Добро утро. Малово уште спие. Ноќеска од 1 до 3 и пол не можеше да се успие убаво, се будеше, пишкаше. Ама во 3 и пол сите нѐ разбуди. Почна да плаче, па ја расоблеков, ми беше топличка. Ѝ дадов и пробиотик и татко ѝ ја успа. До 7 и пол спиеше убаво, а од тогаш до сега неколку пати плачеше. Се мислам да не се заби. За 2 дена полни 5м. Некако и топла ми стое, не сум мерила тт, а не е топло во спалнава, климата ноќеска работеше. Којзнае што ѝ е. Резервирав во една вила во Охрид за продолжениот викенд во август. Само 2 ноќевања ќе бидеме,повеќе не можеме. Едвај најдов слободно. Едвај чекам. Само да не ни излезе нешто до тогаш. Малово пак плаче. Ајде чао
Здравоо мајки Првпат пишувам тука, а ве читав веќе некое време. Дури од што сум збунета незнам што да пишам, и само правам пиши-бриши Веќе 24дена мајка. Ох времево лета. Како вчера да се пораѓав. Сега си го заспав бебчето и реков и јас да кажам нешто во темата Бебче ми е супер машала. Си цицаше еве и си спија душата мајкина. Со грчеви немаме некоја голема мака. Има некоја блага форма, но ретко, не секој ден(барем досега). Само си се нервирам што си повраќа, но тоа е тоа, сите велат тоа и било вишок. А машала си напредува значи нема простор за паника, ама ете јас си ја мислам сеуште.. мајка тоа е иста била на татко е. И тој само си повраќал до 6,7 месеци барем на нешто подобро да беше на татко е Си правиме фотосесии по дома, ори нормално мајка нема друга работа и кога сме сами јас и таа само ја дотерувам хаха, па сега мислам, смислувам за месец кога ќе правиме деновиве како да ја сликам. Па веројатно ќе биде нешто летно, но не ви откривам, ќе видите слика во скриено катче во темата Јас добра си сум, се опоравувам сеуште од раната од шиењето на пораѓај.. па и на гинеколог да си закажам сакам деновиве да види како е раната, недај боже нешто да не не зараснува како што треба. Сакаме на ден, два да одиме до Охрид, но барем крај на август, почеток на септември, уште малку да порасниме. Друг одмор оваа година нема. И искрено не ми се оди со вакво малечко бебе. Но, ден, два ќе искористиме Тоа е тоа од мене како за првпат, сега да одам нешто ручек да спремам, додека либе да дојди, па да си испазариме нешто да појдиме. Поздрав мајки
Добро утро од мене. Синко синоќа ептен добра фора ни направи, да го успивавме од 21:30 до 2 по полноќ. Расположен ко да станал, а не ко да треба да спие. Во втор скок бебето ми се измести од шемата потполно, како друго бебе да имам. Денски само в раце спие, никако поинаку. И ако не му ја погодиш положбата, вришти и ги прчи муцињата, ми прави тажно фацуле Мислам дека за некој месец маста ќе ни ја вади со татко му. Не знаејќи што да направам побрзо, прво сматив едно нес и сакав да каснам нешто брзински. Најбрзо-манџа од вчера Многу ми е криво што немам време за да готвиме со либе, онака гурмански, за душата. Рака на срце, јас речиси и да не правам ништо, тој готви или од вечер или штом си дојди од работа. Погодете што? Стана син ми. Во 9. Толку му е спиењето. Да биде иронијата уште поголема, прв пат решив да го преслечам на спална наместо на подлогата, демек ај за побрзо, да не го расонам и ми се покака. Шлакнете ми една слободно оти не ставив ни подлога и за еднократна употреба. Вришти, цело маало го крена. Вришти легнат, вришти гушнат, вришти на цицка, вришти ако го шетам, вришти в релаксатор, вришти секаде и секако. Ако знае и тој зошто. Не сака ни денес да цица, денес ни од стоење. Се измолзив оти ќе ми пукнат градите. Му давам од шише, ја гризи цуцлата. Пробав со лажичка, шлапна 5-6 лажички. Не сум паметна кој крај да го фатам. Поручек либе ќе оди за Скопје, има обврски, таман нас ќе не остави кај моите, па утре ќе ни се придружи. Ќе поседиме таму до недела. Ако ништо друго ќе има повеќе луѓе за смена за в раце. Таман да одмориме малку со либе. Можда и ќе најдеме време да излезиме, да разгледаме облека за крштевката, а јас на фризер да појдам. Толку од презаспивањето по 38647382 пат. Морам да одам, инаку имам уште за пишување, ама во следна прилика. Убав ден мајки на најмекани деца.
Добар денннннн мајки 10 дена веќе маки мачиме со малата.. Само е кенкава, само во раце сака, ако ја спуштам и на минута плаче, 2 дена беше со тт, ај си реков заби кога вчера цела ми се исфли по лице. Пак ај да не е од сонце но се рашири и по тело и на лекар си доби сирупче. Цела вечер ја превриска Неќе ни да цица, тоа малку кашичка што ќе го изеде често го повраќа…. Ау!!! Душа ме боли за син ми. Не можам да му се посветам како што треба. Цело време сме окупирали со малава, он е се во втор план. Едвај грабам малку време дур спие беба да го гушкам и да се поиграм со него. Ич не било лесно со две И тоа што цело време имам помош од брат ми и мм, секоја чест на оние што успеваат сами.. Толку ми се иде на одмор, се живо си купив и го чекам денот да тргнеме. Ама каде?? За Анталија умирам, ама со две деца посебно со малата толкав пат.. Матичната ми рече доколку идам, да им дробам по половина/четвртина б6 во млеко, помирни да се на патот. Амааа не знам.. дали сега дали Септември, па ми е страв тогаш пак да не нѐ затворат заради новиот сој.. Памет немам мајкиии полудев периодов
Утре треба со беба да искачаме, не знам точно во колку саат на лекар. Он има само 1 недела и некој ден. Ми е страв клима во кола да пуштам. Совет некој?
Умерена температура и бебе секако е свртено обратно во транспортер, не дува климата директ во неа. Таман работа на жешково без клима..
Даа нормално ќе пуштите. 4дена старо бебе од болница кога не испиша 170кл за дома додека стигниме климата си работеше. Мм пред да влезиме ја имаше пуштено на 22степени а кога влеговме во кола па се до дома на 24-25степени беше. И кога не идпиша од болница не опомена да не се плашиме и клима да пуштиме и по пат и дома ако треба од 25-27степени да одржуваме. Кај пече сонце преку прозор и во тоа транспортерот ќе се претопли бебе
Хелоу немам пишано овде откако се породив и бев тотален хаос. Подруг е животот без ППД Беба спие, секое сабајле шетаме на патеката додека не е многу топло,мама зема кафе успат, се враќаме, доручек и дремка. Има многу мили луѓе на патеката, посебно еден дедо, многу и обрнува внимание, сабајле не чекал да ни даде 3 животински царства чоколатца. Не му кршев филм дека не и давам на малата, ги зедов и се заблагодарив, па сега мислам јас што да му купам некое утро. Посебно ми е мило бидејќи малата нема дедовци. Свекорот починат од рак, татко ми почина од ковид во март кога бебе имаше само 5 месеци многу е тешко. За време на првата дремка планирам ручек, нешто спремам. Ако не сум до неа дремката и е 40мин макс, па кога немам многу обврски си одмарам со нејзе Закажавме одмор 6 дена крај на јули во Пефкохори и уште една недела заедно со брат ми крај на август. Да се подружат маливе и да се радуваат на море Утре роденден на маж, порачав портрет од него и свекорот, еден негов многу драг спомен од детството кога си доаѓал свекорот од работа носел мини минт чоколатца(омилени на маж) и ги ставал во џеб на кошулата, го седнувал во скут, си го раскажувале денот додека маж ми си зимал од чоколатцата и си јаделе. Убаво објаснив, пратив слики и ми кажаа дека ќе може, ќе нацртаат точно што сакам. Следно сакам ликот на малата со двајцата дедовци. Срце ми се кине што ќе расте без дедовци, моите омилени спомени од детство се со моите дедовци и баби.. И излезе Австралскиот пасошот на малата па секако ќе се враќаме во Австралија конечно(таму живеевме, долга и широка е ова со пандемијата), баш ми олесни искрено. Ќе ми фалат сите ама знам дека таму е подобро. И тоа е за денес. Имајте убав ден
Дојдов да ви кажам дека се израдував многу, сабајлево ми се јавија за на работа за во забно. Луѓе верувале или не мислев летна до небо. Досега не сум работела ништо според струката мислев сега ми е шансата. Кога се вратив во реалноста кој ќе ми чува дете за да одам на работа ми пукна филмот. Сеуште не ми се остава. А за еден месец ќе прави 2 години. Психолошка и морална поддршка итекако ми се потребни. Накнадно ќе разговарам и со мм моментално е на работа.
Да си ја прифатиш работата Дете како дете ке ди порасне ке се снаоѓате маж баби дедовци брака сестри градинка само не ја изпуштај шансата
Во градинка неможеш? Првото мое од година и 8м тргна во градинка и таман си беше возраста за во градинка не се плаши за тоа. Имаше кој да ми го чува ама јас сакав да оди. Имаше период на адаптација, плачеше во почеток ама кај повеќето е така. Е сега кога ќе се разболи треба да зимаш боледувања. Со среќа
Добра вечер мајчички,часот е еден ипол по полноќ.А мене ни малку не ми се спие.Што од жештини што од тоа што си преспавме со бебе,повеќе ова второво. Ги сакам вечерните излегувања со децата,но дур ги спремам нив,дур се спремам јас,па земи ова земи она,веќе си прекапал. Многу сакам кога излегуваме сите заедно,јас тоа некако го немав често во детсвото.Моите секогаш беа зафатени,уморни,нервозни. Во суштина децата се најголемиот благослов,и најголемата болка. Голема среќа,и уште поголеми грижи. Поголемата,ќерка ми,маки мачи со тврда столица.Па тоа плачење додека се покака.Тој проблем како да ја промени.Поголем дел од денот е замислена и не е весела како порано.Ја гледам и душава ми се кине како се мачи.И како многу намирници и се скратени.Се поду веќе од сливи овесни сирупи и ништо не помага.Искрено не знам до кога вака.Се надевам дека овој лош период ќе помине што побрзо. И повторно ќе си биде весела и среќна. Ајде поздрав сега,дремка ме фати
за во градинка прво не ми е многу блиску градинката потоа додека поддадам документи па додека да го примат којзнае тоа кога ќе биде плус и мало е т.е се знае мало дете послаб имунитет па да излагам насекое со боледување или одмори некако не би. Куќата од татко ми е наспроти болница и ми вика ќе го носиш кај нас. се сложувам зашто работа лесно не се наоѓа. За што било да,има еден куп ама она за по диплома и образование ептен ретко.
Eхх мајкички на овој ден лани ме задржаа во болница,за да се породам тек утре вечер 5мин пред полноќ денес кога станав од спиење ме облија чудни емоции...ја гледам лежи до мене допрена,толку мала а толку голема од лани некако тешко ми е..неможам ни сама да се разберам,нема веќе бебенце да си имам претешка и преубава година поради неа...Фала му на господ за се! така го прати ова дете од никаде,најголемото изненадување во животов,најголем поклон во овие тешки времиња...Благодарна сум си сама на себе што се одлучив за неа иако беше претешко што првото имаше само 9 месеци кога дознавме за Бела...еххх што се не ќе ни приреди животов...ама ете Бела утре прави 1 годинка бе ЕЈ...уште не ми е јасно па тоа колку живо детенце,толку пргаво мајмунче,а сепак толку мила и само да е до мама и да ја гушка... па кога ќе ги свие тоа рачињата дури ноктите ми ги закопува само да не и избегам бе Бериќет утре ќе ни врнело абе како не тоа громови пишува само до вечерта да се исчисти,да помине се како што сакаме како што заслужува ова мало прцле.. малку лигавење од мене за првпат на форумов,ама си ја сакам оваа мајчинска тема поздрав мајкици убав ден
@Bella* нека е среќен роденденот, голема да расти! Првиот роденден секогаш е многу емоционален ) Добро вечер другарки, дечиња. Пишувам од Охрид, на мал викенд, бебе спие до мене а јас стегната во ќоше. Маже ужива сам во другиот кревет Такво невреме не фатило вечерва, одвај стигнавме до дома. А колку убо си јадевме на отворено. Многу го сакам Охрид, во сите сезони додуша Се надевам барем еден дел од денот утре да биди топло. Ужива во вода, стварно не очекував толку да се радва, големо доживување и е. Поминав од Вајкики ама огромен ред имаше реков ексик Малата е добра, само тантрумите неславно ги врвиме, ужас. По сто пати на ден сама себе се смирвам Добив еден вид унапредување на работа и мноогу сум среќна. Помалку време поминато дома со бејби ама мора... Друго нема ништо посебно, немам размислувано за вториот роденден, а ене го кај е август. Ова лето ќе пробам да ја одвикнам од памперси, ама ништо сериозно, ако не сака и ме мора баш Ми годи да ги читам новите мајки, многу ми фали тој период новороденче, вистина ми беше најтежок, ама и најсладок. Гушкајте се, за миг растат Како бостан шо велеше еден комшија.
Добро утро. Бебе уште ми спие, а скоро 10 фати. Уморна е кутрата. Месец дена веќе само болно. Таман се оправи, фативме стомачен. Лелеее од кревет не можевме да станеме. Прво големата фати, па си рековме куртуливме другите. Аха, важи. Ете не сите се опоравуваме. Бепка бар исповрати и шлајмови еден куп, па бар некое "арно" имаше. Се надевам од денес се враќаме во нормала. Сакаме да истераме уште еден одмор во јули. Не фаќа паника со ова делтава да не затворат границите пак до август, па што е сигурно, сигурно е. Здравје август уште 2 недели. Кој знае што не чека од септември. Се надевам дека од пролет ќе биде се подобро. Какви планови имам за пролет.. се надевам ќе се реализира се. И одмор си штедам за тогаш. Се надевам ќе се исплати ринтањето Не ми се верува дека кафето го испив на раат
Добар ден. Сите по викенд сте некаде, се брцкате во вода? Или онака, не ви се пишува во темава? Јас дома. Ручек направен, алишта спастрени, изџогорав сабајлево, момите нанат, а јас не знам што со себе Зарем да се заакам да бришам и пребришувам?! Или да се полегачам дури станат? Второто нели.. да, и јас така мислам Сакам кафе, ама неам млеко.. се навикнав на бадемово, и не ми се пие без него нес кафе. А ако направам кафе и решам да поуживам, бебе намирисува и секундарно се расонува. Значи да си седам мирна сепак без кафе. Јули си врви.. Уште две недели до роденденот на цицо мој, и до одмор Каде летнаа бе овие три години?! Па кога беше кога пишував дека сака да цица најмногу на свет, дека јас не сум мама туку цицо, дека е бебе што нана на мене.. а она пуфле, 3 ќе ми полни веќе По дома по дома, ене го и бебе пола годинка е веќе. Лелеее, па јас само 26 лета сум, а се осеќам толку остарена! Му викам вчера на маж, ти изгледа ќе престанеш со работа и ќе се прибереш дома кога ќе имаме по 50, и кога дечките ќе ни се иселат од дома Ниту еден викенд не е дома, никогаш не можеме да испланираме да се прошетаме сами 4цата некаде, макар и на еден ручек.. Ма и дома да е ручекот, ама само да сме заедно. Не, го нема тоа. Засекогаш ќе ми биде криво, буквално деца сама гледам, а растат пребрзо! Големата ужива со него, го гушка го стиска, се гледа и фали.. малово само што ќе го слушне се смее и му се радува, го гали со рачињата.. он се топи. Премногу е уморен, премногу работи, премалку пари му остануваат. Да сме некаде настрана.. би било подобро мислам. А него не му се мрда од овде.. Барем една недела на одмор ќе си го имаме само за нас, се тешам. И јас ко некоја тинејџерка сум, сакам 24/7 да сум со него, заљубена сум во него ко првиот ден иако 3-4 пати ќе си одев од него, иако го пцујам и вреѓам во нервоза, си го сакам пак Ќе си поуживаме на раат Станав и си направив кафе во меѓувреме. Нес-стевиа-путер од кикирики и кокосов крем. Леле леле убавини. Калорично кафе ама вкусно. И бебе не стана замислете. Со режимот сум супер, 8мото килце се слизна веќе Под 70кг не сум била никогаш, откако знам сум 72.. моментално сум 74.5 а цел ми беа првично 72, што значи ќе отидам и под 70ка овој пат Со мерак готвам и со мерак вежбам, ма баш мераклиски слабеам. Нешто добро барем и за мене правам додека сум дома Постот каша попара е, ама сакав се да си пишам Да пијам кафето и да разлистам по другите теми дури можам Убава Недела имајте
Добар ден Пишувам додека бебе спие и јас си го чувам, па што ако спие со мене само ќе порасне и нема да сака повеќе, тогаш ќе ми биде криво. Конечно си дојдов во Македонија во мојот град после цела една година. Лани со мало меше од неколку недели оваа година со бебе порастено. Нели пишував дека бебе плаче од непознати и незнам како ќе поминам, искрено супер е ниту плаче ниту се лути им се смешка на сите. Ја чекаа кога дојде, баба и, прабаби, прадедовци, се издадуваа сите само дедо не е овде ама ќе дојде и тој за неколку недели па и тој ќе и се израдува.. Јас каде одам таму врне, преубаво беше времето јас дојдов и одма се расипа. И земав многу кратки алишта на бебка ама не е времево погодено за толку да ја расоблечам. Друго незнам што да пишам убаво било да си дојдеш кај мајка да си те разгали Колку да си возрасен сепак си ја бараш мама Викендот замина, пола јули замина.. Ќе дојде август, ќе си замина и од септември повторно исто.. Убав ден❤️
бебушов ми извади 4 заба во петти скок, вие како сте? не, шала на страна, издржа баш женски и не се бунеше многу-многу, ама како што излегува набрзо од скоков, се надевам ќе одмори малце и од вадење заби. двојките нека почекаат бар месец дена. денес како сме му писнале со мм на станов, и двајцата во домаќинска акција, тој подовите и терасата, јас вц-то и кујната. ми остана уште спалната да ја потсредам, ама душлево си спие таму трета дремка моментално. па што ни е умна во однос на дневните дремки последнава недела, 2/3 обавезно ѝ траат саат ипол до два. дали конечно матуриравме од строго 45-минутни дремки? дај боже. јас се вакцинирав дента кога најавија од иницијативата дека ќе има фајзер за доилки, освен стандард болка во раката немав друга реакција, среќа. ќе видиме после втора доза како ќе биде. поздрав мајки и убава неделна вечер.