Добро утро Дојдов да ги гушнам сите мајки со болни дечиња. Издржете мајки ќе поминат овие лоши периоди .Зошто не сакав второ,еве баш за тоа разболување.Секоја втора недела беше болна ,кашлица што траеше 9 месеци.Температури,уста-раце-нози, рубеола,болно уше и уште кој вирус не го фативме.Малата па и ние по неа.Кога се разболевме од корона смешна ми беше во споредба со претходните милиони вируси. Кој што прави ние бевме на доктор, на итна и сите ме тешеа првите 3 години во градинка се такви, мора да ги издржите.Многу долго време беше тоа.Ама со секоја година поретки стануваа болестите.Преморени со маж без помош, чекавме лето, а во летото големата пак беше болна. Нели има летни вируси. Па така секоја брчка ,секое бело влакно на мојата коса си има причина зошто се појавиле.За мене нема ништо поболно од болно дете па макар само растечен нос и кашлица да биде.Си плакав и уште плакам зошто мора детето да се мачи. Така мајки издржете ќе помине и пишете си тука за ние со поголемите деца да ве утешиме , секоја наредна година од градинка поздраво детето ќе ви биде.Тогаш прашав, а да не оди на градинка некој период, ми рекоа никако кога ќе тргне пак ќе се разболува.6 месеци не одеше и беше здрава, тргна и за една недела пак одма болна. Бебе нане , големата на градинка,јас си варам кафе.Еве земете која сака без шеќер,па ставете си ако сакате. Големата се разбуди цела изапана од комарци, абе тоа не брумки ,огромни големи и ја чешаат.Вечерта ми беше жешко и отворив врата на тараса ,а ме мрзеше мрежа да ставам, сега кога ќе ја види маж ,војна ќе има. Што мене не ме изапале та неа. Колку учат побрзу малите од големите деца.Бебето ја виде дадичка како ја удира жирафата Софи и како свири од ударите па и таа почна да ја мава за да и свири. Во недела бевме на езерото што требаше роденденот да го славиме, имаше гужва ама немаше застој.На маж во 15:30 му рекоа ајде да собираме парталите и да си одиме за да избегаме гужви , а и гугл вика дожд во 18.Се собравме и си отидовме.По патот не фати некоја капка.Па кога си дојдовме дома кога заврна дожд, 3ч врнеше без престан.Пороен.Делови од градот беа поплавени, среќа ние сме на ридка па не е страшно кај нас.Од овие поплавите со хорор слики со маж сме исплашени од дождот и само гугл гледаме дали ќе врне.Експерти се јавија и објаснија дека нашиот град нема опасност од поплави иако има две пловни реки и е рамен. Имам милион и една работа да завршам.Се ми оди наопаку , се како што не сакам.Ама ако период е , нека се збие на парите ние да сме здрави и живи. Одам мајки да средам некоја обврска имајте сончев ден.
Леле вака коа ќе слушнам од доктор ми иде дипломата да му ја искинам Мојата убаво вика, бебе не се гледа на саат и на вага! Друарка имам, бебуш на 3 месеци беше 8-9кг, само на доење па еве го сега си е супер дечко. Да не ги слушаш! Терајте си како до сега, кога сака и колку сака! Си знаат они кога им е доста
Ете. И они на саат крати му . А најјаки ми се оние шо викаат да доиш по 5 минути на една града 5 на друга и доста им е
Даа.. и него го гледам дека си е супер, полни пелени, мирен е многу. За доста стварно знаат, кога ќе заврши со цицање, го нудам повторно, устата ја стега, нема шанси да отвори хаха..
Да бе да. Мојата ако не сака да цица коа ќе и ја доближам градата пишти и се трга. А кога сака ко ќе отвори уста мислиш цела ќе ја голтне
Исто скроз хахаха. Мојот штом сака на града стои на горе со главата и со устата отворена бара. Мисли ќе му падни некоја града од небо хаха..
ме пресмеа Мене ми е најсмешна кај татко и кога е, бара цице кај него. А еднаш го шмукна на врат и шлифка му направи
Не дека не е, но повеќето дечиња на таа возраст што ги познавам се +20 кг. Зборот ми е дека не е дебело дете, а беше мишелинка бебе.
Отпосле ги прочитав по редослед мислењата па сфатив во која смисла. Мојата е 4 години и 17 кила па баш ме замисли ама отворив табели на интернет викаат нормално е.
Здраво и од мене Од каде да почнам ај вака.... Тато конечно реши да се вакцинира и си зеде 2 дена слободни. Конечно да шетаме заедно по цел ден . Утрово бевме кај братучед ми да го посетиме вчера направи сообраќајка. Добро е го чувал Господ лесно помина има болки ама ќе поминат. Тој не е крив и тоа едно гајле помалце. си поседивме повеќе ама убаво ми дојде.Си дојдовме се капевме и одморивме. Потоа кај една пријателка односно цимерка од болница во ист ден ни се родени бебушките. Абе луѓе со нејзиното дете како да немаш бебе дома, ова мојава се превртува вика се смее гуга тоа мирно Души ми беа се фатија за рачиња . Добро бе само јас не сум информирана или овие од Ryanair ја претеруваат што имаат димензии за долниот багаж? Јас спакував 2 куфери за на брат ми да му пратам кога гледам по димензии треба да бидат Бебе ми расти мислам со брзина на светлината .... Тоа е од мене заспа бебе да спијам и јас преморена сум Добра ноќ мили мајки
Здраво мајчички Ко по обичај, да нашлапам некој ред во 100 саат. Со големо закаснување среќни родендени на сите дечки, безгрижни да растат! Сварив гравче за утре за ручек, испеглав алишта и сега пробувам да се опраам под клима со ладен швепс. По милионити пат 'мразам да пеглам!'. Мислам дека откако се породив ова е прв ручек што го спремам. И ептен ми е криво што уште не можам да се организирам и да постигнам сѐ како што сакам. Имам помош од маж, благодарна сум до небо, ама ми е жал и за него. Си иди од работа во најголемата жештина со кеси од пазар, се тушира и почнува да спрема за ручек, па презема бебе за да доручкувам јас, ретко да имам веќе доручкувам, руча тој, па или средува низ дома или презема бебе јас да средам, а приквечер излегуваме да шетаме бебе, го капиме, средуваме. Ако успее да укради дремка од пола саат за него е премија. Морам да научам да станувам рано, морам. Се чувствувам ко тинејџерка, очи не можам да отворам во 11 кога станува бебе од спиење. За нигде сум. Дури сум кај кукањето, да се пожалам уште нешто. Се јавила сестрата од матичната на бебе кај маж ми да праша дали да закажат за ехо на колкчиња. Прифатил либе, зел упат, појдовме на болница. Прегледот го правеше радиолог, не ортопед и покрај тоа што чекавме 1ч со мало бебе на закажан термин поради нели факинг паднат систем, кога влеговме внатре, синче веќе заспан ми вика докторката 'не буди го за да завршиме побрзо'. Wtf?! Не дојдов да завршам побрзо, туку да се направи преглед како шо треба. Да не должам, во кратки црти: 'на едното колкче има јадренце, на другото не. По правило развитокот треба да е симетричен или на двете да нема или на двете да има. Ама по нови препораки, можи и вака. (ако е така, зошто напоменуваш шо е правилно?)' Прашува маж за совети и препораки и таа му вели 'абе прво ви е, затоа се тресите над него. За другите не е така. Нема препораки, јас имам две деца, в раце ги држев, во дубак ги ставав, во кенгур ги носев, двете трчаат сега. Препорака да не им давате да го бакнува никој освен вас, особено не баби и дедовци, оти може да му пренесат пардонтоза.' И на крај пенкалце ни побара за да се потпишела на извештајот, оти во нашето државно здравство, луксуз е и пенкало да имаш. Цела среќа што од претходно имам закажано на приватен преглед кај ортопед за наредна недела, инаку ќе се шекнев ако после овие муабети треба да чекам. Ова ми е уште еден доказ зошто не треба да давам шанса на државно здравство и дека е крајно време да си плаќаме приватно осигурување. @Oneo дур сум кај докторите, која ви е матична ако не е тајна? Ние нашата ја немаме ниеднаш видено, да не е истата, оти ич неќам вакви паничења да ми прави. В сабота ќе правиме крштевка за меденко. Се надевам дека целата замисла околу организацијата ќе ми се оствари. Многу се секирам за бебка како ќе помине, па дали ќе може да дремни, дали ќе може да цица, па дали ќе плачи... Ама еден ден е, ќе издржи, така си се тешам. Викендов имавме гости, за официјална покана да сме им девери на добар другар на либе. Се радувам, досега не сме имале некоја побитна улога на свадба. Ќе дадам сѐ од себе цакум-пакум за таму да е сѐ што е потребно од наша страна. В петок се сликаме за пасоши со синче. Закажавме за одмор во септември, се надевам дека нема да се влоши ситуацијата со короната и да затворат граници. @MilaSs12 фала мама за контактот, можеби ќе се дружиме во септември. Гасам јас, да поспијам малку дури не станал бебо за цицање. Добра и мирна ноќ мајки на најсакани бебиња и дечиња. ❤️
@IRBBB Матична ни е Александра, во Систина што има ординација. Јас ќе ја пишев матична таа ти што ми ја кажа, ама мм бил роднина со сестрата кај оваа докторка и ајде таму Сестрата ни рече дојдете, да го вага, да го види докторката, да направи еден преглед. Да знаев не одев воопшто. Исто не праша за ехо дали сакаме да закажиме, кажавме не. П.с. Блазеси ти што поспива наутро. Мојот во 06:00 часот е расонат скроз и го шетам хааха..
Ајде како што е ред.... Додека дете се шлака во базенот, а јас "топам салце" под сенка со кафе во рака да пишам по некој збор. Имаме нов базент, стариот лани ни се скина едното ребро и незнам каде ни е ставен, а можи и фрлен во ѓубре ми е. Овој базен е малку поголем од стариот и мака мачам додека го наполнам и испразнам. Но нели секогаш сме тука за радоста на нашите дечиња. Колку сакам и јас да влезам и да се разладам малку.....Тука е дете да ме разладува, ме окапи како маче. И ми вели дојди мама тука до мене. Да имавме висока ограда или жива ограда би влегла. Годинава прв пат ќе одиме на одмор откако дете е роден.Сме оделе на планини, покрај реки ама прв пат ќе оди на езеро. Ќе бидиме тука блиску на преспанско. Велат водата била повлечена, ама била чиста и многу топла. Незнам кој повеќе се радува дали дете или јас. Но неможам никаде да најдам купачи што го покриваат стомакот и сакам долниот дел да биде како боксерки. Едни горен дел имаше во кали ама мал ми беше. Продавницата од кали ич не ме бендиса сето во кошови и да нема гардероба, да нема кај да пробаш. Па кога се разоблеков пред камера ама за џабе, мал ми беше. Леле ако не најдам ќе се капам по шорцеви. Почнаме да купуваме реквизити за на плажа, Маже му купи гума за пливање од спајдермен и дете по дома ја носи и некогаш во базен плива со неа. И ние го поминавме стомачниот вирус пред месец дена. Прво мене ме фати, одев два дена по доктори, имав симптоми како бактерија во желудник, но на к.с. излезе вирус. По една недела дете го фати, цел ден седеше на шоља или нокшир и изгоре од тт над 39.Далеронот не му симнуваше, алкохол мачкање, оцет, туширање на секои два часа симнуваше до кај 38,5 пак качуваше два дена. Откако му дадов блокмакс одма му спадна и не крена повеќе. Потоа маже го фати, па заврши пак кај мене, ме повтори. Само да не сме рајат.Барем да одморевме во лето од настинки, вируси но нема. Добро утро. Ова остана од вчера, па додека не ми е избришано да го испратам. Дете се издигна од кревет и денот може да започне.ќе правиме заедно чоколадна торта. Сакав некни за годишнината ама немав место во фрижидер и ја одложи за денеска, таман можам да каснам денеска едно парче торта. @ Ava.84 фала сваќе, не си заборавила, Гушки и бацки до лепотиците.
@24.07 извини што ти упаѓам во пост, прочитав дека накај преспа ќе одите незнам колку си била годинава и каде. Али моите се од таму и одам често па можам да ти кажам Претор е прелоша водата тиња е цела од кога се повлече езерото, Отешево исто може и полошо, Стење не сум била годинава за да ти кажам. Сливница ако нема луѓе океј е али во викенд е преполно и е гнасна водата, али во теко на неделата е чиста. Крани прелоша не е одржувана воопшто па исто како да нема плажа. Има некоја плажа Наколец не сум била али што кажуват била океј и плитка за со дечина. Сите плажи се песок тоа е преднос. Убав одмор