Форумџика на годината

Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.585
    Понеделник :coffee:

    Части куќа што ќе пиете?
    Синко цела ноќ ја спиеше и тоа во кревече :D дали тоа што залади му дојде и него убаво. Сум заборавила како е да спиеш 7часа без да се разбудиш
    Вчера сум се затворила во кујна цел ден тооа за мене е многу ретко, мм дури и ме слика да го памтел денот :D не сакам да готвам. Готвам за бебе со мерак, а за нас некоја манџа или нешто што се прави набрзина или да не морам над него да дремам и затоа секоја трета е загорена :tmi:
    Али затоа вчера надохнадив па тоа и со брашно фатив да месам абе чудесиа :)
    Неделава имавме секој ден гости, мм касно си идеше од работа и сите касно доаѓа и сега на бебе све се измеша, таман заспиваше во 21часо сега почна во 22:30 да заспива, али здравје нека бидне крштевката бидеќи е ноќна и сакам да издржи до кај 23часо послем пак ќе си се вратиме во нормала :)
    Бев на гиниколог не сум бремена али сеуште немам добиено, ова ми се дешава прв пат во животот да ми доцни 2недели, не ми даде ништо за да добијам да сум почекала уште 10дена па ако не добијам ќе ми дадела и се сложив и јас али сега ми е криво што не си побарав кој ќе чека уште верувајте толку сум надуена како балон, а чудна работа гради болат како пред циклус, мозолчина како тинеџерка да сум се прават сегде, од време на враме болки како за пред циклус имам, потам ненормално, жештини ме фаќат, несоница имам цела недела :worried: хаос, дали е можно да поремети толку една вакцина бе :@
    Бебка почна буквално се да разбира да повторува ако му се види нешто интересно, да се качува на комода кога го видов косата ми се крена, надвор смо се влечиме по деца па и ме пушта од рака да оди сам тој мисли како дома меко е сегде :rofl:
    Количката не сака да ја види, а не да седи, точачето поминува некако 20-30мин и толку послем го туркаме за накај дома,дете во една рака, точак во друга и по мене тече пот мислиш базен ќе наполнам, обрзи црвени ќе испукат, едно немам кондиција а друго имаме една грда угорница што едвај сама ја качувам а не натоварана :|
    Да одам да се спремам и да подготвам доручек за бебка, да лапнеме на брзина и да одиме да шетниме таман е времето :)
    Вчера овде врнеше цел ден и седевме дома али готово на дете све му беше досадно сакаше надвор одеше до вратата и си пиштеше :tmi: како демек ајде што чекате денес не излеговме
     
    На Coco31, hello-kitty.90, SkarletOHara и 19 други им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.139
    Допаѓања:
    41.739
    Пол:
    Женски
    Здраво.
    Се надевам дека сите сте добро. Јас не сум. Ноќеска многу повраќав, сабајлево бев кај матичната, ме прати на инфективно. Таму инфузија ми вклучија и некои ампули. Многу бев изнемоштена, малаксана и малце се освежив ама дома пак повратив. На пола банана сум од сабајле. Ми се јаде, ама не можам да јадам. Се надевам дека бргу ќе мине. Само децата да не ги фате. Многу е лошо ова.

    Сакв да пишам многу работи ама немам сила. Се читаме во некои подобри времиња
     
    На hello-kitty.90, SkarletOHara, kukla21 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. mar3q

    mar3q Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2014
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    474
    Има некаков стомачен вирус. Јас пред 1 месец бев така. 2 дена ништо не јадев ниту пак можев да станам од кревет. Пред 1 недела па брат ми го фати. Со помин
     
    На mssuniquee, duffi, 24.07 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    :hai:
    Сите по одмори ли заминавте па ваква тишина е тука.?
    Ви завидувам и ви се радувам на тие што сте. Брцајте дупот во море за сите нас тука души страдални (mooning):)
    Јас решив со деца не одам никаде. НИ КА ДЕ , ни во маркет. Додека не наполнат едно 16 години.:emo:
    Жал ми е да ги гледам болни и истоштени но со какво темпо се врајќаат назад со нивните палавштини секоја им чест:clap:
    Не е големиот во градинка едно 3 недели па вејќе немам идеи ни за занимавање ни за храна . Некако се исто вртам.
    Многу сакам кога гледам креативни мајки по инстаграм. Тоа деца средени тоа декорирани 3 оброци. Ја знаат азбуката на 2 години,не користат пелени од година и пол.... и ме фајќа депресоја о гасам тогаш инста и идам тука во реалноста:D

    Друго,постои ли кај нас сервис за организирање на плакари:?: тотално не ме бидува за организирање во простор. Ке наместам под конец и тоа не трае повејќе од 4 дена , сама местам сама растурам. Не ми се криви за тоа децата.

    И друга работа што наааајмногу ме нервира е кога треба да фрлам храна:x.
    Толку не водам сметка кога пазарам дали дома има 2 павлаки отворени па купувам 3та и ги фрлам останатите што се вадам од такт. Ни со список не успевам да купам намирници а да не ср пофторуваат. Ааа не сега ке барам нова тактика. Сигурно ке пишете и вие како одите на пазарење и како правите план за ручек :rofl:.
    Недомакинка но.1

    Имам две свадби ми се оди не дека не,но некако сум влезена во комфорна зона и терет ми е спремање и организирање деца па мајка ми да ги чува и така натака.

    Постов два дена го пишував:rock:
     
    На marchi-cool, Coco31, hello-kitty.90 и 35 други им се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.970
    Допаѓања:
    34.532
    Пол:
    Женски
    Хеј мајки:hai:

    Грицкам сончоглед, бејби спие 1ч од кои 4 пати си го побара цицето|(.Не е по спиење кутрата. Дадичка е на градинка,а маж на контрола за мигрената.
    @Happyinlove имам една инста-мајка германка е и е многу приземна.Вчера имаше слика за нередот.Зад секоја перфектна слика, стои мајка што претходно го подзачистила просторот :rofl:.Едната слика перфектна,а до неа неред од играчки:rofl::whew:.
    Исто да ти кажам и за организирањето на простор, мене искрено простор ми фали. Минатата недела на фб групите една жена се фали како си ја средила кујната, организирала, убаво под конец, си мислам оваа има голема кујна.Во коментари и бараат кујната да им ја слика.Кујната голема колку нашиов стан.Е толку ќе кажам за организирањето:D.Не е до мене до просторот е^_^.
    А за пазарувањето , мм оди да пазари и се случува да имаме по 5 пакетки макарони,3 мусли, 4 јогурти,ама зејтин ниту еден:D.Кога пазарам јас одам и пазарам што ќе готвам во наредните 3 -4 дена.Малку и практично.Или ако јас треба главните работи да ги купам си правам список.Нема дупли работи.
    Најинтересно е ако јас отидам со бебе да пазарам купувам две три работи оти неможам да шлепам и бебе и пазар, па ако и маж случајно претрчал да купи леб и кога ќе споредиш имаме исти работи дупло(facepalm).Пет работи купени 4 дупли:rofl:.Тоа ни се случи пред некој ден(facepalm).


    Зимската кралица во сред лето е спремна за роденден.Направив Cakesicles за градинка.Вчера цел ден правев и се преморив:whew:.Убави испаднаа на вкус така така.Требаше готов пандишпан да купам , а не сакав па сама најдов на нет и направив . Наместо ванила ставив екстрат од тонка ама изгледа многу ставив и не ми се допаѓа многу.Сакав плус нешто да правам да не е малку , али ќе мине со овие само.Обично и на воспитувачките давам кафе ама сега ќе видам.
    Инаку Елза торта на два спрата порачав .Не дека 20 деца ќе има , само едно ќе дојде ама таа ни се допадна со големата.Се надевам ќе биде вкусна.Балоните и снегулките се стасани уште да ги издувам и украсам.План е да одиме на едно езеро и таму да славиме .Здравје ако ни се погоди времето:).

    Бебче денес прави 5 месеци.Леле колку брзу мине времето:worried:.Си кажав не е по спиење ќе одиме на тренинг.За три недели имаме контрола кај педијатар и ќе прашам за да почнеме со каши.Почнав наместо тропки да и давам тврди зеленчуци или овошје. Ми се случи на диња кога и ја тргнав почна да плаче да и дадам да си ја шмучка:mm:.Се надевам дека оваа мома ќе биде појастелита од сестра и.Оти за јадење од големата живци искинав ништо не јаде:doh:.19кг на 5год:tmi:.
    Се врти на меше и ручка стапалце веќе, а кога е на меше почнува да кенка.Па ќе ја завртам и пак се врти на меше и пак кенка:rofl:.Оф бебешки маки не знае што сака^_^.
    Инаку бебето многу си ја сака дадичка.Минатата недела големата ми повраќаше и цело утро не стана од кревет.Одиме со бебе да ја видам , кога ја виде и се смееше и радуваше дека е дома:inlove:.Големата пак прво станување трча бебе да гушни и бакне:inlove:.Ми го полнат срцето со убавини:sun:.
    Имам другарка што е на исти ден со ќерче.Постара од мене 1год.Ми се пофали дека е трудна,многу се израдував:inlove:.Нека и е со лесно,јас навивам за мома:makeup:, да си има бебето другарки.
    Во Мк си има веќе две .Една на другарка, друга на комшика:). Короната плодна испадна:lol:. Нека дава Господ кај секој што сака(fingers).

    Имав уште да пишувам ама заборавив што.Сакам многу да ве читкам па пишувајте.

    Имајте убав ден мајки:f:.
     
    На marchi-cool, Coco31, hello-kitty.90 и 31 други им се допаѓа ова.
  6. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.139
    Допаѓања:
    41.739
    Пол:
    Женски
    Добар ден.
    Бебе спие. Денес нешто згреши, еве 3та дремка тера веќе саат време. Јас сум подобра, само главата ме боли многу.
    Ава ме потсети на тоа што сакав да го пишам пред некој ден. Како си ги замислувам моите деца. Поголемата е како волк што само чека прилика да го нападне јагнето т.е помалата. Што ѝ прави, не сте свесни. Како кукла ја третира.
    IMG_20210719_170357.jpg
    Се надевам убаво се гледаат забите од поголемата на рачето на малото. Ја апе, ја кубе за косата, ја штипе за образите толку силно што ѝ стануваат црвени. А ова ни глас да пушти, ни да заплаче. Кутрото, колку ми е жал за неа. Колку само ѝ викам дека не е убаво тоа да го праве, дека ќе ја носеме во болница, дека ќе ни ја земат, дека сите деца ќе имат братче или сестричка, само она не. Ама џабе е зборење. Од едното уво влезе, од другото излезе. Најжално е што кога ќе ѝ направе нешто лошо се смее задоволително како којзнае што да направила. Некогаш знае да биде мила, да ја гушка и бакнува, ама ретко е тоа. Едвај чекам малово да потпорасне и само да се брани.


    За пазарување, пред плата правиме голем список за скоро цел месец и заедно пазариме во кам. Списокот опфаќа замрзнати работи, вакумирано, сирење, кашкавал, сувомеснато, намази, ориз, грав и такви работи и сѐ што е потребно за хигиена. Не сум се оставила без прашок за перење или тоалет до сега. Свеж зеленчук и овошје купувам во помала количина за да не се расипува па да го фрлам. И многу ми е попрактично вака. Додуша за цел месец не ни стасува храната секогаш, па неколку дена пред 15ти знае и да се испразни фрижидерот, што вика маж ми за белење е. :D
    Ми се јаде палента,ќе одам да си направам, а другите што најдат тоа нека јадат.
     
    На marchi-cool, Coco31, Bicka77 и 23 други им се допаѓа ова.
  7. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.590
    Допаѓања:
    14.376
    Пол:
    Женски
    Хелоу мамаситас :hai:

    Јас денес прв пат после долго време бев на работа со бебушка. Да не видат и да ги видиме. Ептен си се израдував :) ептен си ја сакам работата и колегите и сватив колку ми фали пошо цела бременост бев дома. Им викам ја ќе почнам да си доаѓам, вие чувајте ја јас ќе работам :rofl::rofl::rofl:

    Беба вчера имаше грчеви, душата ми ја извади |( срце ми се кине така кога плаче и завива, па одвај со тој сирупот на харви се смири. Денес е злато :inlove:

    Ептен ми е мерак да ја дотерувам и само ја пресоблекувам и ја сликам, кукла на мама. Не знаеш кој е поголемо гушкало јас или она :rofl:

    Сакав уште нешто да ви кажам ама заборавив што :lol:
     
    На Coco31, Slonce91, Bicka77 и 23 други им се допаѓа ова.
  8. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Добро вечер мајки:f:

    Дојдов добро да си се пожалам. Бебе малку малку се подобро во спиење од кога заврши 4 скок. Ама барем се врати на нормални 4 дремки и на саат ипол најкасно 2 му се приспива. Ќе си го држам уште августов па потоа ќе гледаме да се одвикнуваме од раце ако неможам сама ќе барам чаре кај dr.good night ..

    Дојдов кај свеки и сега седеме заедно. Луѓе јас незнам како ќе издржам уште 3-4 недели. Ќе пишам и овде свекрвами не е толку напорна ама еден свекор што имам абе во се се меша. За мое дете тој кажува дали му било ладно или не. Му викам влези го внатре надвор многу има ветар и беше голо. Вика нема ништо, нема ветар кај мене а 2 метра беше до мене. Му викам како нема гледај настинато е уште да седи на ветаров овде. Па свекрвами му го зема вика дај овде кај го носеш детето.
    Пред некој ден со негова вилушка што јадеше ќе му дадеше на бебе од 4 месеци шербет.
    Ми се крена косава луд ли е што ли е :@:@
    Му го земав бебето уште не до допрена вилушката на уста. Значи стварно болни луѓе постојат во светов
    Детево ми е на ексклузивно доење ништо нема пробано освен мајчино млеко тој ќе ми го најадеше шеќер:x
    Јас секако знам какви луѓе се и не им го оставам никогаш подобро ќе си скратам од моето шетање отколку нешто да му се деси на бебе.
    Од сега ни секунда не го тргам погледов од бебето кога е со него..
    Секогаш ми дава совети бебе вода требало да пие, бебе грав ќе јадело од 6 месеци ..
    Вие што би направиле во ваква ситуација?


    За фалење незнам сакавме на одмор и незнам дали ќе одиме, па држете ми среќа да ги издржам овие неколку недели па потоа ќе се читаме во подобри времиња.

    Убав ден на сите :f:
     
    На marchi-cool, Coco31, hello-kitty.90 и 22 други им се допаѓа ова.
  9. Oneo

    Oneo Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2014
    Пораки:
    2.781
    Допаѓања:
    17.600
    Пол:
    Женски
    Како што прочитав привремено сте таму, издржи, ќе поминат деновите. И секако не го тргај погледот од бебе.
    Тоа е нема што да се прави со луѓе што мислат дека знаат се.
     
    На Bicka77 и girl__20 им се допаѓа ова.
  10. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.585
    Овде сте искусни мамички па да прашам дали некој се сретнал со вакво чудо како моето.
    Нели ме читавте дека ми доцни, па бев на гиниколог минатата недела ми рече чиста си како солза, резот супер зашиен, бременос нигде не виде, кога бев ми доцнеше 9дена.
    Е сега мајка мо запна направи тест па направи и сабајле мм ми купи и направив, ии втората цртичка беше бледо црвена, што ви значело рана бременос од мое скромно знаење, арно ама јас добив послем 6часа од тестот.
    Имам обилно крварење со партали буквално и многу болно што земав аналгетик па се смири болкаата.
    Ете да речиме да сум била бремена што овај месец не се деси грешка. Како матичната не види на ехо вагинално по тоа од последна менструација кога бев на контрола би требало да сум била 5+2ден. И друга препоставка на 18дена доцнење бледа цртичка? |(
    Или вакцината толку многу измеша све што стварно сум збунета
    Сега да чекам да ми заврши за да посетам гиниколог или како
     
  11. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Јас имав ран спонтан и на ехо не можеа да видат ништо.. ама мене ме гледа за време крварење, не пред. Најсигурен начин е крв да ти земеле и да видат за hCG …
     
    На kjofti4 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    17.553
    Допаѓања:
    187.685
    една бета напрај си за да знаеш дали имало или не бременост
     
    На kjofti4 и Katerina94 им се допаѓа ова.
  13. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Оди утре и објасни ја ситуацијата, сепак си имала позитивен тест на бременост.
    Бледа или не, втората била присутна.
    Нека те ѕирнат на ехо, а не е лошо и бета да провериш
     
    На kjofti4 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.585
    А извини тоа hcg има врска за колку дена ќе го направам ќе гледам да биди утре али тоа кога најкасно може да се испита
     
  15. TiniMini

    TiniMini Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2020
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    208
    Пол:
    Женски
    Додека ја чекам машината да ми испере и да пружам алишта да шкртнам нешто. Очајно ми треба машина за сушење а немам простор кај да ја ставам...

    Беба деновиве плаче пред спиење, значи вришти и во раце и во секакви позиции..вечерва изгледа знае дека сме сами само ние две па ме поштеди од тоа.

    Вчера се напнав со свеки, морала на пладне да преспие и наместо да си легне во дневна она отиде во соба бебе кај што спие, ја разбуди, ја оставив неа да спие и си го земав бебе со мене. Значи раце ми паднаа држејќи ја кенкава и ненаспана. Требаше да ја разбудам свеки и она да ја смирува :envy: (facepalm) Ќе размислам друг пат дали ќе идам на цел ден таму.
    И 100 пати и е кажано да не и става свашта во раце и она пак... Барем луѓе што се почесто со неа сакам тоа да го сфатат, на други не им коментирам околу тоа, ама нема разбирачка.
    А да и уште нешто во врска со свеки, значи бебе ми го вика "крошња" (facepalm) Знаете што е крошња? Што да кажам на ова? :headbang:Така ми оди да и се развикам... Ќе и кажам следно дека на гробишта ме потсеќа тој назив, нзз дали ќе ме сфати. И преку маж да реагирам пак не знам дали ќе разбере. Ама луѓе не можам да и ќутам и не можам, толку прости муабети :puke: Крошња бе крошња?????? ;(

    Изгледа дојдов само од свеки да се пожалам (facepalm)

    Имајте добра ноќ и покултурни свекрви
    :hug:
     
    На marchi-cool, Coco31, hello-kitty.90 и 14 други им се допаѓа ова.
  16. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Па ако е била бременост во прашање, ти си веќе искрварела, што значи бета односно hCG веќе опаѓа. Што побрзо да отидеш тоа подобро
     
  17. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.585
    Ете искрварив само вчера денес немам ништо, шансите дека било бременос се големи..
    Фала ти многу
     
  18. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Ќе дознаеш ако е била бременост. Јас во Австралија бев тогаш, ме праќаа еднаш неделно да испитувам за да бидат сигурни дека ќе падне до 0 и дека нема ништо останато, се спомнуваше и вон матерична ама кај мене тоа не беше случајот.
    и после крварењето кога испитував имаше позитивен hCG додека опадна скроз така да ќе дознаеш ако си била бремена, не паѓа тоа веднаш нагло. Треба време
     
    На kjofti4 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.649
    Допаѓања:
    33.257
    Пол:
    Женски
    Дојдов да посакам среќни родендени на големите девојки @Ava.84 и @Chanell* и дечкото од @elcezelce. И секако и на други дечиња доколку слават овие денови.

    И годинава касните со честење на торта. Не е важно секако не јадам торта на диета сум...

    Се надевам овој пат дека нема да ги вратам килата и плус да ставам некое повеќе како претходниот пат.

    Кратка сум....
    Ми се затвораат очите, ми се спие...
    Примавме денеска со Маже втора доза вакцина и само ни се спие на двајцата.

    Се читкаме.
     
    На Coco31, hello-kitty.90, KittyCat:) и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    And just like that, my baby turns 3 today:inlove:
    Да ми е жива,здрава и среќна цел живот,тоа и посакав :l:


    @24.07 Многу ти благодарам, каснам со частовки пошто сум во трк од сабајле, а деца испонастинати со мрсули до колена,бебе со тт.. а подготовки во полн ек.
    Ќе наместам маса, повелете послужете се :l:
    4B0ABF3B-C556-4333-A370-B38C385244B1.jpeg


    59E9BFC0-DF6E-4F2B-BE6F-0B99434E8621.jpeg
    A69A4039-C981-44E2-8B99-66C9537FA372.jpeg
    B1320FFA-9C8F-4532-89EA-B8917238F273.jpeg

    И безалкохолно коктелче за сите нас :rofl:
    16C03CD1-1B8E-4E6E-96ED-AA28EF6E81FB.jpeg


    На здравје :d:


    @Ava.84 Среќен роденден на лавицата, од среќа да не куртули:l:
     
    На marchi-cool, Coco31, hello-kitty.90 и 27 други им се допаѓа ова.