Мајчински муабети (не е за барање совети)

Дискусија во 'Бебе' започната од slobodka, 30 април 2016.

  1. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    ^Среќен роденден на момичките,големи да раснат.
    После 3 се многу полесни за комуникација,значи ќе биде подобро.
    Среќен роденден и на баткото на Елчезелче:D
     
    На marchi-cool, Snowflake92, Chanell* и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Iva Mitrevski

    Iva Mitrevski Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2020
    Пораки:
    1.350
    Допаѓања:
    7.242
    Пол:
    Женски
    Среќен роденден на сите дечиња :hug:
     
    На Ava.84 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    15.836
    И јас дојдов само да честитам роденден на женските,да се живи и здрави и многу среќни @Ava.84 ,@Chanell* , исто и на @elcezelce баткото и на бебешка,малку каснам ама нема врска]:):party::*.

    Ќе пишам подолго друг ден, многу сакам да ве читам:makeup:
     
    На hello-kitty.90, KittyCat:), 24.07 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Надминав да почастам торта и постапалки, синко мој најубав наполни 4 години вчера... леле колку брзо летна времето ми порасна детето... А бебка посебна приказна она не оди она трча веќе, малце каснам со постапалките почна да се пушта на 11 месеци да оди ама подобро покасно него никогаш да не почастам постапалки де:D
    А и ова колачиве постапалки одвај најдов кај да порчачаам... навистина зсбегале со цените 80 ден за едно путер колаче па и повеќе ццџ страшна работа :envy:
    Ние добри, јас на антибиотик со гнојна агина, бебка ми се исфрли цела на еден куп доктори појдов сите различно ми кажаа... :|битно она освен осипот нема други симптоми, а и не се чеша па валјда ќе пројде. Уште една недела на работа и конечно одиме на море... одвај чекам последните денови најтешки се најспоро поминуваат.
    Среќен роденден на сите дечиња кои слават да се живи и здрави.:party:
    Убав ден мајкички:f:
     

    Прикачени фајлови:

    На marchi-cool, Izzy_0504, Coco31 и 25 други им се допаѓа ова.
  5. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Лесни чекорчиња и уште еднаш Среќен роденден:party:
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    15.836
    Колку се убави:inlove:
    Лесни чекорчиња на Ева,да чекори смело и храбро низ животот:l:
     
    На elcezelce и Ava.84 им се допаѓа ова.
  7. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.584
    Фала ти многу баш убаво ми објасна
    Стигна резултатите па ете сум била бремена, бев на ехо ништо не се гледа hcg е 400.
    Уште крварам обилно, па ќе одам попладне на второ мислење. Фала ти уште еднаш
    И извинете во групава што ве иземетив сите знам дека не е за оваа намена групата.
     
    На Izzy_0504 и Katerina94 им се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    34.127
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки:toivo:!


    Фала ви на сите на честитките женски.Еве торта од нас :^::d::coffee:.

    Screenshot_20210723-171515_Chrome.jpg

    @Chanell* среќен роденден на милото детенце, да е жива и здрава и најсреќна:party:.Исто на @elcezelce среќен роденден на баткото и момата и лесни чекорчиња на прцлето:).
    @24.07 сваќе со лесно чипирањето и честито годишнина , да сте среќни и вечни и секогаш во слога да си живеете:l:(знам дека ви е утре:P).
    Да пишеш повеќе за зетко:).

    Спремаме за утре последни подготовки.Децата во градинка биле воодшевени од сладоледите:). Воспитувачката ме праша како ги правев и таа на ќерка и да спремила:angel:.Многу биле вкусни исто и на изглед убави:).
    Ќерче си добила боенка и балон 5 и други ситнурии.Најинтересно е кога децата и честитале и ја бакнале не правеле "бљак":rofl:.Инаку така си честитале (facepalm).

    Одам мајки да правам салата имајте убав викенд и гушкајте најмили:hai:
     
    На marchi-cool, Coco31, hello-kitty.90 и 28 други им се допаѓа ова.
  9. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Големи да растат да му се множат годинките на нашите другарчиња:^::party::clap:
    Фала за тортите се облаживме. И ми треба.
    Срам ми е и да пишам тука и по лекари вејќе да одам.
    Точно 3 недели како испија доза антибиотик двајцата сега повторно со температури. Додека стигнав во 17:00 малиот го наслушаа повторно спуштил на плуќа:x ми се стемнааа ама ноќ беше пред мене. Сега се раскашлува правам инхалации. Цела среќа што поврати шлајмови. Ајде јово на ново не трицеф сега панцев. Лечено - недолечено по мое....|(
    Големиот со црвено грло и нос тече како чешма. Ајде тој со амоксиклав. А го приметив пред некој ден поткашла така дадов виранто ама не сум јас таа срејќа.
    Ми се отруја децава од антибиотици особено ова малечково. Хрчи....
    Нарачав по тие групите лој од гуска. Уште тоа немам пробано....
    Долга недела ке биде оваа повторно за мене.
    И друго ова не е нормално вакви грипови пневмонии настинки во јули.... или па дека сум немала деца други години незнам...чудно ми е секое второ е болно.
    (facepalm)
     
    На Coco31, hello-kitty.90, KittyCat:) и 18 други им се допаѓа ова.
  10. Katerina94

    Katerina94 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.307
    Многу ми е жал :u: штом крвариш, се чисти телото, кај мене беше така и немаше потреба од киретража. Ќе се спушти и hCG и ќе се нормализираат циклусите. Мене ми дојде после 40тина дена по спонтан. Пиши ми Лп ако сакаш да позборуваш на темата, знам колку е тешко.

    среќен роденден на сите славеници, многу здравје и големи да растат :l:
     
    На MilaSs12 и kjofti4 им се допаѓа ова.
  11. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.498
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Хелоу мамас :hai: ме нема одамна ама секој ден ми лета со брзина на светлината хаос и обврски.
    Нека им се среќни родендените на сите мали роденденковци, само среќа да ги прати :party:
    Мојата беба има за 4 месеци роденден а јас уште од сега сум опседната со декорации па како ќе се облечеме па каква фотосесија ќе имаме. Ќе биде нешто есенско ама појма немам што и како :D
    Ние сме уште во Охрид и станот ни стана автобуска станица. Прво свеки, па мајка ми, па еден викенд дојдоа девер ми и јатвра ми со малото и сите топтан во двособно станче, газ преку глава што е зборот. Се издржа некако, успеав и редот на малата да го запазам некако. Не ме сфаќаат бре луѓево дека ќерка е научена да заспива најдоцна до 21ч, запнале ајде та ајде на шеталиште навечер, што им фалело на нивното, лето било бла бла. Ај може ќе се наканам некоја вечер, може ќе заспие во количка, не го имам видено градот навечер ич (facepalm)
    Инаку ни се наѕираат долните единичиња:) очекуваме да никнат за брзо. Само да е со лесно. Следна недела и ќе прима превенар, и плус громчето од 6ти скок плус забите- ќе биде весело :worried: многу ми е страв. Не јаде последниве денови ме турка со рачето, одвај една кашичка во денот да изеде и има моменти кај што е многу кенкава. Друго вака засега е океј. Ај нека остане така (fingers)
    Пред 2 недели се искарав со мм ама она многу, готова бев да го пакувам куферот и назад за Скопје. Он по цел ден работи од дома (не е врзан со работно време но мора да сработи 8 часа дневно) ќе поработи 30-40 минути па прави паузи од по саат, саат и пол и цел ден зафатен и нервозен. Во паузите ќе јаде, ќе си поигра до ќерка, ќе погледа тв. Останува до доцна некогаш работи. Не беше планот така, требаше да си сработи 8 часа исто ко на работа од сабајле и да си го тераме остатокот од денот тројцата заедно. Вака и мене ми е во хаос се и ништо не можам да планирам. Ми вети дека ќе се организира подобро, од тогаш еве малку се подобри ама може и боље :) Јас и ќерка се шетаме додека работи, па ќе подиспазариме, она ќе отспие една партија некаде под сенка во количка па идеме дома, ручек спремам нешто брзинско за нас, плус за ќерче готвам и попладне после дремка заедно пак уште една шетња и правец на спиење.
    Многу ми фалат пријателите. Една другарка со сопругот дојдоа на неколку дена ама они немаат деца и си искачаат навечер :( Па успеавме само еднаш да се видиме на кратко. Ги викавме кај нас да дојдат навечер откако ќе заспие ќерка, имаме големко балконче да си седиме, ама они не- да не им избега кафаната. Тоа е, сега ќе ни бидат такви дружбите.
    За инстаграм- јас неодамна го избришав профилот, сега имам профил но никого не следам освен продавници за нарачување облека и тракатанци за малата. Ми здосади она лажно прикажување совршености, мајки што се декларираат како “најмајки” па уште наметнуваат совети за воспитување дете. Како да ја откриле Америка. Свашта.
    Се превземав со пишување одамна не сум пишала.
    Ве поздравувам и убава вечер да си имате :hai::l:
     
    На marchi-cool, Coco31, Naatashka123 и 27 други им се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Не знаеш како те разбирам!! А бе бел ден немам видено од 01.06!!
    Таман се оправи бепка, стомачен. И таман неколку дена бевме супер, букирано и одмор неколку дена, не бе, големата зарипната. Следен ден (ден пред поаѓање) 37 со нешто ситно. Ноќта 38!! Ова беше среда. Од петок и бепка ми е со мрсули!! Да не сум покусо и јас малку како да сум затната.

    јас не знам што е ова! Ниту една година претходно во лето не ми била болна големава. Полудени сме. Нит сум одморна, нит спиена. Затоа нервоза левел 100!
     
    На hello-kitty.90, ALISA0000, azelea и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Добар ден.
    Тежок ден ми е.
    Бебе влегло во 5ти скок, арно отворив апликација да видам нешто да не е до тоа, пошо ме полуде синоќа.
    Легнав во 1, дур испратам гости па да средам.. стана во 4. Во 4 сабајле,со петлите !!!!
    Дремевме на тераса, од комшии кукурикаат петлиња, она насмеана што ги слуша им враќа со “аа” :D
    Ја заспав дури во 6, па стана во 6:45!
    Ќе припаднев. Нит се донишкува, нит се доигрува, ма не можев очи да држам отворени.
    Таман ја легнав, за 15мин пак стана.. лееле, ми се плачеше.
    Ај презаспа, па станаа во 9:30, им ги предадов на маж и двете и легнав да отспијам до 12.
    Станав со ужасна главоболка, ама повеќе од тоа спиење ќе беше луксуз, а време за луксуз се нема.
    Големата кај мајка ми, бебе со мене дома.
    Еве ја спие цел саат во количка веќе со постојано нишкање, праам ручек во кујна со раце дробам,со нозе нишкам. :drunk:
    Вчера цел ден не застанав, се да
    спремам-наредам, трчај по торта, трчај салати спремај, па подади ова подади тоа, таман седнав и си ставив дууури две голтки вино, маж свика по мене нешто да сум подала и толку од седењето.
    Сакав на пола роденден да влезам да си отспијам, ептен бев окапана некако :(
    Па со роденденката скандал, неќе да го носи венчето и ќе и го скршев од нервоза, почна да плаче и јас да ја повлечам да не трча расплакана надвор, ќе и го скинев новото фустанче на ракавот ;(
    Будала. Секад на нејзе и се истурам кога сум нервозна. Будала !!!!
    Немаше кога,па на роденденот избив!
    Следен пат коа ќе ви се пожалам од тантрумите, цитирајте ме кога опишувам каква сум нервозна. Дека не е до детето, до мајка и е!
    Милион пати на ден помислувам дека Господ ме надарил со најубавото нешто, и тоа до две најубави нешта, ама дека некогаш не ги заслужувам оти губам контрола и не знам да се понашам ко што треба.
    Гледав на инста некој курс за родителство и го изгубив и не знам чив профил беше, а сакав да се пријавам.
    Ми треба да се пронајдам во улогата родител, ми треба да се подобрам, оти неам воља за ништо вака. Или да одам на психијтар и да пијам нешто за нервоза и агресија,стварно агресија ме фаќа од ни ништо некогаш :x
    А кому да кажам?
    И како да кажам?
    Имам проблем сама со себе, се дерам по детето и сакам да имам авторитет над неа, и се заканувам дека ќе ја шлапнам кога плаче, итн итн?
    Се што некогаш велев нема да правам, правам.
    Се мразам, се мразам,се мразам.

    Немам кому вакви работи да се исповедувам,затоа си пишувам овде.
    Колку пати си ги читам старите постови и си викам ејј,види се каква си била..
    Бебе бр.2 ме смени скроз.
    Со се сум во трк, а не сакам да сум.
    За три месеци назад на работа, каква ли ќе сум тогаш?!
    Уф;(
     
    На marchi-cool, Coco31, mamaJana и 29 други им се допаѓа ова.
  14. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.231
    Допаѓања:
    18.008
    Среќен роденден на баткото. И мојата наполни 4 год и ние имаме торта со Пепа.:DСреќен роденден на сите форумски дечиња кои славеле деновиве и лесни чекорчиња на малата:inlove::hug:
     
    На hello-kitty.90, ALISA0000, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.498
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Тој 5 ти скок не ми го спомнувај. Хорор со спиењето, т.е. заспивањето. До толку изгубив контрола на неколку пати кога не заспиваше што ѝ се раздрав и ја “фрлив” во креветче. После се јадев себеси. Не знаете колку многу. Се затварав во вц и плачев дека ова не е добро, не сум добра мајка, не е криво тоа мало бебе. Ама буквално полудував. И пошо такви испади ми се случија неколку пати, се пријавив на тој курсот, кај transformacija.mk на инстаграм. Она е психолог, се надевам ќе ми помогне. Кај ми е крајот допрва кога ќе стане тодлер и кога ќе има тантруми ако останам ваква лудача.
    Одвај чекам да почнеме само проверувам секој ден да не ми пратиле мејл.
     
    На TarantulaA, hello-kitty.90, azelea и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Колку сум распаметена од се што читам и гледам на интернет за сидс, задушување и сл., почнав да си го сонувам детето како ми починало.
    Кога се разбудив, срцето мислам ќе ми искочеше од среќа, страв, жал, паника, се во едно кога го видов дека ми е добар и дека било сон.
     
    На hello-kitty.90, mal.ecka, 24.07 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. kostovaivana

    kostovaivana Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    2.589
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Хај мамас :hai:

    Толку беше од среќата моја, денес добив ;( 49 дена по пораѓај. Можеше уште малце да почека де. Додуша еееептен малце ми тече како на последен ден ама сепак. И демек после раѓање не биле толку болни циклусите, нема врска, исто како пред пораѓај, без апче теорија нема. Среќа бруфен помага.

    Друго на тема бебка. Денес официјално почна да се смее. Ме гледа и правам фаци и и зборам и се смее. Цел ден со татко и сме над неа и ја гледаме како се смее. Душа ми стопли срце мајкино :inlove:
    Ја обожавам значи, поише од себе си ја сакам. Господ ме благослови со вакво златно бебе.

    Вечерва си бевме на роденден кај старосватицата, бебките ни се 6 дена разлика и истиот ред си го имаме, во 9 се бањаме се доиме и заспиваме. И пошо сакавме да со поседиме решивме двете дадиња таму да ги бањаме. Завршивме процедури, цуцава си заспа без мака. После дома си дојдовме, ја преместив у креветчето нејзино, абе ни око не отвори. Злато значи злато! :l:

    Инаку среќен да им е роденденот на дечињата форумски! :party:
     
    На marchi-cool, АнеАце, Coco31 и 26 други им се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.298
    Допаѓања:
    19.104
    Баш ми излезе и мене ова на ИГ ама нели е тек од март месец? На едно стори пишува дека ќе почне во март и ќе трае 8нед
     
  19. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.498
    Допаѓања:
    8.911
    Пол:
    Женски
    Утре ќе почне нов. Мислам дека уште денес може да се пријавува.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.904
    Допаѓања:
    34.127
    Пол:
    Женски
    Иста бев за првото, Боже мили кога ќе ми текне(facepalm) .Беше родена со коса црна и ако спиеше бебето со косата кон мене , ќе се разбудев и видев црно темно , мислев модра е и почнував да викам по неа и ја земав во раце и ја будев:worried:.Ова ми траеше до некои 9 месеци:tmi:.

    Добро утро само на кратко да ве поздравам:hai:.Бебче на цице нанка, дада и мм појадуваат.Сите јадат само јас се ѕверам во телефонот:bandit:.
    Роденден помина:whew:.Може да паузирам со чистење до фебруари кога е на бебе роденден:rofl:. Ништо не испадна од нашиот план оти патот до езерото беше блокиран од колони од коли.Сите решиле изгледа кон морето да одат и имаше може 100000 коли.Автопатот со 3 ленти беше блокиран.Кога видов паника ме фати,ај што бебе ќе се расквиче,ама од сонцето упла имам.А заглавени со саати на сонце , а и дали ќе има место на езерото:envy:.Па се вративме дома.Ручаа децата и отидовме во блиската градина на игралиште со вода.Децата среќни, бебе исто пресреќно, ние исто среќни.Убаво си поминавме иако не беше на езерото:).Мене градината ми беше како резерва ако не е убаво времето, да отидат мажите и децата на жичарата и бобот, а ние со бебе дома.Ама ќерче се плаши од бобот зошто кога кочел бил гласен(facepalm).
    Смешна е многу, се плаши од чудни работи.Имаме нов принтер и светло кога работи, е од светлото се плаши(facepalm).

    Сакам уште да везан ама ми се јаде ми се плаче ,ај да бегам од бебче и да одам да јадам , па да фаќаме патот некаде:).

    Убав ден женЦки:hug:.
     
    На marchi-cool, TarantulaA, Coco31 и 26 други им се допаѓа ова.