Здраво мајки. Одамна ви немам пишано а ве читкам. Па ајде вака да почнам, почнав да работам. Од дома, си направив профил на апворк и најдов работа. Супер плата за почетник, работам кога спие синко. Маж ми ме натера да пробам, и успеав. Синко закачи вирус и како за прв пат болен срце ми се кинеше. Без антибиотик помина, само 3 дена температура имаше. Бевме на одмор и супер поминавме. Не е одмор, замор е ама синко се радуваше. Се бања трча по песок а спиеше помалку од дома. Уште една тура во септември ке правиме. Секој ден се бања кај бабите во базен, уживанции. Уште малку ке слави роденден. Ми порасна детето. Ама сега не ме фаќа паника како лани. Лани ми беше многу тешко што расте толку брзо. Второ не раѓам.
Јас само што почнав вака да кажувам и останав бремена Кога само ке ми текне баш една ракија се напив,малиот се одби од цицање па ајде ние ке излезиме една беше само една ракија и ете ти бебе како да не знам како се прават деца Значи што ке беше оваа работа жени. 2 бебиња со 3 дена константно висока температура. Антибиотици и двајцата. Парацетамоли ,бруфени,плачки,поврајќање од со сила пиење сирупи чепчиња.... аптека . Јас немам сила. Навистина се истрошив. Се истрошив до степен да си ја погазам гордоста и да барам мајка и свекрва за помош. Нема ништо полошо од болни деца. Дефинитивно! Ноќе малиот не спие станува. Не можам да ги поделам да дадам еден кај мајка ми. Не дека немам доверба едноставно мислам дека нема да реагира баш како што реагирам јас. Потполно знам кога еден дига температура. А и од друга страна како ке оставам жената да не спие ноќе. Кога станува малиот на 2 саати. Значи како новороденче. Нека се опорават само. Тие да бидат добри. Јас може и да не се сејќавам на овај период кога ке помине. Нема да се сејќавам дека сум во тотален хаос. Но ми треба одмор. Многу
Уште дојам и нема ракија за мене. Планирам да земам пилули по доење. Синко се фати непланирано и лесно, не ризикуваме веќе.
Те разбирам целосно. На тоа допиши и плус ти и мт болни и ќе шашарфисаш. Па те разбирам и за мајка и свекрва. Моиве "сакаат" да помогнат ама се баш тогаш се зафатени. Или децава ми се "размазени". Очекувањата се дека дете од 3 год и бебе од 9 месеци ќе седат мирни, ние кафе ќе пиеме и муабет ќе правиме
Јас не памтам летно време волку сите да сме болни. Прво малото носот му течеше и кашлаше. Па јас стомачен вирус сега и маж ми. Јас се затнав целата и носот чешма,нема настинка што од малиов не ја префатив. Он болен и јас болна, па и плус пекол и дека трудна при крај веќе се ме нервира. За помош не спомнувајте помош немам никаква а ништо за бебето не мие спремено нити испрано.
Утро Часов 06:00 јас наспана лежам во кревет и се гледам во таванов и си правам 300филмови ради што ми касни 7дена Зошто како појма немам симтом ни еден дека е на повидок да добијам Термин за преглед се надевам ќе добијам најбрзо што можам ако не ми речат дека матичната ми е на одмор Еве веќе две утра се будам во 6часот дали од вознемиренос што ми касни или од наспана Ја поминавме првата свадба со синко океј како за прв пат се менувавме со мм и нормално вечеравме и 22часот дома, доволно беше бевме направивме чест Полека полека се спремаме за крштевката закажани неколку работи али касно почнавме да се спремаме и сега тешко наоѓам слободно за што и да е или ме пикат некако едвај меѓу ред или барем уште на 100места Немам ништо паметно да кажам стискајте палци да добијам
Добар ден мами и бебиња/дечиња Ве читам но тешко наоѓам време да ви пишам, дур бебе спие да ви пишам денес. Веќе 2 месеци без 1 недела се вратив на работа. Интересно е, но и многу турбо. Секој ден е скоро идентичен. Утрински ритуали, и играње со бебушка, потоа дури таа спие готвам за неа ручек и вечера, складирам. Спремам торбица и тргаме со кола по жешкото. Ја носам на село, дури сме на работа ја чуваат бабите. По работа ја зимаме, да се погалиме, поиграме и дошло време за спиење. Убаво си легнува ама секоја вечер ми станува, плачи кенка. Жешко и е, или заби ја мачат, којзнае што и е. До 3 часот нонстоп се буди повремено си ги врати и ноќните подои а веќе 4 месеци си преспиваше без цицање Го имавме и првото нејзино настинување, со растечен нос и малку температура, среќа помина само со аква марис и вит Ц. На работа периодов доста има дечиња со настинки и стомачни вируси..само да минува кај сите, со лесно. Успеав и јас овие 2дена да настинам, почнав од денес со антибиотик, првпат у живот имам гнојна ангина Друго незнам што сакав да кажам. Се спремаме за 1 недела на одмор, го мислам патот, ве читав дека плачеле дур се возат. Мојата спие и ужива до 2 часа, ама повеќе не сме ја возеле, па ќе биде весело. Ќе се сменам со маж ми во возењето, па тој ќе ми ја анимира За вакцини, се вакциниравме, со душа чекам да помине ова чудово. Малку да се сите поопуштени. Ќерето ми полни 10м, не ми се верува колку брзо помина. Веќе размислувам за теми за роденден и гледам идеи Ми фалат уште 5 часа во денот за се да постигнам. Ми фали она, дур сум на работа. Тешко ми е кога се враќам дома а таа е задремана. Лепота моја, многу гушка, заспива држејќи ме за лице, со нозе кон татко и. Мора и двајцата да не држи Се распишав јас, бебе стана и цицна, сега да си поиграме и за 1 час почнува турбото, денес маж ми ќе ја носи кај баба сервис. Се читаме за убаво, поздрав другарчиња од најубавото катче
Хелоууууу!!!!!! Се сеќавате на мене? Некогаш ни јас не сеќавам кај сум и што се дешава, да бидам искрена Денот да трае 48ч малку ќе е, 24 не се доволни ни да смислам се што ми треба да остварам. Дете порасна некако магично овие месеци и многу сум среќна за тоа, конечно некако како голем го гледам. Јас? Јас конечно на некој месец пред кај на 33тата се одлучив на радикален чекор, односно оваа 33та ме натера, да мислам прво на себе, па после на другите. И така можам да кажам конечно, на прав пат сум! Уживам да си посветувам внимание на себе, нормално без да го занемарам она што ми е најважно во животот, синко, ама секогаш имам час, час и половина за себе прво. Уживам во тоа како изгледа резултатот. Резултатот?! -12 кила, многу повеќе самодоверба, кожа мазна како свила, лице чисто како солза, енергија да направам се во 24 часа иако не стигаат и многу насмевки. Господ здравје да и даде на девојката која ја пратам на овој пат, овој пат сум навистина упорна и истрајна. Цел ми се уште -15 килца, па доста ќе е и се дополнително ќе биде екстра само. Е сеа позади овие минус килограми стои многу помалку сон, многу дремење во кујна, многу време на под потење и многу труд, ама се исплати. Така си станувам секое утро во 6-6ипол, вежбам половина час, спремам храна за појадок, ужина и ручек за на работа, спремам и за маж и дете храна, цедам лимони, варам чаеви, миксам разни мирудии и во 7ипол јавнувам точачето за на работа. Да бидам искрена овие неколку дена почнав наутро да вежбам, иначе навечер вежбав до сега, ама вака ми е поубаво. Уште да легнувам порано малку навечер, али некако теже тоа. Што се тиче море и слични водени површини се имавме решено дека ќе идеме во Љубаништа јер немавме за дете пасош, ама се деси што се деси и ми испрати Господ помош и успеавме да извадиме пасош и еве сега бараме сместување во Албанија за август. Така во четврток се сликаме за нов пасош. Интересно ми е, зошто да ми е досадно. Среќна сум зошто ќе му исполнам на дете желба, многу сакаше пак во Албанија да оди и ептен ме радува тоа. Ми падна многу жал кога збореле во градинка за на одмор и го прашале дали ќе оди на одмор, рекол Јас немам пасош, нема да одиме оваа година во Албанија, другата година. Се испрерадува вчера кога му кажавме дека ќе одиме да се сликаме за пасош. Радостии. Е моето дете некако многу ми брза да ми порасне, вчера на пример ме праша што е тоа хипотеза?! Што му текна појма немам, ама стално наоѓа некој збор да ме изненади. И како да му објасниш на 5г дете што е тоа хипотеза? Тешко, знам. Сега е во фаза цртам се што сакам, и така си го црта глушецот и околу него срциња и пишува Многу те сакам Ели!, не црта нас во срце па со пораки, па со љубов, па го црташе Биби и Боби цртаниот, цели приказни. Љуби га мајка Забавно ни е, се додека не почне Мама, мама, мама, мама... види ме како трепкам, види како мрднав, види како дишам, сешто прави мора да видам. Исто е и со тато, или па знае да вика мама, мама, мама... кај е тато, и обратно. Идеме кај едни комшии, си играат децата попладне, има базенче, има дворче, трчаат, скокаат, ама има кога ќе дојде и другарка му таму, не се трпат, само се вика по нив. Детска работа. Тоа е тоа, некако животот ми се смени многу нагло, ама не се склопува се во еден хепи пост како овој. Убав ден мамаситас!
Мајки ние веќе месец дена одиме во градинка се навикнуваме до 12 седи требаше од вчера до 14ч ама ете качи температура и не го водев има денови кога плаче кога е помирен а јас уште не сум мирна. Од август тргнувам здраве на работа тој ќе има полни 11 месеци па се надевам дека ќе се снајдеме некако. Не знам уствари ни дали ќе продолжам имам нови услови не можам сабота да одам и празници и не знам колку тоа ќе им одговара ама нема кој да ми го чува малиов. А јас работам секоја втора сабота и речиси сите празници а градинка не паа ќе видиме здравље. Од недела имам температура 38.5 не јадеме воопшто и не знам што да му правам др вели ништо тоа не е температура само над 40 се рачуна оф а тој гори и на 38. Ноќесга се препоти го избањавме и не качи до утрово се надевам ќе се оправиме брзо. Уште речиси месец дена ни е роденден па и крштевка во ист ден ќе правиме паа полека почнуваме со подготовки. Мајки ве поздравувам денеска толку уграбив време да ве прочитам и поздравам на кратко само
Како бе само над 40 се рачуна температура. На 38 можеш да дадеш сируп за температура или чепче да ставиш, тоа да може природно да ја симне организмот да најубаво е сам да се избори, но ако гледаш дека детето е папсено, ќе дадеш и на пониска температура.
Даа па јас на своја рака му давам парацетамол ама баш ме изнервира ааа па ништо не му е тоа не е температура и што да кажам
Поздрав и од мене мами Прво да се пофалам, ни никна првото запче. Долен кец десно. Мм го забележа, го проверуваше секој ден, му бил нешто нервозен и ете што било.А стварно, ни спиеше ни јадеше како што треба. Сега веќе се врати во нормала, до кога ќе видиме. Утре ќе ги соберам најблиските да прославиме за запчето.Нарачав колачиња со запче, едвај најдов слободна слаткарница за да нарачам,со триста молби.Наводно имале навала на свадби и веселби и не можеле да стигнат со нарачки.На шарм ги фатив јас, ми удоволија. Мајка ми ја задолжив да направи сутлијаш, свекрва ми кравајчиња, мое е да ја наредам масата и салфетки да ставам Без шега сега, треба да направам една торта и да декорирам сето останато. Чашички за сутлијашот сама ќе украсувам, ќе пуштам и слики деновиве. Периодов најдувам баланс измеѓу секојдневните обврски и синко. Кога сум дома си играме, му правам муабет постојано, најверно другарче. Се изненадувам колку разбира во последно време.Му дадовме еден стар мобилен телефон да видиме што ќе прави и го стави на увоТоа се од нас што не гледа дека таму го држиме кога зборуваме со некој.Не копира нас.Како сунѓери се маливе, се примаат. На работа сум до први во фирмава, после се затвора.Јас појма немав, кога дојдов првиот ден на работа од породилно ми кажаа дека до први работеле. Можеа да кажат малце порано за да бараме решение совреме. Вака сме препуштени сами на себе,кој се снајде се снајде.Нефер од нивна страна. Ова ми е фала за 5 години работа овде, вложеност во работата и многу задоволни пациенти. Уште еден доказ дека газдите гледаат само работна сила од работникот и толку, за понатаму се повлекуваат, барај си ти работа. Нема врска, јас сум таква личност што како и да ме фрлиш на нозе ќе паднам, па така и најдов нова работа и од 1ви сум таму. Отидов на интервју, уште одма знаев дека ќе прифатам, ми одговараа условите.Нема воопшто да имам прекин во стажот.Дури и повеќе ми одговараат условите и платата на новото место. Секое зло за добро е. Во петок сум на фризер, ќе вадам прамени на косата и ќе ја осветлам малце. Мене природно ми е светла ама уште посветол тон сакам. Зедов ден од работа, за да не ми дојде многу време без синко, да си бидам дома со него. Викендов кај внук ми на крштевка ја таман со нова фризура, во супер расположение Ве поздравувам сите мами и ви посакувам мир во душа, полни срца.
Dobro be majki zar se pusta dete so sipanici nadvor na luljaski kaj sto ima eden kup deca. Stvarno neodgovorni majki postojat. Bez pamet. Sreka pa mojov se razbira pogolem pa celo vreme begase od devojcevo.
Да се редат ко бисерчиња Ај сега да кажеш што се тоа кравајчиња и дали заедно со сутлијашот се некоја традиција за забчиња или? Да си знам за кога ќе дојде време
Беба спија јас да пишам малце. Хелоууу мами.... Вчера ги дупнавме ушите бебе ќе носи обетки јухууу Имаше плачки премногу не можевме да се смириме со солзи ми плачеше а и мене душата воедно. Помина потоа исто како ништо да нема на незе. Денес на педијатар докторката задоволна примивме вакцина пак плачки. Ни рече превентивно парацетамол да даваме. Од тогаш само е плачлива само да се гушка и гали што е и нормално а мене и тоа како ми прија Туку ја прашував за пробиотикот до кога што кога ми спомна дека од 4 месеци да почнам со храна јас вака Абе кога си направив цел филм го изрежирав дека брзо ептен ми расти,дека ќе почни уште малце храна,па запче,па да лази,па да оди,да зборува и дека ќе летни времево ептен брзо . Ќе ми фали ова време уште од сега знам . Сакам да застани времево да си видиме на оваа возраст и да не се оддели од мама . Себична сум ептен не ми се дава на никој друг детево. Жешко е ептен само дома со клима иначе ништо не правиме. Мама работи од дома ама бре луѓе некогаш осет немаат. Уште малце ќе дојди време да се пакуваме за назад епа ич неќам ама тоа е. Сакаме февруари да правиме крштевка и венчавка здравје ако е во ред ако не ќе чекаме подобри времиња. Ве поздравувам имајте добра ноќ да легувам оти имам аларм да се проверуваме за температура