее само со неколку намирници. Вчера имаше цел ден течна столица. 6 пат во денот. Па ајде Линекс електролити диетална храна и помина. Мислам дека е од едни сливи кои ги јадеше од дворот.

    Ми треба малку одмор релаксација време за себе. Последниов период сум се во мислење напнато здосадено обврски недовршени жештина... друго нема. Ќе се порелаксирам уште малку тука читајќи и ќе си легнам. Имајте пријатна вечер.
     
    На Coco31, emkaemka, troublemaker94 и 17 други им се допаѓа ова.